Магнетната резонанца на срце со тест на перфузија претставува современа неинвазивна метода за дијагноза на коронарна артериска болест
Коронарната артериска болест претставува болест на стеснување на крвните садови кои го исхрануваат срцевиот мускул. Прогресивното стеснување на крвните садови води до инфаркт на миокардот, развој на срцева слабост, и/или аритмии. Раната дијагностика и превенцијата на компликации од коронарната артериска болест води до намален кардиоваскуларен морбидитет и морталитет.
Позитивен Аденозин тест: Исхемија на антериорен и инфериорен септум (регија на лева предна десцедентна артерија и десна коронарна артерија).
Што претставува магнетната резонанца на срце со тест на перфузија?
Магнетната резонанца на срце со тест на перфузија е метода со која се предизвикува вазодилатација (ширење на крвните садови) со примена на лекови. Промените во зидот на срцевиот мускул, т.н. дефекти во перфузијата, т.е. делови без вазодилатација, индиректно зборуваат за стеснување на крвните садови во срцето.
Која е предноста на овој тест во однос на другите функционални тестови за испитување на крвните садови?
Тестот ни кажува за веројатноста за постоење на значајни стеснувања на крвните садови во срцето, но освен тоа се добива и информација за анатомијата и функцијата на целото срце. Тестот е неинвазивен, не го изложува пациентот на јонизирачко зрачење, има многу мал ризик од несакани случувања, а сепак има многу висока сензитивност и специфичност за коронарна болест.
Кај кои пациенти треба да се направи ова испитување?
Ова испитување треба да се направи кај пациенти со:
Висок ризик за постоење на коронарна артериска болест
Појава на градна болка кај пациент со веќе дијагностицирана коронарна артериска болест
Гранична стеноза на коронарните крвни садови според коронарографија
Сомнение за болест на малите крвни садови во срцевиот мускул
Градна болка од непознато потекло
Што треба да знае пациентот пред испитувањето?
24 часа пред тестот, пациентот не треба да конзумира кафе, чај, чоколадо, какао, кока-кола. Во тек на испитувањето се следи ЕКГ, се мери крвен притисок. Испитувањето трае само 4-6 минути. Во тек на испитувањето потребно е да се јават симптоми како градна болка, гушење. Тоа е знак дека тестот е технички добро направен. Симптомите комплетно се повлекуваат 30 секунди после прекин на тестот. Во текот на целото испитување пациентот контактира со радиолошкиот техничар и со тимот на доктори.
Кој го спроведува и интерпретира испитувањето?
Магнетната резонанца на срце претставува современа дијагностичка метода која се изведува од страна на стручен тим составен од кардиолози, радиолози, радиолошки технолози и медицински сестри.
Дигиталната стоматологија претставува револуционерен пристап во областа на стоматолошките услуги. Внесувањето иновативни технологии во оваа област, помага да се унапреди прецизноста и ефикасноста во лекувањето, што значително придонесува во позитивното искуството на пациентите. Оваа нова ера во стоматологијата го заменува традиционалниот пристап со современи дигитални решенија, создавајќи нови можности за стоматолозите и пациентите кои бараат брзо, безболно и решение без трауми за своите проблеми.
Забите изработени со помош на дигиталните методи можат да бидат далеку подобри од забите изработени со традиционалните методи, бидејќи може да биде креиран заб кој ќе биде идентичен со заменетиот заедно со сите негови специфичности, а со тоа и попрецизно ќе одговара во вилицата на пациентот.
Дигиталната стоматологија опфаќа употреба на напредни технологии како што се:
3D скенери и принтери за создавање на протези, коронки и мостови.
CAD/CAM системи за прецизно дизајнирање и изработка на стоматолошки реставрации.
Дигитални рендген снимки (Cone Beam CT) за детална дијагностика на структурата на забите и коските.
Ласерска технологија за минимално инвазивни третмани.
Тимско планирање за ортодонтски апарати, импланти и хируршки процедури.
