Репродуктивно здравје и бременост: Што треба да знаете

Планирате бременост? Сѐ што треба да знаете за проценката на репродуктивното здравје пред, за време и по бременоста

Вашето репродуктивно здравје е наш приоритет

Кога зборуваме за репродуктивно здравје, зборуваме за многу повеќе од медицински прегледи. Зборуваме за вашата целосна физичка, ментална и емоционална благосостојба во периодот кога размислувате за бременост, за време на бременоста и кога станувате мајка.

Тоа е период исполнет со радост, но и со многу прашања, дилеми и понекогаш грижи. Многу жени имаат прашања кои не секогаш се осмелуваат да ги постават за сопственото тело, за плодноста, за текот на бременоста или за здравјето на бебето.

Токму затоа, тимот на гинеколози во Клиника  Жан Митрев е тука да ве поддржи во секој чекор од овој важен животен период – од подготовка за бременост, преку следење на бременоста, па сè до безбедно породување и грижа за новороденчето.


Подготовка за бременост – важен прв чекор

Одлуката за бременост е еден од најзначајните моменти во животот на една жена. Кога ќе донесете таква одлука, важно е да знаете дека подготовката започнува уште неколку месеци пред зачнувањето.

Една од најважните препораки е започнување со фолна киселина. Овој витамин има важна улога во правилниот развој на нервниот систем на плодот и значително го намалува ризикот од одредени вродени аномалии.

Во идеален случај, бременоста се случува природно и без потешкотии. Но понекогаш патот до посакуваната бременост може да биде подолг или покомплексен. Доколку се обидувате подолг период без резултат, препорачливо е да се консултирате со гинеколог.

Во рамки на една сеопфатна проценка на репродуктивното здравје, лекарот може да препорача неколку дијагностички анализи и прегледи со цел да се добие целосна слика за репродуктивната функција.

Најчесто се прават следните испитувања:

Хормонални анализи
Со едноставен тест на крвта се проверува нивото на хормони кои го регулираат менструалниот циклус и овулацијата.

2D или 3D ултразвук на гениталните органи
Овој преглед овозможува детална проценка на матката и јајниците и може да открие состојби како цисти на јајниците, полипи или структурни промени во матката.

Проверка на проодност на јајцеводите (хистеросалпингографија – HSG)
Испитување со кое се проверува дали јајцеводите се проодни, што е важно за природно оплодување.

Хистероскопија
Минимално инвазивна процедура со која лекарот ја прегледува внатрешноста на матката и може да дијагностицира или третира одредени промени.

Лапароскопија
Процедура која во одредени случаи се користи за дијагностика и третман на состојби како ендометриоза или проблеми со јајцеводите.

Скрининг за генитални инфекции
Одредени инфекции можат да влијаат на плодноста, па затоа се прават лабораториски тестови за нивно откривање.

Спермограм кај партнерот
Анализа со која се проценува бројот, подвижноста и квалитетот на сперматозоидите.

Секој случај е индивидуален. Затоа пристапот кон дијагностика и третман се базира на персонализирана медицина, прилагодена на потребите на секоја пациентка.


Следење на бременоста

Честитки – бремени сте!

Бременоста е уникатен период во животот на секоја жена. Во текот на овие девет месеци, редовните гинеколошки прегледи имаат клучна улога во следењето на здравјето на мајката и правилниот развој на плодот.

Покрај редовните акушерски прегледи, постојат и три важни скрининзи кои се изведуваат во различни периоди од бременоста.


Прв скрининг – прв триместар

Првиот скрининг се прави во првиот триместар од бременоста.

Неговата цел е да процени дали постои ризик од одредени хромозомски состојби кај плодот.

Постојат две опции:

PRISCA тест
Комбинира анализа на одредени ултразвучни параметри и хормони од крвта на мајката и дава статистичка проценка на ризик за хромозомски аномалии.

Неинвазивен пренатален тест (NIPT)
Современ генетски тест кој преку анализа на крвта на мајката овозможува многу попрецизна генетска проценка на плодот.


Втор скрининг – морфолошки ултразвук

Се изведува помеѓу 18 и 20 гестациска недела.

