Ни пристигна ласерот Venus Bliss Max

Од денес во нашиот Центар за естетска дерматологија достапни се иновативните и неинвазивни третмани за намалување на масните наслаги, затегнување на кожата и подобрување на тонусот на мускулите на телото. Оваа тројна функција на апаратот Venus Bliss Max ќе ви обезбеди видливо обликување на телото без операција. Врвната технологија на овој ласер, достапен единствено кај нас на овие простори, е одобрена од FDA – Американската агенција за храна и лекови. Третманите во треање од 25 минути се удобни, безбедни и безболни. Ослободете се од масните наслаги и обликувајте го телото без операција со Venus Bliss Max.

Што е Venus Bliss Max?

Тоа е моќен ласерски апарат за слабеење, опремен со три најнапредни технологии за намалување на масните наслаги. Ласерските апликатори ефикасно ги разбиваат масните клетки со помош на липолиза, додека пак МП2 апликаторот им го намалува волуменот, ја затега кожата и ја потпомага лимфната дренажа за нивна ефективна елиминација. Тој комбинира мултиполарна радиофреквенција, пулсирачко електромагнетно поле и Varipuls технологија. Додека пак Flex Maxx апликаторот за неивазивен третман за тонирање на мускулите интелигентно се прилагодува на 7 различни мускулни групи за постигнување максимални резултати.

Како работи Venus Bliss Max?

При третманот со овој апарат се испушта нискофреквентен ласерски зрак во масната наслага со цел разбивање на наталожените масни слоеви на помали масни компоненти. Тие потоа се транспортираат преку лимфниот систем и се елиминираат, додека еден дел биваат согорени од мускулите преку телесна активност и вежбање.

На кои области може да се примени?

Согласно одобрението од Американската агенција за храна и лекови (ФДА), овие третмани се спроведуваат на локализирани масни наслаги. Зони во кои е безбедно да се примени се: стомачната регија и бутините, но и внатрешниот дел од бедрата, грбот и рацете, односно зони во кои има целулит.

Најчесто поставувани прашања

Дали третманите со Venus Bliss Max се безбедни?

Venus Bliss Max е уред одобрен од FDA за намалување на масните наслаги. Сертифициран е дека е безбеден и докажан како ефикасен за неинвазивна липолиза и намалување на целулитот. Сепак, препорачливо е да се користи исклучиво под надзор на стручни лекари и квалификувани терапевти.

Колку трае еден третман?

Општо земено, сите четири Venus Bliss Max ласерски апликатори може да се користат истовремено во 25 минутен третман. Времетраењето на третманот може да зависи од областа која се третира и бројот на потребни апликатори.

Колку брзо можеме да очекуваме резултати?

Забележливо подобрување може да се постигне во период од 12 недели по првичниот третман. Секако, резултатите може да се разликуваат во зависност од целта на третманот на клиентот и целокупната состојба.

Кој е оптималниот број на третмани потреби за видлив резултат?

Оптималните резултати може да варираат индивидуачно кај секој пациент, во зависност од дебелината на масните наслаги и целта на третманот. При една сесија може да достигне до 19% намалување на дебелината на масниот слој. Општо земено, на повеќето пациенти им се потребни 2-3 сесии во интервал од 6 до 8 недели.

Дали е потребен период на опоравок по направен третман?

По третманот очекувано е минимално црвенило на кожата во третираната област. Сепак, тоа се решава во текот на денот без потреба од дополнителни ограничувања за физички или други активности.

Дали овие третмани може да се комбинираат со други козметички или процедури за слеабеење?

Venus Bliss Max е опремена со 3-те најефикасни технологии за слабеење и намалување на маснотиите, 1064 диоден ласерски апликатор и MP2 рачен уред. Овие третмани се совршена комбинација за справување со закоравените маснотии и целулитот, затегање на кожата и подобрување на тонусот на мускулите. Исто така, други козметички процедури може да се комбинираат со третманите Venus Bliss max за поефективен и персонализиран пристап.

Нашите квалификувани дерматолози и терапевти можат да предложат комбиниран третман и други решенија за губење тежина кои се достапни во Центарот за естетска дерматологија.

