Сликата на д-р Митрев како икона ја чувам, закачена на ѕидот во мојот дом

Прво што слушнав од лекарите беше : „ВАШИОТ БРАТ Е СПАСЕН„

„Никогаш не сум верувал во Господ , по она што ми се случи, за мене постои само еден чија слика како икона ја чувам закачена на ѕидот во мојот дом , сликата на д-р Жан Митрев “ . Со овие зброви 59 годишниот Рамиз Селим ја започнува својата приказна за преживеаното, со неверување дека се уште е жив.

Го сретнавме во чекланата на „Филип Втори“ заедно со неговиот постар брат Хуна, дојден на редовна контрола . И додека Рамиз зборува , неговит Хуна не престанува да плаче. Секој збор му ги враќа сликите кои и не биле така одамна , слики помеѓу надеж за нов ден и молитва тој нов ден да не е последен . Разделени се веќе 43 години, од како Хуна заминал во Швајцарија. Иако со години живеат на различни страни сепак крвта вода не бива, останале силно поврзани до денеска. Сиромаштијата на Рамиз ја олеснува Хуна, за братот и животот би го дал. Низ солзи се присетува како реаграл кога му се јавиле од Македонија дека состојбата на брат му е многу тешка бидејќи има прскање на аортата во стомачниот дел.: „ Избезумен , исплашен, скршен ,така се чуствував кога ја слушнав лошата вест за здравјето на мојот Рамиз. Се обидував да бидам присебен но тешко ми одеше во тие моменти. Си велев имав двајца браќа едниот ми почина, само Рамиз да остане жив. Не знаев што да направам, помислував да беше до мене можам многу, но пуста далечина тежи и кога се радувам и кога тагувам. Само им реков носете го во најдобрата болница кај најдобриот лекар. Со првиот авион од Цирих во најкусо можно време стигнав во Скопје. Првите зборови кои ги слушнав кога дојдов во делот на интензивна нега во болницата „Филип Втори“ беа – „ВАШИОТ БРАТ Е СПАСЕН“ . Зборови кои секојдневно ми се повторуваат и ме потсетуваат на една силна вистина. Не постои начин,збор,дело да ја искажам мојата благодарност кон д-р Жан Митрев и целиот негов тим на беспрекорниот ангажман на сите тие доктори и сестри, кои неуморно се борат се грижат за секој пациент, без оглед од каде е и на кој Бог се моли, на кој јазик зборува. Никогаш не можам да се оддолжам на тој човек кој е национално богатство на Македонија, за животот на мојот брат. Д-р Митрев е чудо од лекар-генијалец“ Од операцијата на Рамиз поминати се 6 месеци а тој вели :„ Не сакам да се сеќавам на ништо , беше , помина и нека остане таму како што велеше баба ми-нека оди во пуста гора. Се уште не можам да се начудам дека тоа ми се случи мене, јас кој во животот на лекар немам отидено, здравствената книшка ми е празна, немам ни еден наод, ни еден потпис од медицинско лице, никогаш не сум имал потреба од лекарска грижа, помош . Се до тој 10 октомври 2014 година кога овде во „Филип Втори“ ми дадоа нов живот, фала им од срце“. Постои една стара народна која вели „Брат брата не рани , тешко оному кој го нема“ . Потврда за оваа изрека се браќата Рамиз.

Радиолошки-технолози од „Филип Втори“ со меѓународно признаени сертификати

Радиолошки-технолози од „Филип Втори“ со меѓународно признаени сертификати

Во периодот од 18 до 22 мај 2015 година во Прага се одржа регионалниот тренинг курс за радиолошки технолози за ЉА/ЉЦ (контрола на квалитет) во дијагностичка радиологија, во организација на Меѓународната Агенција за Атомска Енергија (ИАЕА). На оваголемо европско случување присуствуваа и двајца радиолошки технолози од Специјалната болница „Филип Втори“, Михајло Маноилов и Данијела Манев . На тренинг курсот беа претставени новите меѓународни основни стандарди за безбедност во дијагностичката радиологија, како и улогите и одговорностите на радиолошкиот технолог. При тоа, посебен осврт беше направен кон радијационата заштита на пациентите и персоналот при изведување на одредени дијагностички процедури кај компјутерската томографија, интервентна радиологија, класичната рентгенграфија, мамографија и магнетна резонанца. Овие тренинзи се драгоцени за размена на искуства и мислење на исти профили од различни земји на ргионот и Европа.Курсот е успешно совладан при што нашите радиолошки- технолози се здобија со меѓународно признаени сертификати.

