Се што треба да знаете за хипертрофична кардиомиопатија

Кардиомиопатиите претставуваат хетерогена група на заболувања на срцевиот мускул кои што се поврзани со механички, функционални и/или електрични абнормалности кои обично доведуваат до развој на несоодветна коморна хипертрофија или дилатација. Настануваат како резултат на повеќе причини, меѓу кои генетстката предиспозиција е најчесто застапена. Кардиомиопатиите можат да бидат заболувања кои стриктно го зафаќаат само срцето или пак може да се дел од генерализирано системско заболување, кое често доведува до кардиоваскуларна смрт или просгресивна срцева слабост со нарушен квалитет на живот. Во оваа голема група на заболувања спаѓа хипертрофичната кардиомиопатија.

Што е хипертрофична кардиомиопатија и зошто настанува?

Хипертрофичната кардиомиопатија претставува состојба при која постои зголемена задебеленост (хипертрофија) на левата комора со димензии на меѓукоморната прегерада над 15mm, без конкретна и јасна причина. Со други зборови, хипертрофијата не се должи на артериска хипертензија или аортна стеноза. Карактеристично е тоа што хипертрофијата е асиметрична, левата комора има мала шуплина, постои зголемен притисочен градиент помеѓу левата комора и нејзиниот излезен дел и срцевото мускулно ткиво има дамчест изглед. Болеста настанува како резултат на мутации на гените што ги кодираат срцевите саркомерни протеини. При тоа, најчесто е инволвиран тешкиот ланец на бета-миозинот.

Зошто е важно ова срцево заболување да биде навремено дијагностицирано?

Дијагностицирањето на оваа состојба навреме има исклучително значење, заради тоа што истата е поврзана со ризик од ненадејна срцева смрт. Хипертрофичната кардиомиопатија е водечка причина за ненадејна срцева смрт кај спортистите (46%)! Кај над 50% од случаите се наследува автозомно-доминантно, што значи од родителот на детето со ризик до 50%. Поради тоа, се препорачува генетско советување за пациентот и фамилијарните членови од прво колено.

Како се манифестира?

Клиничката манифестација на болеста варира. Пациентот може со години да нема симптоми, а доколку има, истите да се неспецифични (отежнато дишење, замор, градна болка, несвестица, срцебиење), се додека не се докаже нивната поврзаност со состојбата.

Како се дијагностицира?

Во дијагностиката на оваа состојба основно се применува електрокардиографијата (ЕКГ) и ехокардиографијата која што е всушност и главна (најчеста) дијагностичка метода преку која се докажува болеста. Дополнително доаѓа во предвид и примената на 24-48ч Холтер мониторинг на ритамот на срцето, стрес ехокардиографијата и срцевата магнетна резонанса.

Како се класифицира болеста?

Хипертрофичната кардиомиопатија има две главни форми:

  • Опструктивна (1 – на ниво на излезниот дел од левата комора или 2- во средниот дел на комората)
  • Не-опструктивна (1- асиметрична или 2 – апикална – која го зафаќа само врвот на срцевиот мускул).

Каков третман може да се примени?

Третманот може да биде:

  • медикаментозен (Бета-блокаторите се лекови од избор за пациентите со симптоми, иако се применуваат повеќе медикаменти, секогаш кога е потребно).
  • оперативен (септална миектомија или Morrow-ова процедура).
  • интервентен (септална алкохолна аблација).

Кои дополнителни мерки може да се применат?

При ризик од ненадејна срцева смрт, кога се земаат во предвид повеќе клинички и дијагностички параметри, се поставува дивајс – имплантибилен кардиовертер дефибрилатор (ICD). Истиот безбедно и ефикасно спречува ненадејна срцева смрт кај пациентите со зголемен ризик за коморни аритмии.

