На почетокот на месец октомври во соработка со Еразмус МЦ се одржа симпозиум на тема ,,Иновации во торакалната хирургија,,.
Гостите предавачи од Универзитетскиот медицински центар од Ротердам-Холандија д-р Едриз Махтаб, д-р Лекс Мат и д-р Амир-Хосеин Садеги презентираа корисни и иновативни методи и технологии на теми поврзани со торакалната хирургија.
Беа дискутирани торакални онколошки зафати со фокус на дијагностика, предоперативно планирање и ресекција на тумор на белите дробови во рана фаза со помош на виртуелна реалност и вештачка интелигенција. Исто така стана збор и за кардиопулмонарна реанимација по кардиохируршки зафати и предавање за употреба на виртуелна реалност со практична обука за симулација.
Академик д-р Жан Митрев зборуваше на тема Развивање на кардиооторакалната хирургија во земјата, со посебен осврт на неокуспидација на аортна валвула. Особено внимание кај големиот број присутни предизвикаа демонстрациите изведени во живо за употребата на виртуелната реалност во предоперативно планирање и реанимација пост-стернотомија.
Секако голема благодарност за организацијата до колегата Родни Росалија, и модераторите д-р Лидија Вељановска-Кириџиевска, д-р Никола Христов, д-р Дијана Попевски и д-р Андреа Арсовски кој беше гостин модератор.
Одбележувајќи ја триесет годишнината од постоењето на револуционерната научна експертиза на Orthomol, Андреас Сингер – Главен менаџер за меѓународна продажба во Orthomol и Оливер Роте – Стручен тренер во полето на ортомолекуларна медицина, остварија посета на тимот на Фила-Фарм во Скопје.
Посветени кон континуирана едукација, развој и стручно усовршување на нашите вработени, посетата креираше одлична можност за усовршување на нашата експертиза во полето на ортомолекуларната медицина отсликувајќи ги светските научни достигнувања на производите на Orthomol.
Покрај едукативната, оваа посетата го симболизира и континуираниот влог кој тимот на Клиничката болница Жан Митрев го негува кога станува збор за развојот на академската, научна и стручна соработка на нашите вработени.
Како долгогодишен партнер во приближувањето на палетата на висококвалитетни витамински и медицински производи на Orthomol на домашниот пазар, оваа посета е уште доказ на нашата посветеност во полето на нутритивна нега и заштита на здравјето на нашите пациенти.
И во иднина, заедно со семејството на Orthomol продолжуваме кон поддршка на Вашето здравје!
Факт е дека кожата старее од ден на ден и има потреба од грижа. Кожата се контаминира од околината и факторите како што се: стрес, употреба на шминка и загаденост на воздухот. Сите тие влијаат врз кожата и ја одземат виталноста. HydraFacial е решението кое ние го нудиме и е неинвазивно, а резултатите видливи веднаш по првиот третман.
HydraFacial е патентиран третман на лицето кој се користи во медицинските центри за естетика и дерматолошките ординации. Познат е и како „хидрадермабразија“ затоа што вклучува ексфолијација слична на микродермоабразија во комбинација со хидратантни серуми.
Овој третман е препознатлив по својот процес од три чекори и вклучува длабинско чистење, ексфолијација и хидрирање на кожата на лицето. Оваа патентирана процедура може исто така да помогне и во лекување на разни кожни заболувања, како акни, розацеа, дисебореичен дерматитис, сува кожа и брчки. Целата постапка е неинвазивна и се изведува со механички апликатор кој поминува по вашата кожа и истовремено длабински ја чисти, ексфолира и нанесува серуми прилагодени на вашиот тип на кожа или зависно од проблемот кој го имате.
Кои се придобивки од HydraFacial третманот
HydraFacial ја подобрува целокупната текстура, тонус и изглед на кожата на лицето. Ова се должи на длабинската ексфолијација која ги чисти вашите пори, отстранувајќи ги нечистотиите и овозможувајќи подобра пенетрација на серумите за лице прилагодени на вашиот тип на кожа.
