Д-р Тања Анѓушева медицински директор на „Филип Втори“ најуспешна жена- менаџер за 2014 година

Голем човек – силна жена, медицината е нејзиниот живот

Д-р Тања Анѓушева медицинскиот директор на Специјалната болница по хируршки болести “Филип Втори“ е избрана за жена менаџер за 2014 година. Маркетинг агенцијата „Марили“ е идеен творец на ова несекојдневно посветување на жените менаџери и нивно јавно признание за она што се нарекува изминат труд и резултати. Нејзиниот генерален менаџер г-ѓа Лидија Трипуноска традиционално 19 години ги прогласува најуспешните жени кои се на раководни позиции, првенствено во приватниот сектор. Секоја година во „Избор на жени менаџери од Р.Македонија и дијаспората“ се претставуваат 10 лауреатки. Чест за организаторот беше присуството на Академик д-р Жан Митрев кој сношти ја отвори манифестацијата. И не случајно тој, бидејќи е пример и поттик како со врвна едукација, посветеност, храброст и верба во себе може светот да дознае за една успешна македонска приказна, препознаена во болницата „Филип Втори“. При неговото обраќање ги потсети присутните за неколку вистини поврзани со борбата на жената низ историјата, за своето место под Сонцето. Посакувајќи им уште многу успеси на жените во сите полиња на нивното дејствување д-р Митрев за прв пат откри и еден момент за новата болница која наскоро треба да ја отвори. Истата ќе има ново име , име на жена.

Нашата д-р Тања Анѓушева е супспецијалист кардиолог , во болницата „Филип Втори“ е од нејзиното основање од 2000 година. Таа беше првиот и вистинскиот избор на лекар од страна на д-р Митрев. Потекнува од семејство во кое за хуманоста и борбата на здравјето се зборувало уште кога таа ги имала годините на дете. Нејзиниот татко исто така бил доктор и таа сакајќи да помага,тргнала по неговите стапки, ја одбира најхуманата професија за свој живот. Визијата на д-р Митрев за едукација на сопствениот кадар, во 2004 година и овозможува на д-р Анѓушева надградување на знаењето во престижниот Дојче Херц Центрум во Берлин.

За стручноста и посветеноста на д-р Анѓушева во неколку наврати признанија и оддава и светот . Меѓу многуте награди би ги истакнале : Награда за најдобра усна презентација и најдобра аудио и визуелна презентација на 6-от Интернационален Конгрес на Интернационалното здружение за минимално инвазивна кардиохирургија . Награда за најдобар case report на 10-тиот годишен состанок, CTT, Мајами, САД. Признание за професионализам како лекар од Министерство за Одбрана на Р. Словенија, Словенски корпус SICON 17 KFOR.

Таа е коавтор на повеќе стручни трудови со д-р Митрев, како и со други колеги врвни лекари од матичната болница но и од други држави. Член на голем број светски здравствени, кардиолошки здруженија и асоцијации.Како одговорна на одделот за интензивна нега секојдневно е на линијата помеѓу животот и смртта, пациентите во неа гледаат спасител, таа која ќе ги извлече, која ќе го најде вистинскиот начин тие да преживеат. Како што пишува во пораката на една пациентка: „ Д-р Анѓушева е мојот ангел чувар“. Прва во борбената линија, таа, но заедно со сите нејзини колеги . А , ако ги прашате нив каква колешка е д-р Анѓушева тие се едногласни во одговорот. Енергична, несебична која знае да донесе одлука, но знае да ги понесе и последниците од истата . Жена која е беспрекорен тимски работник , во која гледаат и пријател и претпоставен, искрена и упорна во остварување на работните обврски. Предност и чест да се работи со неа, голем другар, вистинска жена на вистинско место.

Манифетсацијата годинава се одржа под мотото „Зрдавјето и убавината во функција на современата жена“. Во рамки на тематскиот дел кој се случуваше ден порано свое предавање имаше д-р Милка Клинчева специјалист интернист од нашата болница. Таа аудиториумот го едуцираше за значењето на превенцијата на болестите и последиците од негрижата за сопственото здравје. Ставајќи акцент на здравјето на жената која е постојано на крстосницата помеѓу домот и работата.

ЗОШТО ДОЈДОВ ОВДЕ, ЗОШТО МОЈОТ ИЗБОР БЕШЕ БОЛНИЦАТА „ФИЛИП ВТОРИ“ ?

