Четврто собрание на здружението за кардиоваскуларна хирургија

Здружението за кардиоваскуларна хирургија на Република Македонија, во соработка со Специјалната Болница по Хируршки Болести „Филип Втори“ и Биосистеми ДОО, Ве поканува на четвртото собрание на кардиоваскуларни хирурзи, што ќе се одржи на 17.11.2016 година (четврток), во аудиториумот на СБХБ „Филип Втори“, со почеток во 11.00 часот.

Тема на овогодинешниот собир е

„Генетските испитувања во третман на кардиоваскуларните заболувања“

Поканети се домашни и меѓународни експерти кои ќе ги претстават новините и технологиите во генетската дијагностика, како и третманот на кардиоваскуларните заболувања.

Предавањето е акредитирано во Лекарската Комора на Р. Македонија.

Ве молиме да го потврдите Вашето присуство на е-маил: info@cvsmk.org, најдоцна до 15.11.2016 година.

Тимот на д-р Митрев препознатлив по сложените операции надвор од Македонија

Бранко Рајко, пацинетот од Умак, Хрватска, кој е на закрепнување во болницата, по успешно завршена операција го сподели неговото искуство од медицинската услуга и грижата при лекувањето во болницата “Филип Втори“. При разговорот со него, очигледно беше неговото задоволство од успешно извршената васкуларна операција, аортно-бифеморално премостување, од страна на д-р Жан Митрев. За болките во коленото и тешкотии во движењето кој ги имал отпочнал да бара спас во клиниките во родната Хрватска. По неколкуте негативни одговори од тамошните клинини дека кај нив не може да се изврши таква сложена операција, г. Рајко, по препорака на докторка од клиника во Ријека, закажува преглед кај д-р Митрев. По дијагностицирањето на болеста и потврдниот одговор од докторот дека може да се направи операција во болницата, му се враќа оптимизмот. Операцијата е направена на 18 октомври 2016 година, и оттогаш до денес, тој закрепнува и веќе не само што ја движи ногата, туку и оди. “Среќен сум и задоволен што ако до пред еден месец не можев да се движам, сега тоа го правам. Благодарност до докторот, но и целокупниот персонал за грижата и негата околу мене. Моето искуство ќе го споделувам со сите мои сонародници, пријатели“, рече г.Рајко. По професија градежен инженер, тој сподели свое видување и за целиот амбиент и современата специфична градба со вметнати ориентални елементи на болницата. „Смиреноста која ја нуди амбиентот во оваа болница е императив за квалитетна услуга, која во комбинација со стручноста на персоналот ја истакнува од сите останатите во регионот“, додаде тој. Ви посакувам многу успеси и понатаму, а со новитетите кои ги нудите со генетиката отворате нови страници во медицината на овие простори од Балканот, заврши тој. Ние му посакуваме на г. Рајко многу здравје и весели моменти понатаму во животот и мирен лет за дома!

Тимот на д-р Жан Митрев, веќе неколку години во континуитет го освојува просторот на т.н. медицински туризам, во регионот и пошироко. Бројни пациенти од земјите од Европа, но и пошироко ги почувствувале благодетите од медицинските услуги во болницата. Тимот на д-р Жан Митрев поради изведувањето на најсложени кардиоваскуларни операции, навремената и презицна дијагностика, но и секојдневното воведување на нови оперативни техники и инвазивни процедури, со право го носи епитетот на инзворедност во работата во регионот и пошироко. Носители и на бројни награди и признанија, секогаш отворени за нови предизвици и искуства водат кон врвни резултати и новитети,  кои се промовираат пред стручната јавност на средбите и состаноците во престижните Европски здруженија во кои членуваат, како што е EACTSA (Европско здружение за кардиоваскуларна хирургија). Сепак, усните признанија кои ги добиваат од задоволните пациенти се највредната награда за овие професионалци чија мисија е спасен живот, понудена професионална, квалитетна  медицинска услуга, совети за подобар, поздрав и среќен живот.

Делата кои говорат сами по себе, сведоштвата од задоволни пациенти се највредниот показател за нивната работа…Поголемиот број од пациенти поминуваат и по илјадници километри во пат, најчесто, во тешки и критични моменти. Но, тие непријатни моменти се анулираат кога нивниот живот е спасен, кога ќе ја добијат посакувана медицинска грижа.                                                      Велат дека вредноста на човечкиот живот се цени кога од сигурна смрт не делат минути или секунди, кога за болеста ќе се најде лекот, кога повторно ќе се појави ентузијазмот за живот…         За непроценливата вредност на животот, за моментите кога ја губеле надежта дека има спас или решение за здравствениот проблем, но и кога има некој стручен да им пружи рака и им се враќа оптимизмот, говорат пациентите од повеќе земји кои се лекуваат во болницата…

