Менструални грчеви – Што треба да знаеме и како да се справиме?

Менструалните грчеви (дисменореа) се болки во долниот дел на стомакот. Многу жени имаат менструални грчеви непосредно пред или за време на менструалниот циклус.
Кај некои жени грчевите се појавуваат во поблага форма. Кај други пак, тие може да бидат толку силни што пречат во секојдневните активности во трање од неколку дена секој месец.
Менструалните грчеви можат да бидат предизвикани и како резултат на присуство на одредени болести, како што се ендометриоза или миом на матката. Решавањато на причината за појава т.е предизвикувачот е од суштинско значење и тоа ќе ја намали болката. Менструалните грчеви кои не се предизвикани од друга болест, се намалуваат со возраста и често се подобруваат по породувањето.

Симптоми

Како симптоми на менструални грчеви можат да се категоризираат следните видови болка:
• Пулсирачка болка или грчеви, со силен интензитет, лоцирани во долниот дел на стомакот
• Болка која започнува 1 до 3 дена пред менструацијата, достигнува врв 24 часа по почетокот на менструацијата и се намалува во рок од 2 до 3 дена
• Континуирана досадна /тапа болка
• Болка која се шири во долниот дел на грбот и мускулите

Кај некои жени исто така се појавува:
• Гадење
• Течна столица
• Главоболка
• Вртоглавица

Кога треба да побарате лекарска помош?

Консултирајте се со вашиот лекар доколку:

• Менструалните грчеви ви пречат при извршување на вашите секојдневни активности секој месец
• Симптомите постепено се влошуваат
• Почнувате да имате сериозни менструални грчеви по 25 годишна возраст

Менструални грчеви може да се појават поради следниве фактори:

• Ендометриоза. Ткивото што ја обложува матката се имплантира надвор од матката, најчесто во јајцеводите, јајниците или ткивото што ја обложува карлицата.
• Миом на матката. Овие неканцерозни израстоци на ѕидот на матката можат да предизвикаат болка.
• Аденомиоза. Ткивото што ја обложува матката почнува да расте на мускулните sидови на матката.
• Карлична инфламаторна болест. Оваа инфекција на женските репродуктивни органи обично е предизвикана од сексуално преносливи бактерии.
• Цервикална стеноза. Кај некои жени, отворот на грлото на матката е толку мал што го спречува менструалниот проток, предизвикувајќи болно зголемување на притисокот во внатрешноста на матката.

Фактори на ризик

Може да бидете изложени на ризик од менструални грчеви доколку:

• Имате помалку од 30 години
• Почнувате со пубертет рано, на 11 годишна возраст или помлади
• Имате обилни периоди (менорагија)
• Имате нередовно менструално крварење (метрорагија)
• Имате семејна историја на менструални грчеви (дисменореа)
• Сте пушач

Менструалните грчеви не предизвикуваат други медицински компликации, но можат да пречат во училиште, работа и при социјални активности.
Сепак, одредени болести како што е ендометриозата може да предизвика проблеми со плодноста. Карличната инфламаторна болест може да ги повреди јајцеводите, зголемувајќи го ризикот од имплантација на оплодено јајце надвор од матката (ектопична бременост).

Дијагноза

Вашиот лекар ќе ја прегледа вашата медицинска историја и ќе изврши физички преглед, вклучувајќи карличен преглед. За време на карличниот преглед, лекарот ќе провери дали има абнормалности во репродуктивните органи и ќе провери дали има знаци на инфекција.
Ако вашиот лекар се сомнева дека има нарушување кое предизвикува менструални грчеви, тој или таа може да препорача други тестови, како што се:

Ултразвук. Овој тест користи звучни бранови за да создаде слика на матката, грлото на матката, јајцеводите и јајниците.

Други тестови за дијагностицирање: КТ или МРИ скенирање кои обезбедуваат повеќе детали отколку ултразвукот и може да му помогнат на вашиот лекар да постави точна дијагноза. КТ скенот комбинира радиографски слики добиени од различни агли за да произведе пресечни слики на коски, органи и други меки ткива во телото. МРИ користи радио бранови и моќно магнетно поле за да произведе детални слики на внатрешните структури. Двата теста се неинвазивни и безболни.

Лапароскопија. Иако обично не се употребува за дијагностицирање на менструални грчеви, лапароскопијата може да помогне во откривање на болестите како што се ендометриоза, адхезии, фиброиди, цисти на јајниците и ектопична бременост. За време на оваа амбулантска операција, вашиот лекар ја проверува абдоминалната празнина и репродуктивните органи преку мали засеци во стомакот во кои вметнува фибероптичка цевка со мала камера.

