5 клучни совети за одржување добро здравје кај мажите

Зафатените распореди често ги спречуваат мажите да живеат поздрав живот, односно да обрнат внимание на своето здравје. Но, тоа не мора да биде така. Затоа подготвивме неколку основни совети. Следењето на овие едноставни совети, ќе ви помогнат да се чувствувате посреќни, поздрави и подобро подготвени за максимално да уживате во вашиот живот.

Конзумирајте здрава храна

Погрижете се вашата исхрана да се состои претежно од зеленчук, протеини, овошје, јаткасти производи и целозрнести житарки. Иако не треба целосно да се лишувате од храна која е надвор од овие групи, ограничете го внесот на десерти, бел леб, пецива и алкохол. Одржувајте го вашиот план за здрава исхрана едноставен така што ќе го испланирате вашето мени, вашите ручеци и закуски уште на почетокот на неделата. Ова ќе ви помогне да избегнете посегнување по брза и нездрава храна во текот на денот.

Вежбајте

Редовната физичка активност е од суштинско значење за да изгледате и за да се чувствувате најдобро. Изберете спортска активност во која уживате. Тоа може да биде вежбање со тегови, трчање или возење велосипед и одвојте време за тоа неколку пати неделно. Препораката осд СЗО е 45 минути интензивна физичка активност 5 пати во неделата или 60 минути умерена секој ден.

Направете годишен контролен преглед

Мажите честопати не сакаат да одат на лекар, но годишниот преглед е најлесниот начин за спречување или лекување на големи здравствени проблеми. Со извршување на неколку едноставни тестови, вашиот лекар може да стори сé, од проценка на ризикот од срцев удар до откривање на рак на простата и да создаде план за лекување за било кој проблем кој ќе биде дијагностициран.

Не заборавајте да пиете витамини

Веројатно имате некои нутритивни недостатоци, дури и ако применувате режим на здрава исхрана. Дневниот мултивитамински внес гарантира дека ги примате хранливите материи што ви се потребни за да останете физички и психички здрави. Ние би ви препорачале да изберете од палетата на Orthomol витамини кои се лесно достапни во нашите аптеки (Orthomol cardio, Orthomol immun, Orthomol Vital M, Orthomol mental, Orthomol sport, Orthomol tendo, Orthomol arthroplus).

Инвестирајте во вашето ментално и емоционално здравје

Не заборавајте да одвоите време за активности во кои уживате и да одржувате блиски, здрави пријателства за да го зајакнете вашето ментално и емоционално здравје. Закажете ги овие активности добро однапред и третирајте ги како да се работи за работен состанок со важен клиент; Откажете го само доколку е апсолутно неопходно.

Лекарите во клиничката болница Жан Митрев ви стојат на располагање за сите поребни прегледи, консултации и совети со кои би можеле да ви овозможат поздрав и посреќен живот.
Закажете термин на 02 3091 484

Клиниката Жан Митрев е медицински партнер на ЖРК Ѓорче Петров

Клиника Жан Митрев е медицинскиот партнер на македонскиот шампион Женскиот ракометен клуб Ѓорче Петров. Со оваа соработка, најдобрата приватна клиника ќе се грижи за здравјето и за подобрување на перформансите на ракометарките. За физичката и кондиционата подготвеност на ракометарките на располагање им се најсовремените техники, апаратура и долгогодишно искуство на тимот од Клиника Жан Митрев. За контролните прегледи на ракометарките ќе се грижи тим од доктори специјалисти, предводен од д-р Виолета Николов, специјалист гинеколог.

„Екипата целосно ќе биде под здравствената заштита од наша страна. Во нашата грижа за ракометарките ќе бидат применети светските искуства во спортската медицина од здравствен аспект, со цел постигнување максимални резултати. Имаме нови методи кои сакаме и ќе ги искористиме за мониторинг на нивната здравствена состојба и за подобрување на психофизичката подготвеност. За нив ќе работи интердисциплинарен тим составен од физиотерапевт, специјалист ортопед, кардиолог како и најновото во спортската медицина, гинеколог. Се надевам дека ќе бидат задоволни и резултатите ќе бидат видливи. Пред овие девојки претстојат многу предизвици и успеси, а ние ќе помогнеме во постигнувањето на тоа“, вели д-р. Виолета Николов од Клиника Жан Митрев.
„Од соработката со Клиниката Жан Митрев ќе имаме големи придобивки, затоа што без соработка со врвни медицински установи нема резултат и тие ќе бидат од голема помош за подобрување на перформансите на играчите. Се надевам дека првите резултати ќе ги видиме набрзо“, вели Ангела Цветановска член на УО на клубот.