Европски конгрес на здружението на радиолошки техничари и техничари по нуклеарна медицина

Уште една награда за болницата „Филип Втори“

Во периодот од 22-24 мај 2015 се одржа Европски конгрес на здружението на радиолошки техничари и техничари на нуклеарна медицина во Врњачка Бања – Србија.На овој конгрес беа презентирани теми од областа на магнетната резонанца, компјутерската томографија, нуклеарната медицина, радиотерапијата, како и други делови на радиологијата. Исто така беа спроведени и работилници за истражување, практика базирана на докази, како и едукација на кој начин треба да се пишува за публикации.На конгресот беа презентирани орални стручни предавања од страна на поканетите говорници, меѓу кои и Специјалната Болница,, Филип Втори’’.Нашето предавање беше на тема: “ПРТ водена под Компјутерска Томографија” чии предавач беше радиолошкиот технолог Дарко Стојановски.Темата беше прифатена од страна на колегите со голем интерес бидејќи оваа метода единствено се работи во нашата болница и се уште не се применува во другите медицински центри низ целиот Балкан. Ова беше одлична можност да се согледа работата и сподели искуството на радиолочките технолози од европските, пред се од балканските држави.Радува фактот што на овој конгрес на нашиот радиолошки технолог Стојановски му беше доделена награда т.е. плакета за најдобра стручна презентација.

„Филип Втори“ одржа час по здрава исхрана во Интернационалното училиште QSI

„Филип Втори“ одржа час по здрава исхрана во Интернационалното училиште QSI

Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ на покана на Интернационалното училиште QSI од Скопје организираше едукативна презентација за здрав режим на исхрана. Ученицте на возраст од 08-18 години имаа можност да го слушнат излагањето на М-р Тина Коцова дипломиран инженер по прехранбена технологија , која во болницата „Филип Втори“ е задолжена за организација на болничка кујна и систем за безбедностана храна. Главната цел на предавањето беше претставување на навиките за здрава исхрана кај луѓето , која е фундамент за добро здравје а како навика треба да се стекне од најрана возраст. Воедно преку дискусија со учениците се направи анализа на нивната секојдневна исхрана, содржината и редовноста,како и можни промени на истата . Во таа интеракција се дадоа насоки кои треба да се следат за балансирана исхрана и здрав начин на живот. Во дискусиите учествуваа и професорите од училиштето кои го изнесоа своето искуство поврзано со оваа тема.

Дополнително се даде и краток осврт на видовите нутриенти, нивната функција, изворите на нутриенти и различните групи на прехрамбени производи и нивната полезност. Како мотивација на учениците да конзумираат што повеќе овошје и зеленчук , „Филип Втори“ подготви специјални кошници со свежи овошја и зленчуци за ужинка. Еден индикатор за успешноста на презентацијата беше и желбата на учениците веднаш да ги конзумираат плодовите, иако досега според нивните раскажувања многумина од нив имаат навика да јадат свежо овошје и зеленчук. Специјалната болнца „Филип Втори“ постојано е дел од едукативни работилници,предавања на различни реципиенти, бидејќи нашето мото е „Подобро, здравје“.