8 септември светки ден на физиотерапевтите

Одбележувањето на светскиот ден на физиотерапевтите започнува уште во 1996 година кога за прв пат како таков е промовиран од страна на Светската организација за физиотерапија. На овој ден клучната заложба е да се генерира свест за придонесот што физиотерапевтите го даваат во општеството, овозможувајќи им на луѓето да бидат мобилни, добро да се чувстувтаат и да се независни.

Оваа година темата која е во фокус е рехабилитација, ,,долгиот,, КОВИД и секако од улогата на физиотерапевтите во третманот и на луѓето кои се погодени од ,,долг,, КОВИД.
Фактите говорат дека: 1 од 10 пациенти кои прележале КОВИД ќе покажат симптоми на таканаречен ,,долг,, КОВИД во период од 12 недели или подолго.

Различен е за секого, а рехабилитацијата за ваквата состојба мора да биде прилагодена на поединецот.
Како физиотерапевти, тие играат клучна улога во обезбедувањето сигурна и ефективна рехабилитација, што е основно за закрепнување по оваа болест.

Во продолжение што е ,,долг,, ковид и совети и вежби кои ќе ги олеснат тегобите.

Совети и препораки од нашиот психолог Марија Аџиоска

Како да си помогнеме себе си кога тагуваме за блиска личност?

Изминатиов период многу семејства загубија драги блиски личности. Соочувањето со смртта е еден од најголемите предизвици. Кога се соочуваме со загуба на блиска особа се раѓа една цела низа симптоми а најизразени се тага, лутина, страв и телесни симптоми, односно психосоматски, како што се несоница, немир, намален или зголемен апетит, забрзано чукање на срцето, покачен крвен притисок, главоболка. Психички и физички цело наше тело реагира. Ваквата состојба прави пореметување на природната рамнотежа на организмот.

Никако не требе да го избегнуваме тагувањето. Тое е природен и корисен процес кој има лечебна фукција. Важно е емоциите да излезат од нас, затоа што потиснатите емоции не си заминуваат, не ги снемува, тие многу често знаат да се појават во облик на болести или физички тегоби. Вообичаено процесот на тагување трае 2 до 3 години. Во тој процес ние поминуваме низ неколку различни фази, состојби кои е добро да ги знаеме за да сме свесни до кој степен е нормално тоа низ кое што поминуваме.

Првата фаза е шок и неверување, тоа е одбранбен механизам на нашето тело. Кога ќе ја примиме веста дека сме изгубиле некој со кој што сме биле емотивно поврзани, ние едноставно негираме и несакаме да го прифатиме тоа. Нашето несвесно поставува една бариера која нас не штити во тоа прво време од таа страшна вест за нас. Негирањето е нормално, не се борете против тоа.

Потоа доаѓа фазата на лутина. На кого се лутиме? Прво, обично се лутиме на онаа особа која што не напуштила и кажуваме: „Зошто баш сега мораше да ме нашпуштиш?“, Се лутиме на бог, на светот, на лекарите, се лутиме сами на себе. Се прашуваме дали ние сме направиле се што било потребно? Дали сме можеле да направиме нешто повеќе?

Влегуваме во процес на чувство на вина затоа што умот на тој начин се обидува да најде решение, но бара решение на начин да најде виновник, кој е виновен за тоа што се случило, кој е одговорен. Важно е да запомните дека никој не е виновен. Тоа е нормална лутина и е нормален дел од процесот на жалење и таа ќе трае некое време. Не се борете против тоа, во ред е да чувствувате бес и лутина. Кога ќе почувствувате бес не го притискајте, зборувајте гласно: „Толку сум лут/а што ова се случи“. Тогаш болката повторно е ужасна, но станува подобро, кога ќе го прифатиме и уважиме чувството.


Кога низ лутината ќе го извадиме тој силен енергетски набој кој нас ни носи нелагодност, тогаш влегуваме во следната фаза а тоа е депресија или потиштеност.
Во оваа фаза ние сме свесни дека тоа е една преголема загуба за нас дека нашиот близок го нема и доаѓаат симптоми кои се многу слични симптоми на депресија, а тоа се, тага, безволност, апатија, некои размислуваат на тоа да си направат себеси нешто.


Тогаш е значајно да се сетите дека, вие сте сеуште живи и се додека сте живи имате одговорност да се грижите за сопствениот живот, а тоа значи да го живеете и да доживувате се што ви носи и тешкотии и убавини.
После бесот, брановите од болка ќе ве погодат, но потоа тие ќе се повлечат, ќе доаѓаат се помалку и помалку. Kога тоa ќе се случи одиме во следна фаза, прифаќање. Во ова фаза, сеуште е тешко, сеуште таа личност ни недостига, но сега пополека прифаќаме. Најголем број од луѓето научуваат да се носат со болката и тагата.