Д-Р МИТРЕВ Е ПРИМЕР ЗА МЛАДИТЕ ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ УСПЕЕ ВО ТАТКОВИНАТА

Во овие изминати 15 години во Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ здравствено биле згрижени огромен број на пациенти, од различна национална и верска исповест, образование, едукација, поглед на свет, многумина од нив спасени од сигурна смрт. Сите тие за нас биле и ќе бидат исти, бидејќи животот е еден за секој од нас.

ЗОШТО ДОЈДОВ ОВДЕ, ЗОШТО МОЈОТ ИЗБОР БЕШЕ БОЛНИЦАТА „ФИЛИП ВТОРИ“ ?

Д-Р МИТРЕВ Е ПРИМЕР ЗА МЛАДИТЕ ДЕКА МОЖЕ ДА СЕ УСПЕЕ ВО ТАТКОВИНАТА

Во овие изминати 15 години во Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“ здравствено биле згрижени огромен број на пациенти, од различна национална и верска исповест, образование, едукација, поглед на свет, многумина од нив спасени од сигурна смрт. Сите тие за нас биле и ќе бидат исти, бидејќи животот е еден за секој од нас.Меѓу нив и г-динот Зоран Ѓорѓески Генерален секретар на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје. Дипломиран правник кој животот го сака со сите негови бои и слики, вечен вљубеник во планините покриени со снег.Најтешките 6 дена од својот живот ги помина кај нас. Му беа поставени 2 бај-паса. Од неговиот престој овде во болницата самоиницијативно сакаше своето видување за функционирањето на болницата , ангажманот и борбата на лекарите за здравјето на пациентите да го сподели со како што вели г-дин Ѓорѓески, цела Македонија. Во продолжение Ви ги пренесуваме неговите зборови:

„Сакам да ги изразам своите впечатоци од една добра организирана институција, која спроведува стандарди, спроведува професионалност, стручност и компетентност. Јас сум длабоко прво лично богат што го осознав ова, престојувајќи во болницата „Филип Втори“ вакви услови, стандарди и процедури на работа сум видел во Париз и во Лугано во Швајцарија.За да се изоди овој пат кој што го чекорел претпоставувам макотрпно еден човек д-р Жан Митрев, вложувајќи се себеси со сопствената стручност, еднакво вложувајќи се што има од себе како капитал, потребна е голема верба дека може да успее на овој македонски простор, да создаде еден ваков бренд, кој што апсолутно внатрешно чуствувам потреба да го кажам секаде, да слушне пошироката македонска јавност. Овде видов прфесионално поставени правила, процедури кои се на ниво на светски институции. Фантастично менаџирање со целиот процес на работа, стручен тим од најврвните до се она што значи логистика на постоперативното закрепнување на пациентите, задоволен персонал, стручен и фокусиран кон она што е нивна работа. Да се создаде ова секако е макотрпен процес , претпоставувам дека среќа е што г-динот Аадемик д-р Жан Митрев сам го создавал ова, сам го создавал тимот и точно знаел, имал визија што да направи во Македонија. ЗОШТО ДОЈДОВ ОВДЕ, ЗОШТО МОЈОТ ИЗБОР БЕШЕ БОЛНИЦАТА „ФИЛИП ВТОРИ“ ?„Кога ми направија коренографија на клиника ми соопштија дека имам запушени 3 стента , јас сум пациент со 4 стента , немав некои сериозни проблеми ниту пак некои дојави дека моето здравје е во таква состојба. Спортист сум, поранешен гимнастичар, а зимно време скијам насекаде низ Македонија.Уживам во скијањето ,а кога е убаво времето возам ролери. Дојдов во состојба да донесам одлука, многу брза одлука. Кога носи човек значајна одлука му требаат информациии време. Информациите траеа 10 минути , дали треба да биде „Филип Втори“ или некоја друга болница. Три работи беа пресудни, одлучувачки:1.Академик д-р Жан Митрев е одличен стручњак, потврден во сопствената струка. Болницата „Филип Втори“ е првата институција во Македонија која што почна на овие простори со кардиохируршки операции. Процентот на грешки е минимален, успешноста голема. Еден од главните фактори беше тој.