„Тое ни е потребно. Во професионалниот спорт и женскиот ракомет многу се вложува во ова. Ова е еден нов предизвик. Јас како тренер ќе ги знам сите атрибути на играчите. Мислењето на лекарите и медицинскиот тим секаде се исклучително важни. Комуникацијата меѓу нас и Клиника Жан Митрев ќе биде на високо ниво. Ни треба брзо враќање на играчите кога имаме тешки натпревари, вели тренерот на ЖРК Ѓорче Петров Симе Симовски.
Соработката помеѓу Клиниката Жан Митрев и ЖРК Ѓорче Петров е веќе активна, за што ракометарките веќе започнаа со контролите против белгиски Еупен, во рамките од 3. коло во ЕХФ Европскиот Куп.

Плакета за посебни заслуги и придонес за Клиника Жан Митрев од Црвениот крст на Република Северна Македонија

Медицинскиот тим на Клиника Жан Митрев доби плакета за посебни заслуги и придонес во вежбата по прва помош во итна ситуација – земјотрес, која се одржа во Скопје, во организација на Црвениот крст на Република Северна Македонија.

Со симулациски вежби за прва помош на неколку локации во Скопје, за неколку часа беа изведени координирани спасувања и пружање помош по однапред разработено сценарио во вежбата насловена како „Хуманитарен одговор 2023“.

Учесниците на вежбата покажаа највисока подготвеност и мотивираност со цел соодветен одговор и неопходна помош и поддршка на граѓаните во ситуации на елементарни непогоди и катастрофи, а тимот на Клиника Жан Митрев како општествено одговорна здравствена институција ќе продолжи да пружа врвна медицинска услуга и грижа за здравјето на граѓаните согласно највисоките медицински и безбедносни стандарди.

Што е интервентна кардиологија и кога се употребува?

Интервентната кардиологија е медицинска специјалност која се фокусира на дијагноза и третман на кардиоваскуларни болести користејќи минимално инвазивни техники. Интервентните кардиолози се лекари специјализирани во оваа област и се посветени на изведување на перкутани процедури (преку артериите и вените) со цел лекување на различни срцеви заболувања.

Овие процедури обично се прават во посебна просторија за срцева катетеризација позната како ангио сала, каде во реално време се користат рендген и други слики, кои служат за водење на кардиологот за време на постапката.

Болести кои можат да се лекуваат со интервентна кардиологија и електрофизиологија

Некои од кардиоваскуларните болести и состојби кои можат да се третираат преку интервентна кардиологија вклучуваат:

  • Коронарна ангиопластика – се спороведува за проширување на коронарните артерии блокирани од масни наслаги со вметнување катетер со протеза наречена стент – кој го обновува протокот на крв со отпушување на стеснетиот дел.
  • Интервенции на срцевите залистоци – проблемите со срцевите залистоци може да се коригираат преку перкутани процедури, како што е имплантација на аортни залистоци преку катетери, избегнувајќи ја потребата од операција на отворено срце.
  • Затворање на вродени дефекти – некои вродени срцеви маани може да се коригираат со помош на интервентни кардиолошки техники, како што е затворањето на атријални септални дефекти.
  • Третман на аортни аневризми – дел од аортните аневризми може да се третираат со поставување стентови во аортата за да се спречи руптура/пукање.
  • Третман на срцеви аритмии – аблација со катетер е техника која ја спорведува електрофизиолог – специјалист кардиолог, со цел да ги елиминира областите на срцето кои предизвикуваат аритмии или атријална фибрилација.

Во Клиничката болница Жан Митрев се исполнети сите услови за изведување сложени процедури од доменот на интервентната кардиологија. Расолагаме со хибридна операциона сала со највисока технологија која има интегрирани техники за снимање, кои обезбедуваат непречена изведба на сите видови процедури, од минимално инвазивни до оние со максимална кардиоваскуларна сложеност.

