Учество на 65-от Европски конгрес за кардиоваскуларна и ендоваскуларна хирургија

На 65-от Европски конгрес за кардиоваскуларна и ендоваскуларна хирургија, кој се одржа во Белград, активно учество земаа и три медицински сестри од Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори”.  Анета Смолиќ со предавање на тема „  Комбинирана – Епидурална (КСЕ) и лесна општа анестезија кај елективни операции на аневризма на инфраренална аорта“ , Мишела Јанковска на тема „ Церебрални компликации во кардиохирургија на интензивна нега“  и Драгана Владичевска на тема „Crush интубација“ . Истите се здобија со сертификати за успешно положен ILS PROVIDER COURSE. На овој  конгрес свои предавања имаа врвни  професори и доктори од: Шведска, Швајцарија, Велика Британија, Бразил, Унгарија, Италија, УСА, Германија, Полска, Бугарија, Србија, Русија и Република Чешка.

„Филип Втори“ во континуирана поддршка на спортот и здравиот начин на живот

Во пресрет на престижниот спортски настан традиционалниот „ Скопски маратон 2016 “ , на дел од маратонците им беа направени комплетни здравствено контроли во Специјалната болница „Филип Втори “. Академик д-р Жан Митрев покрај постојаната помош која им ја дава на болните , со својот став за здравиот начин на живот никогаш не ги заборавил спортистите професионалци, но и рекреативците .

„ Според резултатите од кардиоваскуларните прегледи кои вклучуваа ЕХО, ЕКГ како и стрест тест, маратонците покажаа дека се подготвени да ја истрчаат патеката која бара добра кондициона подготовка  заради должината на истата. Учесниците на маратонот кои денес ги прегледавме се луѓе кои внимаваат на своето здравје преку практикување на секојдневната физичка активност и  здравиот начин на живот, без оглед на нивната возраст. Во тој правец треба да размислуваме сите“. Ова го изјави д-р Планинка Зафирова специјалист интернист која беше ангажирана околу прегледите. Иницијативата и изборот на овие маратонци е од страна на агенцијата „ КМГ Спорт“  и брендот „Бауерфаинд“,  според најсилната мотивациска приказна која тие ја раскажаа како причина за учество на утрешниот маратон.

„Филип Втори“ како општествено одговорна компанија ( за што минатата година доби и признание од Националното Координативно тело за општествена одговорност на претпријатијата и Министерството за економија) континуирано дава свој придонес во промоција и примена на здравиот начин на живот кој треба да биде императив за целата нација. Скопскиот маратон е од меѓународен карактер и е во организација на Сојузот на спортови на град Скопје. Од 2008 година патеката по која се трча има сертификат од Асоцијацијата за маратони и улучни трки со што се признаваат сите резултати и рекорди. Се оранизираат неколку трки во кои се вклучени учесници од различни генерации. Тимот на д-р Жан Митрев им посакува среќа на сите учесницина на оваа најмасовна спортска манифестација во Р. Македонија.

„ Со најголеми букви напишете БЛАГОДАРАМ , исклучителната стручност на овие лекари не спаси , живи сме, ние сме сведоци што значи преглед кај вистински професионалци “

