236 000 луѓе годишно страдат како резултат на давење. Оваа бројка само ја зголемува вкупната од над 2,5 милиони човечки животи изгубени во последната декада. Поразителен е фактот дека најзасегнати се децата на возраст од 1 до 4, односно од 5 до 9 годишна возраст. Имајќи го ова предвид последиците се ненадоместливи, но мора да имаме на ум дека сето ова може комплетно да се превенира.
Заедно можеме да направиме разлика доколку научиме како да останеме безбедни кога сме во вода. Запаметете, иако никој не би требало да настрада, секој може да се соочи со ризик од давење.
Подолу неколку важни препораки кои можат да направат разлика:
Обучување на што повеќе луѓе кои знаат како да спасат и да дадат прва помош во и покрај вода.
Поставување и примена на безбедносни процедури поврзани со сите пловни објекти (чамци, глисери, бродчиња или ферибродови).
Подобрување на менаџирање со ризици од поплави на локално и национално ниво.
Постаување бариери за контрола на пристапот кон водените површини.
Креирање безбедна зона за деца на предучилишна возраст подалеку од вода и под соодветен надзор и грижа.
Научете ги децата од школска возраст да пливаат, да се грижат за безбедност во вода и на вештини за безбедно спасување.
Акутниот миокардитис е воспалителна болест на срцевиот мускул (миокардот) што може да предизвика срцева слабост и абнормалности на срцевиот ритам. Оваа болест може да настане како резултат на влијанието на различни инфективни агенси, како што се: вируси, бактерии и габи, како и токсични агенси, алерергени, па дури и некои лекови. Ако оштетувањето на срцевиот мускул е сериозно, пациентот може да се соочи со отежнато дишење, замор, болка во градите и други симптоми.
Третманот за акутен миокардитис зависи од причината и сериозноста на симптомите. Може да вклучува лекови за намалување на воспалението, како и третман за самата срцева слабост.
Најчести причини и симптоми на миокардитит
Најчеста причина за акутен миокардитис е вирусна инфекција. Најчестите вирусни инфекции кои предизвикуваат миокардитис се: параинфлуенца вирусот, вирусот Коксаки, вирусот Епштајн-Бар, вирусот на херпес симплекс, вирусот на хепатитис Б и Ц, вирусот на грип, вирусот на мали сипаници и вирусот на рубеола. Покрај тоа, акутниот миокардитис може да биде предизвикан и од други бактериски инфекции, алергиски реакции, зрачење, лекови или труење. Најчестите симптоми се:
Замор
Болка во градите
Недостаток на здив, односно задишување дури и во мирување
Брзи или неправилни срцеви ритмови (аритмии).
Оток на нозете, глуждовите и стапалата,
Вртоглавица или чувство на несвестица
Дехидрација
Стомачна болка
Повраќање
Прогнозата на акутниот миокардитис во голема мера зависи од тоа колку брзо ќе се дијагностицира и лекува. Во повеќето случаи, правилниот третман може да ги ублажи симптомите и да спречи понатамошни компликации. Меѓутоа, во некои случаи, акутниот миокардитис може да биде фатален. Ризикот од смртен исход е поголем кај оние пациенти кои имаат хронични болести, како што се дијабетес или хронична опструктивна белодробна болест (ХОББ). Затоа препорачуваме при првите симптоми да се обратат на кардиолошки преглед или да побараат итна помош.
Нашите специјалисти во одделот на кардиологија ви стојат на располагање за сите проблеми со вашето срце. Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484
Како детската траума се категоризираат: конкретен негативен настан, серија настани или доживувања кои предизвикуваат емоционална болка и ја надминуваат способноста на детето да се справи со настанатата ситуација. Траумите од овој вид кои се случуваат во детството се широко распространети и може да имаат многу форми.
Вообичаени типови на детска траума:
Злоупотреба и запоставување
Семејно насилство
Училишно насилство
Несреќи и повреди опасни по живот
Страшни или болни медицински процедури
Сериозна и нетретирана ментална болест кај родител
Загуба или разделба од родител или друга сакана личност
Природни или вештачки катастрофи
Војна или терористички напад
Присилно раселување
Дискриминација
Екстремна сиромаштија
Изложеноста на траума често започнува рано во животот. Децата од најрана возраст се изложени на најголем ризик и се најранливи имајќи ги предвид негативни ефекти од истата. Се проценува дека половина од сите деца во Соединетите Држави – приближно 35 милиони – биле изложени на барем еден вид траума пред нивниот осми роденден. На пример, злоупотребата и запоставувањето на децата се најчести кај децата под 3 годишна возраст. Кај децата помлади од 5 години најголема е веројатноста да бидат повредени од падови, гушење и труење, што всушност им се случува на најголемиот дел од децата кои се изложени на семејно насилство.
