Со нови инвестиции во најсовремена опрема, отворање на нови оддели и дополнителна соработка со над 30 доктори, Клиниката Жан Митрев е пример за здравствен систем единствен од овој тип во регионот. Последнава година инвестирани се дополнителни 5 милиони евра во врвна опрема за постоечките и новите оддели во Клиниката, ангажирани се доктори специјалисти од јавниот, приватниот сектор и повратници од странство кои веќе се дел од тимот на Клиниката.
„Горд сум што денеска имаме Клиника којашто е реткост во регионот, со целосна дигитализација, нова технолошки најнапредна опрема и тим од доктори кои се посветени на својата работа и експерти во својот домен на работа. Во последните неколку месеци склучивме договори за соработка со над 30 лекари, врвни специјалисти во своите области и успеавме да Клиниката да ја ставиме на мапата во регионот како врвна болница каде сите услуги ги има на едно место“, објави доктор Жан Митрев претставувајќи ги денеска своите соработници и одделите кои се отворени во рамки на болницата.
Тој потенцираше дека ги отвора вратите за сите доктори кои сакаат да бидат дел од Клиниката и дека „целиот процес е во интерес на пациентите, кои ќе имаат подобри услуги, се подигнуваат стандардите за тоа како треба да изгледа една Клиника во Македонија, а во исто време го искористуваме целосниот капацитет на болницата. Имаме се помалку врвни доктори, едниствено може да се здружиме и заеднички да понудиме врвна медицинска услуга“, истакна Митрев. Клиниката вложи во комплетно нов технолошки понапреден мониторинг систем, нов коронарограф како и врвен микроскоп за изведување на операции во делот на неврохирургијата. Се отвора нов STROKE центар за мозочни удари и други состојби, центар за офтамологија во соработка со Промедика Офталмологија, обезбеден е и нов апарат за 3Д видео торакоскопија за канцер на бели дробови.
Новоотворениот Центар за стоматологија е со современ, со нетипичен амбиент и со 24часовна достапност каде се работи без болка односно со целосна анестезија за деца и возрасни. Во Центарот за естетска дерматологија има проширување и надградување со нова апаратура (Фотофајндер – скенирање на кожата на цело тело со мапирање на бенки со вештачка интелигенција), Хипербарна комора, Нордлис ласерска платформа 5 во 1. Во абдоминалната хирургија набавен е нов апарат за 4К ендоскопска технологија за најпрецизна видливост, а кај васкуларната хирургија се воведува радиофреквентната аблација, најсовремена метода за третман на вени. Во клиниката е набавена апаратура за спроведување минимално инвазивни зафати за решавање на дискусхернии без операција под ангиограф.
За медицинскиот директор на Клиниката, д-р Емил Стоицовски важно е што тимот се збогатува и се прошируваат услугите. „Имаме соработка со над 30 доктори од јавното здравство, а и дел од тимот стануваат медицински лица – доктори и сестри кои се враќаат од странство за да останат во Македонија.“
Најчесто јазлите се асимптоматски и не даваат ниту знаци, ниту симптоми кај пациентот, освен доколку не станува збор за јазол со големи димензии кој е видлив и со голо око во пределот на предната страна на вратот, или доколку врши притисок врз големите крвни садови или врз душникот што резултира со отежнато дишење, зуење во ушите или вртоглавици. Понекогаш, во ретки случаи се јавува и промена на бојата на гласот
Тироидната жлезда е мала, но исклучително важна ендокрина жлезда сместена на предниот дел од вратот, која игра клучна улога во одржувањето на целокупната рамнотежа во организмот. „Јазлите, уште познати како нодуси на тироидната жлезда, претставуваат фокални, ограничени, физички промени во тироидното ткиво, со различна димензија кои може да се дијагностицираат со ултрасонографски преглед на жлездата и при тоа да се опишат нивните ехографски карактеристики“, објаснува д-р Џулиана Михајловска, специјалист по ендокринологија од клиничката болница „Жан Митрев“. Со д-р Михајловска зборуваме детално за јазлите на тироидната жлезда, причините за нивната појава, дијагностиката, симптоматологијата, какви се по природа и како се третираат.