Совети за пациентот

Повеќето пациенти со оваа болест имаат нормален и продуктивен животен век, додека мал број од нив ќе имаат значајни симптоми и ризик од компликации.
Пациентите треба да избегнуваат компетитивни спортски активности, но би требало да одржуваат здрав начин на живот. Зависно од симптомите и ризикот од компликациите, може да применуваат одреден степен на рекреативни спортови.
Од голема важност е овие пациенти да одржуваат здрав индекс на телесна маса (BMI), да избегнуваат дехидратација, цигари и алкохол, особено при опструкција на левокоморниот излезен дел.
Пациентите треба да избегнуваат ФДЕ-5 инхибитори заради вазодилатација и живото-загрозувачка хипотензија.
Повеќето од пациентите ќе можат да бидат инволвирани во работен процес. При планирана бременост, секогаш да се обратат на специјалист. Во отсуство на симптоми и ризик фактори, на децата треба да им е овозможено изведување на лесни кон умерени аеробни физички активности во согласност со советите на нивниот кардиолог.

Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура, преговорите за стратешки партнер не завршија со договор

(Скопје, 21.09.2023) – Клиниката Жан Митрев останува со старата сопственичка структура. Завршните преговори за влегување на стратешкиот партнер Холандскиот фонд Balkan Alliance Healthcare не завршија со конечен договор. Остануваме посветени на нашата работа во Клиниката Жан Митрев и развивањето на стандардите во приватното здравството. Нашиот приоритет остануваат нашите пациенти и инвестициите во овој домен нема да се намалат. По 23 години успешно опстојување ја продолжуваме мисијата за воведување повисоки стандарди во здравствените услуги во земјава.

И покрај потешкотиите што ги имаме поради блокираната сметка продолжуваме и понатаму да инвестираме и да се развиваме. Во моментов менаџментот на Клиниката не води преговори со други заинтересирани компании.

8 септември – меѓународен ден на физиотерапевтите

Меѓународниот ден на физиотерапевтите се одбележува од 1996 година кога Светската конфедерација на физиотерапија (WCPT) го назначи 8 септември како светски ден на физиотерапевтите. Овој датум е денот на основање на истата во далечната 1951 година.
Овој ден е можност за физиотерапевтите од целиот свет да ја подигнат свеста за клучниот придонес на професијата која ги одржува луѓето да бидат мобилни и независни. Овој ден се одбележува со единство и солидарност на глобалната физиотерапевтска заедница со цел да се признае делото што го прави секој физиотерапевт за своите пациенти.

Оваа година е особено важна за сите македонски физиотерапевти бидејки и официјално од мај 2023 година Македонското физиотерапевтско здружение е член преставник во светското здружение на физиотерапевти “WORLD PHYSYOTHERAPY” . (светската конфедерација на физиотераепвтите).

За 2023 година светската организација “WORLD PHYSYOTHERAPY” денешниот ден одбра да го посвети на пациентите болни од остеоартритис и проблемите со кои се соочуваат тие.
Материјали за оваа тема прведени на македонски можете да најдете на следниот линк: https://world.physio/…/world-pt-day-2023-information…

Честит професионален празник на сите физиотерапевти во Македонија!
Со цел подигање на свеста за важноста на физиотерапијата за добробитта на луѓето, подготвивме специјални цени на физиотерапевтските услуги за сите пациените кои ќе поминат ортопедски преглед кај нашите ортопеди и ќе добијат препорака за физиотерапија.

  • кинезиотејпинг – 1200 ден
  • кинезитерапија – 1500 ден
  • кинезитерапија со мотомед – 1000 ден
  • кинемат – 2000 ден
  • ФМС (функционална магнетна стимулација) – 1500 ден
  • ласер терапија – 1800 ден

Што е интервентна кардиологија и кога се употребува?

Интервентната кардиологија е медицинска специјалност која се фокусира на дијагноза и третман на кардиоваскуларни болести користејќи минимално инвазивни техники. Интервентните кардиолози се лекари специјализирани во оваа област и се посветени на изведување на перкутани процедури (преку артериите и вените) со цел лекување на различни срцеви заболувања.

Овие процедури обично се прават во посебна просторија за срцева катетеризација позната како ангио сала, каде во реално време се користат рендген и други слики, кои служат за водење на кардиологот за време на постапката.

