Во склоп на активностите за запознавање на учениците со организација на работата во современа медицинска установа, неколку класа идни медицински сестри и акушерки од Општинското средно медицинско училиште Младински Актив ОСМУ “ Д-р. Јован Калаузи “ – Битола. За време на оваа посета 89 ученици од III година заедно со своите професори беа во можност да ја осетат работната атмосфера. Им благодариме за посетата и им посакуваме успех во нивното понатамошно образование.
Автор: zmc_piksel_dev
Бесплатни дерматолошки прегледи од Клиника Жан Митрев по повод месецот на меланома
Клиника Жан Митрев спроведува бесплатни прегледи за превенција на меланома – канцер на кожа, во Скопје беа прегледани и советувани над 50 граѓани, а следната недела еднодневни бесплатни прегледи ќе се прават во Битола и во Струмица.
Дерматолози специјалисти од Клиника Жан Митрев ги спроведуваат бесплатните дермоскопски прегледи како превенција за појава на рак на кожа и соодветна заштита од канцер на кожа и како поддршка на Европската кампања за зголемување на свесноста за ова заболување.
Покрај прегледите, пријавените граѓани ќе добијат и совети како правилно да се грижат за здравјето на кожата.
Прегледите ги спроведуваат дерматолозите д-р Анџелка Илиева и д-р Александра Лазаревска.
Клиничката болница Жан Митрев секоја година традиционално со бесплатни прегледи и советување на граѓаните ја поддржува Европската кампања за подигање на свеста за рано откривање на карцином на кожа.
Интервју: Проф. д-р Константин Митев – Регенеративна медицина во третманот на оштетена зглобна ‘рскавица
Најчести причини за оштетувања на зглобната рскавица се активности поврзани со повторувачка траума на зглобот, силен удар – импакт на зглобот при спортска траума, пад, несоодветна секојдневна активност за возраста на пациентот“, објаснува проф. д-р Константин Митев специјалист по општа хирургија, супспецијалист по трауматологија.
Оштетувањата на зглобната ‘рскавица се поврзани со процесот на стареење на индивидуата, а првиот симптом е болка во зглобот која се зголемува при оптеретување на зглобовите. Овој проблем може да доведе до отежнато извршување на секојдневните обврски, па и до одреден степен на инвалидност доколку не се третира соодветно и навремено.
Кои се причините поради кои доаѓа до оштетување на зглобната ‘рскавица?
Најчестите причини кои доведуваат до оштетување на зглобната рскавица се поврзани со процесот на стареење на индивидуата. Кај возрасната популација поради хормонски дисбаланс, неактивност, долготраен стрес на зглобовите, губење на коскено-мускулниот баланс и обезност (прекумерна тежина) се јавува зголемена продукција на воспалитетелни медијатори кои имаат директен токсичен ефект врз интегритетот на зглобната рскавица.
Кои се стадиумите на оштетување, со какви проблеми се соочува пациентот и која е динамиката со која се развиваат симптомите?
Болка во зглобот е прва и најчеста манифестација како резултат на почетокот на оштетувањата на зглобната рскавица, која потоа се зголемува при оптеретување на зглобовите. Последователно се јавува оток, вкочанетост, крепитации (крцкање) и блокирање или откажување на зглобната функција.
Кои активности доведуваат до оштетување на зглобната ‘рскавица?
Најчести причини за оштетувања на зглобна рскавица се активности поврзани со повторувачка траума на зглобот, силен удар – импакт на зглобот при спортска траума, пад, несодветна секојдневна активност за возраста на пациентот.
Медицината постојано напредува, што е најново во третманот на оштетена зглобна ‘рскавица?
Современите достигнувања во репарација на рскавица рапидно се менуваат и надоградуваат во насока на користење на билошкиот потенцијал на човековиот организам. Последната деценија постои експанзија на методите и третманите за регенерација на зглобна рскавица со кориистење на матични клетки, плазма богата со тромбоцити, автокондициониран серум, стимулација на коскена срцевина и автотрансплантација на клеточни импланти.