Поминувајќи низ сите тие фази, почнуваат да учат, постепено, по свое темпо и време да продолжат со своите животи и функции во општеството. Во фазата на прифаќање веруваме дека таа личност ќе живее секогаш во нас и одбираме да се фокусираме на љубовта што секогаш ќе ја чувствуваме кон неа.

Совети и препораки

  • Кога се наоѓате во голема тага и болка, кога ви се чини дека е безизлезно, пробајте да си замислете каков совет таа личност би ви дала во тој момент, што таа би кажала на тоа. Ова е неверојатно моќна техника што може да ви помогне.
  • Бидете свесни дека ќе го чувствувате вашиот живот како да не е реален, како да не можете да избегате од болката. Бидете трпеливи, нежни и сочувствителни кон себе, тагата нема да ја снема за месец или два, не си поставувајте рокови и граници, дозволете да се случи процесот на тагување и следете го својот пат.
  • Одржувајте го својот живот што е можно поедноставен, потребно е време за човек повторно да си ја најдете својата рамнотежа и да ја обновите својата сила.
  • Важно да не сте сами во тие моменти, значајна е поддршката од блиските.
  • Комуницирајте со луѓе кои претрпеле слична загуба, тие можат да ви бидат поддршка.
  • Обидете се да најдете значење во вашето страдање, да ја трансформирате тагата и да направите нешто што било значајно за вашата сакана личност. Може да направите многу мали работи во чест на саканата личност.
  • Грижете се за себе, грижата за себе треба да биде ваш најголем фокус кога тагувате за блиски особи.
  • Ставањето во писмена форма на она што го чувствувате, може да биде исклучително корисно во процесот на тагување. Може да пишувате, дневник, да користите музика или цртање.
  • Препорачливо е доколку треба да донесете некоја важна одлука, да ја одложите бидејќи не е време за донесување на важни одлуки, затоа што реално тогаш не сте во можност на еден правилен начин да ја согледате ситуацијата.
  • Можете во одреден степен да преземете контрола врз тагата преку нејзино ритуализирање, да си направите неколку дена во годината кога ќе имате фамилијарен ручек во чест на саканата личност, ќе гледате во нејзините слики, ќе разговарате за неа, ќе ги оживувате спомените.
  • Кога е тешко да се најде надеж, едуцирањето за тага може да ви помогне да верувате дека тагувањето води кон заздравување.

Кога да побарте помош од психолог, психотерапевт? Зошто е важно и што тоа ќе ви донесе?

Особено е важно да побарате стручна помош од психолог, психотерапевт доколку:

  • Со тек на времето тагата не го намали својот интензитет;
  • Сте изгубиле волја за секојдневните активности;
  • Ви доаѓаат секакви мисли низ глава, размислувате автодеструктивно, се повредувате себеси, си наштетувате на себеси.
  • Гледате дека неможете сами да се носите со загубата, поминало доста време, а вие сеуште се чувствувате изолирани и осамени.
  • Можеби вашата последна средба завршила со некој лош збор или некое недоразбирање, па постојано се преиспитувате себеси како сте постапиле, може да се чувствувате виновни за работи што сте ги правеле или што не сте ги направиле додека била жива личноста, можеби сте сакале уште нешто да и кажете, па ве измачува тоа што ви останало недокажано.

Сето ова може да направи застој во процесот на тагување. Потребно е да излеземе од таа заглавеност, за да протече енергијата и да започне заздравувањето.
Сите во животот кога тогаш ќе поминеме низ тој процес и повеќе пати. Целта е да излеземе со најмали последици по нашете психичко и физичко здравје. Постојат различни психотерапевтски техники со кои што се работи во текот на сеансите за најпрво да дојде до олеснување кај личноста од товарот кој што го носи, за потоа да може функцинално да продолжи со својот живот и да стане посилна и помудра низ сопственото искуство.


Марија Аџиоска, психолог во Клиничката болница Жан Митрев

Моето дете ‘рчи. Дали треба да се загрижам?

Многумина мислат дека ‘рчењето се појавува исклучиво кај возрасните, иако вистината е дека и децата’ рчат, дури и само неколку месеци по раѓањето.
Доколку вашето дете ‘рчи, сигурно сте забележале и сте се запрашале што е причината.

Во продолжение на текстот ќе најдете корисни информации кои ќе ви ги направат работите појасни.

Моето дете ‘рчи како дедо. Дали е нормално?