Овој преглед претставува детална морфолошка анализа на органите на плодот и овозможува проценка на неговиот правилен развој.

При овој преглед се анализираат:

  • структурата на органите на плодот
  • срцето, мозокот и ‘рбетот
  • протокот на крв во артериите кои ја снабдуваат матката

Трет скрининг – проценка на растот на плодот

Третиот скрининг се прави околу 32 гестациска недела.

Во овој период се следи:

  • растот на плодот
  • протокот на крв во крвните садови
  • зрелоста и функцијата на постелката

Овие информации му помагаат на лекарот да процени како се развива бременоста и кога е најбезбедно да се планира породувањето.


Дополнителни анализи во бременоста

Покрај основните скрининзи, постојат и други важни тестови.

Инфективен скрининг
Се прави со цел да се откријат инфекции кои можат да доведат до компликации или предвремено породување.

Скрининг за гестациски дијабетес (oGTT)
Се прави околу 24 гестациска недела и овозможува навремено откривање на гестациски дијабет.


Породување – почеток на ново животно поглавје

По девет месеци грижа и следење, доаѓа моментот на породување.

Пред самиот чин на породувањето, заедно со пациентката се разговара за:

  • начинот на породување
  • видот на анестезија
  • можноста за присуство на таткото во родилната сала

Целта е мајката да се чувствува смирена, сигурна и подготвена за овој посебен момент.


Грижа за новороденчето

Во Клиника Жан Митрев, веднаш по раѓањето, новороденчето е под грижа на педијатрискиот тим.

Од првите моменти од животот, бебето добива:

  • неонатален преглед
  • внимателна медицинска нега
  • следење на растот и развојот

Ние сме тука за вас

Во Клиника  Жан Митрев, вие, вашето здравје, вашата бременост и новиот член на вашето семејство се приоритет за секој член од нашиот тим.

Доколку размислувате за бременост или сакате да направите проценка на вашето репродуктивно здравје, нашиот гинеколошки тим ви стои на располагање за консултација и преглед.


“Излези и поврзи се!” – психолошка работилница за млади волонтери од Црвен Крст

Во рамки на Неделата за борба против срцево-садови заболувања во нашата клиника беа одржани предавања и работилници за млади волонтери од Црвен Крст на град Скопје.

Нашите психолози и психотерапевти доц.д-р Кристина Егуменовска и Александра Петроски реализираа психолошка работилница насловена “Излези и поврзи се!” , нагласувајќи колку е важно да останеме поврзани со другите, да поминуваме време заедно надвор во природа, како и колку влијаат екраните и поминувањето време на социјалните мрежи врз нашето ментално здравје.

Создавањето нови контакти ни помага да се чувствуваме поврзани, поддржани и мотивирани, што е важен дел од квалитетниот и исполнет живот.

Нутриционист Татјана Павлова одржа презентација за правилна исхрана и нејзината улога во одржување на здрави крвни садови.
Присутните имаа можност да научат кои намирници помагаат за подобра циркулација, како да се избере храна која го оддржува здравјето на срцето и како да се одржува балансирана исхрана која не доведува до покачување на телесната тежина.  

Физиотерапевт Лепосава Јовановска ја истакна важноста на редовното движење и физичката активност како клучен фактор за одржување здраво срце и здраво тело.
Преку практични совети и едноставни вежби се покажа дека и умерената, но редовна физичка активност може значително да ја подобри општата здравствена состојба.

Една година по трагедијата во Кочани: Признание за медицинските тимови што спасуваа животи

По повод одбележувањето на една година од трагедијата во Кочани, кога во разорниот пожар животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, се одржа настан посветен на сеќавањето на жртвите и на оддавањето почит кон сите кои ги загубија животите или беа повредени во оваа тешка несреќа.

Настанот беше можност да се потсетиме на трагичните настани, но и на солидарноста, хуманоста и пожртвуваноста што ја покажаа медицинските тимови, институциите и граѓаните во тие исклучително тешки моменти.

Дел од медицинскиот тим на Клиника Жан Митрев присуствуваше на Денот на сеќавање на жртвите, оддавајќи почит кон загинатите и изразувајќи поддршка и сочувство кон нивните семејства, кои и денес живеат со болката од оваа трагедија.