Како функционира регенеративната медицина и како биолошкиот потенцијал на сопствениот организам се употребува во третманот на оштетена зглобна ‘рскавица?
Регенеративните методите за третман на оштетена зглобна рскавица се безбедни, ефикасни, минимално инвазивни и најважно не даваат реакција на отфрлување на имплантот или било каква алергиска реакција затоа што потекнуваат од домаќинот. Обновувањето на рскавицата се темели на користење на биолошкиот потенцијал на крвните клетки – тромбоцити или матични клетки. Тромбоцитите содржат голем број на фактори на раст, фактори на трансформација и репарација. Истото може да се постигне и со апликација на матични клетки земени од коскена срцевина или масно ткиво. Овие две методи може да се користат секоја посебно или да се комбинираат, со што може да се подобри квалитетот на репарираната рскавица.
Кои се бенефитите од овој третман?
Kористењето на современите методи за репарација на оштетената зглобна рскавица доведува до намалување на болката и отокот во афектираниот зглоб како и драматично подобрување на зглобната функција.
Колку време е потребно за реинтеграција на новата ‘рскавица и што следува потоа?
Времето на реинтеграција на новоформираната рскавица варира од неколку недели до неколку месеци и зависи од тежината на оштетувањето на зглобот, возраста на пациентот, хормоналниот статус и придружните болести кои го успоруваат процесот на репарација на зглобната рскавица.
Оштетената зглобна ‘рскавица може да доведе до отежнато извршување на секојдневните обврски, па и до одреден степен на инвалидност, и затоа секогаш треба да се делува превентивно. Кои се Вашите препораки?
Поради големиот процент на пациенти кои се јавуваат со напреднати и масивни оштетувања на зглобната рскавица, мојата препорака е во насока да не се занемаруваат првите симптоми како мала болка, крцкање на зглобот и лесен оток, туку да се јават на медицински преглед. Превентивните активности како вежбање, одење, трчање, пливање и возење велосипед се одлични за зајакнување на интергитетот на коскено-злобниот систем, но треба да се обавуваат внимателно и соодветно на возраста на пациентите.
Извор: Panacea.mk
Интервју со д-р Горазд Коњановски: Клиника Жан Митрев одигра клучна улога во поставувањето на темелите во кардиохирургијата
За кардиохирургијата во Македонија, за младите специјализанти, за можностите во Македонија за развој на кардиохирургијата и професионален напредок но пред сѐ за односот кон пациентите но и односот кон младите лекари, зборува еден од најмладите специјализанти по кардиохирургија во Македонија Горазд Коњановски, дел од тимот на Клиничката болница Жан Митрев.
Вие сте еден од најмладите специјализанти по кардиохирургија во Македонија, што ве привлече кон ова поле од медицинска пракса?
Интересот кон кардиохирургијата го добив уште пред да знам што значи кардиохирургија. Колку и да звучи тоа неверојатно сепак случка од детството ми ја одреди денешната професија. Кога имав околу 7-8 години, мојот дедо, инаку офталмолог по професија, се оперираше во тогашната болница Филип Втори. Беше направена операција аорто-коронарен бајпас од страна на д-р Жан Митрев и после таа операција живееше уште долги 16 години. Кога се врати дома после операција, донесе видео касета со натпис „1000 операции на отворено срце во Република Македонија”. Од тој ден додека сите другарчиња гледаа цртани филмови, јас ја гледав таа касета, ги гледав тие операции и иако не разбирав ништо јас го гледав само тоа. Уште во тие години, во тие моменти, сум зборувал и сум кажувал дека кога ќе пораснам сакам да бидам доктор за срце како д-р Митрев. И тоа така остана врежано во мене, нејасно се разви љубовта и интересот кон кардиохирургијата и никогаш не замре. Кога бев 8-мо одделение имав огромна желба да се видам со д-р Митрев, и тоа се случи, ми се оствари таа желба, нѐ прими и му кажав дека еден ден сакам да бидам како него и го прашав за совет што треба да направам за да бидам како вас, а на тоа ми одговори – Учи и слушај си го срцето. Јас тоа го направив, не се откажав од желбата во ниту еден момент, па еве денес го живеам мојот сон. Сега сум специјализант по кардиохирургија под менторство на академик д-р Жан Митрев при клиничката болница Жан Митрев.
