МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

РАДИОЛОГИЈА

Дијагностика на заболувања на дојка

  • Ултразвук на дојки
  • Дигитална мамографија
  • 2Д и 3Д мамографски преглед (томосинтеза)
  • Тенкоиглена аспирациона биопсија под ултразвучна контрола
  • Core биопсија под ултразвучна контрола
  • Магнет на дојка
  • Оперативен третман на дојка

Ултразвук на дојка

Со оваа метода која користи ултразвучни бранови се анализира структурата на дојката, се детектираат цисти ,воспалителни промени на дојката и е почетна метода за дијагностицирање на карцином на дојката. Методата е безбедна и за трудници затоа што не користи рентген зраци.

Мамографија

Мамографијата е неинвазивна радиолошка метода за преглед на дојката која се користи  за откривање на тумори и други промени кој се премали за да се испалпираат.

2Д мамографија – дигитална мамографија е радиолошка метода која за разлика од класичната мамографија е со помала доза на зрачење на пациентката околу 30-40% , а со дигитализација на сликата се овозможува подобра визуелизација на микрокалцификатити и архитектонската дисторзија на дојката, а сето тоа е предност за откривање на карциномот на дојката во најран стадиум.

3Д мамографијата – томосинтезата – го намалува бројот на лажно позитивни наоди. Томосинтезата е посебно корисна кај жени со густо ткиво на дојката. Овозможува рана детекција на карциномот со јасен приказ на лезијата и го редуцира бројот на непотребни биопсии.
Томосинтезата може да се снима како дополнителен имиџинг со конвекционалната мамографија или како самостоја метода. Со томосинтеза се зголемува можноста за детекција на карциномот за 30-40%.

Магнетна резонанца на дојка

Магнетна резонанца е неинвазивен дијагностички модалитет кој главно се користи кај жени кај кој се сомнева или веќе е откриен карцином на дојка со претходните дијагностички процедури и помога во проценката на големината на туморот, како и да се утврди мултифокалност на туморот и да се провери постоење на тумор во другата дојка.

Биопсија на дојка под контрола на ултразвук

Биопсијата на дојка под ултразвук помага да се лоцира тумефактот и да се земе примерок од ткивото за патохистолошка анализа. Таа е помалку инвазивна од хирушката биопсија, остава помала или незабележителна лузна и не се користи јонизирачко зрачење.

  • Тенкоиглена аспирациона, каде се користи многу тенка игла за екстракција на флуид или клетки од абнормалната зона
  • Кор биоспија со која се зема примерок од ткивото во дојката со инсерција

Дијагностика на заболувања на дојка

Остеодензитометрија

Остеодензитометрија е софистицирана апаратура со која се мери коскена густина – колку се силни коските – и е единствениот начин да се знае со сигурност дали имате остеопороза.

Исклучително се користи кај жените во постменопаузен период еднаш годишно со цел следенје на здравјето на нивните коски. Со остеодензитометрија покрај одредувањето на здравјето на коските и ризикот од фрактура поради остеопороза, се следи и ефектот од третманот. Скенирањето DXA се фокусира на две главни области – колкот и ‘рбетот. Процедурата е безбедна, неинвазивна и користи  ниско ниво на рентген зраци. Целата процедура трае 10-15 минути.

Остеодензитометрија

Дијагностика со рентгенграфија и ултрасонографски преглед

  • Нативна рентгенграфија на скелет
  • Нативна рентгенграфија на белите дробови
  • Нативна рентгенграфија на абдомен
  • Нативна рентгенграфија на уринарниот тракт
  • Интравенска урографија за визуелизација на екскреторниот систем на уринарниот тракт
  • Ултрасонографски преглед (дојка, тироидна жлезда, меки ткива и абдомен)

 Дијагностика со рентгенграфија и ултрасонографски преглед

Дијагностика со компјутеризирана томографија (КТ)

  1. Интервентни процедури
  • КТ водени биопсии
  • КТ – ПРТ перирадикуларна терапија
  • KT – дренажи

  1. Дијагностички процедури:
  • КТ коронографија
  • КТ графтографија
  • КТ на срце (заболувања и вродени аномалии)
  • КТ на аорта
  • КТ ангиографија на каротида и церебрални артерии
  • КТ на периферни артерии
  • КТ венографија( големи вени)
  • КТ на черепот и мозокот
  • КТ на торакс
  • КТ на абдомен и карлицата
  • КТ на скелетот кај пациенти со политраума и/или тумори
  • КТ колонографија (виртуелна колоноскопија)
  • КТ бронхоскопија (виртуелна бронхоскопија)

