„Филип Втори“ заврши со прегледите на децата и тренерите од кампот „Кирил Лазаров 7“

„Филип Втори“ заврши со прегледите на децата и тренерите од кампот „Кирил Лазаров 7“

Болницата го изработи и менито по кое ќе се гови во кампот
Во Специјалната болница „Филип Втори“ денеска завршија прегледите на децата како и на врвните имиња во македонскиот ракомет, Бошковски , Брестовац, Марковски, Соколески и Петковски кој се дел од кампот „Кирил Лазаров 7“. Иницијативата за систематски прегледи кои вклучуваа ЕКГ, ЕХО, стрес тест и лабораторија беше на д-р Жан Митрев, како и транспортот на децата .

Во изминатиов месец со добра организација и покриеност на сите делови од Македонија прегледите освен во болницата во Скопје се правеа и во поликлиниките на „Филип Втори“ во Струмица и Битола. Од страна на одличниот лекарски тим констатирно е дека децата здравствено се подгтвени за престојниот камп и сите спортски задачи кои ќе им бидат дадени од Лазаров и негвиот тренерски тим.
Специјалната болница „Филип Втори“ го изготви и менито по кое ќе се подготвува храна за децата. Истото е направено според дневните потреби за внес на витамини, минерали, протеини и се она што е неопходно за здрави деца кои се физички активни.

Лекарскиот тим кој ќе замине во Охрид е составен од медицински лица од “Филип Втори“ од Скопје и поликлиниката „Филип Втори“ од Битола. Предавањата ќе се одвиваат во вторник, четврток и сабота од страна на нашите психолози, а ќе бидат на едукативни теми прилагодени за возраста на децата . Со сите свои капацитети Специјалната болница „Филип Втори “ ќе ја оправда довербата да бидеме медицински партнер на кампот на најдбриот десен бек и стрелец на планетава Кирил Лазаров.

„Кога изгубив секaква надеж дека моето срце ќе остане во мене го сретнав Д-р Митрев , благодарение

„Кога изгубив секaква надеж дека моето срце ќе остане во мене го сретнав Д-р Митрев , благодарение на него јас сум жив“

Она што не се нафати да го направи ниту една болница во светот , ниту еден кардиохирург успешно го направи Академик д-р Жан Митрев и Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“. Некогашниот претседател на сплитски Хајдук г-динот Јосип Грбиќ беше успешно опериран и спасен од тешко заболување на неговото срце. Од врвните светски кадриохирурзи на клиниките во Загреб, Хјустон, Париз му било кажано дека состојбата му е толку сериозна што мора да се направи трансплантација на срце, за да живее. Грбиќ не можел да ја прифати таа сурова вистина а прашањето кое потојано му се вртело во глава и кое секојдневно го поставувал на својата сопруга било „ Љубена моја па како јас ќе те сакам со туѓо срце“. Од свој пријател слушнал за болницата „Филип Втори“, една средба со д-р Митрев му внела силна верба дека може да му помогне и да го спаси неговото срце. Фудбалскиот стратег воопшто не размислувал и како што вели за 5 минути ја донел одлуката живот да го довери во рацете на д-р Митрев. Ова е дел од сторијата која е објавена во тиражниот хрватски весник „Јутарњи лист“. Ви ја пренесуваме во целина ТУКА.

Лазаров во посета на Специјалната Болница „Филип Втори“

Средба на д-р Митрев и Лазаров пред почетокот на летниот камп

Неколку дена пред почетокот на летниот камп „Кирил Лазаров 7“ , најдобриот десен бек на Светот ја посети Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“. Средбата помеѓу Лазаров и д-р Митрев беше непосредна со акцент на здравјето и последните подготовки кои болницата ги завршува како обврски од потпишаниот договор. Имено како медицински партнер на болницата планираните активности се одвиваат тековно , остана уште една група од десетина учесници која ќе биде прегледана денеска во поликлиниката „Филип Втори“ во Струмица. Од досегашните прегледи на 120 деца констатирана е добра здравтвена состојба . Лазаров меѓу другото беше информиран за проблем со срцето кај едно од децата што воедно беше и појдовна точка при идејата на д-р Митрев да се направи контрола со сите потребни испитувања, со детекција на болести доколку ги има.Лазаров се интересираше и за тимот кој ќе ги опслужува со здравствен мониторинг 24 часа децата во седумдневниот камп. Специјалната болница ќе биде задолжена и за менито по кое ќе се хранат децата во кампот. При посетата д-р Митрев на Лазаров му ги честиташе сите освоени титули за изминатава сезона како и пласманота на нашата репрезентација на ЕП во Поллска.