Како гледате на кардиохирургијата? Што е потребно да се направи за кардиохирургијата да се развива и во Македонија?
Кардиохирургијата е гранка за која се зборува во медицинските кругови дека е во изумирање, а без неа всушност ништо не може. Ние секојдневно се среќаваме со разни случаи каде оперативниот третман е неминовен. Точно дека интервентната кардиологија е во подем но е далеку од тоа да може да го замени оперативниот третман. Сме имале доста случаи каде сме морале итно да реагираме поради одредени интервентни постапки или слично. Затоа, иако навидум изгледа поедноставно, или помалку опасно, некогаш оперативниот третман е далеку посигурен и помалку ризичен отколку интервентниот пристап. Ова го кажувам бидејќи пациентот е секогаш на прво место. Кога се работи за вакви сериозни работи треба широка опсервација и неминовна е консултацијата со кардиохирург. Во Македонија кардиохирургијата се развива интензивно во последните 20 години. Нашата клиника одигра клучна улога во поставувањето на темелите во кардиохирургијата и тие напори се препознаени, почитувани и вреднувани и надвор од границите на нашата држава. Дефинитивно, ние како држава имаме врвна, светски призната, кардио специјализирана здравствена институција и се надевам дека во иднина здравствениот систем во нашата држава уште посилно ќе ги користи можностите за развој на оваа гранка преку научната и едукативна сила која може да ја понудиме.
Праксата како специјализант по кардиохирургија ја започнавте во Клиника Жан Митрев, какви се можностите за развој, надградување и професионален напредок во ова окружување?
Да, точно. Праксата ја започнав токму во оваа болница во еден многу тежок период за сите нас, за време на екот на КОВИД пандемијата. После година дена ја добив и специјализацијата. Но, квалитетот и успехот во животот бараат жртва. Од многу млади колеги ќе слушнете дека тука е многу строго, дека е тешко, дека се работи долго и слично. И тоа е така, бидејќи тука работат врни професионалци, со огромна посветеност и емпатија кон пациентите па така и самото опкружување е доста захтевно и филтер кој ги пропушта само најдобрите и најпосветените кадри да работаат во оваа здравствена институција. Апропо на тоа, професионалниот развиток и надградувањето се неминовни.
Сте биле дел и од јавно и од приватно здравство, дали можете да направите разлика? Какви се можностите за напредок во кардиохирургијата во јавното а какви во приватното здравство?
Разликите за жал се дијаметрални. Зборувам општо за здравството. Во народот постои една стигма дека посигурно е кога одиш во приватно здравство. И за жал, тоа е така. Причините се многубројни, проблемот е мултифакторијален. Професионалци секако дека има, голем дел од нив биле и мои професори од кои сум учел. Како да недостасува вистински концепт, услови за работа и дисциплина за развој на државното здравство, а јас мислам дека стабилно државно здравство е клучно за градењето на здравствената слика во една држава. Јас немам искуство со работа во државната кардиохирургија, но можам да зборувам за она што се случува кај нас. За нецели две години, јас лично имам околу 650 асистенции на кардиоваскуларни операции. Тоа е скоро 10 пати повеќе од предвидениот програм во курикулумите по кардиохирургија на универзитетите ширум светот. Таквата динамика на работа, како и благодарение на врвното менторство ми овозможија да учам и извршувам стручни работи кои се предвидени во понапредните години од специјализацијата. Како клиника напоредно работиме и на проект каде се вклучени повеќе европски универзитети и професори од Европа за развивање на вештачка интелигенција во кардиохирургијата. Во болницата, на ниво на научен клуб постојано се одржуваат предавања при што се разгледуваат најновите протоколи за работа и трендови во медицината. Редовно се одржуваат и едукативни работилници. Исто така, организираме и конгреси кои се значајни за нашиот едукативен развој. Активно учествуваме во објавување на научни трудови. Тоа мислам дека кажува се.