Видови третмани
Согласно претходно направена проценка, дерматологот може да препорача различни тетмани кои се разликуваат во однос на аплицираните серуми.
HydraFacial третман за акни
Техниките на микродермоабразија долго време се сметаат за ефикасни во третманите за акни и лузни од акни. Ова се должи на длабоката ексфолијација која помага да се отстранат мртвите клетките што ги затнуваат порите на кожата.
HydraFacial третман за комедони
Мртвите клетки на кожата исто така придонесуваат за појава на комедони. Овој неинфламаторен вид на акни може да ги користи придобивките од методите за пилинг и екстракција што се користат во Hydrafacial.
HydraFacial третман за црвенило
Навистина е тешко да се најдат третмани доволно безбедни за оваа чувствителна состојба на кожата на лицето. Согласно резултатите од направената студија во 2006 година потврдено е дека папулопустуларна розацеа може да има бенефит од третманите со хидрадермоабразија.
HydraFacial третман против стареење
Студија направена во 2008 година, потврдува дека оние кои примиле третман со HydraFacial имале значително намалување на знаците на стареење на кожата во споредба со оние кои користеле само серуми. Ефектите од HydraFacial биле: намалена големина на порите, помала хиперпигментација и намалени брчки.
Како функционира HydraFacial третманот?
HydraFacial третманот го изведува или лиценциран естетичар или дерматолог. Постапката се изведува во три дела: Дерматологот најнапред поминува со апликаторот сличен на вакуум врз вашето лице. Со негова помош длабоко ја чисти нечистотијата и масните наслаги од порите. Тие исто така користат пилинг за ексфолијација и обновување на површината на кожата. Потоа користи и додаток сличен на пенкало за да нанесе хидратантен серум со антиоксиданси.
Како да се грижиме за лицето после HydraFacial третманот?
Секој третман на HydraFacial трае помалку од еден час без паузи. За разлика од другите третмани како на пример хемиските пилинзи, веднаш после HydraFacial можете да продолжите со вообичаените активности. Иако не се оечкува да имате црвенило или лупење на кожата по третманот, сепак е најдобро да избегнувате третмани за пилинг во првите неколку дена по HydraFacial.
Колку често може да се применува HydraFacial третманот?
Фреквенцијата на HydraFacial сесиите зависи од типот на кожата и препораките од вашиот козметичар или дерматолог. Некои препорачуваат повторување на третманот на секои 4 недели, додека други охрабруваат повторувања на третманот на секои 2 недели. Вашиот дерматолог може да ви помогне да го одредите точниот број на третмани врз основа на состојбата на вашата кожа на лицето.
Нашиот центар за естетска дерматологија ја збогати понудата на нови услуги со Hydrafacial уредот
Од пред само неколку дена, единствено кај нас, достапни се патентираните Hydrafacial третмани кои се познати во светот и како третмани за хидродермална абразија. Истите ги изведуваат нашите лиценцирани дерматолози со помош на специјалниот Hydrafacial апарат. Со овој апарат се спроведува патентирана процедура која опфаќа: чистење, пилинг, екстракција, хидратација и антиоксидантна заштита во исто време. Ваквиот темелен пристап резултира со почиста, помазна и поубава кожа. Кожа без недостатоци.
Третманот е смирувачки, хидратантен, неинвазивен и неиритирачки. Со негова помош се подобрува хидратацијата на кожата и се елиминира појавата на фини линии, хиперпигментации, но и влијае врз контролата на излачувањто на маснотии и самите брчки. И што е најважно, освен длабинско чистење, ексфолијација и хидрирање на кожата на лицето третманите направени со HydraFacial помагаат и во лекување на разни кожни заболувања, како акни, розацеа, дисебореичен дерматитис, сува кожа и брчки.
Достапни се неколку нивa на третмани: Signature Hydrafacial, Deluxe Hydrafacial, Platinum Hydrafacial.