Предностите при практикување на дигиталната стоматологија се огромни. Пред се прецизноста и персонализацијата при креирање на одредено решение се на највисоко можно ниво. Благодарение на дигиталното скенирање и CAD/CAM технологијата, стоматолошките реставрации се изработуваат со неверојатна прецизност и прилагодливост за секој пациент.
Процесот на третманот е значително забрзан во однос на досега познатите методи на работа. Наместо да се чекаат со денови или недели за изработка на протези, дигиталните решенија овозможуваат изработка во рок од неколку часа.
Дигиталното скенирање го заменува традиционалното земање отпечатоци, што често е непријатно за пациентите. Со дигиталниот метод на работа сега тоа е со поголема удобност за пациентите и со минимална инвазивност. Технологијата овозможува стоматолозите да изведуваат постапки со поголема точност и со помалку оштетување на природните ткива.
Дигиталната стоматологија не е само тренд, туку станува суштински дел од иднината на современата стоматологијата кој како сеопфатен стоматолошки центар веќе функцинира во склоп на клиника Жан Митрев, а нашиот персонал ви стои на располагање секој работен ден, викенди или празници со претходно закажување на 02/3091-484.
Центарот за офталмологија при клиника Жан Митрев во соработка со Промедика офталмологија во месец декември ви овозможува -50% на специјалистички офталмолошки преглед кој опфаќа мерење на рефракција, одредување на видна острина, мерење очен притисок и преглед на преден/заден сегмент на око. Превенцијата за вашите очи е добредојдена, особено во зима
Секоја секунда е важна! Во нашиот УРГЕНТЕН ЦЕНТАР отворен 24/7 секој ден од неделата, на располагање е мултидисциплинарен дежурен тим лекари кои ќе се погрижат за брза и прецизна дијагностика како и медицинско возило за бесплатен транспорт од било кој град од Македонија и Косово (за пациенти кои ќе се хоспитализираат во клиниката). ☎️ 15789 и 02/3091-484.
Тестикуларна протеза или т.н. тестикуларен имплант е силиконски имплант кој се става во празен скротум. Недостатокот на тестис кој треба да се реши со поставување на ваква протеза може да биде предизвикан од неколку причини и тоа:
малформиран или исчезнат тестис при раѓање
неуспешно спуштен тестис во скротумот
хируршки отстранет поради повреда, инфекција или потешка болест
дел од процесот за промена на полот.
Целта на имплантот е да го подобри изгледот и да ги смири психолошките стравови.
Овој зафат во нашата клиника се спроведува како рутинска процедура од стручниот тим хирурзи уролози и бара еден ден болничко лекување.
Тестикуларните импланти им помагаат на пациентите да ја повратат својата самодоверба и чувство на целосност – велат нашите уролози.
Доколку одлучите да ја направите оваа процедура, важно е да биде изведена од хирург кој е специјализиран за имплантација на протеза на тестисите. Постапката за имплантација се изведува под општа или локална анестезија со правење засек во долниот дел на препоните или горниот скротум. При постапката се оформува „торбичка“ за протезата по што имплантот се фиксира во правилна положба и се затвора засекот.
Тестикуларната протеза ќе има тежина, форма и чувство многу слично на нормалниот тестис, сепак функционалноста како вистински тестис е исклучена.
Со цел да се информирате и закажете термин кој ви одговара јавете се на 02/3091-484.
Кератоконусот спаѓа во групата на пореметувања на рожницата (корнеата) кој се карактеризира со нејзино истенчување и испакнување. Всушност станува збор за состојба при која рожницата во централната зона, станува позакривена во однос на периферијата. Како сликовит пример може да послужи споредбата дека нормалното око има форма на пинг-понг топче, а при кератоконус, формата на окото личи на лажица. Кератоконусот како заболување се појавува на возраст од 6 до 40 години. Најчесто тоа може да се случи во пубертетот. Заболувањето е прогресивно, секогаш ги зафаќа двете очи, но обично почнува поизразено на едното око. Почесто се јавува кај машкиот пол. Во почетната фаза на кератоконус се појавува миопен астигматизам, но со тек на време диоптријата се повеќе се зголемува, по што пациентите имаат намалување на видот кое не може успешно да се корегира со очила.