2.Кога имате стручњак оператор кој работи за плата од една страна и стручњак оператор кој што се свое вложил овде, од друга страна , постои разлика. Мотивот за да успее кај таквите луѓе , работам во прватна институција на Универзитет за туризам и менаџмент и тој пат го одминав задно со мојот ректор и знам , или ќе опстоите или ќе изгубите се . Вклучувајќи се себе си сопственото семејство и се што повлекувате зад себе. 3.Третата битна работа кога анализирав кој го создавал тимот , кој го избирал кадарот во овој случај кај „Филип Втори“ е д-р Митрев , а во друга болница каде што докторот не е и менаџер претпоставувам дека имаат други што носат одлуки во делот за прием за работа . И тука може да има евентуални не соодветни избори. Тоа траеше 10 минути , за 10 минути ја донесов одлуката , направив комуникација и линк со д-р Анѓушева. Веднаш бев примен, прегледан, процесуиран и едно битно ми беше пресудно. Каде побрзо ќе бидеам опериран. Одговорот од „Филип Втори“ беше „ дојдете веднаш“. На 10 март бев опериран и сега (додека ова го пишувам) после 6 дена јас одлично се чуствувам, немам никакви проблеми.

КОГА СТЕ ОД ОВАА СТРАНА НА ЖИВОТОТ, КОГА СТЕ ПАЦИЕНТ ГЛЕДАТЕ СЕ ШТО СЕ СЛУЧУВА ОКОЛУ ВАС. МОЖЕТЕ ДА СПОРЕДУВАТЕ КАКО ТОА Е ОРГАНИЗИРАНО. НЕ НАЈДОВ НИ ЕДНА ГРЕШКА, НЕ НАЈДОВ НИ ЕДЕН ПРОПУСТ НА ОВОЈ ПОСТАВЕН СИСТЕМ. ЗНАМ ДЕКА Е МАКОТРПНА РАБОТА ЗНАМ ДЕКА ЗАД ОВА СТОЈАТ НЕПРЕСПИЕНИ ДЕНОВИ И НОЌИ. ВО ИНВЕСТИЦИЈА, ВО ЕДУКАЦИЈА НА ПЕРСОНАЛОТ, СО ШТО ОВАА ПРЕКРАСНО ПОСАТВЕНА ПРОЦЕДУРА ОД АКАДЕМИК МИТРЕВ ЈА ИМА МОЈАТА ПОТПОЛНА ПОДДРШКА. СЕГА ГЛЕДАМ КОЛКУ АКАДЕМИК КЉУСЕВ БИЛ ВИЗИОНЕР, ДА ГО ЗАДРЖИ Д-Р МИТРЕВ ВО МАКЕДОНИЈА БЕЗ РАЗЛИКА НА СЕ ШТО СЕ ИЗНАСЛУШАВМЕ ВО ОВИЕ ИЗМИНАТИ 15 ГОДИНИ. ВО МАКЕДОНИЈА ТРЕБА ДА ГИ ПОДДРЖУВАМЕ УСПЕШНИТЕ ЛУЃЕ, ДА НЕ ИМ БАРАМЕ ТЕМНИ СТРАНИ И ДА ИЗМИСЛУВАМЕ ПРИКАСКИ. САМО ТОЈ Е ПАТОТ КОЈ ЌЕ ИМ ПОКАЖЕ НА МЛАДИТЕ ДЕКА ИМА ЛУЃЕ ПРЕДАНИ , УСПЕШНИ КОИ ИМАЛЕ ХРАБРОСТ ДА НЕ ИЗБЕГААТ ОД ТУКА. ОВАА БОЛНИЦА Е БЛАГОДЕТ ЗА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ПОРАНО ВАКВИТЕ ПАЦИЕНТИ ГИ ИСПРАЌАА ВО ДРУГИ ДРЖАВИ. НО СЕГА ВЕЌЕ 15 ГОДИНИ ТИЕ СВЕТСКИ СТАНДАРДИ ГИ ИМАМЕ ТУКА , ОВОЈ БЛАГОДЕТ ТРЕБА СО ПОЧИТ ДА ГО ЧУВАМЕ, ДА ЈА ПРЕНЕСУВАМЕ ИНФОРМАЦИЈАТА И ДА СЕ ПОКЛОНИМЕ ПРЕД ГОЛЕМИНАТА И ВРЕДНОСТА НА ВИЗИОНЕРОТ. КОМУ МУ ПОСАКУВАМ МНОГУ ЗДРАВЈЕ И ДА СОЗДАДЕ УШТЕ МНОГУ ТАКВИ КАКО НЕГО, А ГЛЕДАМ ДЕКА ГИ СОЗДАВА, СОЗДАВА СИСТЕМ КОЈ ШТО НЕ СЕ ПОТПИРА САМО НА НЕГО , САМО НА ЕДЕН ЧОВЕК ТУКУ ТОЈ Е ДВИГАТЕЛ, А СЕ ОКОЛУ НЕГО Е ТИМ, КОЈ ВО МАКЕДОНСКИ УСЛОВИ ТЕШКО СЕ СОЗДАВА. НО Д-Р МИТРЕВ УСПЕА ГО СОЗДАДЕ И ЕТЕ ПОСТОИ, ОПСТОЈУВА ОВДЕ ВО НАШАТА МАКЕДОНИЈА.