‘Рчењето всушност означува креирање рапав звук од дишењето при спиење. Тоа е шум кој воздухот го создава минувајќи низ тесните горни дишни патишта и тоа е вообичаен симптом на она што го знаеме како нарушено спиење (sleep apnea).
Иако вообичаено се мисли дека тоа се појавува исклучиво кај возрасните, не е сосем точно. И децата ‘рчат и тоа по само неколку месеци од животот. Повеќето го прават тоа благо и повремено, што често може да се поистовети со настинка. Овој рапав звук исчезнува кога исчезнуваат катаралните симптоми (собирање на слуз во носните шуплини, грлото или синусите). Но, приближно едно од 10 деца ‘рчи редовно, секојдневно.

Зошто моето дете ‘рчи?

Факторите кои влијаат во појавувањето на ‘рчењето се настинки, алергии (ринитис и астма), враќање на храна кај доенчиња и пасивно пушење. Иако најчестата ситуација е дека минувањето на воздухот низ горниот респираторен тракт е попречено од постоењето на израстоци или прекумерно големи крајници (хипертрофични), или при несоодветен облик на шуплината на устата и вилицата, можна е и комбинација од неколку од наведените заедно.

Колку е сериозно ‘рчењето кај моето дете?

Познато е дека ‘рчењето може да влијае на наушувањето на сонот, така што спиењето кај детето кое ‘рчи често нема да биде цврсто, непречено и квалитетно како што е кај децата кои не страдат од овој проблем. Децата што ‘рчат почесто имаат ноќни стравови, кошмари, можат да месечарат т.е да одат во сонот, но и да страдаат и од други нарушувања на спиењето познати како парасомнија.

Можеби ќе си помислите дека доколку детето што ‘рчи спие повеќе, подолго ќе се одмори, но за жал не е така. Поминувањето многу часови во кревет не гарантира добар одмор, и честопати овие деца, и покрај тоа што спијат повеќе од 11 часа во текот на ноќта, наутро се будат многу тешко и често доцнат или не се појавуваат во шчилиште, а понекогаш дури и заспиваат на час.

Така децата што ‘рчат може да бидат поспани во текот на денот или во некои случаи, дури и премногу немирни поради оваа причина која влијае на нивното расположение и училишните перформанси, нивното однесување и нивната социјализација.

Ако вашето дете има над 4 години и секојдневно задремува или спие попладне или пак уринира во кревет (познато како „енуреза“), тоа може да се должи на лош сон од ‘рчење. Децата исто така може да се жалат на главоболка наутро и недостаток на апетит.

Дали постојат различни нивоа на сериозност на ‘рчењето? Дали постојат околности кога станува посериозно? Како можам проценам?

Ако вашето дете ‘рчи, треба да обрнете посебно внимание на знаците и симптомите на она што е познато како синдром на Апнеа-Хипопнеа при спиење (SAHS – Sleep apnea/hyponea syndrome), која е всушност најсериозната форма на нарушувања на дишењето при спиење. Статистиката вели дека околу 20% од децата што ‘рчат можат да страдаат од SAHS.

Забележете дали вашето дете се бори за воздух за време на спиењето? и Дали, понекогаш, престанува да дише неколку секунди, придружено со тешко дишење (познато како „опструктивна апнеја“)?, Дали многу се поти? и Дали зазема чудни позиции при спиење?

Дооколку одговорите на овие прашања се позитивни, треба да го информирате и да се консултирате со вашиот педијатар, бидејќи последиците од страдањето од SAHS не се само ‘рчење туку може да бидат многу посериозни.

Последиците вклучуваат лоши училишни перформанси, недостаток на концентрација, проблеми во однесувањето, слаб апетит, ноќна енуреза, висок крвен притисок, слаб раст и други.

Постојат тестови кои се сосем безболни за вашето дете, кои се прават во клиника, па дури и дома. Со помош на апаратче – полисомнограф кое собира голема количина на податоци додека детето спие. Овој тест е познат под името полисомнографија.

Во одредени случаи педијатарот може да ги третира причините за ‘рчењето на детето (инфективен или алергиски ринитис, гастроезофагеален рефлукс) и проблемот ќе се реши. Во повеќето случаи кога се одредува SAHS, третманот мора да биде оперативен.

Tретманот на SAHS го спроведува отоларинголог со хируршкo отстранување на израстоците и крајниците на детето (позната како аденонотосилектомија).

Операцијата со аденонотосилектомија успева да го реши проблемот кај 7 или 8 од 10 деца со SAHS, иако е препорачливо да се внимава на повторувањето на појавата на симптомите, бидејќи тие може да се појават повторно по неколку месеци или години.

