Успешна операција на комплициран ехинокок на црн дроб

Во болницата ЖАН МИТРЕВ успешно беше извршена уште една специфична интервенција на црн дроб. За кратко време се дијагностицираше и реши уште еден специфичен случај кој беше вистински предизвик и за искусниот д-р Јован Мирчевски.

Андреја Дулевски (82), по успешната операција на комплициран ехинокок на црн дроб извршена од абдоминалниот хирург д-р Јован Мирчевски се подготвуваше да замине во родната Битола. Оваа ретка дијагноза беше успешно решена од д-р Мирчевски кој до сега, во неговата богата кариера имал бројни пациенти со црнодробен ехинокок, но ретко со ваков искомплициран случај на ехинок.“

Ова е ретка и специфична интервенција бидејќи се работи за огромна ехинококна циста во десниот лобус на црниот дроб претворена во абсцес на црниот дроб. Се работи за одамна изумрен ехинокок, исполнет со гнојна маса и мртви остатоци од некогашните ехинококни мембрани. Кај пациентот имаше загнојување на огромната ехинококна циста која беше пред перфорација, со последователни компликации по неговиот живот. Цистата можеше да перфорира преку дијафрагмата во десното белодробие со тешки животни компликации“, објасни д-р Мирчевски. Тој дополни дека „се евакуираше околу 2,5 л течна, гнојна маса со распаднати материи од цистата. По евакуацијата на содржината, шуплината се исполни (тампонира) со голем васкуларен резен од омениумот. Постоперативниот тек е уреден и на 4-иот постоперативен ден во добра општа состојба пациентот е отпуштен дома“.

Андреја кој живее на релација Австралија – Македонија искажа голема благодарност најнапред на докторите од Поликлиниката „Филип Втори“ Битола кои го прегледале и упатиле на специјалистички преглед во болницата ЖАН МИТРЕВ.“ Се до пред 3 недели немав никакви проблеми. Од време на време чувствував како нешто да ми скока во стомакот, а потоа почнав и да губам апетит и упорно да кашлам“, започна да раскажува Андреја. Заедно со синот поминале низ неколку ординации во Битола, но никој не им дал точна дијагноза. „По препораката, за кратко време го закажавме прегледот кај д-р Мирчевски. Бидејќи ситуацијата беше ургентна и специфична веднаш бев подготвен и за операција. Среќен сум што се помина во најдобар ред и што се ослободив од тоа чувство дека имам нешто туѓо во мене“, со благодарност зборуваше Андреја. За него, здравјето нема цена и порачува на сите да прават редовни прегледи и контроли за да навремено се откријат здравствени проблеми кои често се без симптоми.

Витален и задоволен од животот Ѓеорги ја живее втората деценија после тешката операција

17 години после тешката операција на срце, Ѓеорги Јовановски (74) секое утро пешачи по 20-22 километри. „Тоа е клучот на одржување на моето здравје. И секако, следење на медицинските совети на д-р Тања Анѓушева која веќе 17 години се грижи за мојата здравствената состојба“, вака зборуваше Ѓеорги од Скопје кој беше дојден на редовна контрола во болницата ЖАН МИТРЕВ.

„Пациентот беше примен на 20 јуни, 2001 во животозагрозувачка состојба, со знаци на срцева слабост и изразени промени на коронарните крвни садови. Веднаш беше внесен во операциона сала кога д-р Жан Митрев му вгради 3 бајпаса и пластика на левата комора. Потоа, поради слабост на срцето на пациентот му беше поставена балон пумпа која му овозможи стабилизирање на состојбата“, објасни д-р Анѓушева која постојано била со Ѓеорги во критичните моменти. После успешното закрепнување и до ден денешен таа ја следи и контролира неговата здравствена состојба.

„Се чувствувам како да не сум опериран, витален сум и задоволен од животот. Најголема благодарност за тоа упатувам на д-р Тања Анѓушева. Мојот избор на доктор е одреден уште пред 17 години и не го менувам, презадоволен сум“, дополни тој.

„Дисциплиниран сум во однос на контроли, совети за исхрана и физичка активности и сметам дека тоа е тајната за одржување на здравјето. И после таква тешка и комплицирана операција, секое утро, без исклучок возам велосипед од населбата Влае до Ново Лисиче (20-22 км), а назад се враќам пеш, туркајќи го велосипедот“, објаснуваше со задоволство Ѓеорги. Тој има и други болести кои редовно ги контролира и следи насоките на докторот.