Среда, ден резервиран за “НАУЧНИОТ КЛУБ“

Интерен научен клуб – едукацијата не запира!

На 18.03.2015 година се одржа третиот по ред интерен научен клуб во оваа година. Како и досега целта на овие едукативни состаноци е запознавање на медицинскиот персонал со новитетите во медицината, светските препораки за практикување на медицина базирана на докази, новитетите во технологијата и медицинската техника. Како и секоја трета среда во месецот така и оваа вечерниот термин од 18:00 беше резервиран за „НАУЧНИОТ КЛУБ“ и нашите драги колеги :

1. Д-р Шпенд Идризи – интервентен кардиолог Тема: Валвуларни срцеви мани

2. Д-р Тања Грамосли – анестезиологТема: Анестезија при валвуларна хирургија (аортна стеноза)

3. Проф. д-р Ѓорѓе ЗафироскиТема: Остеопороза – тивка епидемија на денешницата

Добро спакуваните предавање на проектите и темите на предавачите, отвораат одлична дискусија помеѓу присутните со нивни прашања и сугестии. Овие научни клубови веќе 15 години се дел од работењето на Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“, предавачите и темите постојано се менуваат. Формирањето на истите првенствено е во функција на подобрување на секојдневната работа на болницата и едукација на младите колеги.

Тромбоза на вени на долен екстремитет

Компресија на вена кава инфериор од аневризма на абдоменална аорта

Тромбоза на вените сериозно го нарушува функционирањето на организмот. Годишно заболуваат едно до три на 1000 лица. Причина за нејзино настанување е застојот на тромбите во вените. Тоа предизвикува дополнителни компликации кои внимателно треба да се дијагностицираат и лекуваат. Во следниот случај Ви претставуваме приказ на тромбоза на вени на нога кои се настанати како резултат на компресија на вена кава инфериор од аневризма на абдоменална аорта. Вена кава инфериор е долната шуплива вена која враќа крв од долните делови на телото во десната предкомора на срцето. Аневризма на абдоменална аорта е вреќесто проширување на аортата која поминува низ стомакот.Во нашата болница беше примен пациент на 65 годишна возраст поради засилени симптоми на длабока венска тромбоза (оток, црвенило и болка на левата нога).Претходно пациентот бил лекуван од длабока венска тромбоза на левата нога , но и покрај адекватната терапија симптомите се влошувале, заради не навременото откривање на вистинската причина за тромбозата. Преку ЕХО прегледот воочен е оскуден проток низ илијачни вени лево, компресибилни и проширена лева заедничка, лева суперфицијална феморална вена и лева поплитеална вена, како и наод на тромби во лева голема сафенска вена. Поради сомневање за компресија на вена кава инфериор, направена е компјутерска ангиографија (МСКТ на аорта и ангиографија на долни екстремитети), со наод за аневризма (проширување) на абдоменална аорта со димензии 5.6 см х 7.2 см. Аневризмата ја потиснува вена кава инфериор и длабоките вени во мала карлица кон лево, кои се проширени и тромбозирани. Исто така се следат и проширени колатерални вени во стомакот, но без тромбоза на лева феморална и лева поплитеална вена како и наод за присутни тромби во натколен дел на лева голема сафенска вена.

Предоперативна МСКТ ангиографија

Направен е оперативен третман замена на абдоминална инфраренална аорта со Albograft Y протеза 14/8 и аорто-билијакално премостување.

Постоперативна МСКТ ангиографија

Пациентот е пуштен на домашно лекување во добра општа состојба. После оперативното решавање на абдоминалната аневризма, со декомпресијата се намали и забавениот проток во венскиот систем на левата нога, а со тоа и симптомите на пациентот кои беа асоцирани со длабоката венска тромбоза.

