Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

18.08.2022

Инконтиненцијата на урина сериозно го нарушува квалитетот на живот

Стрес-инконтиненција на урината означува неволно истекување на урина при кашлање, кивање, седење или било кој друг напор кој вклучува активности кои предизвикуваат зголемување на интрабдомналниот притисок. Причина е слабост на сложениот механизам на сфинктерна функција на мочниот меур.

Уринарната инконтиненција или попознато како подмочување е повеќе од здравствен проблем. Таа влијае на луѓето на социјално, психолошко и емоционално ниво. Жените кои имаат уринарна инконтиненција избегнуваат одредени активности или ситуации од страв да не доживеат инцидент кој ќе ги направи да се чуствуваат засрамено и нелагодно. Уринарната инконтиненција може да го ограничи животот, но не мора. Инконтиненцијата може да се лекува штом ќе се идентификува основната причина.

Резултатите од студиите сугерираат дека висок процент жени од 34% до 45% на возраст над 30 години страдаат од стрес-инконтиненција.

Денес решавањето на стрес-инконтинецијата на урина е исклучително ефикасно, а се прави со минимално инвазивна тансвагинална интервенција. Оваа интервенција вклучува пласирање на мала протеза во облик на трака направена од специјален материјал, која трајно ја врши функцијата на сфинктерот на мочнот меур. Интервенцијата трае околу 15 мининути, а хоспитализација е само еден ден по што ќе може да се вратите на вашите секојдневни активности.