Важно е да се запамети дека, иако интервентната кардиологија е многу ефикасна во лекувањето на разни болести, дијагнозата и планот за лекување мора секогаш да се препорачаат и спроведат од медицински тим специјализиран за кардиологија, кој ја проценува конкретната ситуација на секој пациент и ја одредува најдоброта опција за третман.

Во Клиничката болница Жан Митрев ви стои на располагање високо професионален тим кардиолози, достапен за сите ваши проблеми со срцето, кои располага со најнапредната технологија за дијагностицирање и лекување на секој пациент со највисок квалитет и на персонализиран начин.

Закажете ја вашата консултација на 02 3091 484

Продолжува здравствениот караван од Клиника Жан Митрев за бесплатни прегледи на пензионерите

Здравствениот караван на Клиника Жан Митрев „Здравје за сите“, продолжува со бесплатни кардиоваскуларни прегледи за пензионерите во Скопје и околината. Со прегледите, кои се одвиваат во клиниката опфатени се сите 14 пензионерски здруженија од каде се испраќаат пензионери со ниски примања а кои имаат потреба од ваков преглед.

Прегледите што ги спроведува тимот доктори специјалисти од Клиниката Жан Митрев содржат анамнеза, ЕКГ, ултразвучен кардио васкуларен преглед и контрола на ТА и консултации за навремено откривање и превенција на срцеви заболувања.

Клиника Жан Митрев го започна здравствениот караван „Здравје за сите“ и бесплатните прегледи со цел да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба.

Здравствениот караван и спроведувањето на бесплатните прегледи е дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу Клиниката и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, а се спроведува во соработка со локалните организации. Карванот во претходниот период посети 11 града од Источна и Западна Македонија каде пристапот до специјалистички преглед е оневозможен, при што беа донирани прегледи во вредност од над 1.000.000 денари.

Со оваа активност Клиника Жан Митрев ја зголемува грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливи категории и оние без можност за консултации со доктор и ја подигнува свеста за грижа за кардиоваскуларното здравје со навремена превенција од кардио заболувања на посебни целни групи и навремено идентификување и намалување на ранливоста.

Што може да направите за да го намалите ризикот од кардиоваскуларни болести (КВБ)?

Јадете здрави и урамнотежени оброци

Здравата исхрана треба да вклучува широк спектар на непреработена и свежа храна, многу овошје и зеленчук (најмалку пет порции секој ден), цели зрна, јаткасти плодови и храна со ниска содржина на заситени масти, шеќери и сол. Внимавајте на преработената храна, која често содржи високо ниво на сол, и пијте многу вода!

Вежбајте редовно

Потребни се само 30 минути физичка активност со умерен интензитет, пет дена во неделата, за да го подобрите и одржите вашето здравје. Возрасните (од 18-65 години) и постарите (65+) задолжително треба да си постават цел да имаат најмалку 150 минути физичка активност со умерен интензитет, или најмалку 75 минути физичка активност со висок интензитет, во текот на една седмица. Децата и адолесцентите треба да практикуваат најмалку 60 минути физичка активност со умерен до енергичен интензитет секој ден.

Одржувајте здрава телесна тежина

Намалувањето на ризикот од прекумерна тежина и дебелина обично вклучува намалување на бројот на консумирани калории од масти и шеќери, а за сметка на тоа зголемување на делот од дневниот внес во фома на овошје, зеленчук, цели зрна и јаткасти плодови и редовно вежбање. Најмалку 60 минути вежбање неколку денови во неделата, ќе ви помогне да одржите здрава телесна тежина.

Избегнувајте употреба на тутун

Ако престанете да пушите, ризикот од коронарна срцева болест ќе се преполови во рок од една година и ќе се врати на нормално ниво со текот на времето. Избегнувајте средини исполнети со чад: изложеноста на пасивно пушење значително го зголемува ризикот од срцев удар. Сите форми на тутун се штетни и не постои безбедно ниво на изложеност на тутун. Ако имате проблем да се откажете од тутунот, разговарајте со вашиот лекар за креирање на план откажување кој ќе одговара на вашите потреби.