Болести кои можат да се лекуваат со интервентна кардиологија и електрофизиологија

Некои од кардиоваскуларните болести и состојби кои можат да се третираат преку интервентна кардиологија вклучуваат:

  • Коронарна ангиопластика – се спороведува за проширување на коронарните артерии блокирани од масни наслаги со вметнување катетер со протеза наречена стент – кој го обновува протокот на крв со отпушување на стеснетиот дел.
  • Интервенции на срцевите залистоци – проблемите со срцевите залистоци може да се коригираат преку перкутани процедури, како што е имплантација на аортни залистоци преку катетери, избегнувајќи ја потребата од операција на отворено срце.
  • Затворање на вродени дефекти – некои вродени срцеви маани може да се коригираат со помош на интервентни кардиолошки техники, како што е затворањето на атријални септални дефекти.
  • Третман на аортни аневризми – дел од аортните аневризми може да се третираат со поставување стентови во аортата за да се спречи руптура/пукање.
  • Третман на срцеви аритмии – аблација со катетер е техника која ја спорведува електрофизиолог – специјалист кардиолог, со цел да ги елиминира областите на срцето кои предизвикуваат аритмии или атријална фибрилација.

Во Клиничката болница Жан Митрев се исполнети сите услови за изведување сложени процедури од доменот на интервентната кардиологија. Расолагаме со хибридна операциона сала со највисока технологија која има интегрирани техники за снимање, кои обезбедуваат непречена изведба на сите видови процедури, од минимално инвазивни до оние со максимална кардиоваскуларна сложеност.

Важно е да се запамети дека, иако интервентната кардиологија е многу ефикасна во лекувањето на разни болести, дијагнозата и планот за лекување мора секогаш да се препорачаат и спроведат од медицински тим специјализиран за кардиологија, кој ја проценува конкретната ситуација на секој пациент и ја одредува најдоброта опција за третман.

Во Клиничката болница Жан Митрев ви стои на располагање високо професионален тим кардиолози, достапен за сите ваши проблеми со срцето, кои располага со најнапредната технологија за дијагностицирање и лекување на секој пациент со највисок квалитет и на персонализиран начин.

Закажете ја вашата консултација на 02 3091 484

Ендометриоза – симптоми, дијагностика и третман

Ендометриозата е состојба при која ткивото кое ја обложува внатрешноста на матката, расте надвор од неа. Обично тоа може да се случи во јајниците, јајцеводите, од надворешната страна на матката и карличните органи. Во повеќето случаи, ендометриозата предизвикува силна болка, особено за време на менструалниот циклус.
Бидејќи ткивото што ја обложува внатрешноста на матката се однесува како ендометриум, се распаѓа и крвари со секој менструален циклус, кога нема излез од телото, се заглавува, предизвикувајќи формирање на цисти пределот на јајниците познати како ендометриуми. Околното ткиво може да се иритира и последователно да развие ткиво со лузни и адхезии, што предизвикува слепувње на карличните ткива и органи.

Кои се симптомите?

Меѓу најчестите симптоми се:

  • Болни циклуси (дисменореа): Болка во карлицата, грчеви, а понекогаш и болки во долниот дел на грбот и стомакот кои обично се јавуваат за време на менструалниот период. Сепак, тие понекогаш можат да започнат пред или да продолжат неколку дена по неговото завршување.
  • Прекумерно крварење: Жените со ендометриоза обично имаат обилни менструални периоди, а понекогаш и крварат помеѓу менструациите (пробивно крварење).
  • Болка при дефекација или мокрење
  • Болка за време или после сексуален однос
  • Замор или недостаток на енергија
  • Гастроинтестинални или дигестивни симптоми
  • Неплодност: присутна кај околу 30-40% од жените со ендометриоза.

Кои се факторите на ризик?

Вообичаени фактори кои можат да го зголемат ризикот од ендометриоза се:

  • Немање деца (доколку не сте родиле деца)
  • Доколку имате член во семејството со ендометриоза
  • Доколку менструален циклус сте го добиле пред 11 годишна возраст
  • Имате кратки менструални циклуси
  • Имате тешки менструални циклуси, кои траат повеќе од 7 дена

Како се дијагностицира ендометриозата?