Што претставуваат јазлите на тироидната жлезда, кои се причините за нивната појава и како се дијагностицираат?
Д-р Михајловска: Тироидната жлезда претставува ендокрин орган, сместена во предниот дел на вратот, со форма на пеперутка. Се состои од лев лобус, десен лобус и истмус. Има многу значајна улога во одржувањето на нормалната функционална рамнотежа на организмот. Физичките абнормалности на жлездата може да бидат изолирани или во склоп на некое од функционалните нарушувања на тироидната жлезда. Па така кај хипотиреозата најчесто имаме намалени димензии на жлездата, кај хипертиреозата, зголемени димензии. A, тука е и Хашимото тироидитисот. Јазлите, уште познати како нодуси на тироидната жлезда, претставуваат фокални, ограничени, физички промени во тироидното ткиво, со различна димензија кои може да се дијагностицираат со ултрасонографски преглед на жлездата и при тоа да се опишат нивните ехографски карактеристики. Постојат повеќе поделби на јазлите. Според бројноста, може да бидат единечни и многубројни, а според функцијата – функционални или афункционални. Според структурата на јазолот и која компонента повеќе доминира се делат на солидни и цистични јазли. Според нивната природа се делат на бенигни и малигни. Причината за појавата на јазлите не е конкретизирана, но се смета дека улога имаат генетиката, автоимунитетот како и надворешните влијанија врз нивната патогенеза.
Постојат ли одредени симптоми и знаци кои упатуваат на постоење на јазли на тироидната жлезда и како навреме да се дијагностицираат?
Д-р Михајловска: Најчесто јазлите се асимптоматски и не даваат ниту знаци, ниту симптоми кај пациентот, освен доколку не станува збор за јазол со големи димензии кој е видлив и со голо око во пределот на предната страна на вратот, или доколку врши притисок врз големите крвни садови или врз душникот што резултира со отежнато дишење, зуење во ушите или вртоглавици. Понекогаш, во ретки случаи се јавува и промена на бојата на гласот. Третманот на јазлите најчесто е со хируршко отстранување на дел од лобусот, целиот лобус или целата тироидна жлезда, во зависност од бројноста, големината како и резултатите од цитопатолошкиот наод при тенкоиглената пункција.
Јазлите се спорорастечки – колку долго се следат, на колкави периоди треба да се прави контрола и кога се преземаат конкретни мерки?
Д-р Михајловска: Јазловидните промени на тироидната жлезда, најчесто се спорорастечки и потребно е редовно, долгорочно следење на промените односно нивната димензија, изглед, ехографски карактеристики како и индиректни фактори кои влијаат на планот за третман на овие промени. Тука не спаѓаат брзорастечките промени кои најчесто се со лоша природа. Тоа значи дека за нив треба брза и навремена дијагностика и третман. Во принцип секоја промена која бргу ги менува димензиите или карактеристиките, треба да се додијагностицира. Тоа подразбира правење на тенкоиглена аспирациона пункција, која ќе ни даде генерален клеточен приказ за природата на јазолот. Димензија на која сите јазли во принцип треба да подлежат на пункција е 10 mm. Но, понекогаш останува ексклузивно правото на докторот, во зависност од карактеристиките на јазолот, да одлучи дали ќе препорача пункција на јазол со димензија од 5 mm или ќе почека пораст до 15 mm.
Иако јазлите на тироидната жлезда се главно бенигни по природа, приближно 5 % од јазлите се всушност малигни, т.е. рак на тироидната жлезда. Какви се разликите помеѓу бенигните и малигните јазли?