Траумата од детството е силно поврзана со ментални и физички здравствени проблеми кои се манифестираат потоа во текот на целиот животот. Траумата негативно влијае на развојот на мозокот, когнитивниот развој, учењето, социјално-емоционалниот развој, способноста да се развијат сигурни врски со другите и секако со физичкото здравје. Таа се поврзува и со пократок животен век. Значителен број на истражувања покажуваат дека децата ги трпат најтешките, најдолготрајните и најштетните ефекти кога изложеноста на траумата започнала рано во животот.
Траумата има повеќе форми и доколку е во тежок облик и вклучува штета нанесена од страна на родителот или старателот, тогаш веиме станува збор за сложена траума.
Траумата доживеана во детството е поверојатно да доведе до посттрауматско стресно растројство, отколку онаа доживеана во зрелоста. Децата кои се изложени на неколку различни форми на трауми, имаат поголема веројатност да развијат посттрауматско стресно растројство (на пример, анксиозност, депресија, лутина, агресија, дисоцијација) отколку оние деца кои се хронично изложени на само еден вид траума. Децата и младите со посттрауматско стресно растројство може повторно да го доживеат трауматскиот настан преку наметнати сеќавања, кошмари и ретроспективи. Потребно е да се избегнуваат ситуации или луѓе кои ги потсетуваат на траумата и им предизвикуваат чувство на интензивна анксиозност која им го нарушува секојдневниот живот.
Дополнително таквите лица може да се вклучат во агресивно, самоуништувачко или непромислено однесување. Можат да имаат проблеми со спиењето односно да останат во состојба на хипербудност, состојба на претерана свесност и реактивност кон нивната околина.
Сепак, она што треба да се знае е дека не постои типична реакција на траума. Голем број деца покажуваат вознемиреност веднаш по трауматскиот настан, по што повеќето се враќаат на нивното претходно ниво на функционирање.
Трауматските реакции на децата, се разликуваат во зависност од природата на траумата, потоа индивидуалните, семејните и друштвените карактеристики на детето. Голема улога секако игра и целокупната рамнотежа на ризик и заштитните фактори во нивните животи. Тоа зависи и од нивната возраст и фаза на развој.
Малите деца кои доживуваат траума може да манифестираат:
тешкотии при создавање блискост и приврзаност со родител/старател, врсници
прекумерен страв од странци или анксиозност од разделување
проблеми со јадење и спиење
да бидат особено пребирливи.
Децата на училишна возраст кои доживуваат траума може да:
покажат агресивно однесување
се дистанцираат, односно станат повлечени
покажуваат грижа, се поставуваат заштитнички за сопствената или безбедноста на другите
искажуваат трауматски настани преку игра
имаат чести кошмари
имаат тешкотии во концентрираноста на училиште.
Нашите стручни лица во одделот за психијатрија и психологија ви стојат на располагање за консултација и третман на сите ваши проблеми. Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484
Уринарна инфекција или циститис може да се појави во секое време од годината. Но, фактите говорат дека ваквите инфекции се зачестена појава во текот на летото.
Кои се симптомите на уринарната инфекција?
Симптомите на уринарната инфекција се манифестираат индивидуално, односно може да варираат од личност до личност. Сепак најчестите симптоми вклучуваат:
Болка или непријатност во долниот дел на стомакот: Ова е еден од најчестите симптоми при уринарна инфекција. Може да се појави чувство на притисок, болка или непријатност во пубичниот регион или долниот дел на стомакот.
Зголемена уринарна итност и фреквенција: Може да почуствувате постојана потреба за мокрење, при што често ослободувате само мала количина на урина. Исто така, вообичаено е да имате ненадејно чуство на итност за мокрење.
Болка или печење при мокрење: ова е познато како дизурија и може да биде доста непријатно.