Третман: во раните фази на лекување на кератоконусот, очилата или меките леќи, можат да бидат доволни за корекција на благиот астигматизам. Но, тие не се доволни за корекција на видот и најчесто во овие случаи на пациентите им се препишуваат тврди леќи. Овие леќи овозможуваат добра корекција на видот, но не го запираат понатамошното напредување на болеста.
Порано при напредните фази на кератоконусот се вршела хируршка интервенција (радијална кератотомија) која веќе ретко се употребува. При оваа метода во локална анестезија се прават неколку радијали засеци на рожницата со кои се намалува нејзината испакнатост. Основаните маркери за овие засеци се меридијаните добиени од корнеалната топографија.
Во случаи каде има прогресија се користи методата Cross-linking со која се зацврстува централниот дел на корнеата.
Кај најтешките случаи кај кои веќе има оштетување и заматување на централниот дел на корнеата, единствена метода е кератопластика (трансплатација на корнеа од донор). Од 10 до 25% од пациенитите со дијагностициран кератоконус напредуваат во стадиумот во кој корекцијата на видот веќе не е можна, и каде истенчувањето на рожницата станува премногу големо, во тој случај трансплатацијата на рожница е неопходна.
За правилна и навремена дијагностика и понатамошни чекори нашиот тим офталмолози е на располагање. Закажете преглед во нашиот Центар за офталмологија во соработка со Промедика Офталмологија на: 02/3091-484
Ова тврдење е општо познато кога се работи за срцев удар, бидејќи степенот на оштетување на срцевиот мускул при акутен срцев удар е директно поврзан со времетраењето на оклузија односно затворање на коронарната артерија. Колку подоцна се отвори засегнатата – инфарктна артерија, толку поголем дел од срцевиот мускул останува неповратно оштетен, односно изумира. Затоа се вели дека „Времето е срцев мускул”.
Срцето, како и сите останати мускули во нашето тело, за нормално функционирање има постојана потреба од кислород и низа хранливи материи. Тие ги добива со коронарната циркулација, односно преку крвта која минува низ коронарните артерии. Тоа се всушност двете артерии, десна и лева, кои излегуваат од аортата, веднаш над аортната валвула, се движат по површината на срцето и даваат многу гранки. Тие понатаму се делат на помали гранки кои навлегуваат во срцевиот мускул и обезбедуваат исхрана на истиот.
Слика 1. Приказ на коронарни артерии со неинвазивна КТ коронарографија
Кај акутниот миокарден инфаркт (АМИ), попознат како акутен срцев удар, најчесто се случува оклузија, односно затворање, зачепување, запушување на некоја од коронарните артерии кое ја прекинува циркулацијата на крвта во тој дел срцевиот мускул. Најчесто причина за затворање е тромб (згрутчена крв) кој се формира на местото каде што има задебелување/наслаги на ѕидот на артеријата настанат со таложење на различни супстанции, пред се масти. Овие наслаги се познати како атеросклеротична плаки.
Кога почнуваат првите знаци за атеросклероза на нашите крвни садови?
За жал, почетоците се многу порано отколку што можете да претпоставите. Имено, во зависност од начинот на живот и генетските предиспозиции, наслагите кои ја предизвикуваат атеросклерозата на крвните садови, а потоа доведуваат до прекин во циркулацијата и акутен срцев инфаркт, може да се појават уште пред 40-та година од животот.
Овој прекин на циркулацијата предизвикува прекин во исхраната – снабдувањето на срцевиот мускул со хранливи материи, поради што започнуваат низа промени во зафатениот срцев мускул кои потоа доведуваат до трајни оштетувања односно изумирање на тој дел од срцевиот мускул.
Големината на оштетувањето, односно колкав дел од мускулот ќе биде оштетен зависи од локализацијата и времетраењето на срцевиот удар.