Координирана медицинска грижа во најтешките моменти

Во процесот на згрижување на повредените од трагедијата, се вклучи практично целиот медицински и организациски капацитет на Клиника Жан Митрев.

Од тимовите за итна медицина и тријажа, анестезиологија и интензивна нега, до хируршките, интернистичките, радиолошките, лабораториските и рехабилитациските служби — секој оддел даде максимален придонес во лекувањето и стабилизацијата на пациентите.

Во тие исклучително тешки моменти, лекарите, медицинските сестри, физиотерапевтите и целиот персонал работеа координирано и посветено, со единствена цел — спасување на животите и обезбедување најдобра можна медицинска грижа.

Благодарение на заедничкиот ангажман, професионалноста и пожртвуваноста на целиот тим, беше обезбеден најдобриот можен исход за пациентите кои тој ден беа згрижени во нашата клиника.

Благодарници и признанија

На конференцијата организирана по повод годишнината, Владата додели благодарница на Клиника Жан Митрев за несебичното, стручно и пожртвувано дејствување во најтешките моменти по трагедијата.

„За вашата исклучителна посветеност, професионалност и хуманост, со кои беа спасени човечки животи и внесена надеж во најтешките мигови. Нека ова претставува трајно сведоштво за нашата благодарност, искрено признание и висока почит кон вашата благородна мисија.“
Покрај од Владата, благодарност беше доделена и од Општина Кочани, како признание за ангажманот на нашите доктори и медицинскиот персонал, кои веднаш се вклучија во лекувањето и згрижувањето на повредените.

Особено емотивен момент беше благодарницата доделена од семејствата на децата кои беа лекувани во нашата клиника.

„Со искрена благодарност и длабока почит ја доделуваме оваа благодарница на вашата клиника како признание за вашиот медицински тим, за вашата исклучителна посветеност, врвен професионализам и човечност во грижата и лекувањето на повредените од пожарот од 16 март. Вашата хуманост и професионален пристап засекогаш ќе останат запаметени со длабока благодарност и почит.“

Мисијата останува иста

Овие признанија се силна потврда за посветеноста, професионалноста и хуманоста на медицинскиот тим на Клиника Жан Митрев.

Ние и понатаму остануваме на располагање на граѓаните и на државата, водени од принципите на врвна медицинска стручност, одговорност и подготвеност да помогнеме секогаш кога е најпотребно.

Со знаење, искуство и искрена грижа за пациентите, нашиот тим ќе продолжи посветено да работи со една цел — заштита и унапредување на човечките животи.

Едукативен медицински настан – EAES Course on Basic Skills in Laparoscopic Surgery

Од 12.03. до 14.03.2026 година во Клиника Жан Митрев се одржа значаен едукативен медицински настан – EAES Course on Basic Skills in Laparoscopic Surgery посветен на усовршување на основните вештини во лапароскопската хирургија.

Обуката траеше три дена и беше наменета пред сè за млади хирурзи, специјализанти по хирургија, како и искусни хирурзи кои сакаат да ги подобрат своите знаења и вештини.

Програмата е осмислена од д-р Марек Шолтес кој е абдоминален хирург и професор на Pavol Jozef Šafárik University Košice.

Во најголем дел, програмата вклучува практична работа на модели со инструменти коишто се користат во операциона сала. Практичниот дел е надополнет со кратки демонстрации, концизни упатства и стимулативни дискусии.

Курсот е акредитиран од EAES (European Association of Endoscopic Surgery), како најсериозна организација во минимално инвазивната хирургија.

Практични обуки од овој тип ги има малку во Европа, а досега никаде на Балканот.

Жан Митрев Клиника уште еднаш се потврди како одличен домаќин и организатор на овој настан кој ги поседува сите човечки ресурси, сектори, простор и логистика.

Поради ова, Република Македонија станува дестинација од избор за едукација во лапароскопија меѓу европските доктори.

Менструален циклус: Што е во рамки на нормалното?

Менструалниот циклус е природен месечен процес низ кој поминува женското тело како подготовка за можна бременост. Тој е контролиран од комплексна интеракција на хормони кои се произведуваат во мозокот (хипоталамус и хипофиза) и во јајниците.