Приказот на случај е претставен од Д-р Елена Амбаркова-Виларова спец.трансфузиолог и флеболог

Медицински тим од „Филип Втори“дел од едукативен собир во Виена

Професионалната надградба на поединецот е придонес за колективот

Медицината е жива наука која постојано носи нови откритија, сознанија, кои овозможуваат на различни начини да се дојде до посигурен , понекогаш и побрз исход во лекувањето на болестите. Во функција на ова медицинскиот тим на нашата болница континуирано и активно учествува во едукативни предавања, симпозиуми, интерактивни работилнци на европско и светско ниво. Со тоа правиме голем исчекор во профсионална надградба на поединецот но и во севкупните резултати од работењето на Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“.

Во периодот од 23-26.02.2015 година во организација на компанијата Lohmann & Rauscher, во Виена беше одржан едукативен собир на кој присуствуваа и претставници од “Филип Втори”. Проф д-р Ебарлајн одржа предавање на тема “Модерен третман на рани “. Преку него тој презентираше повеќе студии кои биле направени со користење на различни производи алгинати, пени, хидроколоиди како и резултати од производите кои се користат во третманот на раните. Се одржа и работилница во која практично беа презентирани производите од програмата на Lohmann & Rauscher. Проф д-р Парч беше предавач на тема ”Компресивна терапија” во лекувањето на пациенти со успорена лимфна дренажа на нозете, при што го потенцираше нејзиното значење , начин и техниката на поставување. Беа реализирани и работилници за стерилност во оперативниот блок, како и за примена на ортози и останати помагала кај пациенти со ортопедски заболувања. Нашиот тим активно учествувше во секоја од нив.

Медицински тим од „Филип Втори“дел од едукативен собир во Виена

Професионалната надградба на поединецот е придонес за колективот

Медицината е жива наука која постојано носи нови откритија, сознанија, кои овозможуваат на различни начини да се дојде до посигурен , понекогаш и побрз исход во лекувањето на болестите. Во функција на ова медицинскиот тим на нашата болница континуирано и активно учествува во едукативни предавања, симпозиуми, интерактивни работилнци на европско и светско ниво. Со тоа правиме голем исчекор во профсионална надградба на поединецот но и во севкупните резултати од работењето на Специјалната болница по хируршки болести „Филип Втори“.

Во периодот од 23-26.02.2015 година во организација на компанијата Lohmann & Rauscher, во Виена беше одржан едукативен собир на кој присуствуваа и претставници од “Филип Втори”. Проф д-р Ебарлајн одржа предавање на тема “Модерен третман на рани “. Преку него тој презентираше повеќе студии кои биле направени со користење на различни производи алгинати, пени, хидроколоиди како и резултати од производите кои се користат во третманот на раните. Се одржа и работилница во која практично беа презентирани производите од програмата на Lohmann & Rauscher. Проф д-р Парч беше предавач на тема ”Компресивна терапија” во лекувањето на пациенти со успорена лимфна дренажа на нозете, при што го потенцираше нејзиното значење , начин и техниката на поставување. Беа реализирани и работилници за стерилност во оперативниот блок, како и за примена на ортози и останати помагала кај пациенти со ортопедски заболувања. Нашиот тим активно учествувше во секоја од нив.

Комуникација здравствен работник – пациент

Комуникација здравствен работник – пациент Клуч за поуспешно решавање на проблемот

Колку пати сте биле задоволни или незадоволни од комуникацијата со здравствените работници, со Вашиот лекар.

На која страна натежнува кантарот? Колку внимателно Ве ислушал , советувал, разговарал со Вас? Колку сте биле отворени, искрени, трпеливи во тој разговор?

Комуникацијата е дел од решавањето практично на сите проблеми што се јавуваат и општо е познато дека добрата комуникација е еден од предусловите за успешно решавање на истите.

Кога пациентот оди на лекар заради некаков здравствен проблем решавањето на истиот бара интензивна комуникација помеѓу лекарот и пациентот. Главните прашања на кои пациентот бара одговор се „Што не е во ред со мене?“ ,„Зашто го имам тој здравствен проблем“? ,„Како истиот да го решам? “.

Бројни се истражувањата кои го потврдуваат фактот дека луѓето најчесто бараат мислење и совет од докторите во моментот кога ќе сватат дека не можат сами да се изборат со тешкотиите кои ги имаат. Тогаш најчесто се чуствуваат обесхрабрени и немоќни. Затоа се тука здравствените работници да дадат максимум од себе во лечењето или пак надминувањето на болеста или состојбата во која се наоѓа пациентот .Но во реалноста не е секогаш така.