Оваа година се одбележува значаен јубилеј, 30 години Orthomol

Точно пред 30 години беше основана компанијата Orthomol со една единствена цел: здравјето на луѓето. Така е и до денеска.
Свесни дека здравјето е клучно за долг и среќен живот, креаторите на Orthomol, создаваат производи кои се тука за да помогнат, во текот на секојдневниот живот справувајќи се со сите подеми и падови. На крајот на краиштата, животот е полн со предизвици, а заедно со Orthomol сме подготвени да се соочиме со нив.

Како започна се и што претставува ортомолекуларната медицина?

Добра идеја во вистински момент!
Orthomol започнува како семеен бизнис уште во 1991 година кога основоположникот д-р Кристијан Глагау и неговиот син Нилс седејќи на Минхенскиот аеродром доаѓаат на идеја да произведат комбинации микронутриенти кои ќе се базираат на ортомолекуларна нутритивна медицина.

Ортомолекуларна медицина

Микронутриентите се важни за нашето здравје. Витамини, елементи во трагови и минерали, дополнети со есенцијални масни и амино киселини, фитонутриенти, а исто така и пре и пробиотици: сите тие се вклучени во потпомагањето на нормалната функција на бројни процеси во телото.
Ортомолекуларната медицина (ОМ) како термин бил воведен за прв пат од двократниот добитник на Нобелова награда д-р Линус паулинг. Тој е награден за насочено дополнување на микронутриенти при акутни или хронични заболувања како што е остеоартритис, или пак во одредени состојби во животот, како што е бременоста.
Д -р Линус Паулинг во 1968 година во изданието на „Сајенс“: ја искористил следнава дефиниција за ОМ: „Ортомолекуларната медицина е зачувување на здравјето и лекување на болести со промена на концентрацијата на супстанции кои се нормално присутни во телото и се потребни за добро здравје“.

Научна поткрепа

Уште пред многу години, научните истражувања се насочиле надвор од познатите области како што е употребата на витамин Ц за имунолошкиот систем и испитуваат многу различни области на примена и опции за терапија. Ова со сигурност го знае и го применува медицински тим на Orthomol. Тие внимателно ги следат истражувањата за микронутриенти, гледајќи и оценувајќи ги случувањата низ целиот свет. Тоа креираше огромно знаење за Orthomol и база на податоци со околу 15.000 публикации кои ги покриваат сите аспекти на микронутриенти.

Зошто ортомолекуларна медицина?

Поради потребата од микронутриенти
Но кога станува збор за микронутриенти „повеќе е подобро“ не се применува. Производите на Ортомол се секогаш прилагодени на одредени барања токму благодарение на наодите од нутриционистичката медицина. Тие се користат за формирање соодветни комбинации на микронутриенти, кои се секогаш прилагодени на одредена потреба и тоа во зависност од специфичните околности на пример кога некој е болен или кога нормалната исхрана не може да обезбеди доволна количина на сите потребни микронутриенти.

Но, кому му треба повеќе? Во која ситуација? Повеќе од што?

Има директна поврзаност на нашиот начин на живот и како тој влијае на нашите калории. Пример професионалните спортисти согоруваат повеќе калории отколку канцелариски работник. На 15 годишен млад човек му треба повеќе енергија отколку на неговата 80 годишна баба. Истото важи и за микронутриенти.

Следниве луѓе треба да посветат посебно внимание на снабдувањето со микронутриенти:

  • Луѓе кои држат диета за да ослабат или кои јадат само во мали количини од други причини (на пример, постари лица со слаб апетит)
  • Луѓето со екстремно еднострани навики во исхраната, на пример оние кои јадат многу брза храна, или кои јадат само неколку различни видови храна од идеолошки причини
  • Вегани
  • Други групи луѓе кои треба да обрнат внимание на снабдувањето со микронутриенти:
  • Луѓето кои ретко минуваат време на сонце и затоа се изложени на ризик од недостаток на витамин Д
  • Пациенти кои треба редовно да земаат лекови (на пример, кортизон или одредени антибиотици)
  • Луѓе кои страдаат од дигестивни нарушувања
  • Пушачи
  • Луѓе кои пијат многу алкохол

https://www.orthomol.com/en/company/30-years-orthomol

Синдром на хроничен замор

Синдром на хроничен замор е болест која се карактеризира со појава на постојан, необјаснет и изнемоштен замор. Исто така е поврзано со разни симптоми како што се болка во мускулите и коските, нарушувања на спиењето, главоболки, проблеми со концентрацијата и краткотрајна меморија. И покрај тоа што добива големо внимание, таа продолжува да биде контроверзна болест, главно поради недостаток на наоди за физички или психолошки измени што ја произведуваат.

Оваа болест доби многу имиња во изминатите децении, како што се исландска болест, неврастенија, мијалгичен енцефаломиелитис и синдром на пост-вирусен замор. Сите овие термини опишуваат група пациенти кои страдаат од сличен проблем: медицински необјаснет хроничен замор што доведува до попреченост и вознемиреност.