Американскиот колеџ на акушери и гинеколози (ACOG) го дефинира менструалниот циклус како период кој започнува на првиот ден од менструалното крварење и завршува на првиот ден од следното крварење.

Иако често се зборува за „стандардeн“ 28-дневен циклус, важно е да се знае дека менструалниот циклус не е ист за секоја жена и може природно да варира.

Што се смета за нормален менструален циклус?

Според медицинските критериуми, нормалниот менструален циклус обично ги има следните карактеристики:

КарактеристикаШто се смета за нормално
Должина на циклус21 – 35 дена кај возрасни жени
Времетраење на крварење2 – 7 дена
Просечна загуба на крв30 – 40 ml

Крварењето може да се смета за обилно доколку е потребно менување на влошка или тампон на секои 1–2 часа или се користат повеќе од 8 хигиенски влошки дневно.

Во првите години по почетокот на менструацијата циклусите често се нередовни, но со текот на времето обично стануваат поредовни.

Фази на менструалниот циклус

Менструалниот циклус се состои од четири фази кои се регулирани од хормонални промени:

  • Менструална фаза
    Започнува на првиот ден од циклусот и претставува исфрлање на слузницата на матката.
  • Фоликуларна фаза
    Естрогенот расте и предизвикува задебелување на слузницата на матката и созревање на јајце-клетка.
  • Овулација
    Се случува приближно во средината на циклусот кога јајникот ослободува зрела јајце-клетка.
  • Лутеална фаза
    Прогестеронот ја подготвува матката за евентуална бременост. Ако не дојде до оплодување, циклусот започнува повторно.

Кога циклусот не е редовен?

Менструалниот циклус може да варира неколку дена секој месец и тоа сè уште да се смета за нормално.

Сепак, нередовен циклус може да вклучува:

  • циклус пократок од 21 ден или подолг од 35 дена
  • изостанување на менструација повеќе од 90 дена
  • крварење помеѓу циклуси
  • многу обилно крварење
  • силни болки што го попречуваат секојдневниот живот.

Нередовниот циклус може да биде поврзан со:

  • стрес или нагли промени во тежината
  • интензивно вежбање
  • синдром на полицистични јајници (PCOS)
  • нарушувања на тироидната жлезда.

Обилно и слабо менструално крварење

Обилно менструално крварење (менорагија)

Се дефинира како:

  • натопување на влошка или тампон на секој час
  • крварење подолго од 7 дена
  • присуство на големи крвни коагулуми
  • замор или отежнато дишење поради загуба на крв.

Можни причини се:

  • фиброиди или полипи
  • хормонален дисбаланс
  • бакарна спирала
  • нарушувања на коагулацијата.

Слабо менструално крварење (хипоменореја)

Кратко или многу лесно крварење може да биде нормално во одредени ситуации.

Најчести причини:

  • хормонска контрацепција
  • бременост
  • стрес или интензивно вежбање
  • PCOS
  • пубертет или приближување кон менопауза.

ПМС наспроти болка што бара медицинска проценка

Благите грчеви за време на менструацијата се чести, но силната болка може да укажува на медицински проблем.

Нормална болкаБолка што бара проценка
трае 2–3 денатрае подолго од 3 дена
реагира на аналгетицине реагира на лекови
не го попречува секојдневниот животзначително ги отежнува дневните активности

Хормонални состојби што можат да влијаат на циклусот

PCOS (синдром на полицистични јајници)

PCOS е едно од најчестите хормонални нарушувања кај жените.

Симптомите може да вклучуваат:

  • нередовни или отсутни менструации
  • акни или мрсна кожа
  • прекумерен раст на влакна
  • опаѓање на косата
  • проблеми со плодноста.

Нарушувања на тироидната жлезда

Проблемите со тироидната жлезда се значително почести кај жените и можат да предизвикаат:

  • замор
  • промени во тежината
  • опаѓање на косата
  • нередовни менструации.

Како може да помогне медицинската проценка?

Доколку забележувате промени во вашиот менструален циклус – како нередовни менструации, обилно крварење, силни болки или симптоми на хормонален дисбаланс – навремената медицинска проценка може да помогне да се открие причината и да се спречат понатамошни компликации.