Специјалната болница„Филип Втори“ дел од “ Седмиот пролетен научен симпозиум за анестезија и интензи

Специјалната болница„Филип Втори“ дел од “ Седмиот пролетен научен симпозиум за анестезија и интензивна нега”

Во периодот од 17-19.04.2015 во Ниш, Република Србија, во организација на UINARS- Здружение на медицински сестри- техничари на интензивна нега, анестезија и реанимација, беше одржан “ Седмиот пролетен научен симпозиум за анестезија и интензивна нега”. Овој симпозиум беше подржан од:IFNA – Меѓународна федерација на анестетичариWfCCN – Светска федерација на сестри за интензивна негаEfCCNa – Европска федерација на асоцијациите на сестрите за интензивна негаESPNIC – Европско здружение на педијатриска неонатолна интензивна негаАктивно учество на симпозиумот зедоа предавачи од регионов како и поканети предавачи од странство – Германија, Америка, Шведска, Норвешка и други европски држави.Како поканет предавач учествуваше и Жанета Богоевска-Митева, одговорна сестра на одделот за интензивна нега и лекување во Специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори”со предавање на тема “Рана трахеотомија кај кардиохируршки пациенти”.

Лекари од „Филип Втори“ дел од академијата Octapharma

Лекари од „Филип Втори“ дел од академијата Octapharma

Во периодот од 14 – 15 мај во Љубана Р.Словенија, се одржа Octapharma академија. Под мотото “Bleeding Management – from theory to clinical practice” беа презентирани теми од областа на коагулацијата и практичната интерпретација на лабораториската дијагностика во случај на периоперативни хеморагии. Потоа коагулациона дијагностика и третман на хеморагии на интензивна нега, како и употреба на фактори на протромбински комплекс во клиничка пракса. На оваа академија учество од Специјалната болница „Филип Втори“ имаа и д-р Тања Анѓушева (кардиолог, одговорен лекар на одделот за интензивна нега) и д-р Елена Амбаркова Виларова (трансфузиолог).

Дел од децата од кампот "Кирил Лазаров 7" прегледани во поликлиниката Филип Втори, Струмица

Дел од децата од кампот “Кирил Лазаров 7” прегледани во поликлиниката Филип Втори, Струмица

По иницијатива и поддршка на Академик д-р Жан Митрев од минатиот петок започнаа прегледите на децата кои се дел од ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“. 120 деца од сите градови се распоредени во трите здравстевни установи на „Филип Втори“. Минатата недела во болницата во Скопје се направи контрола на здравствената состојба на децата од Кавадарци и Велес. Според зборовите на д-р Планинка Зафировска специјалист интернист не постојат никакви кондраиндикации кои би ги спречиле децата да бидат физички активни во кампот.

Младите ракометарски надежи од Свети Николе, Штип и Струмица денеска беа донесени во Поликлиниката „Филип Втори“ во Струмица. Нивната здравствена состојба ја следи и проверува специјалист интернист д-р Вилма Ампова -Соколов интервентен кардиолог. И овие дечиња имаат добра здравствено кондициона слика .

Кај сите се направени ЕКГ и ЕХО на срце, испитување на крвната слика и задолжителниот стрес-тест. Утре во поликлиниката „Филип Втори“ со мини-бус на болницата „Филип Втори“од Скопје ќе бидат земени децата од Прилеп чија здравствена контрола ќе биде направена во поликлиниката „Филип Втори “ во Битола.

Тромбендаректомија (ТЕА) и пач пластика на пациентка со инсуфициентна десна интерна каротидна артери

Тромбендаректомија (ТЕА) и пач пластика на пациентка со инсуфициентна десна интерна каротидна артерија

Мозокот се крвоснабдува со 4 главни артерии две каротидни и 2 вертебрални артерии. Преку нив се носи крв богата со кислород и други хранливи материи, кои што се потребни за нормално функционирање на мозокот.

