Презентација на компанијата SYNERGY која е застапник на VIVOSTAT од Данска

Денеска во аудиториумот на Zan Mitrev Clinic се одржи презентација од страна на компанијата SYNERGY која е застапник на компанијата VIVOSTAT од Данска за автологен фибрински лепак.

Тема на презентацијата беше „Примена на автологни ткивни адхезиви во кардиохирургија“.

Денот на срцето во Zan Mitrev Clinic

Во Zan Mitrev Clinic денес се одбележа Светскиот Ден на Срцето. Голем дел граѓани, наши пациенти и пријатели го споделија своето задоволство од услугите коишто им ги пружила клиниката и направија консултации со дел од медицинскиот кадар кој им беше неколку часа на располагање. Совети за здрав живот и превенција даваа доктор Планинка Зафировска – специјалист интернист, Фросина Ристовска – психолог психотерапевт и Марина Релушкоска – нутриционист.

Меѓу посетителите беа и членовите на невладината организација „Здрава Иднина“ од чие име се обрати господинот Зоран Митев.

 

 

Прва аблација на дете направена во Zan Mitrev Clinic

My alt text

Тимот интервентни кардиолози на Zan Mitrev Clinic денеска за прв пат во државава направија аблација на дете, поточно, аблација на акцесорен пат во десно – постеросептална регија.

Станува збор за осумгодишно дете кое подолго време имало проблем со тахикардија т.е. брза срцева работа. Интервенцијата заврши успешно по што наскоро детето со своите родители ќе биде пуштено дома. Од тимот кој што ја изведе оваа онтервенција велат дека на прво место била безбедноста на пациентот за што многу се внимавало како и на позитивниот краен исход.

Родителите се обратија до нас и побараа помош за ова детенце кое страдаше од тахикардија. Го примивме и денеска со три екипи составени од анестезиолози, кардиолози и електрофизиолози, направивме електрофизиолошка студија. Се провоцира едната кардија каде што импулсот патува по нормалниот пат и се враќа по аксесорниот пат по десна постеросептална регија и тука го прекинавме тој импулс. Резултатот е успешна аблација на акцесорен пат во десно постеросептална регија. Детето имало тахикардија, a и кружење на импулсот меѓу предкомората, комората и акцесорниот пат, a ние го прекинуваме само едниот дел од патот и на тој начин се прекинува само тахикардијата. Го прекинуваме тој пат што не остава последици, а тоа е овој акцесорниот пат. На тој начин го решаваме овој проблем. Бидејќи е дете значи дека е потребна специфична анестезија, па треба да се работи со помал и потенок материјал којшто ние во Zan Mitrev Clinic го имаме и го користиме – појаснуваат од тимот на нашата клиника.

Повик за петта едукациска школа за медицински сестри/техничари

Со посебно задоволство ве информираме дека во тек се подготовките за петата Едукациска школа за медицински сестри и техничари во ПЗУ ЖАН МИТРЕВ – Скопје.
Ги повикуваме сите заинтересирани медицински сестри/техничари кои имаат положен државен испит, со или без работно искуство, со мотив за професионална обука и надградување, кои се заинтересирани да работат во ПЗУ ЖАН МИТРЕВ, да ги поднесат CV-јата на vrabotuvanje@zmc.mk со назнака: „За Едукациска школа“, од 27.09.2018 до 05.10.2018 година.

Со сите избрани кандидати ќе биде закажан информативен разговор.

Презентација на компанијата ELMED

Во среда, 26.09.2018, пред медицинскиот тим на Zan Mitrev Clinic се одржа презентација на компанијата ELMED.

Презентацијата опфати два сегмента, и тоа:

  1. Претставување на програмата на SCHILLER, Швајцарија преку иновативните хардверски и софтверски решенија
  2. Функционална Магнетна Стимулација (FMS) на Iskra Medical, Словенија – иновативен пристап во неинвазивен третман на инконтиненција

Дел од понудените решенија беа изложени пред докторите што побуди интерес и дебата за истите во насока на информации за нивното функционирање и давање побрз и поквалитетен резултат во областа за која се наменети.