Во Клиника  Жан Митрев, проценката на хормоналното и гинеколошкото здравје се базира на комбинација од клинички преглед, лабораториски анализи и современа дијагностика.

Клучни прегледи кои помагаат во проценка на менструалниот циклус

ПрегледШто овозможува
Гинеколошки преглед со ултразвукПроценка на јајниците, матката и можни структурни промени
ПАП тестСкрининг за рана детекција на промени на грлото на матката
Хормонални анализиДетекција на хормонален дисбаланс, PCOS и нарушувања на тироидната жлезда

Хормоналните анализи се особено важни при проценка на:

  • нередовен менструален циклус
  • синдром на полицистични јајници (PCOS)
  • нарушувања на тироидната жлезда
  • проблеми со плодноста.

Превентивна грижа за женското здравје

Во рамки на кампањата „Здравје без стигма“, достапни се и специјално креирани пакети за сеопфатна проценка на женското здравје.

За Неа – Основа: 8.900 ден.
Пакет кој комбинира гинеколошки преглед, ПАП тест и основен хормонален панел со цел рана детекција на хормонални и гинеколошки промени.

За Неа – Баланс: 8.700 ден.
Наменет за жени кои се соочуваат со нередовен менструален циклус, замор, промени во телесната тежина или сомнеж за хормонален дисбаланс. Пакетот вклучува проширен хормонален панел, ехо на тироидна жлезда и нутритивна проценка.

„Здравје на бубрезите за сите: Грижа за луѓето и за планетата“

На 12 март 2026 година, светот повторно се обединува во одбележувањето на Светскиот ден на бубрегот – ден посветен на подигнување на свеста за здравјето на бубрезите, бубрежните заболувања и значењето на превенцијата, раното откривање и поддршката за сите лица засегнати од овие болести.

Овогодинешната тема „Здравје на бубрезите за сите: Грижа за луѓето и за планетата“ нè потсетува дека грижата за бубрезите значи грижа за секој поединец, но и за одржливоста на здравствениот систем и на планетата на која живееме. Таа нè повикува да размислуваме пошироко – да се грижиме не само за пациентите, туку и за системот што ја овозможува нивната здравствена грижа. Заштитата на бубрежната функција оди рака под рака со одговорното користење на ресурсите кои ја овозможуваат современата медицина.

Тивки, но незаменливи

Бубрезите имаат клучна улога во одржувањето на здравјето. Тие ја филтрираат крвта, го регулираат крвниот притисок, го одржуваат балансот на течности и електролити, учествуваат во создавање на хормони, во регулацијата на коскениот метаболизам и во производството на црвени крвни клетки.

Кога нивната функција е нарушена, последиците можат да бидат сериозни и да влијаат врз целокупното здравје и квалитетот на животот.

Хроничната бубрежна болест – тивка епидемија

Хроничната бубрежна болест (ХББ) претставува тивка глобална епидемија. Во раните фази често поминува без симптоми, но доколку не се открие навреме може да доведе до сериозни здравствени компликации.

Се проценува дека околу 850 милиони луѓе во светот живеат со некаков степен на бубрежно оштетување – односно еден од десет возрасни има хронична бубрежна болест.

Најголем ризик имаат лицата со:

  • артериска хипертензија
  • дијабетес мелитус тип 2
  • кардиоваскуларни заболувања
  • срцева слабост
  • позитивна фамилијарна анамнеза за бубрежна болест.

Според најновите податоци, околу 1,48 милиони луѓе годишно умираат како последица на хроничната бубрежна болест, што ја прави една од водечките причини за смртност во светот.

Интегрираниот пристап – рана дијагностика, мултидисциплинарна соработка и индивидуализиран третман – претставува клуч за подобри исходи.

Зошто е важна раната детекција?

Рутинските и едноставни лабораториски тестови овозможуваат рано откривање на бубрежната дисфункција, дури и кога пациентите немаат симптоми. Најчесто се користат:

  • мерење на серумски креатинин за пресметување на eGFR,
  • одредување на албумин/креатинин однос (UACR) во урина.
  • Навременото откривање овозможува:
  • забавување на прогресијата на болеста
  • намалување на кардиоваскуларниот ризик
  • подобра контрола на ризик-факторите
  • подобрување на квалитетот и должината на животот.

