Кардиоген шок настанат при акутен коронарен синдром – приказ на случај

Кардиоген шок претставува состојба на неадекватна ткивна перфузија поради срцева дисфункција. Шокот е најчеста причина за смртност кај хоспитализираните пациенти со акутен миокарден инфаркт а смртноста обично е од 50 – 80%. Брзото препознавање и превземање на соодветни мерки, кај пацеинтите со кардиоген шок, го подобрува раниот и касниот исход. Според последните испитувања инциденцата на кардиогениот шк изнесува 5-10% кај пациентите со миокарден инфаркт. Најчеста причина за кардиоген шок е екстензивен миокарден инфаркт, иако може да се појави и при помал инфаркт кај пациенти со претходно компромитирана левокоморна функција.

Шокот кој настанува може да е резултат од есктензијата на инфарктот, реоклузија на претходно инфарцирана артерија, или декомпензација на миокардната функција во неинфарцираната зона поради метаболни абнормалности. Од особена важност е фактот дека големите зони на нефункционален но вијабилен миокард може да влијаaт на развојот на кардиогениот шок кај пациенти после миокарден инфаркт.

Кардиогениот шок може да биде предизвикан и од механички компликации- како што се акутна митрална регургитација, руптура на интервентрикуларен септум, руптура на слободниот ѕид  или пак голем инфаркт на десната комора.  Другите причини на кардиогениот шок опфакаат миокардит, терминален стадиум на кардиомиопатија, миокардна контузија, септичен шок со тешка миокардна депресија, миокардна дисфункција после пролонгиран кардиопулмонален бајпас, валвуларна срцева слабост, и хипертрофична обструктивна кардиомиопатија.

Прикажуваме случај на навремено интервенирање при состојба на кардиоген шок предизвикана од преден енстензивен миокарден ифаркт кај Ф.А -53 годишен пациент. Пациентот беше донесен со возило на итна медицинска помош во лошна општа состојба со јака стеглива градна болка, гушење кои започнале неколку часа пред прием,  намален крвен притисок и јасни ЕКГ знаци за преден миокарден инфаркт – елевации во антериорните одводи и проширување на QRS комплексот. Ехокардиографскиот предглед покажа акутно намалена ежекциона фракција и прогресивна намалена подвижност на предиот срцев ѕид како и на срцевата преграда. На пациентот му беа направени лабораториски иследувања за состојбата на срцевите маркери чии резултати беа повеќепати зголемени над референтната вредност.

Пациентот веднаш беше припремен за коронарна агиографија при која се откри акутно запушување на левата предна артерија на срцето (слика 1) и се пристапи кон стентирање со претходна балон дилатација на запушената артерија. (слика 2)

Имплантираниот стент е од новата генерација – DES стентови кои се обложени со медикаменти и имаат подобар долгорочен исход. Во текот на интервенцијата беше поставен на антиагрегациона терапија и привремено му беше имлантирана интрааортна балон пумпа со цел да се зголеми снабеноста со крв на срцето и на организмот.  По интевенцијата беше пренесен на одделот за интензивна нега за понатамошно следење на виталните функции и примање на соодвента терапија за стабилизација на состојбата. Пациентот беше отпуштен дома по престој од само 6 дена во добра кардијална и општа состобја.

