Кампањата за борба против кардиоваскуларните заболувања

И оваа година Специјалната болница по хируршки болести ФИЛИП ВТОРИ продолжува со активно учество во кампањата за борба против кардиоваскуларните заболувања. По тој повод, во соработка со Црвениот крст на град Скопје и Заводот за социјални дејности во Скопје беа реализирани неколку проектни активности и тоа:- ФИЛИП ВТОРИ финансиски го поддржа печатењето на промотивниот плакат под мотото “Пушењето – непријател на здравјето на вашето срце” – Психолозите од болницата одржаа едукативна работилница на тема “Креативни пристапи во борбата против пушењето” со младите волонтери од Црвениот крст на град Скопје- Од страна на детскиот кардиолог, во болницата беа спроведени бесплатни кардиолошки прегледи на 5 доенчиња од Домот за доенчиња и мали деца без родителска грижа од Битола, како и 3 деца од СОС Детското село и 10 Деца згрижени во згрижувачки семејства.

– Психолозите од болницата заедно со волонтери од Црвениот крст на град Скопје посетија во нивните домови три пациенти оперирани во ФИЛИП ВТОРИ.

Специјална болница по хируршки болести ФИЛИП ВТОРИ

На 15.12.2008 година Средношколци од средното медицинско училиште „Д-р.Калаузи“ – Битола на нивна иницијатива ја посетија Специјалната болница по хируршки болести ФИЛИП ВТОРИ и одблиску се запознаа со работата на персоналот во болницата, начинот и стандардите за грижа на пациентите, услугите кои се нудат, фармацевтскиот оддел итн.

Оваа организирана посета на средношколците од ОСМУ „Д-р.Калаузи“ беше предводена од директорката Јасмина Никиќ-Десановска, која што му додели благодарница на Академик Др.Жан Митрев за можноста што им ја дава на идните медицински лица да се запознаат со еден нов систем на работа, организација и третман на пациентите.

Покана на Здружението на лекари за критично болни пациенти на Р.Македонија

На 13.12.2008 година на покана на Здружението на лекари за критично болни пациенти на Р.Македонија во просториите на деканатот на Медицинскио факултет во Скопје, Академик Др. Жан Митрев одржа предавање на тема “Крварења во кардиохирургијата и blood saving процедури”.

Болницата “Филип Втори” се приклучи кон прославата на денот на општина Карпош со бесплатни прегледи

По седми пат се одржа манифестацијата “Ем умеам, ем можам”, традиционална манифестација која е од големо значење за жителите на Карпош.

Во рамките на хепенингот што се одржа во Трговскиот центар ”Лептокарија”, медицинска екипа од Ургентниот Дијагностички центар на болницата вршеше бесплатни прегледи на посетителите кои беа во значителен број.

“Филип Втори” донираше и средства за да се одржи оваа манифестација која оваа година беше збогатена со културно-уметничка и забавна програма.

Пинг-понгарската Федерација и Кошаркарската Федерација на Макдонија во тесна врска со “ Филип Втори

Болницата е спонзор на сите пинг-понгарски лиги кои ги организира Пинг-понгарската федерација на Македонија, супер лига за сениори, Прва лига за сениорки и Прва лига за сениори.

Од неодамна е договорено и спонзорство помеќу Болницата и КФМ. Филип Втори е медицински партнер на Кошаркарската Федерација на Македонија. За оваа соработка академик др. Жан Митрев вели:

” Во “Филип Втори “ ќе се вршат нивните редовни систематски прегледи, а кај нас ќе бидат санирани и некои од евентуалните повреди на репрезентативците. Тука ќе им биде пружена врвна услуга каква што можат да ја добијат секаде низ Европа каде што професионално настапуваат. Ние сме партнери на уште голем број други спортски клубови, при што на располагање на спортистите им го ставаме целото наше знаење , вклучувајќи ги и врвните специјалисти кои работат во Болницата во одделот Дијагностички центар, со амбулантите за интернистички, абдоминални и ортопедски прегледи. Опремени сме со најсовремени апарати за дијагностика како што е 64 слојниот томограф, кој за неколку секунди открива разни аномалии или повреди”.

Нашиот најдобар репрезентативец Врбица Стефанов, на Академик др.Жан Митрев во знак на благодарност му подари дрес со бројот 1.

Светскиот ден на срцето

Светскиот ден на срцето оваа година се одржа на 27.09 под мотото Работи со срцето

Медицинскиот тим на Болницата Филип Втори го одбележа овој ден преку едукативни и превентивни активности. Во градскиот парк во Скопје на присутните граѓани се делеше едукативен материјал “ Како да му помогнете на срцето “ , а исто така беше направен и скриниг на дел од посетителите.

Кардиоваскуларните заболувања се број 1 причина за смрт ширум светот . Секоја втора секунда во светот умира по еден човек. Се проценува дека во 2005 од кардиоваскуларни болести починале 17,5 милиони луѓе, а оваа бројка се очекува да порасне до 20 милиони луѓе во 2015 година.Речиси половина од оние кои починале од хронични заболувања се , вклучително и кардиоваскуларни, се во продуктивните години од животот.