Колку засегнатата артерија е поголема нејзиното затворање ќе доведе до потешко, поголемо оштетување мускулна маса на срцето односно до потешки последици од причина што таа исхранува поголема мускулна маса. На пример, затворање на почетниот дел на најголемата коронарна артерија (Предната Десцедентна Артерија (ПДА), доведува до тешки оштетувања и до смртен исход. Затоа срцевиот удар настанат како резултат на нејзино затворање се нарекува и “widow maker” (создавач на вдовици – слободен превод)
Времетраењето на срцевиот удар, е одредено од моментот на затворање на инфарктната артерија и прекин на циркулацијата. Се манифестира клинички со појава на тегоби, пред се градна болка. Колку времетраењето е подолго, толку и оштетувањата на мускулот ќе бидат поголеми. По период од околу три часа започнува трајно оштетување односно “изумирање” на тој дел од срцевиот мускул. Со понатамошно траење на состојбата без да биде санирана, овие промени се шират и зафаќаат се поголем дел од мускулот.
Затоа лекувањето на срцевиот удар се состои во брзо отворање на инфарктната артерија, воспоставување на проток на крвта, односно циркулација и исхрана на срцевиот мускул. Отворањето најчесто се прави механички, со инвазивна коронарна процедура односно со поставување на стент. Поретко е фармаколошки, односно со давање на лек интравенски.
Доколку ова се постигне во првиот час од почетокот на тегобите, срцевиот удар нема да остави последици, или тие ќе бидат минимални и нема да влијаат на понатамошниот квалитет на живот на пациентот. Тоа е правилото на “ЗЛАТЕН ЧАС”, односно успешно отворање на инфарктната артерија во првиот час по затворањето и почеток на тегобите.
Затоа, при сомнение за срцев удар, потребно е пациентот веднаш да се јави во најблиска здравствена установа заради брза и точна дијагноза.
На локализацијата на срцевиот удар не може да влијаеме, но затоа може да влијаеме на времетраењето. Раната и точна дијагноза на срцев удар, со кратко времетраење до почетокот на третман, овозможува негово успешно лекување.
ПРЕПОРАКА: Да не се чека до моментот кога докторите ќе треба да се борат со времето. Веднаш штом се појави било каков симптом одете на преглед.
Постои широка палета на превентивни кардиолошки испитувања кои може правовремено да откријат болест на коронарните артерии, пред да настане срцевиот удар. Такви се:
Ехокардиографијата (ултразвучен преглед на срцето)
Коронарниот стрес тест (особено со новите техники на HyperQ),
Одредувањето на калциум-скор на коронарните артерии
Доплер на каротидни артерии итн.
Слика 2. Одредување на Калциум-score на коронарни артерии. Се гледа значајна количина на калциум на почетен дел на ПДА, кај пациент пушач и покачен холестерол во крвта.
Сите овие методи можат да ги откријат промените на коронарните артерии, пред да се појават тегоби односно симптоми. Ова е особено важно за поединци кои се сметаат за целосно здрави, бидејќи немаат симптоми, но имаат значајни ризик фактори кои не ги сфаќаат сериозно. Во оваа група спаѓаат пушачи, (и оние кои сметаат дека 10 цигари не се страшни), оние кои имаат ,,малку,, покачени масти (но можат брзо да ги симнат бидејќи знаат што да пијат или ќе држат диета), оние со „малку“ покачен крвен притисок, оние со “малку,, покачена телесна тежина (ама не е проблем, со диета брзо ќе ослабат)” и сл.
Дали се препознавте во некоја од групите?
Срцето пумпа околу 5 литри крв во минута или 300 литри за еден час, 7200 литри за 24 часа или за една година срцето ќе испумпа околу 2 700 000 литри крв.
Не му е лесно на вашето срце, затоа чувајте го и погрижете се да делувате превентивно.
Соработката со Општина Центар продолжи и годинава. Ваучерите за бесплатни педијатриски прегледи во клиниката, наменети за сите бебиња родени на територијата на општина Центар, беа доделени лично на родителите на настанот кој се одржа во ООУ „Киро Глигоров“ во Скопје. На овој настан во организација на градоначалникот беа доделени и други донации од општествено одговорни компании како и од самата општина.
Клиника Жан Митрев продолжува да ги подржува ваквите акции каде што се слави раѓањето и животот.