На шемата подолу, таа сложена размена ја претставуваме упростено преку т.н Шрамов модел.

Од моделот можеме да видиме дека комуникацијата започнува со т.н енкодирање (шифрирање) на пораката така што лекарот избира начин (зборови, емоции, однесување) како да ја пренесе пораката на пациентот. Пациентот пак ја декодира (дешифрира) таа порака, преку својата личност ја интерпретира (толкува) на свој специфичен начин и исто така ја енкодира (шифрира) бирајќи начин (зборови, емоции и однесување) како да му ја испрати на лекарот и така се во круг.

Комуникацијата помеѓу лекарот и пациентот е дополнително специфична бидејќи централна тема е здравјето на пациентот, а токму здравјето е најчувствителната тема кај секој од нас одлично срочена во народната поговорка: „ Здравиот човек има илјада желби, а болниот само една.“ Иако секој лекар со секој свој пациент гради засебен стил на комуникација, генерално, лекарите може да се карактеризираат со два типа на комуникација со пациентите прикажано во следнава шема:

Успешноста на комуникацијата е условена од многу фактори и токму заради тоа нејзиниот квалитет често пати варира. Комуникацијата помеѓу лекарот и пациентот може исто така да потфрли и да доведе дури и до конфликтен однос.

Па така, лошата комункација може да доведе до :• нарушена меѓусебна доверба ;• прикривање важни информации за здравствениот проблем од обете страни ;• зголемување на напнатоста кај пациентот (но и кај лекарот) ;• откажување на пациентот од понатамошна медицинска помош ;• меѓусебни недоразбирања ;• погрешно разбирање на лекарските совети ;• зачестени жалби од страна на пациентите

Од друга страна, добрата комуникација ќе доведе до:• доверба помеѓу лекарот и пациентот ;• отвореност пациентот да сподели важни информации со лекарот ;• поголемо задоволство кај пациентот ;• поголема вклученост на пациентот при донесувањето одлуки за неговото здравје ;• ќе му помогне на пациентот при донесувањето одредени одлуки ;• пореалистични очекувања од страна на пациентот ;

• помал ризик од правење грешки во процесот на лекувањеМеѓусебните конфликти ескалираат заради НАЧИНОТ на кој комуницираме едни со други. Сите ние (и здравстевните работници и пациентите) реагираме на она што ќе ни го каже некој и превземаме одредени активности. Без разлика дали се браниме, напаѓаме, се повлекуваме или смирено реагираме, ние со тоа влијаеме врз реакцијата на другиот.

Ние имаме удел врз насоката и конечниот исход преку зборовите што ќе ги употребиме, емоциите што ќе ги донесеме и невербалните пораки што ќе ги испратиме преку телото.

Пред самиот крај на овој текст, прикажуваме една шема во која се наведени двата типа на мисловен склоп, оној кој поврзува и оној кој гради ѕидови (не само помеѓу лекарот и пациентот туку и многу пошироко – помеѓу секој од нас)

За крај, прочитајте ги “законитостите” за комуникацијата кои ги кажал еден нејзин истражувач Осмо Вило, кои не се законитости во научна смисла, но секојдневието на чуден начин понекогаш ни ги потврдува. Тие гласат вака:АКО КОМУНИКАЦИЈАТА МОЖЕ ДА НЕ УСПЕЕ – И НЕМА ДА УСПЕЕАКО ПОРАКАТА МОЖЕ ДА СЕ РАЗБЕРЕ НА РАЗЛИЧНИ НАЧИНИ, ЌЕ СЕ РАЗБЕРЕ ТОКМУ НА ОНОЈ НАЧИН КОЈ ЌЕ НАНЕСЕ НАЈМНОГУ ШТЕТАСЕКОГАШ ИМА НЕКОЈ КОЈ ЗНАЕ ПОДОБРО ОД ВАС ШТО СТЕ МИСЛЕЛЕ СО ВАШАТА ПОРАКАКОЛКУ ПОВЕЌЕ КОМУНИКАЦИЈА ТОЛКУ ПОТЕШКО ДЕКА КОМУНИКАЦИЈАТА ЌЕ УСПЕЕ

Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ 24 часа Ви стои на располагање. НИЕ СМЕ ТАМУ КАДЕ ШТО ЖИВОТОТ ЖИВЕЕ.

Напишете ги во коментар на темата вашите искуства, размислувања и прашања во однос на оваа тема. Тоа може лесно да го направите доволно е да станете фан на нашата фејсбук страна.