ГО ОДБЕЛЕЖУВАМЕ СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФАРМАЦЕВТИТЕ

Фармацевтите се здравствени професионалци кои може да ја имаат значајната улога во обезбедување на ефикасна грижа за пациентите. Тие имаат знаења и вештини кои овозможуваат менаџмент на терапијата со лекови, давање на совети за здравјето и превенција од болести, како и примарна здравствена заштита.
Во целиот свет, денес, на 25ти септември, се одбележува СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФАРМАЦЕВТИ! Овој ден е основан од страна на Интернационалната фармацевтска федерација – ИФФ (International Pharmaceutical Federation – FIP). Тоа е Светска федерација која претставува три милиони фармацевти и фармацевтски научници, со цел да го потсети општеството за непроценливата улога на фармацевтите и фармацевтските научници како интегрален дел од здравствениот тим.
Целта на Светскиот Ден на фармацевтите е организирање на активности за промовирање и залагање за улогата на фармацевтот во подобрување на здравјето ширум светот.
Интернационалната фармацевтска федерација секоја година одбира приоритетна област како тема за Светскиот ден на фармацевтите. Овој пат, мотото за 2018 година гласи „ФАРМАЦЕВТИТЕ СЕ ВАШИТЕ ЕКСПЕРТИ ЗА ЛЕКОВИ“.
Со оваа тема се нагласува дека фармацевтите се сигурен извор на знаење и совети, не само за пациентите, туку и за другите здравствени работници.
Ова ќе биде 8ти-от Светски ден на фармацевтите и истиот ќе се искористи од страна на членовите на Интернационалната Фармацевтска федерација од целиот свет за да се потенцира влијанието и вредноста на фармацијата како професија, како и улогата на фармацевтот во подобрување на здравјето.

Презентација на портфолиото на компанијата EWOPHARMA

Во аудиториумот на Zan Mitrev Clinic се одржа презентација на портфолиото на компанијата EWOPHARMA.

Пред докторите на клиниката, д-р Верица Ристовска, како претставник на EWOPHARMA, ги претстави препаратите кои што ги нудат на нашиот здравствен систем.

 

Добриот глас за ZMC стигна и до големата Кина

My alt text

„Еден мој пријател, роден во Македонија, ми ја препорача вашата болница“, ја започна приказната Јуан Ши, ќерка на нашиот пациент Хуазху Ши, кој дојде од Бијинг, Кина. Тој беше опериран од д-р Жан Митрев и му беше заменета валвула и беа вградени два коронарни бајпаса.

My alt text„Откако мојот татко почуствува срцеви потешкотии решивме да дојдеме во ZAN MITREV CLINIC во Македонија бидејќи во Кина има многу пациенти, а недостигаат добри хирурзи, па мора многу долго да се чека за термин за операција. Исто така услугите во кинеските болници не се  како во оваа клиника и доколку мојот татко требаше да остане таму, барем двајца роднини ќе мораа да се грижат за него за време на престојот. Ние имавме малку време, а и немавме енергија да се впуштиме во потрага по добри доктори кај нас, па затоа ја прифатив препораката да дојдеме тука, бидејќи барав добра услуга и современа технологија” – нагласи таа.

My alt textГ-ца Јуан е воодушевена од изгледот на болницата и од услужливоста на медицинскиот кадар.

„Квалитетната медицинска услуга ме прави посебно среќна, бидејќи татко ми не беше во состојба да прима храна, а докторите и сестрите направија се за да ни помогнат. Ние многу го цениме тој професионален однос”, истакна гостинката од Бијинг.

Таа рече дека ваков Вип апартман, како во ZMC, тешко можете да најдете во Кина дури и да сте некоја значајна политичка личност, а посебно ако сте обични луѓе, бидејќи таму недостигаат капацитети, па затоа е посебно изненадена од удобството и целокупната атмосфера ги надминала нејзините очекувања.

My alt text

„Професионализмот на д-р Жан Митрев ме направи многу задоволна и ми влеа сигурност во врска со операцијата, која помина успешно и татко ми многу брзо закрепна”, заклучи ќерката на г-н Хуазху и се заблагодари за врвната услуга на целиот оперативен тим.

Господин Хуазху Ши заздрави и неколку дена по операцијата и пред неговото заминување се виде со доктор Жан Митрев кој уште еднаш му посака добро здравје. Семејството Ши замина на неколкудневен одмор во Охрид со цел продолжување на рехабилитацијата и туристичко разгледување на нашата држава.

My alt text