Заматена или урина со непријатен мирис: Инфицираната урина може да изгледа заматена и да има силен или непријатен мирис. А во потешки случаи, може да содржи и траги од крв.
Нецелосно мокрење: Може да чувствувате како да не можете целосно да го испразните мочниот меур при мокрењето. Ова може да биде поврзано со воспаление на мочниот меур и може да предизвика постојано чувство на непријатност.
Општа малаксаност: некои лица може да доживеат малаксаност, замор, слабост или непријатност во телото поради уринарната инфекција.
Зошто настанува уринарна инфекција во лето?
Дехидрација: Во текот на летните месеци, често луѓето не пијат доволно вода, што може да доведе до дехидрација. Недостатокот на потребна коичина течности може да ја концентрира урината и да го олесни размножувањето на бактериите во уринарниот тракт, зголемувајќи го при тоа ризикот од инфекција.
Влажни костими за капење: Поминувањето време во влажни костими за капење или влажна долна облека подолг период, може да создаде топла и влажна средина погодна за размножување на бактериите. Ова може да биде особено вообичаено во текот на летото, кога луѓето уживаат во пливање или се задржуваат подолго време во базените, на плажите или други места со вода.
Користење на јавни тоалети: За време на летните одмори, луѓето може да користат повеќе јавни тоалети, кои може да бидат со лоши хигиенски услови. Користењето нечисти тоалети може да го зголеми ризикот од изложеност на бактерии, а со тоа и веројатноста за развој на уринарна инфекција.
Активности на отворено: Во текот на летото, многу луѓе учествуваат во активности на отворено, како што се кампување, планинарење или поминување време во природа. Овие активности може да имплицираат недостаток на пристап до соодветни услови за одржување на добра лична хигиена, зголемувајќи ја веројатноста за појава на уринарна инфекција.
Како се третира уринарната инфекција?
Се препорачува испитување на урина – уринокултура. Доклоку се утврди присуство на бактерии, по потреба може да се индицира антибиотски третман. Се користат антибиотици со кратко дејство кои брзо се елиминираат од урината.
Неколку препораки кои ќе ви помогнат да ја избегнете појавата на уринарната инфекција:
Одржувајте добра лична хигиена
Пијте доволно вода
Променете ја влажната облека за капење
Користењето чисти бањи може да помогне да се намали ризикот од инфекција, дури и во текот на летото.
Секогаш е препорачливо да се консултирате со лекар доколку се појават горенаведените симптоми за да се добие соодветна дијагноза и соодветен третман. Закажете на 02 3091 484
Поткрепете го вашиот оганизам со избалансиран и здрав начин на исхрана кој ќе ве заштити од сите можни форми на неисхранетост, голем број болести или други состојби како на пример обезност (прекумерна тежина).
Јавна тајна е дека доминацијата на процесирана храна, урбанизацијата и забрзаниот начин на живот вилјаат во огромна мера на нашиот начин на исхрана. Сепак она што треба да се знае е дека никогаш не е доцна да се промената приоритетите, да се донесат добро информирани заклучоци и да стави сопствената добросостојба на прво место.
Врамнотежена исхрана е ,,горивото,, потребно за остварување на вашите соништа и може да ве однесе подалеку.
Промовирање на здрава исхрана
Здравата исхрана помага да се заштитите од неухранетост во сите нејзини форми, како и од низа незаразни болести и други состојби. Сепак, зголеменото производство на преработена храна, брзата урбанизација и менувањето на животниот стил доведоа до промена на начионот на исхрана. Луѓето сега консумираат повеќе храна богата со енергија, масти, слободни шеќери и сол/натриум, а не јадат доволно овошје, зеленчук и интегрални житарки.
Исхраната може да зависи од изборот на храна на поединецот, но и од достапноста и цената на здравата храна, како и социокултурните фактори. Затоа, промовирањето на животна средина за одгледување здрава храна, бара вклучување на повеќе сектори и засегнати страни, вклучувајќи ги владата, јавниот и приватниот сектор.
Владите имаат централна улога во создавањето средина за одгледување здрава храна им овозможува на луѓето лесно да усвојат и одржуваат здрави диететски практики. Ефективните активности на креаторите на политики вклучуваат:
Координирање на трговијата, системот за храна и земјоделските политики со заштита и унапредувањето на јавното здравје;
Поттикнување на побарувачката од страна на потрошувачите за здрава храна и оброци;
Промовирање на здрава исхрана во текот на животот.
