Мај е месец на подигнување на свеста и превенција од меланом, познат и како Месец за свесност за меланом и рак на кожата. Во текот на овој месец, многу здравствени организации и иницијативи ширум светот спроведуваат кампањи за едукација на јавноста за важноста од заштита од сонце, рана детекција и редовни дерматолошки прегледи. Жан Митрев Клиника и Здружението КИКИ. Придружете ни се на едукативно предавање посветено на раната детекција на меланомот – најагресивниот тип рак на кожа. Навременото препознавање на симптомите може да спаси живот.
Што ќе дознаете?
Како изгледаат првите знаци на меланом
Кои се ризичните фактори
Совети за самопреглед и кога да се обратите на лекар
Современи методи за дијагностика и третман
Кој ќе предава?
Нашите лекари со долгогодишно искуство во дијагноза и третман на меланом.
Ергоспирометријата или кардиопулмонален стрес тест (СРЕТ) е дијагностичка метода која ја проценува работата на срцето и белите дробови за време на физички напор. За разлика од стандардниот стрес тест, покрај електрокардиографијата (ЕКГ) и мерењето на крвниот притисок, овој тест овозможува мерење на кислородната потрошувачка, фреквенцијата и силината на дишење. Пациентот оди на подвижна лента или вози статичен велосипед со поставена маска за анализа на респираторните параметри.
Зошто е важен?
Откривање на причините за отежнато дишење и замор
Проценка на физичката подготвеност и толеранцијата на напор
Проценка на ризикот пред хируршки процедури
Евалуација на степенот на срцеви и белодробни заболувања
Следење на ефикасноста на терапијата и рехабилитацијата
Кој треба да направи ергоспирометриски тест?
Лица со хронични срцеви или белодробни заболувања (срцева слабост, хронична опструктивна белодробна болест – ХОББ)
Пациенти со отежнато дишење при физички напор
Лица на кои им претстои хируршка интервенција
Спортисти за проценка на физичката подготвеност и планирање на тренингот
Пациенти на рехабилитација по срцеви заболувања
Како се изведува тестот?
Тестот се изведува во специјализирана просторија со присуство на медицински персонал.
Пациентот оди на подвижна лента или вози статичен велосипед со постепено зголемување на интензитетот.
Се поставуваат електроди за следење на срцевата активност, манжетна за мерење на крвниот притисок и маска за анализа на респираторните параметри.
Се анализираат кардиопулмоналните параметри за време на оптоварување.
По завршувањето, следи фаза на одмор и проценка на резултатите.
Подготовка пред тестот
Примање на редовната терапија согласно претходни лекарски препораки.
Полесен оброк најдоцна 4 часа пред тестот.
Избегнување кофеински пијалаци, алкохол и никотин.
Избегнување физичка активност еден ден пред тестот.
Контраиндикации
Тестот не се препорачува при:
Скорешна респираторна инфекција, грип, КОВИД
Неконтролирана астма или тешка аортна стеноза
Скорешен миокарден инфаркт (помалку од 30 дена)
Имплантиран ICD/CRT помалку од 4 недели
Ниска почетна кислородна сатурација
Тешки срцеви аритмии или неконтролирана хипертензија
Придобивки за спортистите и физички активните лица
Ергоспирометријата е одлична алатка за спортисти бидејќи овозможува проценка на точката на влез во анаеробен метаболизам, што помага во оптимизација на тренинг програмите. Со овој тест може да се спречи прекумерното оптоварување на срцето и да се намали ризикот од ненадејна срцева смрт. Освен за професионални спортисти, тестот е корисен и за рекреативци, трудници и лица кои сакаат да ја подобрат својата физичка кондиција со прилагодени програми за вежбање.
Катаракта или попозната народски како ,,перде,, се нарекува зматувањето на природната леќа во окото. Леќата е поставена зад зеницата и нејзината функција е поврзана со фокусирањето на погледот на различни далечини и добивање на јасна слика. Заматувањето на леќата води до разсејување на светлината, замаглување на видот и постепено намалување на истиот.
Кои се причините што доведуваат до појава на катаракта?
Катарактата во најчест случај е резултат на промена на структурата на леќата која е предизвикана од возраста, стареењето. Со текот на времето, структурата на леќата го променува составот и таа ја губи провидноста. Сето ова влијае на влошување на видот и негово постепено намалување. Ова е најчестиот вид на катаракта – сврзан со возрастта. Понекогаш, покрај возраста како причина за појава, катарактата може да настане и од други причини и тоа да биде вродена (конгенитална), последица на удар (травматична), да биде педизвикана од поствоспалителен процес на окото (компликата) или па да е патолошка – поради присуство на друго основно заболување.