„Здравје на бубрезите за сите“ подразбира еднаков пристап до рана дијагностика, современа терапија, мултидисциплинарна грижа и континуирана едукација на пациентите.

Превенцијата не е избор – таа е одговорност.

Грижа што гледа подалеку

Современата нефролошка грижа, особено дијализата, е поврзана со значителна потрошувачка на вода, енергија и медицински материјали.

Темата за 2026 година нè потсетува дека превенцијата и раната интервенција се клучни за намалување на товарот од терминалната бубрежна болест. Истовремено, одржливите здравствени практики треба да станат составен дел од современата медицина.

Рационалното користење на ресурсите претставува и професионална и општествена одговорност. Инвестирањето во превенцијата не само што спасува животи, туку придонесува и за намалување на еколошкиот отпечаток на здравствениот систем.

Нашата посветеност

Во Жан Митрев Клиниката, грижата за пациентите со бубрежни заболувања се спроведува преку современа дијагностика, индивидуализиран пристап и мултидисциплинарен тим од искусни специјалисти и супспецијалисти.

Нашата цел е рано откривање на болеста, навремено лекување и подобрување на квалитетот на животот на пациентите.

Како здравствена институција, веруваме дека вистинската медицина не лекува само болест – туку создава услови за одржливо здравје.

Грижата започнува денес

  • Грижата за бубрезите е грижа за човекот.
  • Грижата за превенцијата е грижа за иднината.
  • Грижата за ресурсите е грижа за планетата.

Информирајте се за превентивните прегледи и консултирајте се со нашите специјалисти навреме на 02 3091 484

Здравје без стигма

Колку пати сте слушнале: „Тоа е нормално..“, „Издржи..“, „Не е ништо.“?
Овој 8 Март го започнуваме со јасна порака: Здравје без стигма!

Женското здравје не е тема за шепотење, ниту пак прашање кое треба да се игнорира, минимизира или одложува.

Затоа, овој март креираме простор за информирање, разговор и грижа, без срам и без стигма.
Зборуваме за хормоналното, менструалното и гинеколошкото здравје, за плодноста и перинаталната грижа, но и за менопаузата и потребата од персонализирана женска медицина. Теми кои влијаат на животот на многу жени, но се долго време надвор од јавниот разговор.

Приклучете ни се во разговорот, но и дознајте повеќе за промотивните услуги и пакети овој месец:

ГИНЕКОЛОГИЈА И ХОРМОНАЛНО ЗДРАВЈЕ

  • Пакет гинеколошки преглед (ултразвучен гинеколошки преглед + колпоскопија + консултација од специјалист гинеколог) – 4.000 ден.
  • ПАП тест – 2.500 ден.
  • Основен хормонален панел (FSH; LH; Естрадиол (E2); Пролактин; TSH) – 3.700 ден.
  • Проширен хормонален панел (FSH; LH; Естрадиол; Пролактин; TSH; Инсулин) – 4.500 ден.
  • Менопауза хормонален панел (FSH – 950 ден; LH – 950 ден; Естрадиол; TSH; Витамин D – 1.700 ден) – 4.900 ден.
  • Ехо на тироидна жлезда – 2.500 ден.
  • Урогинеколошки преглед -3.500 ден.

БРЕМЕНОСТ И РЕПРОДУКТИВНО ЗДРАВЈЕ

  • Акушерски преглед (со ултразвук) – 3.500 ден.
  • Хормонален профил во бременост (5-диференцијална крвна слика, глукоза, уреа, креатинин, албумин, магнезиум, калциум, серумско железо, урина) – 1.500 ден.
  • Орален гликоза толеранс тест кај трудница (oGTT) – 900 ден.
  • Гестациски дијабет – Комплетна проценка и план (Орален гликоза толеранс тест (oGTT); Прирачник со програма за исхрана; Консултација со нутриционист – 3.200 ден.
  • Скрининг за аномалии на фетус – 5.000 ден.
  • Генетско испитување Verify (13, 18, 21, X, Y) – 40.375 ден.
  • Генетско испитување Verify Plus (сите хромозоми и микроделеции) – 45.475 ден.
  • Хистеросалпингографија (HSG) – 7.200 ден.
  • Биохемиска анализа: бета-хуман хорионски гонадотропин (β-HCG) – 650 ден.