Перкутано затворање на поголем перзистентен дуктус артериозус – приказ на случај

Перзистентен артериски канал или перзистентен дуктуд артериозус (ПДА) е вид на вродена срцева мана при која постои комуникација меѓу градната аорта и пулмоналната артерија. Овој канал е важен за циркулација на плодот пред раѓање и обично се затвора во првите 12-24 часа од животот. Каналот се затвора од контрахираната мазна мускулатура на средниот слој од крвните садови, со што првично функционално се затвора, а потоа настанува и дефинитивно затворање и негово претворање во артериски лигамент. Доколку не настане контрахирање по раѓањето каналот останува постојано отворен. Појавата на ПДА е некаде 1/ 2000 живородени деца и сочинува околу 6-11% од сите вродени срцеви мани и тоа почесто кај недоносени. Формата на дефектот варира, но најчесто аортниот крај е поширок и се стеснува кон пулмоналниот крај. Поради комуникацијата, крв богата со кислород од аортата преминува преку пулмоналната артерија во белите дробови кои стануваат оптеретени поради дополнителниот волумен на крв. Оваа состојба може да не дава никакви знаци и симптоми но најчесто се забележуваат: чести респираторни инфекции, забрзана срцева работа, отежнато дишење, срцев шум, зголемување на левата срцева комора како и цијаноза на нозете. Кај поголемите канали во детската популација најизразен знак се честите респираторни инфекции, отежнато дишење, срцев шум и потење при доење. Од првиот обид за интервентно затворање на ПДА во 1967 овој начин на решавање е метод на избор.

Прикажуваме случај на интервентно затворање на поголем ПДА кај И.Б – дете на 14 годишна возраст, кај кое е слушнат шум кај матичен лекар. Забрзано дишење и замор при умерен физички напор. По претходно направената кардиолошка проценка ехокардиографски се виде поголем ПДА со умерен хемодинамски одраз на лево-десен шант кој врши волуменско оптеретување на левата комора и на белодробната циркулација.

Детето беше закажано за перкутано затворање на каналот со прерипроцедуално трансторакално ехо – ТТЕ под услови на краткотрајна општа анестезија. Формата на каналот беше конусна со димензии од ангиографското мерење 8х10 мм. Прво се направи аортографија на која беше точно визуелизирана комуникацијата. (слика бр. 1)

Преку феморалната вена- десна предкомора и десна комора- и преку каналот- во аортата беше позициониран долгиот катетер а потоа преку него беше затворен каналот со ПДА оклудер (протеза) од 8х10мм. (слика бр. 2)

Контролната ангиографија покажа комплетно отсуство на проток низ комуникациониот канал. (слика бр. 3)

Детето на контролен преглед беше со субјективно, подобрена општа состојба и со уреден ехокардиографски наод, без шант.

При овие состојби од особена важност е навременото затворање на големите ПДА, со што се спречува појава на понатамошни компликации.

Бројот на досега направените интервенции на вродените срцеви маани преку нога кај деца и возрасни, во Филип Втори од 2003 година до денес е е поголем од 450 пациенти, при што на затварање на ПДА отпаѓаат околу 50-тина интервенции.

Параолимписки игри, Рио- Бразил 2016 год

На 26.08.2016 година во Агенцијата за млади и спорт на Р. Македонија се одржа прес конференција по повод заминувањето на параолимписката репрезентација на Р. Македонија на Параолимписките игри во Рио- Бразил 2016 година. Во присуство на директорот на агенцијата за млади и спорт г-дин Марјан Спасески и членовите на параолимписката репрезентација на Р. Македонија, македонските претставници Оливера Наковска Бикова и Ванчо Каранфилов, селекторот и тренер Бранимир Јовановски, техничкиот секретар Драган Дојчиновски, доктор на репрезентацијата Др. Елвис Алексовски и помошен тренер Александар Келешов, се искажа благодарност до Агенцијата за млади и спорт, Министерството за труд и социјална работа и Владата на Р. Македонија и неколкуте приватни спонзори меѓу кои и специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” и веледрогеријата “Фила Фарм”. Беше нагласено дека целта на нашите натпреварувачи е влез во финале, а влезот во финале дозволува борба и за медал.

По завршување на прес конференцијата, натпреварувачите Оливера Наковска Бикова и Ванчо Каранфилов беа донесени во ПЗУ Филип Втори, каде им беа извршени комплетни систематски лекарски прегледи и лабораториски испитувања. Приемот и организацијата на прегледите беа спроведени од медицинскиот директор др. Тања Анѓушева- супспецијалист кардиолог, а прегледите ги извршија др. Иван Милев- супспецијалист кардиолог, др. Шпенд Идризи- супспецијалист кардиолог и дипл. инженер по биохемија Александра Црвенпанова. Со ова уште еднаш се потврди високо професионалната, хуманистичка ориентација на специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” и на Академик Др. Жан Митрев кој со големо задоволство се приклучи во логистиката на параолимписката репрезентација на Р. Македонија.