Дијагностика со компјутеризирана томографија (КТ)

Дијагностика со магнетна резонанца

  • МР на мозок, со дифузија и спектроскопија
  • МР на хипофиза
  • МР на орбити
  • МР на целиот рбет (цервикален, торакален и лумбален)
  • МР на зглобовите (спортски повреди)
  • МР на горниот адбдомен

  • MРЦП – холангио –панкреатографија (жолчно кесе, жолчни патишта и панкреатичен канал)
  • МР ентерографија (тенко црево)
  • МР урографија
  • МР на карлица со колкови
  • MР на матката и овариуми
  • МР на ректум
  • МР на простата
  • МР фистулографија
  • МР ангиографија (MRA) на церебралните и периферните артерии
  • МР на дојки
  • МР на срце

Дијагностика со магнетна резонанца

Магнетната резонанца на срце

Магнетната резонанца на срце претставува единствена софистицирана метода за карактеризација на миокардот без зрачење, со или без користење на контрастно средство.

Магнетната резонанца на срце се користи при дијагностика на многу срцеви заболувања, исхемиски и неисхемиски, кај пациенти со различни видови на срцева слабост, кај воспаленија на миокардот и перикардот, дијагностика на тромби, тумори во срцето, конгенитални и стекнати срцеви маани.
Се користат протоколи кое се специфични за секој тип на заболување. Затоа, пред магнетната резонанца на срце потребно е да има ехокардиографски преглед и да се знае целта на испитувањето.

Методата магнетна резонанца на срце се применува во клиничката болница Жан Митрев, од 2018 година. Досега се направени околу 2000 испитувања.
Последните неколку години, применуваме и магнетна резонанца на срце со перфузија, која има за цел утврдување на исхемиска болест на срцето, вијабилност на миокардот, укажува на потребата за реваскуларизација, како и проценка на микроваскуларната функција.
Покрај срцето, со оваа метода се визуелизираат и екстракардијални структури во градниот кош и стомакот.

Магнетната резонанца на срце претставува тимска работа на радиолошки техничар, радиолог, кардиолог и секако пациентот. Испитувањето трае 30-45 минути, во зависност од протоколот и соработката со пациентот.
Во клиничката болница Жан Митрев, магнетната резонанца на срце претставува секојдневна метода во работата на кардиологот. Со оваа метода овозможуваме детален, сеопфатен пристап кон секој пациент поединечно.

Магнетната резонанца на срце

Ангиографија

  • Флебографии
  • Фистулографии (холангиографии, ХСГ)
  • Ретроградна пиелографија (РПГ)
  • Селективни дијагностички периферни и висцерални ангиографии

  • Стентирања периферни артерии
  • Емболизации
  • ТЕVAR (thoracic endovascular aortic repair)
  • ТАCE (transarterial chemoembolisation)

Ангиографија

Останати доктори од овој оддел

Ѕвонко Атанасов

М-р сци. д-р Ѕвонко Атанасов

Спец. по радиодијагностика

zvonko.atanasov@zmc.mk

Види го профилот
Билјана Божиновска

Д-р Билјана Божиновска

Спец. по радиодијагностика

biljana.bozhinovska@zmc.mk

Види го профилот
Лидија Вељановска Кириџиевска

Д-р Лидија Вељановска Кириџиевска

Спец. по радиодијагностика

lidija.veljanovska@zmc.mk

Види го профилот
Елена Пижула

Д-р Елена Пижула

Спец. по радиодијагностика

elena.pizula@zmc.mk

Види го профилот
Магделена Поповска Цветкова

Д-р Магделена Поповска Цветкова

Спец. по радиодијагностика

magdelena.popovska@zmc.mk

Види го профилот
Милан Ристески

Д-р Милан Ристески

Специјалист по онкологија

milan.risteski@zmc.mk

Види го профилот
Мимоза Толевска

Д-р Мимоза Толевска

Спец. по радиодијагностика

mimoza.tolevska@zmc.mk

Види го профилот
Африм Халим

Д-р Африм Халим

Спец. по радиодијагностика

afrim.halimi@zmc.mk

Види го профилот