Искуствата од тимот на д-р Жан Митрев презентирани пред радиолозите од балканот

Во рамките на 14-от Балкански конгрес на Радилогија, што се одржа од 13-15 октомври, 2016 г. Во Солун, свое излагање имаше и доктор Лидија Вељановска-Кириџиевска, радиолог во тимот на д-р Жан Митрев.  Како претставник од Р.Македонија, а по покана на Балканското Здружение на Радиолози, д-р Вељановска-Кириџиевска, имаше презентација како Е постер, на тема: Нашите искуства во неинвазивна евалуација на вродени аномалии на коронарните крвни садови со КТ ангиографија. Конгресот преставуваше можност за бројните учесници од Балканот да се запознаат со новините во радиологијата преку презентации, а за време на пленарните сесии и работилници  да разменат искуства со врвни експерти од различни области од радиологијата.

Услугите на Специјалната Болница “Филип Втори“ презентирани пред хуманите моторџии

Во рамките на хуманитарна акција, организирана од страна на  мото друштвото “ Crossbearers MK“ од Велес, на 05 ноември, 2016 година во Народниот театар “Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ во Велес,  беше презентирана работата и услугите на Специјалната болница “Филип Втори“. По повод роденденот на мото друштвото беше организирана крводарителска акција и беше поставен штанд на болницата. Д-р Горан Јовиќ, специјалист, хирург урулог во болницата, објаснуваше пред бројните посетители на штандот за услугите, новитети и условите во болницата кои се во функција на беспрекорна грижа за здравјето на пациентите во болницата. Хуманоста ја покажаа домаќините и моторџиите од мото друштвото “Ноќни волци“ од Скопје, а беа собрани 120 единици на крв.

Организирана школа за магнетна резонанса на дојки и женска карлица

Како претставник од Р. Македонија и дел од тимот на д-р Жан Митрев, во периодот од 20-22 октомври, 2016 г.,  заедно со останатите учесници таа присуствуваше на бројните  предавања и интерактивни работилници, каде се работеше во мали групи. За време на предавањата и работилниците, учесниците се запознаа со предностите на магнетната резонанса, како одлична имиџинг метода која прецизно ја  прикажува морфологија на дојките и женските репродуктивни органи, а при тоа разменија искуства со експерти од областа на радиологијата од повеќе европски земји.  Секој учесник по положување на тестот, доби сертификат за присуство.

Теми кои беа обработени на курсот :

Базични принципи, стратегија и оптимизација на протоколи при  прегледите со магнетна резонанса на дојки  и женска карлица;
МР карактеристики за дијагностицирање , диференцирање и следење на бенигни и малигни состојби на дојките  и репродуктивните органите во женската карлица  и краток осврт на МР снимања на жената и плодот во тек на бременоста .

Директор на курсот :

Riccardo Manfredi , Verona, Italija

Локален организатор:

L.Moulopolis, Atina, Grcija

P.Prassopoulos, Aleksadropoli, Grcija

Место на одржување : Национален униврзитет Атина

Предавачи:

Dr Thierry Metens, PhD , Brisel, Belgija
Dr. Vicente Martinez de Vega ,  Madrid, Spanija
Dr. R. Manfredi, Verona, Italija
Dr. S. Mehrabi, Verona, Italija
Dr. F. Maccioni, Rim, Italija
Dr. B. Hamm, Berlin , Germanija
Dr. K. Kinkel, Zeneva , Svajcarija
Dr. R. Kubik,  Baden, Svajcarija
Dr. M. Müller-Schimpfle, Frankfurt , Germanija
Dr. A. Rockall,London , Anglija
Dr. L. Umutlu , Esen, Germanija

Персонализирана медицина во специјалната болница „Филип Втори“

Горди сме на уште една современа и уникатна услуга во делот на генетското тестирање и индивидуализирана медицина. За панелот на нови молекуларни и гетенстки тестови, коишто целат кон откривање на предиспозиции на разни болести може да се информирате подетално на следнава брошура.

Учество на 14-от Конгрес на Здружението на Физиотерапевти на Република Хрватска

Во периодот од 20.10.2016 до 23.10.2016 под мотото “Физиотерапија – Професија на иднината” се одржа 14тиот Конгрес на Здружението на Физиотерапевти на Република Хрватска (Hrvatski Zbor Fizioterapeuta) со меѓународно учество во Водице – Хрватска. На конгресот присуствуваа околу 230 гости од 10 земји со  70 излагања кои опфаќаа усни презентации, постер презентации, работилници и округла маса.