Среќно и Ви посакуваме остварување на една голема Ваша победа, победа на која сите ќе се радуваме, победа за Македонија!

Поставен нов рекорд во транспортот на критично болни пациенти

Во вторникот на 23.08.2016 година, тимот на специјалната болница Филип Втори постави своевиден нов рекорд во транспортот на критично болни пациенти, транспортирајќи пациент со политраума на релација Скопје-Удине (Италија) на растојание од 1102 км. Во транспортот на пациентот учествуваа Д-р Илија Нешковски- специјалист интернист, Весна Наумоска-  медицинска сестра -анестетичар и Слободан Јордановски- возач.

Благодарение на највисокото ниво на опременост на амбулантното возило на специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори” и обученоста на  медицинскиот персонал беше изведен транспорт на пациент со политраума, фрактура на двете подлактици и компресивна фрактура на дванаесетиот торакален пршлен. Транспортот помина во најдобар ред  и пациентот беше предаден на колегите во болницата во Удине (Oespidale civile-Udine) во добра општа состојба. Иако е ова рекордно растојание, не е прв пат тимот на Филип Втори да реализира транспорт на критично болни пациенти на големи дистанци. Имено, ваков транспорт на критично болен пациент беше реализиран и минатата година на релација Скопје-Загреб.

Летна школа за третман на рани

Во период од 25- 29.07.2016 во организација на Медицински Универзитет во Грац Австрија под покровителство на Ломан и Раушер, се одржа меѓународна летна школа за современ третман на рани .

На летната школа присуствуваа околу 25 претставници од Русија, Турција, Саудиска Арабија, Иран, Филипини, Хрватска, Србија , како и Др. Еди Стерјо како претставник од Македонија како дел од тимот на Др.Жан Митрев.
Целта на летната школа е обезбедување на едукација како и стандарди за правилен третман и грижа за раните.
Во склоп на летната школа се одржаа  секојдневни предавања со приказ на случаи за третман на хронични рани како и работилници за примена на вакум терапија во третман на истите.
Од научните предавања беа опфатени неколку категории поврзани со менаџмент при третман на рани и тоа :

Физиологија на заздравување на рана
Проценка на хронични и акутни рани како и документирање на истите
Стандарди за третман на рани
Хируршки и нехируршки третман на рани.
Примена на негативен притисок во третман на рани
Третман на изгореници

Организатори на летната школа за современ третман на рани беа :
Prof. Lars-Peter Kamolz M.D. M.Sc,   од Клиниката за пластична и реконструктивна хирургија при Медицински Универзитет Грац
Prof. Erwin Petek M.D., Ph.D. од Институтот за хумана генетика при Универзитетот во Грац

Предавачи во скоп на летната школа :
Prof. Barbara Binder M.D.
Prof. Lars-Peter Kamolz M.D., M.Sc.
Prof. Erwin Petek M.D., Ph.D.
Maurice Tomka, M.D.
Prof. Michael Schintler M.D

По завршувањето на летната школа секој од кандидатите доби домашна задача за третирање и документирање на 3 хронични рани, како и полагање тестови на интернет.
По успешно комплетирање на домашната задача како и успешно совладаниот тест, секој кандидат треба да добие сертификат во оригинал кој ќе биде пратен по пошта.
Со самото присуство на летната школа исто така секој од кандидате се здоби со отпочнување на МАSTERS студии кои постои можност да се продолжат во наредниот период со повторно гостување на школите кои Медицинскиот Унуверзитет ги организира.