Д-р Михајловска: Важно е да напоменам дека нарушувањето во физичката градба на жлездата, најчесто не е поврзана со функцијата, па така најголемиот дел од пациентите со јазли на тироидната жлезда имаат уреден тироиден статус и се во еутироидна состојба. Исто е важно да се потенцира дека уредниот тироиден статус не значи по автоматизам и бенигна природа на јазлите. А тиреоглобулинот не претставува предоперативен туморски маркер. Како туморски маркер единствено се смета калцитонинот кој е покачен само кај одреден тип на малигнитет на тироидната жлезда, а тоа е медуларниот карцином. Тиреоглобулинот е постоперативен туморски маркер за следење на пациентите кои се претходно оперирани од папиларен или фоликуларен тироиден карцином.
Како се третираат јазлите на тироидната жлезда?
Д-р Михајловска: Третманот на јазлите најчесто е со хируршко отстранување на дел од лобусот, целиот лобус или целата тироидна жлезда, во зависност од бројноста, големината како и резултатите од цитопатолошкиот наод при тенкоиглената пункција. Во нашата болница од година во година се зголемува бројот на ваквите хируршки интервенции првенствено затоа што активно работиме на скринингот кај пациентите, но и на детална и прецизна анализа на промените на тироидната жлезда од страна на ендокринолог, кој дава насоки за понатамошен третман, согласно протоколите и алгоритмите за лекување на ваков тип на заболување.
Тендинитисот претставува воспаление кое може да заврши со создавање на калцификати во воспалената зона. Токму калцификатите се честа причина за појава на силна болка во рамото. Почесто се појавуваат кај жените меѓу 40 и 50 години и обично на доминантната рака, иако тоа не е секогаш случај.
Што се калцификации на рамената и како да се излечат?
Калцификациите во рамото познати и како калцифицирачки тендинитис се јавуваат кога наслагите на калциум се појавуваат на тетивите на рамото. Калциумот предизвикува иритација на тетивите на ротаторната манжетна, што може да доведе до акутна болка. Тие вообичаено се јавуваат во супраспинатус, иако може да се појават и во инфраспинатус или субскапуларна тетива.
Како се јавува калцифицирачки тендинитис?
Точните причини за појава на калцификациите на рамената сè уште не се потврдени. Постојат хипотези кои се земаат предвид како промени во метаболизмот, клеточна дегенерација, генетика, репетитивна микротраума или ендокрини нарушувања. Како појава потврдено е дека е почеста кај дијабетичарите со симптоми кои обично се појавуваат во рамото на доминантната рака, иако не е невообичаено калцификацијата да се појави и кај двете. Еден од факторите на ризик за калцифицирачки тендинитис е возраста, бидејќи како што старееме, рамениот зглоб слабее. Почеста е кај жени постари од 40 години.
Симптоми на калцификации во рамото
Најчестиот симптом, поради кој се обраќате кај специјалист е акутната болка во рамото без очигледна причина. Односно, не се случила траума или прекумерен напор. Оваа болка може да предизвика и неподвижност и проблеми со спиењето. Можен е и асимптоматски калцифицирачки тендинитис, кој се открива случајно при изведување на рентген при која било друга патологија.
Фази на калцифицирачки тендинитис
Калцифицирачкиот тендинитис е состојба која се јавува во различни фази:
Фаза на формирање, која може да трае неколку години. Тоа е местото каде што се формираат депозити на калциум. Тоа е асимптоматско или болката е умерена.
Фаза на мирување, калциумот останува стабилен. Продолжува да постои, но не се ослободува. Обично не покажува симптоми, иако понекогаш болката не исчезнува целосно.
Ресорптивна фаза: тука се појавува акутна болка во рамото, бидејќи се ослободува калциум, кој ги воспалува ткивата. Може да трае од еден до шест месеци.
Како се третираат калцификациите во рамото?
Основниот третман е конзервативен: третманот се состои од антиинфламаторни лекови, физиотерапија за вежбање подвижност и примена на ладно за калцификација во рамото околу десет минути, два или три пати на ден. Доколку болката е многу силна или продолжува, постојат инекции врз основа на кортикостероиди и локална анестезија. Ова, заедно со физиотерапевтскиот третман, може да помогне значително да се намали болката.
Други третмани за калцифицирачки тендинитис што специјалистот може да ги земе предвид се ударни бранови (ShockWave Therapy) или техники на аспирација.