Првите 30 клиенти ќе добијат промотивни цени на овој третман т.е 30% намалување.
Клучно е да знаете дека годишниот мамографски скрининг треба да го практикуваат сите жени по 40-та година од животот. Додека пак, сите оние кои имаат зголемен ризик заснован на генетика, или постоечка историја на проблеми ова треба да го прават почесто.
Како 3Д мамографијата помага во откривање на карцином на дојка?
Иако истражувачите продолжуваат да бараат нови технологии за откривање на болестите на дојка, тридимензионалната (3D) мамографија останува една од најдобрите алатки достапни за скрининг и откривање на рак на дојка.
3D мамографијата уште позната како томосинтеза, користи ниски дози на зрачење за да направи слики од ткивото на дојката кои се претставени – „исечени“ во повеќе слоеви.
Компјутерската апликација ги трансформира слоевите во 3D- аспекти од ткивото на дојката. Густината на ткивото го одредува бројот на овие слоеви. Колку е погусто ткивото, толку повеќе слоеви генерира компјутерот, обезбедувајќи им на радиолозите и техничарите појасни погледи на ткивото.
3D мамографијата дава појасна слика за ткивото на градите, особено кај пациенти со густи гради. Со добивањето на јасните слики од 3Д мамографија, се намалува потребата од дополнителни испитувања и со тоа се скратува времето на чекање, а самите пациенти се помалку вознемирени бидејќи добиваат навремени и сигурни резултати.
Придобивките од 3D мамографија
Не само истражувањата, туку и праксата покажува дека дигиталните мамограми се значително подобри од конвенционалните мамографи за откривање на рак на дојка кај жени помлади од 50 години, кај жени пред менопауза и во менопауза и кај жени со густи гради. Стапката на преживување за луѓето со рак на дојка кој е откриен рано, во локализирана фаза, е 98 проценти, според Националната фондација за рак на дојка.
Можностите за зголемување на 3D системот и напредните филтри, исто така, им олеснуваат на техничарите за мамографија да ги гледаат сликите како што се направени.
Во согласност со препораките на Американското здружение за рак, експертите ги повикуваат жените да прават месечни самоиспитувања на градите и да подлежат на годишни мамографи за скрининг на возраст од 40 години до возраст од 80 – 85 години. Тие, исто така, препорачуваат претходни мамографи за оние кои што во семејството имале член со рак на дојка, или пак, имале други фактори на ризик. Покрај тоа, важно е да се спроведува клинички преглед на дојка секоја година од лекар или друг здравствен работник обучен за оваа техника.
Функционална магнетна стимулација (ФМС) е неинвазивен и безболен метод кој се базира на електромагнетно поле под влијание на висок интензитет до 3T. Станува збор за ново развиена електротерапија во која се користи специјална ФМС технологија т.е импулсно магнетно поле генерирано од уредот Tesla Care prestige кој предизвикува длабоки мускулни контракции. ФМС технологијата ги користи индуктивните својства на магнетното поле за длабока пенетрација во ткивата и на тој начин ги стимулира мускулите кои не можат да се таргетираат со помош на класичната електростимулација.
Функционалната магнетна стимулација не предизвикува болка, може да функционира и без директен допир на кожата, не ги стимулира нервите на површината на кожата и затоа е попријатна од класичната електростимулација. Магнетните полиња лесно продираат низ облеката, ткивото и коските и достигнуваат до недостапните ткива. Третманот со ФМС ја зголемува силата и издржливоста на мускулите на карличното дно.