Глобалната стратегија на СЗО за исхрана, физичка активност и здравје, беше усвоена во 2004 година од страна на Светското здравствено собрание. Повикни беа владите, СЗО, меѓународните партнери, приватниот сектор и граѓанското општество да преземат акција на глобално, регионално и локално ниво за поддршка на здравата исхрана и физичката активност. Земјите-членки на СЗО, исто така, се согласија да го намалат глобалниот внес на сол за 30% до 2025 година; и да се запре порастот на дијабетес и дебелина кај возрасните и адолесцентите, како и кај децата со прекумерна тежина до 2025 година.
Во нашата клиника на располагање ви се доктори од кои можете да добиете соодветни совети и одговори на прашањата поврзни со оваа тема. Закажете на 02/3091-484
Депресијата е водечка причина за спреченост при работа ширум светот и значајно придонесува кон генералниот товар кој го предизвикува оваа болест. Доколку се соочувате со депресија ✉️ обратете се некому кому му верувате и споделете како се чиствувате 👩⚕️ Побарајте професионална помош за да добиете соодветна поддршка 🚴 📚 Практикувајте активности во кои уживате или ве исполнуваат 📱Останетте поврзани со саканите, пријателите или семејството 🌴 Фокусирајте се на позитивните животни аспекти Запаметете, барањето помош е знак на силен карактер и со соодветната поддршка можете да ја надминете депресијата и да го пронајдете патот кон зацелување. ❣️ Нашите лиценцирани психолози и психотерапевти ви се на располагање. Закажете термин кој ви одговара на 02/3091-484
Традиционално, 15та година по ред Клиника Жан Митрев во соработка со Црвен крст на Град Скопје го реализира летниот камп за деца со вродени срцеви маани и нивните семејства во Струга. Преку овој камп наречен „Моето срце во сите бои“, целта на Клиниката Жан Митрев е да ја продолжи грижата и терапевтскиот процес надвор од болничкото окружување, во природна атмосфера и соодветен амбиент. На кампот кој трае една седмица, учествуваат над 20 деца со нивните семејства како дел од рехабилитациониот процес после медицинскиот третман.
Сите активности, играта, забавата и дружбата се искомбинирани со психолошки, интерактивни и физиотерапевтски вежби со кои се поттикнува физичкиот, емотивен и социјален развој и по напуштањето на болницата. Рехабилитационите активности се одвиваат под раководство и надзор на тимот доктори и терапевти од Клиника Жан Митрев, кој е составен од психотерапевт, лиценциран психолог и семеен и системски советник.
Кампот „Моето срце во сите бои“, под целосно покровителство и голема поддршка на д-р Митрев, се одржува 15 години со ред и дава големи резултати во рехабилитацијата на децата со вродени срцеви маани.
Високите температури деновиве и прекумерната топлина може да доведат до сончаница, истоштеност, грчеви, несвестица, отоци и вруќници на кожата.
За да ве заштитиме подготвивме неколку основни совети до кои треба да се придржувате за да останете безбедни и 🆒
Доколку сепак се соочувате со некој од погоре наведените симптоми јавете се во нашиот контакт центар и побарајте помош 02/3091-484.
Превентивни совети:
🚰Хидрирајте се и престојувајте во разладени простории, тоа ќе му овозможи на вашето тело да остане во нормална состојба
🚿 🛁 Практикувајте освежувачки туширања или бањи
👕 Носете лесна облека која дише, направена од природни материјали
🛑 Избегнувајте прекумерна консумација на алкохолни и засладени пијалаци, како и оние кои содржат кофеин.
🍲 Земајте лесни и мали оброци
👶 👴 👵 Внимавајте на блиските кои се подложни на последици од прекумерна топлина (децата, бремените жени и највозрасните).
Светската здравствена организација, заедно со Светската метеролошка организација, Програмата за животна средина при ОН и Меѓународната трудова организација креираа и специјална бесплатна апликација насловена како SunSmart Global UV APP која помага за да се заштитите од опасностите предизвикани од сонцето и промовира глобално здравје. Со помош на истата може да ја видите 5 дневна прогноза на УВ зрачење, со посебен акцент на деловите од денот кога би требало да користите заштита од сонце. Достапна е google play и app store