Му посакуваме на Ѓеорги да остане витален уште долги години и континуирано да си го одржува здравјето.

Одбележување на јубилеј – 20 години од трансплантација на срце извршена од д-р Жан Митрев

Пред 20 години, д-р Жан Митрев на негова 36 годишна возраст извршил трансплантација на срце и е првиот македонец кој пресади срце во Универзитетската клиника во Франкфурт. По тој повод беше организирана и прес-конференција каде беше прикажана видео-приказна во која беа претставени моментите од периодот кога д-р Митрев работел во Франкфурт, со акцент на трансплантацијата на срце кај пациентот. Успешната приказна за оваа специфична интервенција од пред 20 години за брзо време се прошири и во Македонија. „Жан Митрев-македонски Кристијан Бернард“, „ЖАН – првиот македонец кој пресади срце“, „Македонски хирург пресади срце“… беа само некои од насловите во весниците кога се прошири веста за успешната трансплантација на срце. „Всушност, со овој пациент бележиме и еден раритет дури и за германската медицина. По операцијата што ја извршив со екипа од десетина доктори, шест часа по трансплантацијата, откако утврдивме дека се е во ред, на истиот пациент и во истиот ден е извршена трансплантација на бубрег. Заменети се два клучни органи во истиот ден, што навистина претставува реткост и во Германија“ е дел од изјавата на д-р Митрев, објавена во еден од весниците во тој период. На крај, видео приказната беше заокружена со едно, се уште, отворено прашање: Зошто во болницата ЖАН МИТРЕВ сè уште не е воведена оваа интервенција?

Дека ова е важно прашање кое сè уште претставува предизвик за д-р Жан Митрев и неговиот тим потврдија и новинарите кои побараа одговори од д-р Митрев на оваа тема. Кои се тие административни пречки, каков бенефит ќе имаат пациентите, дали во болницата ЖАН МИТРЕВ има услови за воведување на оваа специфична интервенција?

„Ова е моја долгогодишна желба која се надевам дека ќе ми се реализира. Се работи за административни пречки кои доколку се надминат ќе спасат многу животи и за оваа интервенција не мора да се оди во други земји. Ова е заедничка борба која треба да ја добиеме од надлежните институциите, а за доброто на многу пациенти“, беше пораката на д-р Митрев.

Погледнете ја видео-приказната за 20 години од трансплантација на срце.

Оглас за вработување

ПЗУ ЖАН МИТРЕВ е современа, модерна и специјализирана болница, уникатна по своите медицински услуги и претставува пример во земјата и регионот по користењето на најсовремените протоколи во лекување и грижа на пациентите. Врвниот медицински тим користејќи современи методи и техники им стои на располагање на пациентите 24 часа во денот, 7 дена во неделата.

ПЗУ ЖАН МИТРЕВ за потребите во РАДИОДИЈАГНОСТИЧКИОТ оддел објавува оглас за вработување на:

СПЕЦИЈАЛИСТ по радиодијагностика или специјализант на последна година на специјализација по радиодијагностика (1 доктор)

Потребни квалификации:

Завршено Медицински факултет – специјализација по радиодијагностика
Познавање на англиски јазик

Личен профил:

Професионален и позитивен однос
Љубезност, учтивост и хуманост,
Способност за самостојна и тимска работа.

Огласот e објавен на 18.09.2017 година и ќе трае до 30.09.2017 година. Доколку сметате дека ги исполнувате наведените услови и сте заинтересирани за нови предизвици и постојан развој на Вашата кариера, испратете Ваша кратка биографија (CV) со Ваша слика, на следната email адреса: info@zmc.mk, со задолжителна назнака „За оглас за специјалист по радиодијагностика“. Само апликациите кои ќе влезат во потесен круг, ќе бидат контактирани. Апликациите без назнака нема да бидат разгледани!

Индивидуализирана терапија за пациентите со безбедносниот систем за дозирање на лекови преку перфузиони пумпи на ALARIS

Одделението за интензивна нега во болницата ЖАН МИТРЕВ е опремено со најсовремената апаратура за одржување во живот и мониторинг на пациенти во најтешки, критични здравствени состојби. Една од специфичностите се и најновите пумпи за перфузија на интензивна нега и анестезија со вграден систем за прецизно дозирање на лекови (Alaris Guardrails и Alaris PK Syringe Pumps). Сега, пациентот добива индивидуализираната терапија со лекови согласно неговата телесна тежина, ефективната плазма концентрација или постигнување на саканата мозочна концентрација на лекот. На овој начин значително се подобрува ефикасноста и безбедноста во смисла на безбедно дозирање и апликација на лековите, овозможува прецизна контрола на индивидуализираната потрошувачка на лекови за секој пациент и континуирано следење на дозите на аплицираните лекови за време на болничкиот престој. На овој начин се исклучува човековиот фактор како причина за медицинска грешка и безбедноста на пациентот е подигната на највисоко можно ниво. Ова е само еден пример со кој нашата болница станува дел од светските стандарди за нега и терапија на високоризичните пациенти.