Во ист ден примени во ист ден пуштeни од болница , цимери 23 дена на одделот за интензивна нега , во не така лесен дел од животот. Миле Величковски 69 годишен кумановец и 34 годишниот Александар Костески од Кичево. Тие се дел од многуте наши пациенти кои со нивните приказни од животот само потврдуваат што значи навремен преглед и правилна дијагноза. Прв ни раскажува чичко Миле од солзи не може да зборува , но продолжува… „ Дојдов овде на преглед не знаев дека сум имал опасна болест. Истиот ден неколку часа пред прегледот во разговор со соседот се прашував дали да дојдам на лекар или да не си трошам време заради еден засилен секерт т.н шлајм од нос и грло, кој го имав подолг период. Сестра ми беше упорна , инсистираше да заминам на преглед. Реков ќе ја послушам , пред тоа си бев во маркет си испазарив, се натоварив , но не чуствував ништо необично. Кога ме прегледа д-р Анѓушева имаше што да види, по ехо наодот , веднаш ме упрати на коронарографија, резултатите од неа покажаа огромно оштетување на митралната валвула , она што итно следуваше беше операција. Бев зачуден од наодот, да јас не играв фудбал пред да дојдам овде , но немав никакви симптоми ништо, а колку ми била сериозна ситуацијата , повеќе од критична. Секојдневно пешачев по 5 км никаков замор не сум почувствувал, ниту болка, потешкотија ништо. Најлошо е кога човек не чуствува ништо, а срцевите болести се такви, зли,сокриени, подли само ќе те урне и толку. Исклучителната стручност на овие лекари ме остави во живот, да не си ја знаеа работата одамна ќе бев на оној свет. После операцијата морам да ја истакнам максималната нега на сите сестри и доктори овде, на целокупниот персонал. Никогаш во живот никој не ми посветил не ми дал толкава нега . И сето тао внимание покрај навремената дијагноза и операција ми даде уште поголема поддршка, мислам дека тоа придонесе многу побрзо да закрепнам. Најголема благодарност до овие луѓе, овие спасители, врвни стручњаци . Ако чекав на редовен термин во болница никогаш не ќе дочекав , ќе бев мртов “, низ солзи ни раскажува Радичковски. Александар за разлика од чичко Миле почуствувал болки… „ Сите дома прележаа и грип и вируси, не само домашните, туку и од пошироката фамилија, само јас останав негибнат. Вечерта , ден пред да дојдам овде добив напад на бубрег, не знам , ме однесоа во болница во Кичево ми дадоа некоја инфузија, болките престанаа и заминав дома. Половина час спиев, па се разбудив со нови болки, силни стегања во градите , потешпкотии во дишењето . Со возило на брза помош ме пренесоа од Кичево во Окрид во кардиоваскуларниот завод , таму престојував едно 12 часа, првично ми ги смирија болките и ми посочија за проблемот. Побарав да дојдам тука, затоа што во 2003 овде сум правен операција на срцето, а причина за мојата моментална состојба како што ми кажаа била бактериска зараза на срцето . Кога ме примија во „Филип Втори“ многу убаво ми ги објаснија сите солуции кои можат да се применат да се надмине таа состојба. Ми соопштија дека може да дојде и до интревенција, или операц ија заради присутноста на таа бактерија . Но благодарение на брзата и правилна реакција и третман на лекарите не отидов под нож. После три недели си одам дома. Успеав да спасам само со редовна терапија која ми ја даваа , со лекарства , со антибиотици. Мислам дека друштвото на чичко Миле и на уште еден пациент овде во собава ми помогна да поминам добро и побрзо да излезам од кризата. Јас сум во принцип позитивен човек и во најтемното гледам светлина. Презадоволен сум презадоволен од односот на персоналот.“ И додека Александар раскажува, чичко Миле од својот кревет додава „Ве молам таму со најголеми букви напишете БЛАГОДАРАМ „

Отворен оглас

ПЗУ Специјална болница по хируршки болести “Филип Втори” Скопје, има потреба од вработување на следниве профили:

1. Лекар специјалист кардиолог
2. Лекар специјалист интернист
3. Лекар специјалист гастроентеролог
4. Лекар специјалист уролог
5. Лекар специјалист по трудова медицина
6. Лекар специјалист по медицинска генетика
7. Магационер
8. Болничар
9. Mедицинска сестра
10. Aдминистратор
11. Готвач
12. Келнер
13. Хигиеничар
14. Шофер
15. Правник
16. Сервисер на медицинска опрема

Заинтересираните лица да поднесат CV лично до организаторот на Болницата или на e- маил info@filipvtori.com

Здружениеото на медицински сестри за интензивна нега од Македонија стана дел од Европската федерација на сестрински асоцијации за интензивна нега

Здружението на медицински сестри за интензивна нега од Македонија, стана рамноправна членка на EfCCNa – Европска федерација на сестрински асоцијации за интензивна нега, кој неодамна се  одржа во Париз.