Кои се симптомите?

Главниот симптом е замор без претходно голем напор и не се олеснува со одмарање. Заморот го погодува и физички и психички пациентот, кој покажува намалување на интерес и способност да учествува или да се занимава со работа, образование, социјални или лични активности на ист начин и интензитет на кој тој правел пред да се разболи.

Други карактеристични симптоми се болка и непријатност после напор (физичка активност ги влошува симптомите), нарушувања на сонот, невролошки или когнитивни промени (проблеми со меморијата и концентрацијата), вртоглавица, нарушено расположение, главоболки, болки во зглобовите.

Кои можат да бидат причините за појава на ова болест?

Сеуште не е утврдено дали има една единствена причина или има повеќе фактори кои имаат меѓусебна интеракција.
Меѓу можните причини е вирусна етиологија. Друга причина која сеуште се истражува е хронична хипотензија (низок крвен притисок) предизвикана од проблеми во нервниот систем. Сепак, сегашното истражување се фокусира на имунолошкиот, надбубрежниот, генетскиот и биопсихосоцијалниот модел/стил, спиењето и исхраната. Постои растечко препознавање на потенцијалната интеракција помеѓу физичките и психолошките фактори во развојот и одржувањето на болеста.

Дали е можно рано откривање?

Бидејќи клиничките манифестации на хроничен замор се познати, вашиот лекар ќе знае како да го идентификува рано, да проба третман што е можно побрзо, избегнувајќи ја неговата прогресија и непотребно страдање.

Како се третира синдромот на хроничен замор?

Целта на третманот е да се намалат симптомите на болеста и да се помогне во справувањето.
Во прва инстанца, треба да се третираат нарушувањата идентификувани, како што се проблеми со спиењето, депресија и болка. На пациентите често им се препорачува да го ограничат физичкиот напор со цел да се избегне постојана слабост и да се промовира закрепнување.

До денес, не е одобрен специфичен фармаколошки третман за употреба кај пациенти со хроничен замор (проучена е корисноста на имуномодулаторите, антивирусите и антибиотиците).
Когнитивната бихевиорална терапија и постепено вежбање се чини дека се најефикасните третмани.

Која популација страда најмногу од синдром на хроничен замор?

Синдромот на хроничен замор најчесто се дијагностицира кај млади возрасни и средовечни луѓе. Се јавува околу двапати почесто кај жените отколку кај мажите, а исто така е почеста кај белите луѓе во споредба со другите етнички групи. Ниските социоекономски групи се чини дека имаат помал ризик, сепак ова може да се должи на недостаток на пристап до здравствените центри каде што се изучува оваа болест.

Што треба да направам доколку имам хроничен замор?

Синдромот на хроничен замор се дијагностицира врз основа на комплетна медицинска историја, физички преглед и дополнителни испитувања по потреба за да се исклучат други состојби што можат да предизвикаат замор. Поради оваа причина, во присуство на овие симптоми, се предлага да се консултирате со вашиот матичен лекар кој ќе процени дали симптомите се минливи или е потребно подетална и целосна проценка.

Симтомите што се „црвени знамиња“ и предупредуваат за можноста од болест од друг вид ќе бидат идентификувани за да се даде приоритет на нивниот третман. Нема комплементарни студии за потврдување на синдром на хроничен замор, напротив, овие студии се користат за да се исклучат други причини за замор што би ја исклучило дијагнозата на синдром на хроничен замор.

Како хроничниот замор влијае на работата и семејниот живот на пациентот?

Пациентите пријавуваат намалена способност да учествуваат или да се посветат на работа, образование, социјални или лични активности на ист начин и интензитет во кој правеле пред да се разболат. Речената посветеност може да биде од помал или поголем степен во зависност од степенот на болеста. Некои пациенти имаат подобрување на нивните симптоми со текот на времето, додека други се влошуваат или опстојуваат со слични манифестации со години.

Ние веруваме дека е важно да се нагласи дека групирањето на повеќе симптоми, карактеристична црта на оваа болест, не само што им помага на пациентите да се идентификуваат со специфична дијагноза, туку исто така им олеснува на клиничарите да им помагаат, дури и ако само со давање третман симптоматски, спречувајќи ги да циркулираат и да се лекуваат од повеќе специјалисти истовремено.

За „стеснување на желудникот“со д-р Мане Хаџи-Манчев: Цената не е одлучувачка, туку квалитетот на изведената операција и стручноста


Резултатите од слабеењето се видливи уште веднаш бидејќи внесот на калории е значително намален веднаш по операцијата. Слабеењето со слив ресекција и бајпас процедура е побрзо, додека со гастричен прстен се губат два до три килограми месечно.

