00389 2 3091 484
ноември 23, 2017
Во периодот од 26-28.10.2017 година се одржа едукативен семинар во Суботица, во организација на Бакстер и Медиком. Д-р Тања Анѓушева беше претставник од Жан Митрев Клиник каде учествуваа 100 слушатели од Југоисточна Европа. Во едукативниот дел се дискутираше за примената на имуноадсорптивната терапија во третманот на имунолошките заболувања, се презентираа новите филтри за интермитента хемодијализа, примената на континуираната хемодијализа во единицата за интензивно лекување.
Како пионер во развојот на третманот на сепса на одделот за интензивно лекување со примена на адсорптивни филтри Oxyris и континуирана хемодијализа, од страна на Бакстер, беше поканета д-р Тања Анѓушева, која во своето предавање направи теоретски и практичен приказ на третманот на септичните пациенти. Воедно ги прикажа позитивните искуства на нашата установа во третманот на септичните пациенти, како и почетоците на примена на овој третман во детската возраст.
Воедно, Жан Митрев Клиник беше прогласена за референтна болница за стручна едукација на третман на септични пациенти со континуирана дијализа и Oxyris филтер-от. Како резултат на тоа, во почетокот на наредната година се очекува и посета на колеги од Клинички Центар Љубљана.