Kакви се можностите за напредок на младите специјализанти во Македонија, што е потребно за да останете да работите тука во Македонија?
Пред се треба да си ја сакате држава и да сакате вашиот труд да го вложите тука. Во медицината ако на прво место не ви е пациентот или ако ја немате таа емпатија кон него, сте ја згрешиле професијата. Генерално за напредок на младите специјализанти, зборувам пред се за во јавното здравство бидејќи таму се присутни во најголем број, и таму мора многу работи да се променат од корен. Мора младите лекари да бидат почитувани од здравствените власти, нивниот труд да биде вреднуван и да добијат вистинска шанса да го работаат она што го сакаат. Ете, зарем не се скромни барањата на младите лекари за да останат да работаат и творат во својата држава. Токму затоа јас останав во Македонија, бидејќи во клиниката во која работам јас тоа го добив.
Колку состојбата со обвинувањата кон клиниката и целиот притисок влијае врз вас и вашата работа?
Па видете, нема човек кој неправдата не го боли. Ние знаеме како и низ што се поминавме за време на тој период од цели 2 години. Ние знаеме како молеа луѓето за кревет плус. Ние знаеме што значи за 2 недели да бидеш дури 7 пати дежурен по 24 часа во надчовечки услови со маски, оддела и да дишеш под визир. Ние знаеме и како успевавме да ги извршуваме и операциите без да ги одложуваме пациентите во тие услови кога никој друг не оперираше. Па така, сега кога гледаш дел од тие пациенти на кои животот си им го спасил дека те обвинуваат, секако дека влијае и не ти е сеедно.
Во другите земји постојат декларации за заштита од одговорност на здравствените работници што дејствувале во вонредни услови како пандемија и слично. Со сите последни случувања кај нас со барање лекарска одговорност, што мислите за ова, дали е потребно?
За време на пандемијата владееше агонија на светско ниво. Секојдневно борбата беше огромна за да се избориш како лекар со болест која е непозната. Протоколите за работа се менуваа од ден за ден, немаше стандардизирање на работите, не се знаеше што е, а што не е правилно, па затоа од претходни искуства се пробуваше на секаков начин да се помогне на пациентите. Од таму сметам дека таква одлука е неминовна и оправдана да се донесе и кај нас.
Тргна караванот „Здравје за сите“, специјалисти од Клиника Жан Митрев правеа бесплатни кардио прегледи на пензионерите од Виница и околината
Специјалисти од Клиника Жан Митрев од денеска започнаа со спроведување на бесплатни кардиоваскуларни прегледи на пензионерите во повеќе градови низ државата. Со караванот „Здравје за сите“ пензионерите од Виница и околните населени места, беа прегледани од тимот доктори од Клиника Жан Митрев, при што добија анамнеза, ЕКГ и читање, ултразвучен кардио васкуларен преглед, контрола на ТА и консултации за навремено откривање и превенција на срцеви заболувања.
Клиника Жан Митрев го започна здравствениот караван „Здравје за сите“ и бесплатните прегледи со цел да се зголемат можностите и пристапот до специјалистички прегледи за сите оние што немаат и не можат да добијат мислење од доктор за својата здравствена состојба. Клиниката ја зголемува грижата за здравјето на граѓаните и посебно за ранливи категории и оние без можност за консултации со доктор. Покрај прегледите ќе се прави и советување и едукација за правилно и навремено дијагностицирање на можни заболувања.
Здравствениот караван и спроведувањето на бесплатните прегледи е дел од Меморандумот за соработка потпишан меѓу Клиничката и Сојузот на здруженија на пензионерите на Македонија, а се спроведува во соработка со локалните организации. Карванот ќе ги посети сите оние места и градови каде пристапот до специјалистички преглед е оневозможен. Во следниот период ќе ги посети и Кочани, Македонска Каменица, Делчево, Берово и Пехчево.