Со прим. д-р Мане Хаџи-Манчев, специјалист по општа хирургија, разговараме на актуелната тема за медицински процедури за слабеење популарни меѓу луѓето како интервенции за „стеснување на желудникот“, кои ни помагаат да се ослободиме од вишокот килограми. За многумина, кои претходно се обиделе со различни диети, вежбање и привремена промена на животните навики, а не успеале да ослабнат, сè поактуелна станува опцијата за губење на тежината со помош на баријатрична хирургија.

Д-р Хаџи-Манчев прв пат со баријатриската хирургија се запознал во 2006 година, на конгрес во Берлин, каде што била претставена техниката на гастричен прстен. Истата година, медицинската фирма „Хоспи медикал“, која е всушност производител на овие прстени потребни при изведување на операцијата, му обезбедила практична обука во Масеик во Белгија кај професор Франк Клаесенс. Таму се извеле три оперативни зафати од овој тип по лапароскопски метод. Оттогаш, д-р Хаџи-Манчев почнал да работи на донесување на овој метод како новитет во Македонија, бидејќи никој претходно не се занимавал со него.

Пречка за стартот бил фактот што методот кај нас, меѓу луѓето, не бил познат, како и цените на чинење. Во 2007 година, во Атина, д-р Хаџи-Манчев се сретнал со Арно Ван Дер Вик, претставник на „Хоспи медикал“, и во комуникација со него бил бесплатно обезбеден првиот прстен за техниката на гастричен прстен. За среќа, се појавила и пациентка со македонско потекло која живее во Белгија и одлучила операцијата да ја направи тука, за време на летиот одмор. И организацискиот аспект имал свои предизвици.

Поради потребата од асистенција при самиот зафат, била направена соработка со колега од Полска, доктор Шемислав Јанчек од Лоѓ. Заедно со него била изведена првата интервенција. Сè поминало во најдобар ред, пациентката била задоволна, и од 110 килограми по извесен период примена на советите и препораките, стасала до 70 килограми.

– Оттогаш па наваму, различен е интензитетот на побарувачка за овој зафат. Досега јас имам спроведено околу 50 вакви интервенции во Македонија.

Исто така, треба да споменам дека во контактите со колегата од Полска, се запознав и со останатите типови зафати од баријатриска хирургија како слив ресекции и лапароскопски гастричен бајпас – ни објаснува нашиот соговорник, д-р Хаџи-Манчев.

Во кој случај треба да се одлучиме за хирургија како решение за загуба на прекумерната телесна тежина?

– Основно е пациентот да се обиде да ја намали тежината со режим на исхрана. Но, доколку тоа не дава посакуван ефект или пак тежината се враќа повторно, т.е се појавува таканаречениот „јојо ефект“, а пациентот има индекс на тежина (БМИ) поголем од 40, во тој случај се размислува за примена на оперативни интервенции. Доколку пациентот има коморбидитети како дијабет, висок притисок, маснотии во комбинација со индекс на телесна тежина (БМИ) над 35 тогаш исто така треба да се размислува за оперативен зафат кој ќе помогне во решавање на проблемот со прекумерна тежина.

Кој од трите хируршки зафати на желудникот – гастритичен бајпас, ракав или прстен – е најефикасен, односно дава најбрзи резултати, а кој е најсигурен?

– Во зависност од БМИ се одредува кој тип на интервенција треба да се направи. По правило бајпас и слив ресекција се за оние пациенти со многу висок БМИ. Додека пак гастричниот прстен е за оние со помал БМИ. Слабеењето со слив ресекција и бајпас процедура е побрзо, додека со гастричен прстен се губат два до три килограми месечно. Но затоа, можностите за постоперативни компликации при првите два типа се поголеми. Така што, од аспект на безбедност, гастричниот прстен е побезбеден.

Дали се безболни, и пред сè безбедни, овие процедури за слабеење и дали интервенцијата остава видлив белег на телото?

– Сите интервенции се прават лапароскопски под анестезија, со внесување на троакари во стомакот. Иако не постои класичен рез, сепак на местото на убодните рани остануваат мали лузни. Непосредно по зафатот може да се појават болки, бидејќи сепак се работи за оперативен зафат, но тоа е нормално. Земено во целост процедурите се безбедни и безболни.

Колку трае постоперативниот период, а за колку време реално резултатите во слабеењето може да ги очекуваме?