Во основата на каротидната болест е АТЕРОСКЛЕРОЗАТА, таа претставува натрупување на маснотии и калциум во ѕидот на крвниот сад и под дејство на различни надворешни и внатрешни фактори може да доведе до пукање на атеросклеротскиот плак и со тоа до стеснување или комплетно запушување на каротидната артерија , што доведува до мозочен удар. Каротидната болест може да биде еднострана или обострана. Ризик факторите се делат во две групи. А. Фактори кои не зависат од нас : пол, возраст, раса.Б. Фактори на кои можеме да влиаеме: хипертензија, дијабет, покачени маснотии, пушење, стрес, дебелина. Каротидната артериска болест може да се манифестира како мозочен удар или како транзиторна исхемична атака. Мозочниот удар (ЦВИ) е со трајни промени на мозокот и на невролошките испади, кој продолжува и повеќе од 24часа. Транзиторна исхемична атака (ТИА) е кратка епизода на невролошка дисфункција која трае неколку минути до неколку часа и во тек на 24 часа настапува комплетно повлекување на невролошките испади. Пациенти со веќе прележана ТИА имаат 10 пати поголем ризик за добивање на ЦВИ. Мозочниот удар е трета водечка причина за смртност кај населението после инфарктите и канцерите. Во 70-80% од случаите со ЦВИ како причина е докажана каротидната артериска болест. Мозочниот удар води до траен инвалидитет. Симптоми на каротидната артериска болест се: вертиго, зуење во ушите, темнење пред очите, колапси, синкопи (рецидивантни). Кај сите овие пациенти се спроведуваат дијагностички процедури за докажување или исклучување на каротидна болест, а тоа се: доплер на каротиди, каротидографија, МСКТ на каротиди, магнетна резонанца. По направените соодветни иследувања се донесува и зклучок за понатамошниот третман, каротидно стентирање или ТЕА (со или без пач пластика).
Се поставува прашањето- Што е подобро? Се уште се во тек студиите кои же дадат одговор на прашањето дали стентирање или операција на каротидната болест (со конфликтни резултати). Од тоа што го имаме како истражувања и резултати до овој моментот е: Пациенти со каротидна болест (стеноза) кои би имале повеќе бенефит од каротидна стентирање отколку од ТЕА (операција), се поликоморбидни пациенти со слаб хируршки потенцијал (кој не е невозможен). Повозрасни пациенти може да имаат повисок ризик од слаб мозочен удар во првите 30 дена после стентирање отколку после ТЕА. Тромбендаректомијата (со или без пач пластика) е третман на избор кај пациенти со каротидна болест (со или без ЦВИ) со добивање на добар постоперативен резултат и редукција на некој од невролошките дисфункции и превенција од нови ЦВИ.Приказ на случај: Пациентка на 55 годишна возраст со мозочен удар со левострана слабост, фацијалис лево, зуење во ушите, слабеење на видот и вртоглавици. На доплер на каротидни артерии е верифицирано инсуфициентна десна а. Каротис интерна по цела должина до влез во череп, лева а. Каротис интерна со стеноза на булбус 40-50%. Фамилијарна анамнеза негативна за оваков тип заболувања. Направено е МСКТ на каоритди и мозок и верифицирано е:

десна a. carotis interna (АКИ) проодна со сигнификантна стеноза проскимално потоа со инсуфициентен тек по цела должина,

лева a. carotis interna (АКИ) проодна со меки плаки на проксимален сегмент и стеноза 50%. На КТ скеновите на мозочниот паренхим – нативна серија – се детектира сосема дискретна хиподнензна промена веројатно исхемична лоцирана на базални ганглии лево.ТЕА и пач пластика на десна АКИ и резултат: Интервенцијата се изврши во услови на општа анестезија. Направено е ТЕА и пач пластика на булбус и почетниот дел на АКИ со што е добиено проширување на основата на артеријата а со тоа и подобрување на протокот на крв низ инсуфициентниот дел на десната АКИ. Пациетката постоперативно е следена 24 часа и е испуштена од болница во одлична општа состојба. На првата контрола по 1 седмица, втората контрола по 1 месец и прета контрола по 2 месеци пациетката е со подобрен вид, нема зуење во ушите и без вертиго, поголема сила во левата рака и нога. На доплер има подобар проток низ десна АКИ. Заклучок: Сите пациенти со дијагностицирана значајна симптоматска каротидна болест се за оперативно лекување. Пациентката е со инсуфициентна десна АКИ но по направениот оперативен третман има подобрување на општата состојба и повлекување на некој од невролошките испади. Во нашиот случај минимално инвазивната интервенција (тромбендаректомија и пач пластика на десна АКИ) се покажа како безбедна и ефективна, можеби и трајна процедура за пациентката. Контролен постоперативен МСАКТ на каротиди се планира на 6-тиот месец од оперативниот третман.

Д-р Вилма Ампова-СоколовИнтервентен кардиолог