Храната како утеха

Сигурно сте слушнале како некои луѓе се жалат дека јадат на нервна база. Всушност ова и не е далеку од вистината. Станува збор за емоционален глад. Состојба предизвикана не од потребата за храна, туку од емотивни причини.

Емоционален глад – Симптоми и совети како да се справите

Од суштинско значење е да го согледаме нашиот однос кон храната. Честопати, се наоѓаме себеси како јадеме не само од физичка потреба, туку и од емоционални причини. Емоционалната глад може да стане штетна шема која влијае на нашата целокупна благосостојба. Во овој текст ќе објасниме што е емоционален глад, кои се симптомите и неколку совети за тоа како да се справите со него.

Што е емоционален глад?

Емоционалнниот глад се однесува на потребата да се јаде како одговор на емоции како што се стрес, анксиозност, тага или осаменост. За разлика од физичкиот глад, кој е сигнал од телото дека му се потребни хранливи материи, емоционалниот глад може да нè доведе до прејадување, честопати барајќи утеха во нездрави и несоодветни опции.

Симптоми на емоционалниот глад

Идентификувањето на емоционалниот глад е првиот чекор за борба против него. Дел од симптомите вклучуваат:

  • Јадење како одговор на емоции: Конзумирање на храна кога се чувствувате тажно, вознемирено или ви е досадно.
  • Специфични желби: Барање храна која обично дава задоволство, како што се слатки или друга вкусна храна.
  • Прејадување: Имате тешкотии, проблем ви е да престанете со јадење, дури и ако не сте гладни.
  • Чуство на каење/вина после јадење: Чувство на каење за она што сте го изеле, често поврзано со недостаток на контрола.
  • Исклучување од физичка глад: Не обрнувате внимание на сигналите за ситост или глад кои ви ги испраќа вашето тело.

Совети за борба против емоционалната глад

  • Препознајте ги вашите емоции: направете свесен напор да идентификувате што чувствувате пред да јадете. Прашајте се дали сте навистина гладни, можеби жедни или се обидувате да се справите со некоја емоција.
  • Барајте алтернативи: наместо да се свртите кон храната, обидете се да преземете други активности кои ви помагаат да ги врамотежите емоциите, како што се вежбање, медитација, разговор со пријател или пак прошетка.
  • Одредете време/распоред за оброци: Следењето редовен распоред за вашите оброци и закуски може да ви помогне да направите разлика помеѓу емоционалниот и физичкиот глад.
  • Потрудете се да бидете внимателни: јадете свесно, уживајќи во секој залак и обрнувајќи внимание на знаците за ситост. Ова може да ви помогне да препознаете кога навистина ви е доста и треба да прекинете со јадење.
  • Практикувајте добро осмислени оброци со здрава исхрана и ограничете го пристапот до суплементи кои зголемуваат апетит.
  • Побарајте професионална поддршка: Ако сметате дека емоционалниот глад значително влијае на вашиот живот, консултирајте се со стручно лице.

Во одредени моменти храната може да биде извор на утеха, но важно е да се направи разлика меѓу физичката и емоционалната потреба за храна. Потребно е да одвоиме малку време да размислиме за нашите избори и да го балансираме нашиот однос со храната.

Прецизна уролошка метода за решавање на машкиот стерилитет

Во нашата клиника, тимот уролози д-р Горан Јовиќ, д-р Горан Балевски и д-р Виктор Грујевски успешно ја извршија првата биопсија на тестис со микродисекција – микро-ТЕСЕ процедура.
Оваа напредна хируршка техника им нуди надеж на мажите со опструктивна азооспермија.
Со користење на високо-моќен оперативен микроскоп, тие успеаја да ги идентификуваат и извлечат семиниформните тубули кои имаат поголема веројатност да содржат сперма. Новата метода го подобрува успехот на пронаоѓањето на сперматозоиди, а воедно и го минимизира оштетувањето на ткивото на тестисите.

Примената на најсовремена опрема и методи ја нагласува посветеноста на Жан Митрев Клиника за усвојување на врвни медицински процедури со цел обезбедување подобри резултати за потомство кај пациентите со ваква дијагноза.

Кога е најдобро време за операција на тонзили-крајници

Тонзилектомија и тонзилоаденоидектомија

Тонзилите познати народно како крајници се орган сместен во човечкото грло и се дел од имуниот систем на организмот. Тие се орган кој постојано работи на елиминирање на патогени микроорганизми од телото како бактерии, вируси, габи и др. Со тек на време од различни причини, најчесто поради повторливи инфекции на грлото , стрептококни инфекции или проблеми со имуниот систем, доаѓа до намалување и потполно исцрпување на одбрамбената функција на тонзилите. Така тие стануваат депонија на вируси, бактерии и патогени микроорганизми кои потоа навлегуваат во нашиот организам. Во таа состојба, клетките на останатиот имун систем на нашиот организам, не можат да ги покријат тонзилите односно да навлезат во нив и да го елиминираат тој патоген детритус. Ова може да доведе до континуирани инфекции , воспаленија како на грлото, така и на останати органи во нашето тело.

Во тој случај препорачуваме отстранување на тонзилите со што овозможуваме подобра заштита на организмот од патогените микроорганизми.

Индикации за тонзилектомија се:

  • чести гнојни инфекции на грлото и тонзилите,
  • присуство на пиоген и бетахемолитичен стрептокок,
  • слип апнеа,
  • чести секреторни отитиси и воспаленија на уши и др.

Оперативниот третман се прави во општа анестезија, детето останува во болница два до три дена. По отстранување на тонзилите ложите на непцето се оставаат на самостојна регенерација на слузокожата. Тоа е период од 21 ден при што потребно е да се внимава со посебна диета која значи консумирање ладна, бела и мека исхрана во тек на 2-3 недели.

Не постои одредена возраст за одстранување на тонзилите, туку зависи од индикациите и децата над 4 години може да се оперираат.
Најдобро време за отстранување на тонзили е времето кога родителите можат една до две недели да бидат посветени на закрепнувањето на детето.
Закажете ја вашата консултација со специјалист оториноларинголог на 02 3091 484

Акцијата продолжува

На барање на нашите пациенти, специјалистичкиот офталмолошки преглед повторно со поволна цена.

Центарот за офталмологија при клиника Жан Митрев во соработка со Промедика офталмологија ви овозможува -50% на специјалистички офталмолошки преглед кој опфаќа мерење на рефракција, одредување на видна острина, мерење очен притисок и преглед на преден/заден сегмент на око.
Превенцијата за вашите очи е секогаш добредојдена.

Закажете го вашиот преглед на 📞02/3091-484