НОВОРОДЕНЧИЊА

  • Педијатриски преглед – 2.500 ден.
  • Ортопедски преглед – 3.200 ден.

ДОЈКА И ОНКОЛОШКА ПРЕВЕНЦИЈА

  • Ехо на дојка – 2.500 ден.
  • Мамографија 2Д – 3.000 ден.
  • Мамографија 3Д – 4.000 ден.
  • Тумор маркери (CEA; CA125; CA15-3) – 2.100 ден.
  • Опширен панел за наследен рак (дојка, јајници и други типови на карциноми)- 62.250 ден.

ИНТИМНО И МИКРОБИОЛОШКО ЗДРАВЈЕ

  • Сексуално преносливи болести – 3 микроорганизми – 1.800 ден.
  • Сексуално преносливи болести – 14 микроорганизми- 3.000 ден.
  • Детекција и типизација на HPV – 3.000 ден.
  • Femoflor анализа – 6.300 ден.

МЕТАБОЛИЧКО ЗДРАВЈЕ

  • Навремено откривање на дијабет (биохемиска анализа на глукоза; гликохемоглобин (HbA1c); инсулин) – 1.400 ден.

КОСКЕНО ЗДРАВЈЕ

  • Остеодензитометрија (DEXA) – 3.500 ден.
  • Скрининг за коскено здравје – (лабораториски маркери Intact PTH; Витамин D; Калцитонин; Калциум јонизиран) – 3.200 ден.

КАРДИОВАСКУЛАРНО И НЕВРОЛОШКО ЗДРАВЈЕ

  • Кардиоваскуларна проценка – 4.500 ден.
  • Ергоспирометрија – 3.500 ден.
  • Кардиоваскуларна проценка + Ергоспирометрија – 7.500 ден.
  • Невролошки преглед – 2.500 ден.

МЕНОПАУЗА

  • Консултација за менопауза – 1.500 ден.

ПСИХОЛОГИЈА

  • Советување / психотерапија – 1.750 ден.

НУТРИЦИОНИЗАМ

  • Нутритивно советување + проценка на композиција на телото со InBody – 3.000 ден.
  • Нутри пакет (Генетско испитување – Нутригенетика – 5 полиморфизми + тестирање на интолеранција на глутен и лактоза + персонализиран нутритивен план)- 18.000 ден.

ЦЕНТАР ЗА ЕСТЕТИКА И ДЕРМАТОЛОГИЈА

  • Кислородна терапија со хипербарна комора – 1 третман – 3.000 ден.
  • Кислородна терапија со хипербарна комора – 5 третмани – 9.000 ден.
  • Кислородна терапија со хипербарна комора – 10 третман – 15.000 ден.
  • Ботокс на лице – 1 регија – 6.000 ден.
  • Ботокс на лице – 1 регија – пакет 3 третмани – 12.000 ден.
  • Дигитална дермоскопија со анализа на повеќе лезии со вештачка интелегенција MoleAnalyzer PRO AI – 6.600 ден.
  • PRP (Platelet Rich Plasma) терапија на лице и врат – пакет 3 третмани – 18.000 ден.
  • PRP (Platelet Rich Plasma) терапија на лице /скалп – пакет 3 третмани) – 18.000 ден.
  • (Фраксел ласерски третман за третирање на брчки – пакет 3 третмани) + гратис (Биоревитализација со Хиалуронска киселина) – 45.000 ден.
  • (Фраксел ласерски третман за третирање на брчки – пакет 3 третмани) + гратис (ПРП терапија на лице/скалп) – 45.000 ден.
  • (Хијалуронски филер за пополнување на усни) – 8.000 ден.

СТОМАТОЛОГИЈА

  • Белеење на заби + преглед – 7.500 ден.