Индикации
Намалување на спазам
Импиџмент синдром и смрзнато рамо
Регенерација на нерви, неуралгија, неуритис, полиневропатија
Карпал тунел синдром
Торакална мобилизација
Заздравување на фрактури
Руптури на мускули, тетиви и лигаменти
Пателарна тендинопатија
Епикондилит
Спречување на атрофија на мускулите
Подобрување на дишењето
Акутен и хроничен лумбален синдром ( лумбаго и ишијалгија)
Акутна и хронична дегенерација на интервертебралните дискуси ( дискус хернија)
Акутна и хрнична радикулопатија
Рехабилитација на трауматски мускул или нерв
Третман на акутна болка
Спортски повреди
Стрес уринарна инконтиненција
Ургентна уринарна инконтиненција
Мешана уринарна инконтиненција
Фекална инконтиненција
Регенерација на карлично дно после породување или операција
Инконтиненција после радикална простатектомија
Еректилна дисфункција
Методи на третманот
ФМС се користи во серија од 8 до 16 третмани Третманите треба да се изведуваат на секои два до три дена. Интензитетот се прилагодува индивидуално според потребите на пациентот. Времетраење на третманот е 15-30 минути (во зависност од индикација).
Во моментот достапни се три услуги со ФМС во Жан МИтрев Дијагностик – Струмица исто како и во Клиничката болница Жан Митрев во Скопје:
Функционална магнетна стимулација (за сите мускулно-скелетни и невролошки диагнози)
ФМС за уринарни инконтиненции
ФМС за фекални инконтиненции
Препораките за третман со ФМС може да бидат дадени од уролог или гинеколог за уринарни инконтиненции или еректилна дисфункција, а за мускулно-скелетни и невролошки диагнози препораката треба да дојде од ортопед или невролог.
За повеќе информации контактирајте на 070 257 962 За закажување термин контактирајте на 034 320 302
Искористување на моќта на дигиталното здравје за подобрување на свесноста, превенцијата и управувањето со кардиоваскуларните болести на глобално ниво е целта за овогодинешниот ден на срцето. ,,Додека светот се бори да се справи со KОВИД-19, ние никогаш не сме биле посвесни за важноста на здравјето на нaс самите, но и на нашите сакани,,- велат од Светската срцева организација.
Кардиоваскуларните болести (КВБ) остануваат убиец број еден во светот, што резултира со 18,6 милиони смртни случаи годишно. Има многу причини за тоа, почнувајќи од пушењето, дијабетесот, високиот крвен притисок и дебелината, до загадување на воздухот. Тука се секако и поретките состојби како што се Шагасовата болест и срцевата амилоидоза.
За 520 милиони луѓе кои живеат со кардиоваскуларни болести, КОВИД-19 е особена закана, бидејќи токму тие беа повеќе изложени на ризик да развијат тешки форми на вирусот. Затоа многумина се плашеа да ги практикуваат вообичаените работни и животни активности и станаа изолирани од пријателите и семејството.
Оваа година, пораката која ја упатуваат за Светскиот ден на срцето, е:
КОРИСТЕТЕ ГО СРЦЕТО ЗА ДА СЕ ПОВРЗЕТЕ
Кризата во здравството што сите ние ја живееме ја нагласи итната потреба да се најдат различни и иновативни начини за поврзување на луѓето со здравстени проблеми на срцето, особено во областите и заедниците со помали ресурси.Се работи за поврзување со нашите сопствени срца, да се осигураме дека ги пазиме и негуваме најдобро што можеме, и да ја користиме дигиталната моќ за да го поврземе секое срце, насекаде. Медицинските професионалци се тука за вас, повикајте ги кога ќе ви е потребно.
Со персонализирани третмани и индивидуален пристап до совршена кожа
Центарот за естетска дерматологија при клиничката болница „Жан Митрев“ е сеопфатен медицински и козметичко-дерматолошки оддел, кој нуди целосен спектар на медицинска и хируршка нега, како и естетско подобрување. Поразговаравме со д-р Александра Лазаревска и со д-р Анџелка Илиева кои детално ни ги опишаа сите професионални услуги што ги нудат.
Кожата е најголемиот орган на нашето тело и критична имунолошка бариера што нè одржува безбедни и здрави во нашата околина. Каков вид услуги и нега нуди козметичко-дерматолошкиот оддел при клиничката болница „Жан Митрев“?