Оглас за вработување

MИКРОБИОЛОШКАТА ЛАБОРАТОРИЈА во болницата ЖАН МИТРЕВ има потреба од:

ЛАБОРАНТ за микробиолошка лабораторија (1 лице)

Потребни квалификации:

Завршено најмалку средно образование ( насока лаборант)
со/без работно искуство
Основно познавање на англиски јазик
Работно користење на компјутер – MS office

Вештини и способности:

Одлични комуникациски и интерперсонални вештини
Организациски способности
Мотивирана и стабилна личност
Флексибилност за индивидуално и тимско работење

Доколку ги исполнувате горенаведените услови и квалификации, Ве молиме испратете го Вашето CV на следната е-маил адреса: info@zmc.mk . Ве молиме во предметот на пораката  задолжително наведете  ја  работната позиција „ЛАБОРАНТ“ за која аплицирате.

Само кандидатите кои ги исполнуваат условите ќе бидат повикани на интервју.

Сите пристигнати биографии ќе се третираат со максимална доверливост.

Огласот e објавен на 15.09.2017 година и ќе трае до 25.09.2017 година.

Дел од сонот ни се исполни

Студентки од шеста година на Факултетот за медицина при Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип се на едномесечна пракса во ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА. Пред завршувањето со оваа обврска разговаравме со нив за впечатоците, искуство кое го стекнале во овој период…

Моника Блажевска и Андријана Николовска првпат биле во болницата за време на студентската посета која ја имале претходно. „Посакуваме еден ден да бидеме, барем на кратко, дел од овој тим, од оваа болница. Макар и како практикантки“, зборуваше Моника.“ За среќа, тоа и ни се оствари кога аплициравме и бевме одбрани да ја поминеме практиканската работа во овој современ медицински центар“, дополни Андријана.

„Презадоволни сме“, со еден збор го дефинираат нивното искуство кое го стекнале низ одделите во болницата. За Моника најголем впечаток е праксата која ја стекнала во одделот за полуинтензивна нега. „Се е на највисоко ниво. Посебен однос имаат кон пациентите, а при тоа е воспоставен исклучителен колегијален однос помеѓу персоналот. Постојано сме вклучени во работа и вниманието кое го добиваме од персоналот е за поздравување. Тоа го нема ниту во една друга клиника, особено не во државните институции“, дополнија тие. Особена благодарност искажаа кон доц. Д-р Милка Клинчева која несебично споделува медицинско знаење со нив и ги вклучува во секојдневната работа на одделот за полуинтензивна нега. Но, благодарност имаат и кон нивниот ментор д-р Емил Стоицовски. „Д-р Никола Кљусев како и д-р Симона Кригер се секогаш отворени за споделување на медицински знаења со нас, но исто така би ја истакнале и соработката со физиотерапевтите Никодин и Виктор, како и целиот средно медицински персонал. Севкупно, беспрекорно функционираат и тоа е за истакнување“, дополнија двете практикантки.

Хирургијата им е предизвик и сакаат еден ден да бидат успешни во оваа област. Затоа и се фасцинирани од стручноста и начинот на функционирање на хирурзите во ЖАН МИТРЕВ КЛИНИКА, кое го утврдиле при присуството на кардиолошки, гинеколошки и абдоминални операции… Имале можност да се сретнат со д-р Жан Митрев. „Перцепцијата за строг доктор која ја имавме претходно ја сменивме од моментот кога првпат се запознавме и поразговаравме со д-р Митрев. Тоа всушност е толку едноставен, со големо срце и гостопримлив што е дополнителна вредност за да бидеме дел од овој тим и да учиме од најдобрите“, завршија студентките.

Посветеноста е нивна доблест, а желбата да научат повеќе ќе им донесе успех. Им посакуваме нивниот сон да бидат дел од тимот на д-р Жан Митрев да им се оствари до крај!