-Ултразвукот е основната техника со која првично се дијагностицира ендометриоза. Сликата е релативно типична: цисти на јајниците со специфичен изглед.

-Тестови на крвта, кои может да се направат по основано сомнение за присуство на ендометриоза. Вообичаено се тестира зголемена вредност на маркерот CA-125. Ова не е тест кој рутински се користи во дијагностичкиот протокол, од проста прчина што иако неодамнешните студии укажуваат на зголемување на овој маркер во крвта кај жени со ендометриоза, сепак не сите жени со ендометриоза страдаат од промени во овој маркер.

-Лапароскопијата е оперативна техника која овозможува да се набљудува внатрешноста на абдоменот. Кај млади пациенти, особено доколку целта е да се запази плодноста, потребно е да се елиминира ендометриозното ткиво со зачувување што е можно повеќе здраво ткиво.

-Кај пациенти на возраст над 45-50 години и постари, најчесто се предлага да се отстранат двата јајници за да се избегне малигна дегенерација.

-Доколку дијагнозата на ендометриоза со ултразвук не е јасна или кога маркерот CA-125 е многу изменет, гинекологот може да побара дополнителни испитувања како што се КТ или МРИ.

На каков начин се третира ендометриозата?

Успехот на неговата контрола лежи во навремена дијагноза, во правилно медицинско-хируршко управување и во ефективен пристап.

  • Лапароскопија, се користи за отстранување на израстоци на ендометриумот.
  • Лапаротомија, која е поопсежна операција се користи при отстранување на целиот ендометриум кој не се наоѓа на своето место.
  • Хистеректомија, која претставува целосно отстранување на матката и евентуално на јајниците е последната опција која се предлага како таква.

Во Клиничката болница Жан Митрев располагаме со тим од високо квалификувани гинеколози кои можат да ги разрешат сите ваши сомнежи и да ве водат во текот на процесот на дијагностицирање и лекување на персонализиран начин.

Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484

13-ти септември – Светски ден на сепса

Секоја година на 13ти септември се одбележува светски ден на СЕПСА. Денот посветен на сепса е наменет за едукација на луѓето за сепса – како животозагрозувачка состојба, за причините за нејзино настанување, кои се симптомите, како се превенира и третира.
Насекаде во светот сепсата останува една од најчестите и најдоцна препознаени состојби која носи огромен број човечки животи.

На годишно ниво од сепса заболуваат 47-50 милиони луѓе, од кои 11 милиони умираат – или еден смртен случај на секои 2.8 секунди.

Сепса е екстремен одговор на имуниот систем на било каква инфекција, која може да доведе до оштетување на органи, шокова состојба, мулти орган дисфункција, а не ретко до смрт.
Сепса е сериозна здравствена состојба која може да биде предизвикана од вирусни, бактериски или фунгални причинители и може да настане кај жуѓе на секоја возраст. Различни видови на инфекција како примарно жариште може да биде причина за настанување на сепса – како што е: уринарна инфекција, пнеумонија, инфекција на кожа, гастроинтестинални инфекции итн.

Оваа состојба е со висока стапка на смртност и се движи од 15-50%, но и многу од оние кои преживеале сепса во текот на животот се соочуваат со сериозни компликации.

Што е ласерска биостимулација?

Ласерската биостимулација, позната како ласерска терапија, користи уреди кои генерираат ласерско зрачење со ниска фреквенција во видливиот инфрацрвен опсег. Моќност на овие зраци е во опсег од 1 до 500 mW. При изведување на биостимулациска ласерска терапија (LLLT), веројатноста за појава на несакани ефекти е многу мала. Третманите се апсолутно безболни, поради што можe да се користат за хронични, субакутни и акутни состојби. Терапијата се спроведува од физиотерапевти специјализирани за терапија на мускулно-скелетниот систем.
За време на постапката на третман, температурата на ткивото се зголемува за помалку од 0,5 степени целзиусови. Ласери кои генерираат зрачење од 500-760 nm во должина се користат за зрачење на ткива лоцирани плитко под кожата, додека кај подлабоко лоцирани болести ткивото се зрачи со 800-950 nm инфрацрвено зрачење.