Дали се оперираат калцификати на рамената?
Во повеќето случаи, операцијата не е неопходна. Операцијата се изведува само ако останатите терапевтски опции не функционираат. Идеалното во овој случај е артроскопија на рамо, минимално инвазивна операција која се изведува со воведување на уред наречен артроскоп поврзан со екран со висока резолуција.
Артроскопија за калцифицирачки тендинитис
Артроскопијата е последната опција за лекување на калцификации на рамото. Наслагите на калциум се празнат, со што максимално се минимизира оштетувањето на ткивото. Артроскопија на рамото е процедура која ја вршат специјалисти трауматолози во која рамениот зглоб може да се набљудува преку екран со висока резолуција.
Закрепнување по артроскопија на рамото
Бидејќи се работи за минимално инвазивна операција, закрепнувањето е обично кратко и без компликации. Антиинфламаторните лекови често се користат за ублажување на болката, а погодената рака може да биде имобилизирана неколку дена. Исто така, специјализиран физиотерапевт ќе го надгледува процесот на закрепнување.
Дали може да се спречи појавата на калцификациите на рамената?
Причините за појава на калцификациите не се сеуште прецизно потврдени. Секогаш е важно да се храните здраво за оптимално функционирање на организмот и да се обратите кај специјалист при првиот симптом, доколку е можно пред болката да стане акутна.
Калцифицирачкиот тендинитис е чест и може да предизвика пречки во секојдневното функционирање поради појавата на болка. Важно е да не се чека и да се обратите навреме кај специјалист трауматолог за рана дијагноза и третман.
Често пати проблемите со стомакот можат да ни креираат нелагодност и да не направат несреќни и нервозни. Пстојат различни видови, но овој пат ќе зборуваме за гастроинтестиналните проблеми.
Што е она што ги предизвикува гастроинтестиналните (стомачните) заболувања?
Болестите на системот за варење можат да ни предизвикаат голем број проблеми, па дури и да ни го уништат комплетно денот. Започнуваат со мала непријатност, која што се чини дека не е толку релевантна. Но по неколку часа болката започнува да го зголемува интензитетот.
Клучното прашање е: Како да се спречат гастроинтестиналните заболувања? Како да се избегнат и дали доколку се појават со нив може нормално да се функционира? Иако реално не можеме да ги избегнеме, понекогаш може да ги ублажиме и да ја намалиме фреквенција грижејќи се правилно за дигестивниот систем.
Кои се најчестите гастроинтестинални заболувања?
Иако има голем број на болести кои директно или индиректно можат да влијаат на дигестивниот систем, има неколку кои се прилично застапени, а се предизвикани од надворешните фактори како што е топлото време. Тоа имено придонесува за бактериите да се репродуцираат побрзо. А има и такви кои се поврзани со одредени навики во исхраната и хигиената специфични за некој регион и како такви можат да влијаат на целата популација.
Интоксикација/Труење: Интоксикацијата е предизвикана од конзумација на загадена храна. Болеста се развива од заразни организми како што се бактерии, вируси и паразити или од нивните токсини. Овие се многу чести, а се појавуваат повеќе во топла клима или сезони каде што температурата се зголемува над 30°, бидејќи овозможуваат размножување на овие патогени.
Диспепсија: Ова може да се појави по конзумирање на храна која била премногу тешка. Во желудникот се појавуваат болки или металоиди кои не се предизвикани од фактор на чир, а може да вклучуваат и гадење, надуеност и чувство на ситост дури и кога се јаде многу малку.
Синдром на нервозно дебело црево: Без сомнение, тој е еден од најчесто дијагностицираните гастроинтестинални проблеми од страна на лекарите. Тоа е промена во нормалното функционирање на дебелото црево што може да предизвика умерена до тешка абдоминална болка. Генерално предизвикува континуирана дијареа или запек.