Избегнувајте алкохол

Не постои безбедно ниво на пиење алкохол, а штетните ефекти на алкохолот многу ги надминуваат сите потенцијални заштитни придобивки. Доколку пиете помалку, може да го намалите ризикот од КВБ. Доказите покажуваат дека идеална ситуација за здравјето е да не пиете воопшто. Дури и умерените алкохоличари забележуваат здравствени придобивки кога ќе престанат да пијат алкохол.

Управувајте со стресот

Стресот може да предизвика стегање на артериите, што може да го зголеми ризикот од срцеви заболувања, особено кај жените.

Контролирајте ги вашите параметри

Редовното следење на крвниот притисок, нивото на холестерол и шеќерот во крвта е важно за да се одреди и контролира ризикот од развој на кардиоваскуларни болести.

Земајте ги вашите лекови како што е пропишано

Ако имате поголем ризик од развој на срцеви заболувања или мозочен удар, можеби ќе треба да земате лекови за да го намалите ризикот. Тие може да вклучуваат статини за намалување на нивото на холестерол во крвта, ниски дози на аспирин за спречување на згрутчување на крвта, инсулин за дијабетес и таблети за намалување на крвниот притисок. Земете ги лековите што ви ги препишал вашиот лекар и погрижете се да се придржувате до термините и дозите.

Препознајте ги предупредувачките знаци

Колку побрзо се побара помош, толку се поголеми шансите за целосно закрепнување.

За сите проблеми со здравјето на Вашето срце, закажете консултација на 02 3091 484

Мажите важат за ,,посилен пол,, и нивниот најчест коментар за здравјето е: ,,Ништо не ми е,,

Ноември е месецот во кој ставаме акцент на грижата за машкото здравје и потсетуваме на фактот дека превентивните прегледи спасуваат живот

Но, иако се чувствувате добро и немате проблеми, сепак потребно е барем еднаш годишно да посетите лекар и да направите редовни контроли кои ќе ви помогнат да избегнете проблеми во иднина. На пример, единствениот начин да откриете дали имате висок крвен притисок е редовно да го проверувате. Високиот шеќер во крвта и високиот холестерол исто така може да немаат никакви симптоми во раните фази. Затоа е потребно да биде направена крвна слика преку која може да се откријат овие состојби.

Подолу ќе најдете листа на редовни испитувања кои е препорачливо да ги направат мажите на возраст од 18-40 години.

Испитување на крвен притисок

Проверувајте го вашиот крвен притисок најмалку еднаш годишно. Ако вредноста на горниот – систолен притисок е 120 до 140 или на долниот – дијастолен притисок вредноста е 80 до 90 mm Hg, треба да го проверувате/мерите почесто.
Доколку горниот е 130 или поголем или долниот број е 80 или поголем, треба задолжително да закажете консултација со вашиот лекар за да дознаете како можете да го намалите крвниот притисок.
Ако имате дијабетес, срцеви заболувања, проблеми со бубрезите или некои други состојби, можеби ќе треба почесто да го проверувате крвниот притисок, но сепак барем еднаш годишно.

Испитување за холестерол и превенција на срцеви болести

Препорачаната возраст на која треба да почнете да правите тестови за проверка на присуство на холестерол во крвта е 35 години. Ова се однесува за мажи без познати фактори на ризик за коронарна срцева болест и 20 години за мажи со познати фактори на ризик за коронарна срцева болест.
Повторете ги тестовите порано отколку што е потребно доколку се појават промени во животниот стил (вклучувајќи зголемување на телесната тежина и исхрана).
Ако имате дијабетес, срцеви заболувања, проблеми со бубрезите или некои други состојби, потребно e да се проверувате почесто.

Испитување за дијабетес

Ако вашиот крвен притисок е 130/80 mm Hg или поголем, вашиот лекар може да побара да се утврди и нивото на шеќер во крвта за дијабетес.
Ако имате прекумерна тежина, треба да бидете редовно прегледувани почнувајќи од 35 годишна возраст.
Ако имате други фактори на ризик за дијабетес, како роднини од прв степен кои имаат дијабетес или историја на срцеви заболувања, најверојатно лекарот ќе препорача да направите испитувања за откривање на присуство на дијабетес.

Испитување за инфективни болести

Сите возрасни од 18 до 80 години треба да направат еднаш во животот тест за хепатитис Ц.
Вашиот лекар ќе ви каже како да спречите ширење на инфекции преку сексуален контакт. Истите се нарекуваат сексуално преносливи инфекции (СПИ).
Во зависност од вашиот животен стил и медицинска историја, можеби ќе треба да се тестирате за инфекции како што се сифилис, кламидија, ХИВ, како и други инфекции.