Бројните активности на сестрите од Здружението на интернационалните сестрински собири , беа забележани од страна на долгогодишните членки на Федерацијата по чија  иницијатива беше пополнета апликацијата за членство.  Во EfCCNa  рамноправно членуваат 27 земји.

Претставникот од  Македонија  во оваа федерација, Жанета Богоевска – Митева, дипл.мед сестра, специјализирана за интензивна нега и лекување, одговорна на одделот за интензивна нега и лекување во „  Филип Втори“ , непосредно по приемот на здружението во федерацијата го изјави следното:

„ Ова е голем чекор за нас , драго ми е што нашето здружение стана дел од Европската федерација на сестрински асоцијации за интензивна нега. Очекувам  афирмација на сестрите за интензивна нега од Македонија на европско ниво, преку нивно поактивно учество на сите позначајни меѓународни сестрински собири се со цел издигнување на сестринската професија во Македонија на заслуженото ниво. Исто така тоа учество ќе понуди и можност за  превземање на иницијатива за научно-истражувачка дејност, размена на искуства со другите земји членки на Федерацијата, неминовни промени во образовниот систем и активно учество во истиот“ .

Здружението на медицински сестри за интензивна нега е отворено за сите професионални истомисленици.

Одликување, плакета и призание за д-р Жан Митрев од МИТ Универзитетот

Ректорот на МИТ Универзитетот од Скопје професор д-р Маријан Стевановски му врачи признание на Академик д-р Жан Митрев  за посебни заслуги во развојот на кардиохирургијата во Република Македонија ,  лидерство и менаџирање во здравството, наметнување нови вредности и стандарди во медицината и здравствениот сектор  и хуманизам и борба за секој човечки живот.

Покрај ова признание д-р Митрев доби и одликување и плакета ,како што истакна ректорот,  во име на досегашната и идната соработка на овие две институции.

„ Навистина сум пријатно изненаден , вообичаено не сум научен на толку признанија, многу повеќе на сопки и слични работи, но така е во животот. Треба да се изборите за она што сакате да го работите. Ќе има  сопки и лакти и ќе сакаат на некој начин да Ви попречат додека одите по патот кој сте го избрале како вистински. Секој од Вас ја има истата можност како и јас, само прашање е колку ќе се заложите за нешто, колку тоа го сакате и колку енергија ќе посветите додека работите во остварување на Вашата цел. Што и да Ви пренесуваат  професорите, на што и да Ве учат,  Вие имате во Вас нешто внатрешно,  кое Ви кажува што треба да правите во животот. Ви благодарам уште еднаш за овие признанија и каде што можеме да помогнеме во науката , едукацијата , во практичните работи ,  Ви стоиме на располагање“, изјави д-р Митрев по доделувањето на одликувањата.

Ова не е прва награда за д-р Митрев од страна на МИТ Универзитетот , пред две години тој беше прогласен за почесен  доктор на науки од областа на медицината и на здравството.

Медицинскиот директор на болницата д-р Тања Анѓушева ,на педесетината студенти од  повеќето факултети на МИТ Универзитетот и нивните професори, преку кратка едукативна прошетка им  ја претстави болницата.

Во салата за аудиториум  на гостите им беше прикажан и 15 минутниот документарен филм кој ги опфаќа најважните датуми и настани  од 16 годишното постоење на специјалната болница „Филип Втори“.  Како што изјавија гостите од МИТ Универзитетот тие се задоволни и импресионирани од она што го видоа во болницата,  потенцирајќи дека постојат многу заеднички полиња на соработката со д-р Жан Митрев и неговиот тим.