Акутен гастроентеритис: Тоа е воспаление на гастроинтестиналниот тракт како резултат на инфекција. Акутниот гастроентеритис претставува дијареа и колика односно грчеви). Кај одреден дел од популацијата може дури да се манифестира со треска и повраќање. Исто како кај интоксикацијата (труењето) и гастроентеритисот е предизвикан од заразни организми како што се бактерии, вируси и паразити или од нивните токсини.
Рефлукс: Може да се појави во секое време од денот или ноќта, дури и додека спиеме. Кога содржината од желудникот согастричната киселина се крева низ хранопроводникот, тоа резултира со чуство на „горење/печење“. Тоа најчесто се случува поради конзумирање на некои намирници кои можат да бидат многу иритирачки и да го направат вашиот желудник поактивен. Истотака рефлуксот се манифестира и со забрзување на срцевиот ритам за кое често пациентите се обраќаат кај доктор кардиолог.
Доколку имате стомачни тегоби, нашите доктори специјалисти во овој домен, ви стојат на располагање со совети и решениа. Закажете го вашиот термин за консултативен преглед на 02 3091 484
Детската неврологија е медицинска специјалност која ги проучува и третира проблемите на нервниот систем во текот на неговиот развој, односно структурата, функциите и развојот на централниот нервен и невромускулниот систем, како во нормални така и во патолошки состојби
Развојната фаза на децата започнува за време на интраутериниот живот и завршува со адолесценцијата. Проблемите со нервниот систем може да бидат во: мозокот, ‘рбетот, нервите или во мускулите, предизвикувајќи различни промени. Исто така, овие специјалисти невропедијатри се одговорни за надзор, контролирање и дијагностицирање на развојните потешкотии кои децата можат да ги манифестираат, вклучувајќи моторни, когнитивни, сензорни или комуникациски.
Кога да го однесете детето кај невропедијатар?
Невропедијатријата третира многу болести со различен степен на сложеност. Педијатарот на детето е оној кој мора да ја направи првичната проценка и доколку смета дека е потребно ќе го упати детето кај специјалист невропедијатар. Најчестите причини за консултации се:
Епилепсија
Проблеми со учењето (дефицит на внимание, дислексија итн.)
Проблеми со однесувањето (хиперактивност, нарушувања на однесувањето)
Главоболка
Сомнеж за аутизам Овие патологии обично предизвикуваат страв и загриженост кај родителите, така што поставувањето на дијагнозата е клучно за понатамошно правилно насочување, третман и прогноза.
Што се случува при првата посета на невропедијатар?
Како и во секоја друга медицинска специјалност, првата посета е многу важна. Во основа, невропедијатарот ќе се обиде да го запознае детето и да собере што е можно повеќе информации, поради што на родителите на детето ќе им бидат поставени серија прашања од типот:
Која е причината за вашата загриженост? Кога забележавте дека се појави и како еволуираше проблемот.
Прашања околу бременоста, породувањето и првите денови од животот на детето.
Семејна анамнеза.
Со цел детална анализа односно за да се олесни првата посета, препорачливо е доколку постојат да бидат обезбедени релевантни документи доколку ги имате, како што се:
Книшка за педијатриско следење
Тест извештаи, резултати од испитувања, мислења од други специјалисти итн.
Фотографии, видеа релевантни за проблемот
Опис или белешки за тоа што ве загрижува
Доколку имате сомнеж во однос на некое однесување кое сте го забележале кај вашето дете, а истото може да биде поврзано со некоја од овие патологии, закажете консултација со нашиот невропедијатар д-р Катерина Василева Димовскана 02 3091 484
Козметичката стоматологија е гранка во стоматологијата која се однесува на подобрување на изгледот и естетиката на насмевката. Се фокусира на корекција на забните несовршености како што се бојата, обликот, големината и исправувањето на забите. Со третмани како порцелански фасети, белеење и реконструкција на заби, се постигнуваат естетски трансформации кои ја подигнуваат самодовербата и ја персонализираат убавината на насмевката на квалитетен и соодветен начин.
Какви третмани опфаќа козметичката стоматологија
Таа опфаќа серија третмани наменети да ја подобрат естетиката на насмевката.
Белење на заби – влијае на бојата и ги елиминира дамките на забите, подобрувајќи ја нивната белина и сјај.