Професорката од болничката соба број 5

„Разочарана од сопствената судбина престанав да пишувам поезија за деца“

Велат дека водата ги добива својствата од пределот низ кој поминува а луѓето од поднебјето во кое се родени…Штип останува еден од најдаскалските градови во Македонија и некогаш и сега. На тој учителски свет роден во Штип му припаѓа и тетка Анка. Професорката од болничката соба број 5.

Нашето внимание го привлече со прашањето до д-р Митрев при неговите редовни визити кон сите пациенти. Му се обрати со зборовите „Докторе дали може да ви изрецитирам една моја песна посветена на браќата Кирил и Методиј. Зарем можеше одговорот на толку несекојдневно прашање на биде „не“. Се насмевна професорката и почна:

ШТОМ ФРЛИМЕ ПОГЛЕД НА МИНАТИ ВЕКОЈПОМИНАТИ ВО РОБСТВО ВО НАЈКОБЕН МРАКЌЕ ИЗГРЕАТ ВЕДНАШ ДВА ПРЕСВЕТЛИ ЛИКАОД КОЈ БЛЕСНА ПРВИОТ НА ЗЕМЈАТА ЗРАК
НЕ БИ МОГЛЕ ВЕКОЈ ДА ИЗБРИШАТ ТОА ШТО КИРИЛ И МЕТОДИЈ ГО СОЗДАДОА В МИГИЗМИНАТИ ВЕКОЈ НА НИВНАТА СЛАВАЗА ГРАМ ВО ПРОСТОР УСИЛУВАН БИЛ
НИВНИОТ ОБРАЗ НЕ ГАСНЕ НЕ ГОРИПО ЦЕЛО СЛОВЕНСТВО Е НИВНИОТ ПАТОД ВЛАДИВОСТОК ДО ЕГЕЈОТ СИННИВНИОТ ОБРАЗ НЕ ГАСНЕ НЕ ГОРИПО ЦЕЛО СЛОВЕНСТВО КО НЕКАКОВ ФАР

Следуваше аплауз за старицата која ја троши својата 85 пролет иако како што вели во душата и е доцна есен, и заради датумот на раѓање но и заради сите ветришта и дождови кој и ги донеле годините зад неа. Судбина која ја остарела пред време, тагата по чедата…Ги загубила и двете ќерки во најубавите години:
„Ми се родија на 7 години разлика , на седум години разлика и загинаа. Прво постарата па помладата и двете во сообраќајни несреќи .Едната на 27, другата на 23 години. Од тогаш до денес ми се чини живеам без душава. Но ете Господ уште не ме сака. Пред 2 години ми почина и сопругот и сега сум сама на веков. Доживувам длабока старост и покрај сите болки умот се уште ми слугува. Ако почнам да ви раскажувам за животот роман ќе напишам. Сакав да бидам актерка колку сакав, за ништо друго не размислував кога бев средношколка . Имав можност да глумам во штипскиот тетар. Тогаш немаше многу артисти и дојде еден директор , се поставуваше драма и не одбра 4 девојчиња не праша дали сакаме да глумиме се согласивме и тоа беше првото мое актерско искуство и толку. Потоа сакав да одам на белградската академија за глума но татко ми не ме пушти ми викаше има тука школи немам пари да студираш на страна. Се запишав на филолошки факултет отсек компаративна книжевност со македонски јазик. Професор ми беше Академик Поленаковиќ, секогаш ми викаше Анке тебе академик ќе те правиме , но се омажив останав бремена и ништо од тоа. Моето прво вработување беше во гимназијата „Раде Јовчевски Корчагин“ овде во Скопје, таму и се пензионирав. Бев првата професорка по македонки јазик во училиштето. Многу сакав да пишувам посебно песни за деца но се разочарав од сопствената судбина и не можев да продолжам со тоа. Пишував и проза и поезија за своја душа. Среќна сум што и денес после толку години моите ученици ме поздравуваат и ме почитуваат, не ме заборавиле. Но години минале, многу генерации, што се онесува до моето здравје се чувам внимавам на себе колку можам но ете со оваа повреда ми се отежна секојдневието. Фала на д-р Митрев за грижата кон мене, не дека е од Штип ама е најдобар “.