– Постоперативниот период, односно тек, за секој зафат е различен и се движи од 2 до 4 дена. При поставување на гастричен прстен, пациентот си заминува дома вториот ден по операцијата. По слив ресекција пациентот се пушта на домашна нега по четвртиот ден. При бајпас процедурата отпустот е една недела по операцијата, доколку е сè во ред. Се препорачува по операцијата да не се патува, туку да се остане дома.
Резултатите од слабеењето се видливи уште веднаш бидејќи внесот на калории е значително намален веднаш по операцијата. Исто така, бидејќи следуваат специјални препораки за начин на исхрана, сето тоа доведува до намалување на телесната тежина.

Треба ли после хируршката процедура да си го смениме и стилот на живот или се дозволени практикувања на старите навики но во „помали количини“? Односно, дали килограмите може повторно да ги вратиме откако еднаш ќе ослабнеме?

– По процедурата мора да се променат животните навики. Постопертивно, враќањето на килограмите е условено од типот на зафатот. На пример, по направена слив ресекција и бајпас процедура, доколку пациентите се вратат на старите навики, за 5 години повторно може да дојде до проширување на желудникот, а со самото тоа и до покачување на тежината.

Кај пациентите со гастричен прстен, доколку по извесно време се одлучат да го отстранат прстенот, а начинот на исхрана им останал непроменет, може повторно да им се зголеми телесната тежина. Кај овие пациенти доколку нема посакуван ефект, можно е во втор акт да се направи едновремено отстранување на прстенот и слив ресекција.
Кај останатите зафати не може да се стави прстен, што значи дека направен е максимумот.

Колку според цените и резултатите Македонија е конурентна со европските земји, соседните земји или на пример, со Турција?

– Како и во секоја област така и во оваа, конкуренцијата е добра работа. Со појавата на таканаречениот ,,медицински туризам“ се појави различен опсег на цени овде локално, но и во регионални рамки. Цената, морам да потенцирам, не е нешто што би требало да е одлучувачки фактор, туку напротив, квалитетот на изведената операција, бидејќи сепак се работи за здравјето и можни потенцијални последици од несоодветно или недоволно стручно изведување на зафатите.

Според вашето искуство, дали популарното „стеснување на желудникот“ е популарно кај жените или кај мажите, кај помладите или кај повозрасните и дали Вашите пациенти се одлучуваат на ваков чекор повеќе од естетки или пак, повеќе од здравствени причини?

– Независно од полот, главна причина за оваа операција се здравствените проблеми предизвикани од нерегулирана телесна тежина. Има и помлади и повозрасни, а естетиката е само дополнителен мотив.
Во светот, овие операции се покриени од фондовски и се препорачуваат веднаш кај пациентите со висок индекс на телесна тежина (БМИ) над 40, уште пред да настанат други оштетувања на организмот како дијабет кој е траен како состојба, или пак, при постоење на хиперлипидемија, хипертензија и слично. Реално и кај нас поради сè поголемиот број пациенти со прекумерна телесна тежина, би требало да се оди во насока на покривање на оваа операција од ФЗОМ или да влезе во листата на покриени операции од приватните осигурителни компании.

Ова, во суштина, на долг рок ќе ги заштити здравствените системи од понатамошни покомпликувани и поскапи типови на хоспитализации и лекувања.

Извор: Слободен печат

Потсетување за сите кои сакаат да направат ПЦР тест

Резултатите се признаени во сите земји во светот, а тестовите сертифицирани од СЗО

Како дел од генетската лабораторија, а во склоп на клиничката болница Жан Митрев функционираат неколку локации за тестирање и тоа: Жан Митрев Клиника во Скопје, Жан Митрев Дијагностика во Струмица и двата пункта за тестирање на Аеродромите во Скопје и Охрид.

Достапни се различни варијанти на Sars-CoV2 тестови, и секако најбараните: ПЦР тест со резултати кои ги добивате истиот ден по цена од 2200 ден. Доколку се тестираат двајца од исто семејтво цената изнесува 1500 ден по човек. За брзиот антигенски тест со резултати кои се готови за 40 минути по земање на примерокот, цента изнесува 1500 ден.

Работиме со и без закажување.

Работно време во Жан Митрев Клиника Скопје секој ден од 8-16 часот. Инфо тел: 02/3091-484
Работно време во Жан Митрев Дијагностика Струмица пон-пет од 7 до 13 часот, сабота од 9 до 12 часот. Инфо тел: 034/320-302

Аеродром Скопје работно време пон-пет од 02:00 – 20:00 часот, саб-нед од 02:00-18:00 часот Инфо тел: 02/3091-484 или 070/285-751

Аеродром Охрид работно време секој ден (освен среда и четврток) од 07:30-19:30 часот
За информации јавете се на 070/285-751; пон-петок 07:00-23:00 часот, саб-нед 10:00-18:00 часот