Реконструкција на забите – ги поправа и обновува оштетените или истрошените заби, подобрувајќи ја нивната функционалност и естетика.
Ламинати – тоа се тенки слоеви кои се лепат на предната површина на забите за да ја поправат формата, бојата и положбата.
Како се изведува?
Козметичкиот стоматолошки третман започнува со консултација, каде што се проценува состојбата на секој индивидуа/пациент. За време на оваа консултација, се дискутираат естетските пробеми и цели на пациентот. Следно, ќе се изврши комплетен стоматолошки преглед, кој може да вклучува рентген и дигитално скенирање, за да се оцени оралното здравје и да се одреди соодветниот план за лекување/третман.
Откако ќе се воспостави планот за лекување, се вршат специфичните стоматолошки козметички процедури. Тие може да вклучуваат белење на заби, поставување на порцелански фасети, забни импланти или други третмани прилагодени на потребите на пациентот.
Доколку сте заинтересирани да го подобрите изгледот на вашата насмевка, ви препорачуваме да закажете консултација кај нашите стоматолози на 072 267 064 или 02 3091 484 и добијте го решението кое долго го чекате!
Имплантологија е дел од оралната хирургија кој вклучува поставување забен имплант. Тоа е процедура со која се прави замена на корените на вашите заби, изработени од титаниумски метал кои изгледаат како завртки со цел надоместување на исчезнатиот или оштетениот заб со вештачки заб кој изгледа исто и ја врши истата функција како вистинските заби. Оперативниот зафат кој ќе биде применет за имплантирање зависи од видот на имплантот и состојбата на вилицата. Поставувањето забен имплант е операција која може да опфати неколку процедури.
Главната придобивка од имплантите е солидна поддршка за сите нови заби. Овој процес бара интеграција на имплантот во коската. Бидејќи за ова заздравување е потребно време, самиот процес може да потрае неколку месеци (3-4 месеци).
Зошто и кога се прави имплантација на заб?
Забните импланти се поставуваат хируршки во вилицата, каде што служат како корени за изгубените/претходно извадените заби.
Забните импланти може да бидат соодветни за вас доколку:
Ви недостасува еден или повеќе заби
Вилицата е здрава и има целосен раст
Имате соодветни коски за поддршка на импланти или може да примите коскена трансплантација
Имате здрави орални ткива
Немате болести кои ќе влијаат на заздравувањето на коските
Не можете или не сакате да носите протези
Сакате да го подобрите говорот
Подготвени сте да се посветите на процесот неколку месеци
Не сте пушач
Можните ризици
Како и секоја операција, хирургијата за имплантација на заби носи одредени здравствени ризици. Меѓутоа, проблемите ретко се појавуваат, а доколку се појават, обично се мали и лесно се лекуваат. Ризиците вклучуваат:
Инфекција на местото на имплантот
Повреда или оштетување на околните структури, како што се други заби или крвни садови
Нервна повреда, која може да предизвика болка, вкочанетост или пецкање во вашите природни заби, непца, усни или брадата
Проблеми со синусите, кога нема доволно коскен волумен при имплантирање може да се пробие синусната мембрана, со што може да се направи комуникација помеѓу оралната и синусната празнина, а тоа да отвори можност за инфекција на овие простори. При употребена прекумерна сила имплантот може да се втурне во синусната празнина.
Превенција од компликации при поставување на импланти
Кога една имплантолошка интервенција е добро испланирана и има соодветна подготовка на пациентот ризикот за настанување на компликација е сведен на минимум. Со новите модерни дијагностички мерки пред време се одбележуваат сите битни анатомски содржини на кои треба да внимаваме во тек на работата. Исто така CBCT снимките од горната и долна вилица ни овозможуваат предвремен план за точната позиција на имплантот. Со помош на дигитална стоматологија е веќе одредено каде ќе биде поставен имплантот, при што се изработува индивидуализиран имплантолошки водач. Овој водач има за цел да се фиксира на горната или долната вилица, зависно од тоа каде ќе биде самата интервенција и да помогне при имплантирање.