Тетка Анка кај нас е донесена после неколку месечни неуспешни обиди во други здравствени установи да и се помогне полесно да ги преброди болките како последица на скршеница на долниот дел од бутна коска.. Операцијата е ризична заради здравствената состојба и староста, но животот мора да се одживее.

Електромиографија во дијагноза на болка во Тунел карпал синдром

Електромиографија во дијагноза на болка во Тунел карпал синдром

Тегобите кои се јавуваат во дланката проследени со болка и трпнење по прстите, како и намалено чувство на фин допир, топло и ладно често пати ја отежнуваат функционалноста на моториката на прстите и дланката. Истите најчесто се резултат на т.н. Тунел карпал синдром.Причините за манифестација на овој болен синдром на дланката се многубројни. Секоја промена која предизвикува стеснување на каналот од рачјето доведува до комресија на медијалниот нерв . Денес Тунел карпалниот синдром се вбројува во професионални заболувања поради зачестена работа на компјутер со неприлагодена ергономија и поставеност на дланките врз работната површина. Тунел карпалниот синдром почесто се јавува при состојби со хормонален дисбаланс (бременост, менопауза), кај дијабетичари, кај пациенти со дисфункционалности на штитната жлезда и проблеми со бубрезите, при воспалителни реакции во рачјето или како посттравматска компликација кај фрактури на рачен зглоб.Клиничката манифестација во поголем број на случаи започнува со чувство на боцкање во јагодиците од прстите , најчесто на средниот прст, за подоцна да се прошири како трпнење или чувство на жаречки болки во првите три прсти од дланката со губење на силата за стисок и најчесто неволно испаѓање на предмети од дланаката. Болката која е локална во пределот на рачјето често пати може да иритира и да зрачи кон подлактицата па дури и до вратната регија. При подолготрајна афекција на нервот доаѓа до губење на мускулната сила на палецот и дланката со што се редуцира квалитетот на живеење и се оневозможени и вообичаените основни дневни активности (сечење на леб, користење на мобилен телефон, отворање на конзерва и сл.) Дијагностиката освен со невролошки преглед се потврдува и со електромиографија (ЕМГ) и електронеурографија (ЕНГ ) за прецизирање на спроводливоста на медијалниот нерв во карпалниот тунел .Терапијата во почеток се состои во ординирање на аналгетска и витамино терапија, спроведување на физијатриски процедури за подобрување на трофиката на афектираниот нерв и аплицирање на ортоза, која оневозможува превиткување на дланката во рачниот зглоб при секојдневни активности.При акутни болки кои не се смируваат со таблетарна терапија се аплицира локална кортико терапија која има за цел да го редуцира притисокот во каналниот простор на рачјето.Крајно решение за ослободување од овие болни синдроми е оперативен зафат. Во последно време се пирменува и ендоскопска метода со што пациентите побргу се враќаат во секојдневните ангажмани .

Приказ на случај
Жена В. С. на 47 годишна возраст, работи во сметководствено биро на компјутер, од пред две години има болки во вратот, долж рамето и десна дланка со трпнење на јагодиците од првите три прста. Невролошки преглед – паравертебрална мускулатура со спазам на вратот, хипотрофија на тенорот на дланката со намалена груба моторна снага при флексија на првите три прсти на дланката. МР на цервикален рбет со полидископатија од Ц4 до Ц7 градус 3, со најизразен дискус хернија на Ц5-6 дорзомедијален на десно, со антериорна компресија на медула спиналис. Спиналниот канал сведен на 7 мм, а во медула спиналис се забележуваат почетни миелопатски промени.Хернијата на Ц5-6 и Ц6-7 е од помал степен. Електромиографскиот наод на испитуваните мускули покажува лесно редуциран инервациски примерок со присуство на АМП со висока амплитуда и пролонгирано времетраење со поголем процент на полифазни потенцијали , кое оди во прилог на радикулопатија од хроничен карактер на ниво на Ц5-Ц6 од средно тежок степен . Електроневрографија ( ЕНГ ) со испитување на сензорната и моторна брзина на спроведување и дисталната латенца на улнарниот нерв се во граници на нормала, за разлика од медијалниот нерв на десна страна, кој е со скоро немерлива сензорна брзина на спроведување и дистална латенца, како и моторна брзина на спроведување на долна граница од 57,5 м/сек ( нормално 60-70 м/сек) и изразено продолжена дистална латенца во рачниот зглоб од 8,00 мс ( нормално 2.0 +- 0,3 мс).

