2. Рендас Ј.В.Батиста

Со др.Митрев и др.Анѓушева за прв пат се сретнав за време на Симпозиумот во Рим. Бев импресиониран од нивните презентации. Подоцна бев поканет да дојдам во Скопје, да држам предавање и активно да учествувам на неколку операции. Имам посетено повеќе болници во различни центри во тек на последните години, и само малку центри ја имаа опремата што ја видов во Скопје. Тогаш ми стана јасно, зошто имаат толку добри хируршки резултати. Тоа е не само поради тоа што се одлични професионалци, туку и поради повеќе причини што би сакал да ги назначам:

Нивниот Кардиоваскуларен Центар е опремен со последен тренд на опрема. Најдобар квалитет на опрема можам да речам, меѓу повеќе познати центри каде што сум бил.

Сестрите се внимателни, многу е пријатно да се работи со нив. Се чувствував како да работам во домашна атмосфера.

Слично се чувствував и со техничарите. Тие се луѓе со одлично искуство и пријатен карактер.

Докторите кои се на пракса, упорно се надоградуваат. Сум ги видел како учат и активно учествуваат во иследувањата. Тие се доста трудољубиви.

Најважно од се е нивниот однос. Да, тие знаат дека се добри, но секогаш се со отворена свест да бидат уште подобри. Постојано бараат начини за унапредување на работата. Тие знаат што сакаат.

“Кој не знае што бара, кога ќе го најде, нема да го забележи”.

Му честитам на др.Митрев и на сите Доктори, сестри, техничари и други вработени во овој важен Кардиоваскуларен Центар за вонредната работа и труд што ги вложиле на нивните 1000 пациенти и им пожелувам добра среќа за наредните 10.000 пациенти. Сигурен сум дека ќе ги третираат со иста грижа и просветување, како што работеле и до сега.

Ви благодарам за привилегијата да учествувам на оваа прослава.Рендас Ј.В.Батистаhttp://www.ctsnet.org/home/rbatistahttp://www.ctstrent.org/Editors/batista2.htm

28.03.2008 – Симпозиум „Новини во педијатријата 2008“

Од 28-29 Март 2008 Година во Хотел Aлександар Палас се одржа Симпозиум „Новини во педијатријата 2008“ во организација на македонско лекарско друштво, здружение на педијатрите во македонија, Клиника за детски болести, каде што активно учество земаа Академик Др. Жан Митрев со предавање на тема „Кардиохируршки третман на пациенти со вродени срцеви маани 2000-2008“ и Др. Иван Милев со предавање на тема „Вродени срцеви маани – интервентен третман во РМ, 2003-2008 година, резултати и перспективи“.

28.03.2008 – XIV World Family Therapy Congress; Istanbul, Turkey

На XIV Светски Конгрес на Семејна Терапија кој се одржа во Истанбул, Турција СБК ,,Филип Втори,, имаше своја работилница на тема ,,The possibility of overcoming the stress caused by heart surgery through family therapy,,.

Workshop: Tatjana Ristova Dimova

http://www.ifta.smugmug.com/gallery/175266/50/6655237

Abstract book-XIV Ifta – pdf

05.05.2008 – 8-ми Светски конгрес по кардиохирургија, Кос, Грција

На 8-миот Светски конгрес по кардиохирургија, што се одржа на 5 мај 2008 година на Кос, Грција како член на научниот одбор и претседател на сесијата од областа на срцевата слабост беше избран Академик Др. Жан Митрев. Др. Тања Анѓушева беше избрана за член на програм комитетот и претседател на сесијата од областа на imaging дијагностика на срце.

05.06.2008 – Трет Македонски Конгрес на историјата на медицината со меѓународно учество, Штип

Во период од 5-7 Јуни 2008 година се одржа Третиот Македонски Конгрес на историјата на медицината со меѓународно учество во Штип, во организација на Македонската асоцијација за историја на медицина (МАИМ), ПЗУ Специјалната болница по хируршки болести ФИЛИП ВТОРИ и Завод и музеј Штип.

Како член во почесниот одбор, Академик Др.Жан Митрев го поздрави и прогласи за отворен третиот Македонски конгрес за историја на медицината со меѓународно учество.

Апстрактот за почетоците и развојот на кардиохирургијата во Македонија се наоѓа во зборникот на трудови од Третиот Македонски Конгрес на историјата на медицината со меѓународно учество на 232 страна.

08.09.2009 – Годишен состанок на Европското здружение на Кардиолошки Радиолози

Од 8-10ти Октомври 2009 во Лајпциг, Германија се одржа Годишен состанок на Европското здружение на Кардиолошки Радиолози на кој зема учество Др. Лидија Вељановска.На состанокот беа презентирани сите новитети од оваа област со бројни презентации на комплетно обработени случаи, со видеоконференциско следење на изведување на самите прегледи како , обработка на добиените податоци како и тест презентации со квизовиСе нудеше можност за запознавање со бројни предавачи и колеги , одлична прилика за размена на искуства како и аплицирање на бројни следни семинари, медицински состаноци како, бројни тренинзи од радиолошката област во различни европски центри.Имаше и презентации на најнови видови КТ скенери и нивните можности за повалитетни прегледи.Посета на неколку центри за радиодијагностика и организирани работилници со учество во обработката на пациентот.

Министерката за Одбрана на Р.Словенија во посета на ,,Филип Втори”

На 03.06.2009 Министерката за Одбрана на Р.Словенија, д-р.Љубица Јелушиќ ја посети Болницата, Филип Втори”. Министерката изрази голема благодарност до Академик Др.Жан Митрев и целиот тим на Болницата, заради исклучителниот третман на Марко Кац, Словенечки војник на КФОР на Косово.

Марко Кац беше донесен на 1 мај минатата година во критична здравствена состојба од Косово и хоспитализиран во ,,Филип Втори”. По долготрајниот третман на одделението на интензивна нега во Болницата ,,Филип Втори”, Кац повторно се врати во живот и продолжи со рехабилитација во Словенија .

,,Сега е добар, благодарение на оваа Болница и тимот на Доктори на одделението за интензивната нега на ,,Филип Втори ”, рече Министерката со искрена насмевка на лицето, а како подарок за Болницата ги остави овие две кристални пилиња кои се симбол на Р.Словенија.

Донација на др.Митрев за ваквинација на пензионерите

Средства за 100 вакцини за заштита од сезонскиот грип се донирани на Здружението на пензионерите – Кисела Вода.На 10 и 11 ноември вакцините беа аплицирани на 100 пензионери од Здружението во просториите кои за таа цел ги одстапи Заводот за здравствена заштита. По успешното завршување на акцијата за вакцинација, пензионерите изразија голема благодарност за овој хуман гест на др.Митрев.