Параметрите на лекување се приспособени на спецификите на болеста, а ефективноста на третманите зависи од нивното соодветно прилагодување. За различни услови се користат различни бранови должини на зрачење и различни дози на енергија.

Примена на ласерска биостимулација

Кои болести/состојби ги лекува?

Овој безбеден метод има широка примена во физикалната терапија.
Индикации за употреба на ласерска биостимулација се:

  • Дегенеративни промени во зглобовите
  • Дегенеративни промени на ‘рбетот
  • Невралгија
  • Субакутни и хронични состојби на ткивата
  • Субакутни и хронични состојби на зглобовите
  • Декубити и хематоми
  • Латерален епикондилитис
  • Гихт
  • Синдром на карпален тунел
  • Мускулна болка поради повреда
  • Калканеален шилец
  • Фрактури, исчашувања, дислокации
  • Парализа на нервите
  • Рани кои тешко се лекуваат.

Како ласерската биостимулација им помага на пациентите?

Овој тип на ниско-енергетско ласерско зрачење ги има следните бенефити врз ткивото:

  • антиедематозно,
  • антиинфламаторно,
  • подобрување на микроциркулацијата,
  • забрзување на реконструкцијата на ткивото,
  • стимулирање на имунолошките процеси,
  • подобрување на микроциркулацијата,
  • стимулација на ангиогенезата,
  • зголемување на амплитудата на потенцијалите за активност со нервните влакна,
  • зголемување на ензимската активност,
  • промени во потенцијалот на клеточните мембрани,
  • промени во секрецијата на невротрансмитери, хормони и кинини.

На ниво на клетки следува:

  • забрзување на размената на електролити помеѓу ќелијата и околината,
  • зголемување на биолошката активност,
  • анти-мутаген ефект,
  • промени во структурата на течните кристали на биолошките мембрани
  • зголемување на синтезата на колаген, протеини, РНК и АТП.

Покрај тоа, ефектот од користењето на ласерската биостимулација помага и во: зголемување на нивото на ендорфинот, зголемена активност на натриум-калиум пумпа, зголемена синтеза на АТП, ДНК и РНК, поефикасна апсорпција на лимфедемот, зголемена фагоцитоза и ангиогенеза и зголемен број на митохондрии во клетка (побрз клеточен метаболизам). Ласерската биостимулација се користи долги години во физикалната терапија. Овој метод особено се препорачува при тешко заздравувачки рани и за лекување на болка.
Третманите кои ги ползуваат корисните својства на ласерите во моментов се користат, меѓу другото, во дерматологијата, стоматологијата, спортската медицина и козметологијата.

Блаже Арсов
Дипломиран физиотерапевт
Специјалист за рeхабилитација во хирургија,
трауматолигија и ортопедија


Кои се соодветни вежби за мене?

Вежбањето е од суштинско значење за да го зачувате вашето срце и за да живеете здраво. Зошто? Нашите тела се така создадени, потребна е физичка активност, а долгорочната изложеност на седентарен живот реално ни прави проблеми. Недостатокот на физичка активност е главен фактор на ризик за појава на кардиоваскуларни болести.

Кои се препораките?

  • Практикувајте најмалку 150 минути неделно аеробна активност со умерен интензитет или 75 минути неделно силна аеробна активност. Можете да примените и комбинација од двете, по можност распоредени во текот на неделата.
  • Додадете активност со умерен до висок интензитет најмалку 2 дена неделно со цел зајакнување на мускулите (пример: отпор или тегови).
  • Поминувајте помалку време седејќи. Дури и активности со умерен интензитет може да неутрализираат дел од седентарините ризици.
  • Добијте уште поголеми придобивки со тоа што ќе бидете активни најмалку 300 минути (5 часа) неделно.
  • Зголемете ја количината и интензитетот на физичка активност постепено со текот на времето.

Всушност, согласно стандардите за вежбање на Американското здружение за срце од 2013 година – „Вежбањето може да се категоризира како превентивен медицински третман, односно како пилула што треба да се зема речиси на дневна основа“.