Како се манифестира катарактата?
Типични симптоми на катаракта се: двојно гледање, замаглен вид , тешко или бледо распознавање на боите (посебно сина боја), потешкотии со видот во вечерните часови или ноќно слепило, ореол или отсјај околу светлите предмети, честа промена на контактни леќи или број на очила, губење на чувство за длабочина, умор на очите и главоболки. Типот на катаракта се определува според делот на леќата кој што е замаглен и според времето кога дошло до замаглување.
Постојат неколку типови на катаракта:
– Нуклеарна катаракта: заматување на нуклеусот (јадрото на леќата) – Кортикална катаракта: заматување на периферните оддели на леќата – Кортиконуклеарна катаракта: комбинација од предходните два вида. – Катаракта на задна капсула: заматување на делот во близина на задната капсула на леќата – Матурна катаракта: целосно заматување на леќата – Нигра катаракта: најнапредната форма на катаракта
Лекување на катарактата
Единственото лекување на катарактата е оперативно! Катарактата не се лекува со лекови, единствена метода е хирушка интервенција. Катаракта не може да се излечи со медицински лекови, очни капки, вежби или со користење на очила. Единствената опција е да се отстрани потемнетата леќа и да се замени со имплант (интраокуларна леќа) која ќе ја врши нејзината функција и која останува засекогаш во окото. Во нашата болница операциите на катаракта се изведуваат со ФАКО техника (Факоемулцификација). Ова е најновата метода која е развиена во светот. При примена на оваа метода нема потреба од чекање за созревање на катарактата и пациентот не мора долго време да живее со ослабен вид. Периодот на опоравување е краток.
Интраокуларните леќи кои се вградуваат за време на операцијата ја вршат/ ја презематт функцијата на природната леќа. Според тоа дали се со фокус за далеку и/или и за близу, дали корегираат повеќе фокуси и астигмаизам се делат на неколку видови:
Монофокални леќи прават корекција за далку, а за близу доколку е потребнакорекција неопходно да се носат очила по операцијата.
ЕДОФ интраокуалрни леќи се имланти со продолжен фикус на гледање. Тие се бифокални, со фокус за далку и за близу некаде до 50cm. При гледање на помало растојание и за пoситни работи (читање) исто така е неопходно користење на очила со мал диоптер за близу
Мултифокални интраокуларни леќи, имаат фокус за далеку, средно и близу.
– Торик интраокуларните леќи можат да бидат и монофокални и ЕДОФ и мултифокални кај кои дополнително е вкалкулиран и вклучен астигматизамот.
Предоперативно секогаш е потребно да се направи индивидуален пристап кон пациентот со катаракта со цел одредување кој тип на интраокуларен имплант е најсоодветен.
Нашиот тим офталмолози ве очекува. За да закажете 02/3091-484
Клиника „Жан Митрев“ со свои претставници учествуваше на Саемот за Вработување и кариера во склоп на 22 годишниот јубилеј на АУЕ –ФОН Минатата недела во рамки на одбележувањео на 22 роденден, се одржа и Саемот за вработување и кариера, организиран од Центарот за кариера и алумни на АУЕ-ФОН. Во склоп на истиот нашата болница учествуваше со претставници од одделот за човечки ресурси. На настанот беше промовирана новата генерација дипломци – идната сила на стопанството. Тие на штандовите на компаниите се информираа за потенцијалните понуди и можности за вработување. Во таа насока претставиниците од нашата клиника понудија опции за вработување и професионален развој. Овој настан им овозможи на студентите директна комуникација со водечките компании, што претставува одлична можност за професионален развој и вмрежување. Взаемното информирање за понудата/побарувачката на кадри беше особено значајно за Клиниката Жан Митрев која со децении е водечки двигател во современата и успешна медицина, не само во државата туку и во регионот.
Закажете тест за мерење на густината на коските – Остеодензитометрија Дексаскен 2000 ден. Имате над 65 години? Сте во менопауза? Сте имале скршеница или имате сeмејна историја на остеопороза? Направете остеодензитометрија со најсовремениот HOLOGIC Horizon Dexa Scan. Снимањето трае кратко, неинвазивно е и безболно, а е од клучна важност за утврдување на здравјето на коските и ризикот од фрактури поради остеопороза.