Дерматологијата како гранка постои и успешно функционира во нашата клиника уште од 2017 година. Но, генерално, сите овие години беше во функција на кожната патологија. Последните неколку години, како резултат на зачестените барања на нашите пациенти, но и развојната визија на академик д-р Жан Митрев, направивме преструктуирање, насочувајќи се не само кон здравјето туку и кон естетиката. Така, сега можеме да зборуваме за комплетен центар за естетска дерматологија и медицинска козметологија. Во таа насока, просторот што е резервиран за оваа намена, сега е комплетно реновиран и опремен да одговори на потребите на пациентите за да се чувствуваат, пред сè, безбедно и удобно.
Во поглед на услугите на центарот нудиме најсовремени третмани за нега на кожата, превенција од предвремено стареење, потоа сите видови на естетски корекции – пополнување брчки и контурирање на лицето, корекција на асиметрија и дефекти на лицето, третмани на лузни, акни и сите видови на патолошки состојби на кожата.
Она што е различно и нè одвојува од другите се токму нестандардните третмани, оние што досега никој не ги применуваше во нашата држава. Комбинирани со персонализираниот пристап, направен по мерка на секој пациент, во зависност од типот на кожа и патологијата, доколку постои. Секако, сето ова се спроведува првенствено благодарение на тимот дерматолози, кои ги применуваат новите и најсовремени технологии што клиничката болница „Жан Митрев“ првпат и ексклузивно ќе ги понуди на пациентите.
Секој третман е персонализиран и наменски утврден за типот на кожата на пациентот. Кои нехируршки, козметички процедури ги користите за да се подобри состојбата на кожата?
Така е. Сè почнува со преглед што вклучува персонализирана анализа на кожата на пациентот со помош на најсовремен апарат со анализатор, кој, освен целосната длабинска анализа на сите слоеви на кожата, располага со софтвер што користи вештачка интелигенција (artificial intelligence). Благодарение на него, секој пациент добива свое досие и план за понатамошни третмани сè до постигнување на крајниот ефект. Ова можете да го добиете единствено во нашата клиника. Во поглед на нехируршките процедури, секако најактуелни се третманите против стареење. Тие опфаќаат: пополнување брчки со дермални филери со хијалуронска киселина, потоа со пополнувачи со калциум-хидроксил апатит, што се користат за контурирање на лицето и за стимулација на колаген. Актуелно е и пополнувањето со плазма богата со тромбоцити добиена од сопствена крв, колаген индукциска мезотерапија и биоревитализација, хемиски пилинзи, хидрадермоабразија, ултразвучен лифтинг и многу други.
Во моментов имаме акција на бесплатна консултација по која дерматолозите ќе препорачаат соодветни активности и понатамошни чекори за реализација на посакувани цели.
Постојат многу предрасуди во однос на користење на филерите како средство за разубавување. Што е важно да се знае пред примена на ваквиот вид на естетски третмани?
Најважно е да се знае дека, главно, филерите се направени од хијалуронска киселина, што природно ја има во нашата кожа, особено во големи количества во младоста, но за жал, по триесеттата година таа се намалува и како резултат на тоа кожата почнува да губи волумен, да се опушта и да се создаваат брчки. Всушност, филерите служат за пополнување на овие брчки, но и за да го надополнат волуменот на местата каде што кожата прави вдлабнувања. Притоа, клучно е да се има предвид дека тоа е сериозна иглена процедура што треба да се изведува единствено од страна на специјално едуцирани лекари-специјалисти со соодветно искуство и познавање на анатомијата и структурата на кожата, во строги стерилни услови и притоа да се користат дермални филери, што се регистрирани и одобрени од агенција за лекови. Токму затоа во нашата болница се користат дермални филери произведени во Германија, Шведска и Швајцарија, чијшто квалитет е исклучително висок и тие се одобрени од нашата агенција за лекови, европската, но и од американската агенција – ФДА.
