Воспаление на слепото црево – симптоми и дијагностика

Воспалението на слепото црево или апендицитис е честа појава и истата може да се случи во било кој период од животот. Главна карактеристика е болка во долниот десен дел од стомакот.
Може да започне со болка околу папокот, а потоа да се шири. Како што воспалението се засилува, болката од апендицитис се зголемува и станува посилна.
Воспалението најчесто се јавува кај луѓе на возраст меѓу 10 и 30 години, но не се исклучени и другите возрасни групи. Третманот за апендицитис може да вклучува антибиотици или во повеќето случаи се пристапува кон хируршко отстранување на слепото црево.

Симптоми

Симптомите на апендицитис може да вклучуваат:

  • Ненадејна болка што започнува во долната десна страна на стомакот.
  • Ненадејна болка што започнува околу папокот и се движи кон долната десна страна на абдоменот.
  • Болка што се влошува при кашлање, одење или правење други движења.
  • Гадење и повраќање.
  • Губење на апетитот.
  • Блага треска што може да се зголеми како што напредува восопалението.
  • Запек или дијареа.
  • Надуеност на стомакот.
  • Гасови.

Локацијата на болката може да варира во зависност од возраста и положбата на слепото црево. Доколку се случи слепото црево да се воспали за време на бременоста, болката може да изгледа дека потекнува од горниот дел на стомакот, бидејќи слепото црево тогаш е позиционирано повисоко.

Причини за апендицитис

Блокада во средишната празнина на слепото црево, наречена лумен, е најверојатно причината за настанување апендицитис. Оваа блокада може да доведе до инфекција. Бактериите брзо се размножуваат, предизвикувајќи слепото црево да стане воспалено, отечено и исполнето со гној. Доколку не се лекува навремено, слепото црево може да пукне.

Компликации и нивен третман

Апендицитисот може да предизвика сериозни компликации, како што се:

  • Пукнато слепо црево. Пукнатото слепо црево, познато и како перфориран апендицитис, доведува до ширење на инфекцијата и воспалението низ абдоминалната празнина, состојба наречена перитонитис. Оваа состојба може да биде животозагрозувачка и бара итна хируршка интервенција за отстранување на слепото црево – апендектомија и чистење на абдоминалната празнина.
  • Формирање џеб од гној во абдоминалната празнина. Во деновите после оперативно лекување на перфориран апендицитис, може да се развие ограничено жариште на инфекција, познато како апсцес. Во повеќето случаи, интервентен радиолог го дренирa (празни) апсцесот со игла преку абдоминалниот ѕид директно во апсцесот под контрола на компјутеризирана томографија. Потоа се препишуваат антибиотици за целосно санирање на инфекцијата.

Дијагноза

За да се утврди точна дијагноза, медицинско лице ќе земе анамнеза за вашите симптоми и ќе направи преглед на вашиот абдомен.

Тестовите што се користат за дијагностицирање на апендицитис вклучуваат:

  • Физички преглед. Лекарот може да примени нежен притисок врз болното подрачје. Кога притисокот одеднаш ќе се ослободи, болката од апендицитисот обично се влошува. Ова се должи на воспаление на обвивката на абдоминалната празнина, наречена перитонеум. Исто така, лекарот може да провери дали има абдоминална ригидност и тенденција за згрченост на абдоминалните мускули како одговор на притисок врз воспалениот дел. Кај женските пациенти во репродуктивна возраст може да се направи гинеколошки преглед кој вклучува и ехо преглед за да се провери дали има други проблеми што би можеле да ја предизвикаат болката.
  • Крвна анализа. Овој тест проверува дали бројот на бели крвни клетки е висок. Висок број на бели крвни клетки може да укажува на присуство на инфекција. Нормални вредности на бели крвни зрнца во крвта не исклучуваат воспаление на слепото црево.
  • Анализа на урина. Преку тестот на урина се открива/исклучува дека болката не е поради инфекција на уринарниот тракт или камен во бубрег.
  • Радиолошки испитувања. Доколку изворот на болката не е јасен, лекарот препорачува радиолошки испитувања кои вклучуваат абдоминален рендген, абдоминален ултразвук, компјутерска томографија или магнетна резонанца.

Тимот на лекари при Клиника Жан Митрев, ви стои на располагање со брза и соответна дијагноза и третман на сите абдоминални заболувања.

Закажете го вашиот термин на 02 3091 484

Одбележуваме 26 години извонредност, доверба и врвна медицина

Со особена гордост, денеска, Клиника Жан Митрев го одбележува својот роденден — 26 години постоење, посветени на животот, здравјето и иднината на пациентите.
Во изминатите децении, клиниката се изгради во столб на современиот здравствен систем на Република Македонија, поставувајќи нови стандарди во кардиохирургијата, а подоцна и во сите други гранки на медицината. Со континуирани инвестиции во технологија, знаење и кадар, нашата клиника остана рамо до рамо со најсовремената светска медицина, а често пати правејќи чекор понапред од сите други, се во полза и за доброто на пациентите.

Зад оваа успешна приказна стои визијата и лидерството на нејзиниот основач, доктор Жан Митрев, чија посветеност и реформаторски пристап ја позиционираа клиниката како лидер во регионот кога медицината е во прашање и врвните резултати. Неговата експертиза и храброст да воведува иновации ја трансформираа медицинската пракса и отворија нови хоризонти за пациентите.

За време на нашиот роденден Здружението за естетска медицина (ЗЕМ) денеска го организира Седмиот симпозиум за естетска медицина со меѓународно учество.

– Годинашниот симпозиум се одржува под мотото „Естетика во функција на севкупното здравје“, испраќајќи порака дека современата естетска медицина е интегрален дел од целокупното здравје за пациентот – информираше нашата докторка Анџелка Илиева, која е генерален секретар на здружението.

Во рамки на овој значаен стручен настан, Клиника Жан Митрев ги отвора своите врати за спроведување на практични работилници, на кои лекарите ќе ги надградат своите знаења — особено во областа на лекување на лузни и келоиди од изгореници, тема од исклучителна медицинска и хуманитарна важност.
Во симпозиумот активно учествуваат и тимовите од овој оддел на клиниката, со што установата ја проширува својата лепеза на услуги и во други медицински дејности. Паралелно, се воведуваат врвни брендови во естетската дерматологија, како и опрема која претставува последен крик на техника, технологија и знаење.

Благодарение на нашата неуморна работа и желба за прогрес, денес, клиниката е препознаена како:

  • Најсовремена и реформаторска медицинска установа
  • Центар на врвна експертиза и хирургија
  • Партнер на глобалните медицински трендови
  • Симбол на доверба за илјадници пациенти

Ветуваме и понатаму:

  • Години на непоколеблива посветеност.
  • Години на врвни резултати.
  • Години на рамномерно чекорење со најсовремената светска медицина.

Клиника Жан Митрев — Каде иднината на медицината се случува денес.