Успешно лекувана масивна белодробна тромбемболија

Во специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ е примен маж на 47 годишна возраст поради губиток на свеста и гушење во утринските часови. Две недели претходно се жалел на болки во десната нога, на кои необрнал внимание. Поради ехокардиографско сомнение за белодробна тромбемболија, направена е итна компјутерска томографија, каде се визуелизира масивна белодробна емболија со гранично дилатирани десно срцеви кавитети (слика 1).  Вклучена е тромболиза со Алтеплаза по протокол за белодробна тромбемболија. После завршување на тромболитичната терапија, продолжено е со антикоагулантна терапија. Поради болките во десната нога направен е Доплер на вени, кој е со наод за тромб во организација на десна поплитеална вена. Контролната 256-МСКТ пулмонална ангиографија е со наод за значителна регресија на белодробната тромбемболија (слика бр. 2). Пациентот беше отпуштен од болница во добра здравствена состојба, десет дена после приемот во болница.

Слика број 1:

Белодробна емболија пред тромболиза

Слика број 2:

Состојба после белодробна емболија и тромболиза

Вратена насмевката и сјајот во очите на малото девојче од Судан

Пет годишно девојче со невролошки испади на левата нога е дојдено во нашата болница од Република Судан, Африка.  Пред 2,5 години кај девојчето  се појавил отежнат од на левата нога. Испитувано било во повеќе болници во различни држави. Притоа биле направени многу испитувања. Дијагноза не била поставена.

Во потрага по дијагноза и терапија за својата ќерка, родителите на девојчето одлучиле да го доверат здравјето на својата ќерка на тимот на д-р Жан Митрев.

Кај пациентката беа направени невролошки, ортопедски и кардиолошки испитувања. Направен беше 256-МСКТ на глава. Според невролошките испитувања се постави сомнение за едно многу ретко заболување. За потврда на дијагнозата земена е крв за генетски и лабораториски анализи. Лабораториските анализи го потврдија нашето сомнение.

Бидејќи е ова ретко и недоволно испитано заболување, вклучена е терапија со хипероксигенација.

Поставувањето дијагноза, како и вратениот апетит, насмевка и сјај во очите на малото девојче се причина за големата благодарност на родителите кон тимот на Филип Втори предводени од акад. Д-р Жан Митрев.

ЛЕТЕН КАМП “МОЕТО СРЦЕ ВО СИТЕ БОИ”

И оваа година, од 3-ти до 8-ми август се одржа шестиот по ред Летен камп “Моето срце во сите бои” на кој што учествуваа деца кои во ФИЛИП ВТОРИ имале интервенции или операции на срце заедно со нивните родители. Кампот се одржа во заедничка соработка со Црвениот крст на град Скопје во прекраснот амбиент на одмаралиштето Солферино во Струга.

Низ опуштени, кративни работилници волонтерите на Црвениот крст во координација со тимот на психолози од Филип Втори заедно со децата создадоа весела и разиграна атмосфера од што произлегоа прекрасни ликовни творби, но и повеќе од тоа. Овие работилници им овозможија на децата да креираат нови прекрасни пријателства, да добијат поддршка и да ги истражат нивните потенцијали. Од овој камп произле и можност за идни другарувања.

Низ структурирана групна работа, психолозите од ФИЛИП ВТОРИ Фросина Ристовска и Илија Дојчиновски, со родителите обработија теми од посебен интерес за нив како што се мапирање на нивните потреби и родителствувањето. Д-р Дијана Попевски одржа едукативно предавање во кое ги запозна со природата на вродените срцеви маани, а акцент стави на спецификите за унапредување на квалитетот на живот кај нивните деца по интервенциите или ооперативните зафати.

Се надеваме дека и со овој летен камп, ФИЛИП ВТОРИ помогна во рушење на табуата поврзани со вродените срцеви маани и сплоти дел од семејствата кои поминувале низ слична животна приказна. Продолжуваме и понатаму да го трасираме патот кон нови успешни интервенции токму кај најмладите и нивните семејства.