Ваша главна цел е задржување на природниот изглед, но и подобрување на животните навики за поздрава кожа. По колку време од консултацијата и редовните третмани можат да се забележат првите промени на кожата на пациентите?
Велиме дека природната убавина зрачи однатре и затоа нашата цел е да ја поттикнеме неа. Всушност, затоа и го користиме нашето мото ,,Разбуди убавина во себе“. Персонализираните третмани и индивидуалниот пристап имаат цел да ги поттикнат сите фактори што влијаат и резултираат со природен изглед по третманите. Имајќи на располагање стручен мултидисциплинарен тим од специјалисти дерматолози, нутриционисти, физиотерапевти и лекари од сите други области во нашата болница се креира синергија во зависност од потребите и најголем дел од ефектите се видливи уште веднаш по третманите.
Одделот нуди решенија и за низа состојби на кожата, како акни, бенки, вирусни брадавици, егзема, псоријаза, розацеја, рак на кожата. Кои промени на кожата треба веднаш да се третираат и да се побара помош од дерматолог?
Секако, во одделот продолжуваме да третираме и дерматолошка патологија. Се третираат сите видови на погореспоменатите болести и состојби на кожата. Важно е да потенцираме дека сме специјализирани и за сите оние дијагнози што бараат неодложен преглед и понатамошно третирање/процена, на пример, сите видови на кожни израстоци и бенки. Особено во овој дел, нашиот најголем фокус се токму дерматолошката онкологија со посебен скрининг и дерматоскопските прегледи на целото тело што се извршуваат користејќи најсовремен дигитален апарат од последната технолошка генерација со вештачка интелигенција што е единствено достапен во нашата клиника. Тој овозможува детален дерматоскопски преглед и детекција на најмалите промени на кожата што некогаш се невидливи за човечкото око. Може да се користи за детална анализа на косата и ноктите.
Со каков вид машини/апарати располага центарот за естетска дерматологија?
Дел од апаратите со кои располага центарот за естетска дерматологија, а кои се единствени во државата се: HydraFacial, апарат со единствена технологија и веднаш видливи резултати, со кој се прави еден од најизведуваните третмани за измазнување и подмладување на кожата ширум светот. Со патентираната технологија од типот на хидрадермоабразија се спроведува неинвазивен метод, што користи специјални персонализирани серуми и бустери за длабоко чистење, ексфолијација, хидрирање и подмладување на кожата. Fotofinder Automated Total Body Mapping – дигитален апарат за дерматоскопија со вграден софтвер со вештачка интелигенција и експертски софтвер Mole Analyzer Pro, кој користи најмоќни алгоритми за анализа на кожата, косата и ноктите. Ова е исто така неинвазивен метод за автоматско комплетно мапирање на кожата на целото тело. Би ја искористиле оваа пригода исто така да споменеме дека наскоро ни пристигнуваат и уште нови уреди во функција на заокружување на целината и збогатување на портфолиото услуги што планираме да бидат достапни за нашите клиенти. Тука би ги истакнале: ULTERA – Уредот за ултразвучно затегање на кожата, единствениот апарат одобрен од Американската агенција за храна и лекови (ФДА), со кој се изведува затегање и лифтинг на кожата на лице и тело без користење на оперативен зафат. Повеќенаменски премиум ласер за безбедно и ефикасно третирање на различни состојби на косата, вклучувајќи и отстранување на несаканите влакна. Овој ласер обединува четири различни технологии во една платформа и е користен од голем број лекари насекаде во светот. Овозможува третирање на различни типови кожа, различни возрасни категории и наменет е и за жени и за мажи. Се применува кај над 30 различни проблеми со кожата, како IPL-третмани на сите кожни промени, васкуларни лезии и проширени вени, пигментирани лезии, хиперпигментации, трајно отстранување влакна на типови кожа I-V и тетоважи, акни, како и отстранување лузни и стрии.