За повеќе информации околу процедурата закажете консултација со специјалист по орална хирургија на 02 3091 484 кој ќе ве советува за можните решенија за вашиот проблем.
Колоноскопијата е процедура која се користи за испитување на состојбата на дебелото црево и завршниот дел од тенкото црево. Причината за индицирање на овој тест е со цел дијагностицирање на можни болести или лекување на одредени патологии кои можат да се утврдат преку истото испитување, како што се хемороиди, полипи или други видови аномалии.
Како се изведува?
За да се направи колоноскопија, се користи уред наречен колоноскоп, кој се состои од флексибилна цевка која се внесува во ректумот преку аналниот сфинктер. Доколку целта на процедурата е дијагностичка, процедурата ќе вклучува камера и светло кое ќе го олесни приказот на дебелото црево на мониторот. Од друга страна, доколку колоноскопијата се прави наменски со цел лекувате патологија (на пример отстранување полипи), се додаваат и инструменти со кои ќе се изврши интервенцијата.
Кога треба да се направи?
Овој тест се прави за да се исклучи можноста за постоење рак на дебелото црево кај пациенти кои покажуваат дигестивни симптоми или имаат семејна историја (генетски предиспозиции). Од друга страна, пак, генерално кај општата популација која е без ризик фактори се препорачува колоноскопија да се направи над 50 годишна возраст и истата да се повторува на секои пет или десет години.
Колоноскопија се спроведува и при постоење на следните симптоми:
Хронична дијареа
Хронична абдоминална болка
Ректално крварење при одење во тоалет или во самата столица.
Кронова болест
Улцеративен колитис
Хронична анемија со недостаток на железо, која може да биде предизвикана од крварење во дебелото црево.
Присуство на полипи или семејна историја на полипоза
При губење на многу килограми за кратко време и без очигледна причина како диета, вежбање и слично.
Во кои случаи не се прави колоноскопија?
Основни состојби при кои колоноскопијате е контраиндицирана се: тешка декомпензирана респираторна или срцева слабост, неодамнешен миокарден инфаркт, интестинална перфорација и сериозни нарушувања во коагулација на крвта.
Подготовка на пациентот пред процедурата
Пред оваа процедура потребно е пациентот да следи низа инструкции со цел да ги елиминира можните остатоци од храна од дигестивниот систем. Деновите пред самата колоноскопијата треба да се спроведе одредена диета, со консумирање препорачана течна храна. Исто така, пациентот мора да ја надополни оваа диета со лаксативни производи за да го провоцира празнењето на цревата.
Дали постој ризик од процедурата?
Иако колоноскопијата е безбедна процедура, како и секоја инвазивна медицинска техника, таа може да има одредени ризици. Сериозни компликации обично се јавуваат во 0,5% од случаите и најчесто се решаваат во склоп на истата процедура.
Дали е безболна?
На денот на интервенцијата, пациентот добива седација, на тој начин тој или таа не чувствува никаква болка или непријатност и може да остане смирен за време на процедурата. Времетраењето на колоноскопијата може да се движи помеѓу 30 минути и еден час во зависност од видот на областа што треба да се испитува. Откако ќе заврши процедурата, пациентот мора да остане во лежечка позиција додека не помине анестезијата. Се препорачува пациентот да има придружник бидејќи дури и неколку часа по самата процедура може да се забележат благи ефекти од седацијата и не е препорачливо да вози.
Иако може да изгледа како малку непријатен тест, колоноскопијата не им пречи на повеќето пациенти, кои се враќаат на секојдневните активности во рок од 24 часа. Она што можете да го забележите е одреден притисок во пределот на стомакот предизвикан од самиот уред и од гасот кој се користи за проширување на ѕидовите на дигестивниот тракт.
Доколку почувствувате некој од гореспоменатитеите симптоми, препорачуваме да не ја одложувате посетата на специјалист. Тој доколку процени дека е потребно ќе ви препорача ваков тип на испитување. Превенцијата е најдобриот лек.