Физички преглед

Вашата висина, тежина и индексот на телесна тежина (БМИ) треба да се проценат при секој физички преглед /испитување.
При самиот физички преглед, вашиот лекар може да ве праша за: депресија, диета и вежбање, консумација на алкохол и тутун и слично.

Испитување на тестиси

Промените на тестисите може да се забележат со самопреглед при што може да се утврди настаната промена. Не секоја промена на тестисите е рак, бидејќи реално тој е многу редок. Најчесто може да се цисти или други проблеми кои треба да ги дијагностицира лекар. Затоа покрај самопрегледот задолжително е да посетите лекар еднаш годишно.
Ако сте загрижени за ризикот од развој на рак на тестисите исто така треба да разговарате за проблемот со вашиот лекар. Заедно можете да одлучите дали редовните самопрегледи на тестисите се соодветни за вас или е потребно нешто повеќе.

Самопреглед на кожата

Кожата како најголем орган на човечкото тело, овозможува сите промени лесно да се детектираат. Вашиот лекар може да ја провери вашата кожа за знаци на карцином, особено ако сте изложени на висок ризик.
Луѓето со висок ризик се оние кои претходно имале рак на кожата, имаат блиски роднини со рак на кожата или имаат ослабен имунолошки систем.

Други испитувања

Разговарајте со вашиот лекар за скрининг за рак на дебелото црево ако имате семејна историја на рак на дебелото црево или полипи, или ако сте имале воспалителна болест или полипи на цревата.

За да се намали ризикот од сите горенаведени заболувања и да се поттикне нивно рано откривање и превентивно делување, а воедно и да се намали бројот на смртни случаи, препорачуваме преземање мерки како: водење здрав живот и секако посета на уролог еднаш во годината. Консумирањето здрава храна, вежбањето /физичката активност, избегнувањето алкохол, цигари и стресни ситуаци се од особено значење. Секако пегледите се клучни за да се открие било каква болест во рана фаза уште пред појавата на првите симптоми.

Подготвивме специјална понуда. Проверете се навреме!

Нашиот искусен тим доктори од различни области ве очекува, закажете термин на 02/3091-484

  • Нефролошки преглед 2000 ден
  • Абдоминаленхируршки преглед (врзан за ректални проблеми и хемороиди) цена 2000 ден
  • Колоноскопија со анестезија 18 000 ден
  • Гасторскопија со анестезија цена 18 000 ден
  • Доколку се направат двете во еден акт 28 000 ден
  • Магнет на простата 12 000ден
  • Дијабетолошки преглед во пакет со утврдување гликоза и скриен шеќер гликохемоглобин 2500 ден
  • ОРЛ преглед 2000 ден
  • Тумормаркер ПСА цена 600 ден
  • Сексуално преносливи болести 3 истовремено (Chlamydia trachomatis, Trichomonas vaginalis и Neisseria gonorrhoeae) од прва утринска урина (со PCR метода) 1800 ден
  • Општ панел за наследен рак – 94 гени и 284 полиморфизми со NGS секвенционирање – 60 000 ден
  • Детекција на канцер кај хематурија – 19 000 ден (се користи за мочен меур)

Синдром на карпален канал

Синдромот на карпален синдром е најчеста форма на периферна компресивна невропатија, која настанува како последица на притиснат медијален нерв во карпалниот канал на рачниот зглоб. На тоа место, нервот минува низ многу тесен простор, ограничен со ситни зглобни коски, тетиви, фиброзни и ригидни карпални лигаменти.
Најчесто пациентите со компресија/вклештен медијален нерв ги пројавуваат следните симптими: трнење, жарење, пецкање и болка во палецот, показалецот и средниот прст. Болка и трнење кои може да се прошират низ подлактицата и рамото. Слабост на раката и ограниченост на фините движења како на пример неможност да се закопча копче.