Заклучок : Електромиографијата и електронеурографијата , со која се испитува спроводливоста на нервите, во конкретниот случај упатува не само за постоење на радикулоптија на ниво од Ц5-Ц6, туку и за Тунел карпал синдром од потежок степен, каде се компимирани особено сензитивните влакна на медијалниот нерв во каналниот простор на рачјето.

Светски собир на лекари на менаџмент на тромботични заболувања

Пациентот е момче на возраст од 15 години

Во периодот од 05–06 јуни во Барселона Шпанија, се одржа “THROMBOSIS MANAGEMENT – PUTTING THE PATIENT FIRST” подржано од BAYER HEALTHCARE. На него беа презентирани пленарни предавања и одржани работилиници од областите атријална фибрилација, венски тромбемболизам, акутен коронарен синдром и нови антикоагулантни лекови. Посебен акцент беше ставен на индивидуланиот пристап на антикоагулантна терапија за секој пациент посебно, што е денес тренд во областа на антикоагулацијата, како и соодветно менаџирање на крварењето како најсериозна несакана компликација од оваа терапија. На ова светско случување учество земаа 900 лекари, меѓу нив како дел од тимот на Македонија беше и д-р Елена Амбаркова Виларова од Специјалната болница по хируршки болести”Филип Втори”.

Во „Филип Втори“ за прв пат е вградена тестикуларна протеза

Пациентот е момче на возраст од 15 години

Орхиектомија(Orchiectomia) – е оперативен зафат со кој се отстарнува еден или двата тестиси кај мажите. Индикациите за оваа операција се многубројни и за жал се почесто ја опфаќаат младата популација. Најчести причини се: • Карцином на простата – трендот на јавување на оваа болест е кај мажи над 55 – 60 години, а отстранувањето на тестисите е еден вид терапевтска метода со која се супримира хормоналното дејство врз простата. • Торзија на тестис – состојба на увртување на тестисот. Оваа состојба има тренд на јавување кај млади момчиња, акутна е и многу сериозна. Доколку истата на време не се препознае, доведува до исхемични промени на тестикуларното ткиво кои завршуваат со некроза на истото и потреба од отстранување на тестисот. • Карцином на тестис – малигна болест на тестисите која почесто се јавува кај млади мажи, но не се исклучува и појава во понапредната возраст. Најчесто карциномот е со висок степен на малигнитет и бара итно интервенирање со радикално отстранување на тестикуларното ткиво. • Абсцес на тестис со некроза на тестикуларното ткиво – различни видови на воспаленија на тестисот, скротумот и епидидимот можат да се интензивираат до тој степен да предизвикаат формирање на абсцесна шуплина со развој на некротични жаришта. Било која од наведените причини како терапевтска метода бара вградување на тестикуларна протеза. Овој оперативен зафат е едноставен и брз, но сам по себе остава трага врз психолошкото здравје на пациентот. Сознанието на едно младо момче во периодот на развој и репродукција дека има еден тестис помалку, може во голема мера да ја наруши психичката стабилност на личноста, неговата самодоверба, социјализација и во краен случај и идејата за формирање на семејство.

Во Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“, на одделот за Урологија, од страна на Д-р Горан Јовиќ, беше направено имплантирање на тестикуларна протеза кај младо момче на возраст од 15 години. Момчето беше донесено во нашата установа со болки во тетсисот кои датираат од пред 1 месец. По направените дијагностички процедури констатирано е присуство на торзија на тестисот и е донесена индикација за оперативен третман. Интраоперативно потврдено е присуство на некроза на тестисот. Истиот е изваден и заменет со тетсикуларна протеза.

Пациентот е пуштен на домашно лекување 24 часа после оперативниот зафат.
Операцијата ја изврши д-р Горан Јовиќ уролог , заедно со неговиот тим