ПРОМО ПАКЕТИ

За Неа – Основа

Основна грижа за женското здравје. Комбинира гинеколошки преглед, цервикален скрининг и основни хормонални анализи со цел навремено откривање на промени и добивање целосен увид во здравствената состојба.

Вклучува:

  • Пакет гинеколошки преглед.
  • ПАП тест.
  • Основен хормонален панел.

Промо цена: 8.900 ден

За Неа – Баланс

Наменет за жени кои се соочуваат со замор, промени во телесната тежина, нередовен менструален циклус или имаат сомнеж за хормонални нарушувања.
Пакетот опфаќа детална анализа на хормоналниот статус, проценка на функцијата на тироидната жлезда и индивидуализирани нутритивни препораки со цел стабилизирање на организмот и подобрување на целокупната здравствена состојба.

Вклучува:

  • Проширен хормонален панел.
  • Ехо на тироидна жлезда.
  • Нутритивно советување + InBody анализа.

Промо цена: 8.700 ден

За неа – Мајчинство

Основна проценка за следење на здравјето на мајката и текот на бременоста.
Вклучува:

• Акушерски преглед (со ултразвук) – 3.500 ден.
• Хормонален профил во бременост – 1.500 ден.
• Орален гликоза толеранс тест (oGTT) – 900 ден.

Промотивна цена: 5.200 ден

За Неа – Заштита

Превенција и рана детекција. Комбинира напредна дијагностичка технологија со лабораториски маркери за поголема сигурност и се препорачува особено за жени над 40 години или со фамилијарен ризик.

Вклучува:

  • Мамографија 3Д.
  • Ехо на дојка.
  • Пакет тумор маркери (CEA, CA125, CA15-3).

Промо цена: 7.500 ден

За Неа – Нова Фаза

Поддршка во перименопауза и менопауза. Ги опфаќа хормоналниот статус, коскената густина и кардиоваскуларното здравје, како основа за сигурност и стабилност во периодот по 45-та година.

Вклучува:

  • Менопауза хормонален панел.
  • Остеодензитометрија (DEXA).
  • Консултација за менопауза.
  • Кардиоваскуларна проценка.

Промо цена: 12.500 ден

За Неа – 360

Ги опфаќа сите клучни области на женското здравје, обезбедувајќи темелна и комплетна здравствена проценка.

Вклучува:

  • Пакет гинеколошки преглед.
  • Мамографија 3Д.
  • Основен хормонален панел.
  • Остеодензитометрија (DEXA).
  • Кардиоваскуларна проценка.
  • Нутритивно советување.

Промо цена: 19.500 ден.

Идните медицински кадри на пракса во Клиничка болница „Жан Митрев“

Клиничка болница Жан Митрев и Средно медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов“ потпишаа меморандум за соработка со кој се отвора можност учениците од ова училиште да реализираат феријална пракса во една од најсовремените медицински установи во земјата. Со потпишувањето на меморандумот се воспоставува партнерство кое има за цел да им овозможи на учениците практично искуство во реална клиничка средина, како дополнување на теоретското знаење стекнато во текот на образовниот процес.

Во рамки на оваа соработка, учениците од медицинското училиште ќе имаат можност во текот на летниот период да ја реализираат својата феријална пракса во Клиничката болница „Жан Митрев“, каде ќе се запознаат со современи медицински процедури, организацијата на болничката работа и најновите стандарди во здравствената грижа. Преку оваа пракса, учениците ќе можат одблиску да го следат секојдневното функционирање на една врвна медицинска установа, да работат под менторство на искусен медицински кадар и да стекнат вредни практични знаења кои ќе им помогнат во понатамошното образование и професионален развој.

Од двете институции истакнуваат дека ваквата соработка е значајна за подобрување на квалитетот на медицинското образование, бидејќи им овозможува на младите идни здравствени работници навреме да се запознаат со реалните предизвици и одговорности во медицинската професија. Партнерството меѓу Клиничка болница Жан Митрев и Средно медицинско училиште на Град Скопје „Д-р Панче Караѓозов“ претставува важен чекор кон зајакнување на врската помеѓу образовниот систем и здравствениот сектор, со што се создаваат подобри услови за едукација на новите генерации медицински кадар.