Закажете бесплатна консултација на следните телефони:
072/262-385
02/3091-484
02/3104-910

8 ноември – Светски ден на радиологијата

08.11.1895г. е денот кога Вилхелм Рентген ги открива рентеген зраците со што се отвараат нови видици во медицината. Од овој ден и невидливото станува видливо. Всушност радиологијата како гранка во медицината станува ОЧИТЕ НА МЕДИЦИНАТА.
Бројните се дијагностичките процедури на база на рентген зраци кои се развиваат низ годините: рентген, ангиографија, мамографија и компјутеризираната томографија. А, во поново време спектарот на имиџинг модалитети се збогатува и со апарати кои не се на база на рентген зраци како ултразвукот и магнетната резонанца.

Светскиот ден на радиологијата има за цел да ја подигне свесноста за важноста на радиологијата во медицината, односно да потсети на виталната улога на бројните имиџинг модалитети кои се употребуваат во детекција и дијагноистика на различни состојби и заболувања во човековото тело со што е овозможено поефикасно третирање на истите.
Овој ден е посветен на професионалците во полето на радиологијата – лекарите радиолози и радиолошки технолози кои се одговорни за правилно и безбедно користење на методите како и за напредокот на технологијата за подобра и попрецизна дијагностика, а со тоа и подобра нега.

Радиологијата – очите на медицијата, односно радиолизите и радиолошките технолози се неопходен витален сегмент во современата медицина кои преку мултидисциплинарен пристап придонесуваат за ефикасен индивидуален менаџмент на пациентите. Нека им е честит Светскиот ден на радиологијата.

Заедно да го промениме лицето на машкото здравје

Секој ноември, традиционално се приклучуваме на движењето МOVEMBER за да го одбележиме месецот посветен на подигање на свеста за здравјето на мажите.
MOVEMBER е годишен настан во склоп на кој се поттикнуваат мажите симболично да растат мустаќи за да се одбележи месецот во кој се преземаат активности со кои се подига свеста за машкото здравје. Ова движење започна како иницијатива за справување со ракот на простата, но еволуираше за да вклучи свесност за менталното здравје и останатите болести кои ги погодуваат мажите.
Придружете ни се во борбата за машкото здравје со растење на мустаќи во текот на MOVEMBER!
Запомнете дека ние сме тука да се грижиме за вас и вашето здравје, а подготвивме и специјални промотивни цени.
Доколку имате какви било симптоми, не двоумете се да закажете консултација со нашиот тим лекари на 02/3091-484.

  • Биохемиски анализи (тумор маркер PSA) 600 денари
  • Урина за уринокултура 450 денари
  • Уролошки преглед 2,500 денари
  • Магнетна резонанца на простата 16,000 денари
  • Нефролошки преглед 2,000 денари
  • Специјалистички ОРЛ преглед 2,000 денари
  • Биохемиска анализа 600 денари
  • ФМС за уринарна/фекална инконтиненција 2.000 денари
  • Ортопедски преглед 2.000 денари
  • Ехо преглед на тироидна жлезда 2.000 денари
  • Ехо преглед на абдомен 2.000 денари
  • Стоматолошки преглед 500 денари
  • Офталмолошки преглед 1.710 денари
  • Дерматолошки преглед 2.000 денари
  • Дигитална дермоскопија 5.000 денари
  • Кислородна терапија во Хипербарна комора 1 третман 4.000 денари
  • Колоноскопија со анестезија 18.000 денари
  • Гасторскопија со анестезија 18.000 денари
  • Колоноскопија + Гастроскопија со Анестезија 28.000 денари
  • Сексуално преносливи болести – 14 микроорганизми (доколку се направи и уролошки преглед, цената на испитувањето изнесува) – 2.500 денари
  • Сексуално преносливи болести – 14 микроорганизми 3.990 денари
  • Сексуално преносливи болести 3 истовремено (Chlamydia trachomatis, Trichomonas vaginalis и Neisseria gonorrhoeae) од прва утринска урина (со PCR метода) 1.800 денари
  • Секвенционирање на егзом – кардиоваскуларни болести, канцер или специфични болести 60.000 ден.