Застапеност

Најчесто се јавува кај средовечни жени, или кај постари лица. Односот на застапеност кај жени во однос на мажи е 4:1. Кај околу 1/3 од случаите, состојбата е билатерална, односно засегнати се двете раце. Инциденцата на оваа состојба е: 3 од 1000 луѓе од општата популација. Предиспонирачките фактори вклучуваат: прекумерна тежина, ревматоиден артритис, дијабетес, бубрежни заболувања и хипотироидизам. СКТ поврзан со бременост обично се решава спонтано по породувањето. СКТ може да се развие по фрактура на рачниот зглоб.

Симптоми

Симптомите почнуваат постепено и се со текот на времето се влошуваат. Најчесто клиничката слика почнува со појава на спонтани сензации од типот на парестезии односно трнење во првиот, вториот, третиот и страничната површина на четвртиот прст. Како помнинува време така трнењето се интензивира и освен прстите ја зафаќа целата рака. Почесто се јавува ноќе, и ваквата сензација може да разбуди од сон. Во потешки случаи трнењето е придружено со болки и оток во предел на рачниот зглоб, како и мускулна слабост и хипотрофија на мускулите на шаката.
Правилното третирање на оваа состојба вообичаено е доволно за да го ублажи пецкањето и вкочанетоста, а потоа и да се обнови функцијата на зглобот и раката.

Причини за појава

Причините за појава на карпал тунел синдром се многубројни. Во најголем број случаи се јавува како комбинација од повеќе ризик фактори:

  • Генетика
  • Чести повторувања на исти движења со раката
  • Положба на раката и зглобот
  • Бременост

Други заболувања кои може да дадат симптоми на карпал тунел синдром се:

  • Ревматоиден артрит
  • Дијабет
  • Нарушувања на тироидната жлезда
  • Оштетување на лигаментите
  • Повреди на зглобот (скршеници)
  • Компресија на нервите на ниво С6-С7 во вратот

Дијагностика

Дијагнозата се поставува врз основа на клиничката слика, невролошкиот преглед, резултатите од електромионеврографското испитување (ЕМГ) и од ултразвучниот преглед на нервот.

  • Тetr-ов тест на компресија на медијален нерв кој се изведува на следниот начин: притиснете го регионот на карпал тунел и задржете 30 секунди со вашиот палец додека пациентот го држи рачниот зголб под агол од 60 степени во флексија. Чувство на отрпнатост во зоната на дистрибуција на медијалниот нерв значи позитивен наод.
  • Tinel-ов знак: лесно тапкање по медијален нерв со врвот на сопствениот прст или со рефлексен чекан над регионот на карпален тунел. Пациентот ќе чувствува пецкање или електрични сензации во зоната на дистрибуција на медијалниот нерв.
  • Phalen-ов тест: Пациентот го држи својот рачен зглоб во полна флексија истовремено со притискање врз надворешниот дел на шаката: ова провоцира отрпнатост и пецкањето во прстите.Тестот се продложува за една минута ако е потребно.
  • Се тестираат двете раце и се споредуваат евентуалните разлики.
  • Атрофија на тенарните мускули и слабост на палмарна абдукција на палецот се знаци за напредната состојба.
  • Дијагнозата се потврдува со електроневромиографија.
  • Во општа практика по исклучок може да се користат уреди за брза дијагноза, но тие во никој случај не можат да ја заменат конвенционалната електроневрографија.

Лекување

Лекувањето може да биде конзервативно, хируршко и со физикална терапија. Конзервативната терапија е симптоматска и е насочена кон лекување на основната состојба која довела до појава на синдромот. Најчесто се ординираат аналгетици, нестероидни антиинфламаторни лекови, периферни миорелаксанси, витамини и антиоксиданси. Носењето на ортоза не дозволува да се витка зглобот во текот на ноќта. Држењето на зглобот во права или неутрална положба го намалува притисокот врз нервот во карпалниот тунел. Исто така, може да помогне да се намали притисокот во текот на денот за време на активности кои ги влошуваат симптомите.
Хируршката терапија има за цел да го ослободи нервот од притисокот во карпалниот канал.
По смирување на симптомите и ставање на болката под контрола се препорачува физикална терапија. Истата треба да се избегнува во фазата кога најмногу се изразени болките и трнењето, затоа што во тие моменти може дополнително да ја влоши клиничката слика. Физикалната терапија има за цел да го рехабилитира нервот, да ги тонизира мускулите и да ја поврати нивната функција.