Во посета на ОУ " Владо Тасевски ”

По покана на наставничка Татјана Јанкуловска од ОУ,,Владо Тасевски” – Карпош, сестра Снежана Блажевска инструментрка беше поканета како дел од наставата по предметот природни науки за IV-одделение. Најзината посета беше во улога на родител-наставник на тема ,,Срцев мускул”.  Дел од активностите се состоеа и во обработка на  едукативната боенка на болницата “ Филип Втори “ насловена ,,Моето срце во сите бои”.

Учениците беа запознаени со анатомија на срце, вродени срцеви маани и заболувања на срце како и нивно хируршко решавање. Воедно беа информирани и  за огромната хуманост на д-р Жан Митрев за помош на сите деца во Македонија и пошироко.

Учениците упатија и едукативни пораки за ,,Негување на здрав и квалитетен живот”

Секогаш кога можеш погали го твоето срце, тоа можеш да го направиш со твоето раче. Подари му добра и охрабрувачка  мисла – Нека вашите срца бидат исполнети со љубов.

Огромна Благодарност до наставничката Татјана Јанкуловска и Директорка Даскалова на ОУ Владо Тасевски за нивната покана. Соработката продолжува.

„Убаво е повторно да се родиш“ со овие зборови првиот опериран пациент во новата болница „Филип Втори“ си замина дома

Среќен, задоволен, бескрајно благодарен,  таков сум во моментов со овој мој нов живот. Сите најубави зборови на светот ги упатувам до д-р Жан Митрев , човекот кој ми го спаси животот“ .

Со оваа порака првиот опериран пациент во новата болница ја напушти болничката соба бр 2 . Непосредно пред неговото заминување ни го раскажа и следното:

„ Милиони километри поминав низ Европа со мојот камион. Не сум имал некои посериозни здравствени проблеми. Никакви симптоми или непозната состојба на организмот која би укажувала дека нешто се случува со мене, се до 3-ти април денот кога од болка ми беше отежнато дишењето, незапирливо стегање во градите. Веднаш ме однесоа во болница. Ми направија снимање од кое констатираа дека имам инфарктна состојба која тие не можат да ја решат со поставување на стентови, туку спас ми се само бајпасни премостувања .

Ми дадоа можност да одбирам помеѓу три здравствени установи , една од нив беше и „Филип Втори“. Не размислував ни секунда. Затоа што првата асоцијација за срце секогаш ми беше д-р Жан Митрев и оваа болница. Денеска ми е 13 -ти ден од кога сум овде си ги чекам сопругата и децата и си одам дома. Имав и тешки денови,посебно оние првите од моето хоспитализирање , кога докторите и останатиот медицински персонал правеа надчовечки напори да ме стабилизираат . Слабото срце мораше да се засили за да може да ме внесат во операциона сала. Бев свесен за се , не се плашев, силно верував во овие луѓе.

Во понеделникот на 11 април ме оперираше д-р Митрев операцијата помина одлично. Знам дека бев првиот опериран пациент во оваа преубава болница. Првата ноќ бев сам немаше други пациенти, само јас и дежурниот персонал. Сите тие се вистински професионалци, со максимална посветеност кон мене и дење и ноќе. Како поминуваа деновите така ми се враќаше силата. Редовни вежби секој ден, наутро и навечер со инструкции и помош од физиотерапевтите , ми се чини тие беа една силна причина за напредокот во моето закрепнување.

Храната ми кажаа дека овде се подготвува , секоја чест за готвачите , превкусна, иако е наменета за болни , само количински многу не се дојадува, им благодарам на сите за се “, со насмевка раскажува пациентот. Радоста е обострана, за хуманите луѓе од болницата „Филип Втори“ затоа што спасиле уште еден живот , затоа што ја вратиле среќата во уште едно семејство, на пациентот затоа што повторно заминува на најубавото место во светот, во неговиот дом.