Со оваа активност Клиниката Жан Митрев ја подигнува јавната свест во насока на грижа за кардиоваскуларното здравје со навремена превенција од кардио заболувања на посебни целни групи и навремено идентификување и намалување на ранливоста.
Две важни претставувања за физиотерапевтите
По покана на Хрватското здружение на физиотерапевти, нашиот колега Блаже Арсов воедно и претседател на македонското физиотерапевстско здружение, зема активно учество на меѓународниот конгрес на физиотерапевти Physiotherapia Croatica кој се одржа во периодот од 4 до 5 мај. Учество зедоа и над 150 физиотерапевти од регионот (Хрватска, Словенија, Босна и Херцеговина и Македонија).
Меѓу презентираните 30 труда од областа на физиотерапијата беше и оној на колегата Арсов на тема ” Физиотерапевски предизвици во третманот на пациенти со имплантиран ЛВАД ” (коавтори Лепосава Лазаровска и Д-р Тања Анѓушева). Темата предизвика интерес и желба за воспоставување соработка и заедничко истражување во областа на третманот на пациенти со ЛВАД .
Исто така во рамките на конгресот Светското здружение за физикална терапија WORLD PHYSIOTHERAPY соппшти дека апликацијата за прием на здружението (МФЗ) е одобрена од сите членки и дека официјално станува член на оваа светска организација .
Инаку МФЗ е невладина организација чии основачии и раководство во моментот се дел од нашиот тим на физиотерапевти и во моментов ја преставуваме Македонија во светот на физиотерапијата.
Исто така на покана на Косовската комора на физиотерапевти и компанијата Искра медикал од Словенија пред 800 физиотерапевти од поширокиот регион Косово, Албанија, Италија, Турција, Хрватска, Словенија зедовме активно учество во работилницата за “Функционална магнета стимулација ” при што како единстевни претставници од Македонија ја претставивме работата на физиотерапевтите од одделот за интензивно лекување при Жан Митрев клиника.
12 мај – Меѓународен ден на медицинските сестри
Меѓународниот ден на медицинските сестри се одбележува на 12 мај секоја година уште од далечната 1974 година. Овој датум се слави низ целиот свет за да се одбележи придонесот на медицинските сестри во општеството. Нивната професија е фокусирана на грижата за поединци, семејства и заедници за тие да можат да постигнат и одржуваат оптимално здравје и квалитет на живот. Медицинските сестри може да се разликуваат од другите даватели на здравствена заштита според нивниот пристап кон грижата за пациентите, обуката и опсегот на пракса во најразлични области.
Нека е честит денот на медицинските сестри.
Награда „Оскар на хуманоста“ од Црвен крст на Македонија за Клиника Жан Митрев
Д-р Жан Митрев и Клиника Жан Митрев добија признание од Црвениот крст на Македонија Оскар на хуманоста. Наградата и признанието се доделени за покажана хуманост и безрезервна поддршка на активностите на организацијата.
„Добрината треба да издржи, и ако некој прави лошо, треба да му се врати со добро. Затоа постојат и вакви добри, хумани луѓе кои без разлика на сѐ, прават само добри дела. Некои аматерски, некои доброволно, волонтерски, професионално, но прават добри работи и помагаат на другите. Јас сум навистина горд што сум тука, меѓу вас, со толку многу добри луѓе и оваа награда само ме убедува дека хуманоста и искрената добрина го менуваат светот на подобро“, истакна д-р Митрев при подигањето на наградата.
Клиника Жан Митрев својата поддршка на активностите на Црвениот Крст на Македонија ги покажува континуирано со учествување во сите хуманитарни и донаторски активности организирани од страна на организацијата, како и со редовни доброволни крводарителски акции со кои се придонесува за подигање на здравствената култура и јавната свест за постојаната потреба од крводарителство. Со масовното учество во крводарителските акции од страна на вработените како и со останатата помош од Клиника Жан Митрев за хуманитарните активности на Црвениот Крст, клиниката се потврдува како колектив со високи етички, хумани и морални вредности.
Оскарот на хуманоста беше доделен во рамки на одбележување на Светскиот ден на Црвен крст и Црвена полумесечина.