Физиотерапевтите Блаже Арсов и Никодин Велјаноски од тимот на Специјалната болница  “Филип Втори”, земаа активно учество со усна презентација на следните  теми :

„Physiotherapy protocol to maintain mobility at patients with intra aortic balloon pump (IABP) before and after intraoperative cardiac surgery – our expirience”, (Дипл.ФТ.Блаже Арсов)

„Fast-track протокол за физиотерапија по имплантација на тотална ендопротеза на колк кај пациенти со коморбидитети – наше искуство”. (Спец ФТ.Никодин Велјаноски)

Од големиот број на усни излагања на конгресот  организацискиот одбор на хрватскиот збор на физиотерапевти, ја издвои и прогласи презентацијата на Никодин Велјаноски  за „Најдобра усна презентација”, колегата Блаже Арсов втора година по ред учествува во работното претседателство на конгресите на ХЗФ  во сесијата на клиничка физиотерапија.

Специјалната болница "Филип Втори" доби лиценца за генетската лабораторија

Специјалната болница “Филп Втори” доби лиценца за генетската лабораторија, каде што на сите пациентите ќе им биде овозможено генетското тестирање во функција на подобра дијагностика и лекување на болеста.

Преку генетски анализи ќе се откриваат и лекуваат многу среиозни болести, ќе се зајакне превенцијата, а на младата популација ќе и се овозможи исхрана според генот, но и спортување според генот

Со овие анализи ќе се овозможи откривање на повеќе болести меѓу кои и предиспозиции за развивање на срцеви болести, предиспозиции кон коагулопатии кај бремени жени, при хормонска терапија и ин витро оплодување, како и откривање на предиспозиции кон дебелеење и препорака за начин на исхрана.

Во генетската лабораторија ќе може да се открие и реакција на несакани дејства на лекови, а ќе се прават И тестови за персонализирана терапија на рак и наследност на рак, но и првпат во земјава ќе има и секвенционирање на цел геном и цел егзом

Ќе има можност да се откријат генетски болести кај плод по десеттата недела од бременост со неинванзивни методи, односно со земање на крв од мајката.

Исто така ќе се детектираат и инфективните болести – ХИВ, хепатитис Ц и Б, ХПВ, сексуално преносливи болести…

Како што појасни д-р Жан Митрев, генетскиот инженеринг и генетските достигнувања што се присутни во светот сега се достапни при дијагностицирање во Филип Втори, при што болницата станува една од ретките во Европа што тоа им го овозможува на пациентите.

– Нашиот пациентот анализите може да ги добие уште истиот ден, а се овозможува тие да бидат достапни и финасиски. Докторите врз основа на овие анализи понатаму ќе го следат пациентот и го упатуваат ако треба на додатна дијагностика и додатна терапија -појасни д-р Митрев и дополни дека со овие анализи ќе може да се утврди дали пациентите се осетливи на одредени лекови кои што се есенцијални за нивната терапија.

Според него тоа е многу значајно во тумор дијагностиката, оти на база на генетските испитување ќе може однапред да се знае за какви предиспозиции и мутации може да дојде, тогаш се оди во целна дијагностика и превенциите што можат да се направат за заштита од одредена болест

Лабораторијата е достапна и за здрави луѓе, особено за деца, бидејќи според генетските предиспозиции може да се направи листа на исхраната.

– Така може да се знае за нивниот организам која е најповолна храна. Со тоа сите штетни диети ќе можат да се избегнат и да се дојде до здрав пристап во исхраната кај секој поединец-вели д-р Митрев и нагласи дека за спортистите и здравите луѓе може да се одреди дали им одговара спортот кој го избрал или да добие препорака кој спорт на неговиот организам и мускулатора му одговара.

На ваков начин класичната дијагностика се надградува со сите предиспозииции што генетски ги носи пациентот со себе.

Цените ќе бидат достапни и според пакетот приспособени од 100 до 300 евра, но може и повеќе во зависност од опсежноста на испитувањето.

Доктор Митрев посочи дека е подготвен да разговара со Фондот за здравствено осигурување и да понуди услуги кои што се неопходни за успешното лекување и превентива.

Според д-р Митрев, овие анализи имаат примена и кај жените што сакаат да бидат мајки, за да се утврди склоноста кон микроемболии, бидејќи тие се главната причина за спонтаните абортуси.

Од “Биоинженеринг” велат дека персонализирана медицина е присутна во светот, а во моментов едно од наинтересните тестирања е персонализираната генетика и првпат во земјава ќе се прави секвенционирање на целиот геном.

Тие посочуваат дека има преговори со осигурителните компании кои подготвуваат здравствено и животно осигурување дел од анализите да бидат покриени од нивна страна.

Со овие аналижи ќе се намалат и трошоците за превентивна медицина бидејќи може да се превенираат повеќе болести како што е ракот на дебело црево.