За да закажете термин јавете се на 02/3091-484, нашиот искусен тим ве очекува.
Во текот на животот, секоја жена, може да се соочи со болест на гениталните органи, која ќе треба да се евалуира, дијагностицира и да се одбере соодветно решение кое можеби ќе значи операција. Дел од состојбите за кои може да биде потребна хируршка интервенција се: цисти на јајници, фиброиди односно миоми како и полипи или прегради на матката, абнормално утерино крварење, карлична болка или проблеми во однос на спад на гениталните органи и несакано испуштање на урина.
За среќа денес, минимално инвазивната гинеколошка хирургија честопати е опција кои ја заменува класичната операција. Пациентите ја напуштаат болницата на денот на операцијата или следното утро со помала постоперативна болка и со побрзо враќање во секојдневните обврски и нормалниот живот.
Што е минимално инвазивна гинеколошка хирургија?
Минимално инвазивната хирургија е хируршки пристап при кој се применуваат мали резови на кожата. Но, тука спаѓаат и процедури без никаков рез на кожата, кога целата интервенција се изведува по вагинален пат со помош на специјализирани алатки (инструменти и камера) за извршување на самата операција. Во овој вид на гинеколошка хирургија спаѓаат следниве минимално инвазивни гинеколошки процедури: хистероскопска, лапараскопска и вагинална хирургија.
1. Хистероскопска хирургија
Хистероскопијата користи мал телескоп (хистероскоп) за визуелизација на шуплината на матката преку вагината без потреба од рез со минимално време на опоравување. Се изведува во случаи на абнормално, ирегуларно, обилно крварење од утерус, како отстранување на миоми кои проминираат во шуплината на матката, полипи, присутни интраутерини атхезии од предходни процедури, во решавање на конгенитални аномалии на утерусот и вагината во вид на прегради.
Може ли да се примени минимално инвазивна хистероскопска процедура наместо хистеректомија?
Апсолутно. Постојат одредени состојби кои денес може да се третираат со минимално инвазивна хирургија без потреба од хистеректомија. Секоја пациентка, секој проблем е индивидуален, па така и консултацијата, решението треба да биде прилагодено на нејзините потреби, планови, со изготвување на индивидуален план за терапија.
Хистероскопската техника наречена уште ендометријална аблација, е третман за обилни менструални крварења кои доведуваат до хронична анемија кај пациентката. Со оваа минимално инвазивна процедура кај одредени пациентки може да се заобиколи потребата од поголема операција како хистеректомијата.
2. Лапароскопска хирургија
Ефикасен третман кој резултира со пократок престој во болница, помала болка, пократок период на опоравување и побрзо враќање на секојдневните активности.
Лапароскопијата користи мал телескоп и специјално дизајнирани инструменти кои преку мали резови на абдоминалниот ѕид, или понекогаш преку вагината без рез на кожата на абдоменот, се пласираат во абдоминалната шуплина, при што се визуелизират внатрешните органи. Лапароскопот (камерата) е поврзана со видео монитор, што му овозможува на хирургот да ја визуелизира анатомијата и да изврши сложени операции со минимална траума на пациентот.
Кои гинеколошки проблеми можат да се решат со лапароскопија?
Со напредокот на технологијата опсегот на можности на лапароскопската хирургија се зголемува. Лапароскопската хирургија може да биде соодветна за евалуација и третман на карлична болка, ендометриоза, цисти на јајниците, миоми на матката, ектопична бременост. Лапароскопијата е исто така безбеден начин за отстранување на матката или јајниците.
3.Вагинална хирургија
Минимално инвазивен пристап без присутни резови на кожа. Ги има сите предности за закрепнување поврзани со лапароскопската и хистероскопската хирургија. Најчесто се користи при проблеми со статика и спад на женските генитални органи, интервенции на грлото на матката, како и во решавање на проблемите со стрес инконтиненција на урината. Во поново време вагиналниот пристап се користи и при лапароскопски гинеколошки процедури, место преку кожата на стомакот.
Закажете го вашиот преглед или консултација кај Доц. д-р Ирена Андонова, специјалист гинеколог – перинатолог, на телефон 02/3091-484, 070 383 270 или е-маил irena.andonova@zmc.mk.
Посветени сме на обезбедување целосна грижа за нашите пациентки, заедно да дојдеме до третман кој најдобро одговара на вашата состојба, ниво на удобност и начин на живот.