00389 2 3091 484
февруари 02,2015
Дисекантна аневризма- приказ на случај
Пациент на 37- годишна возраст, префрлен во Специјална болница за хируршки болести “Филип Втори” како итен слчучај од Косово. Субјективно се жали на болки во градите, кои датираат од пред неколку дена, кашлање, кое е поизразено кога е во хоризонтална положба, мачнина и глад за воздух. Направен е МСКТ на торакална празнина и абдомен. КТ наод- Се прати аневризма на аорта асценденс (синус Валсалва со максимален пречник околу 55мм), со Stanford A (De Bakey тип 2) дисекција на аортата, супракоронарно, при што дисекцијата не ги зафаќа tr.brachiоceph. и ACC sin., а према дистално продолжува до аркусот на аортата и завршува на ниво под излезиштето на a. subclavia sin. која што проксимално е зафатена од дисекцијата со видлив флеп. Коронарните крвни садови излегуваат од вистинскиот лумен. Десцендентната торакална и абдоменална аорта се КТ уредни, без знаци за дисекција или други патолошки промени. Белите дробови се со застојни пневмонични консолидации билатерално. Плевралните простори се со плеврален излив билатерално дорзобазално, лево до 16мм, десно нешто поизразен до 25мм. Медијастинално и хиларно билатерално не се забележуваат патолошки наголемени лимфогландули.
1. Скен на торакална аорта по кардио протокол – наод за дисекантна аневризма
После соодветна подготовка, направено е итна операција. Реконструкција на аортниот корен и аортната валвула со пликација на некоронарниот и десниот синус со перикарден пач. Суспензија на некоронарниот залисток и десниот залисток со Gorotex 5-0. Супракоронарна замена на асцендентната аорта со васкуларна протеза Albograft 24 mm и замена на асцендентна аорта со хемилак со васкуларна протеза Albograft 20mm. Канилација на десна субклавијална артерија.Интраоперативно ТЕЕ: Дилатиран аортен анулус дисекција Станфорд А која почнува на висина на левиот коронарен остиум. Ао рег +3 Постоперативно пациентот е хемодинамски и ритмично стабилен, екстубиран после 46 часа. Медикаментозно супституиран според хемодинамските параметри и ацидобазниот стаус. Вклучена е антикоагулантна терапија, емпириска антибиотска терапија, хепатопротективна и церебропротективна терапија. Спроведена е интензивна респираторна терапија. Пациентот е мобилизиран во тек вториот постоперативен ден. Во неколку наврати се земени материјали за комплет лабараториски анализи, како и материјали за комплет микробиолошки анализи. Лабораториските наоди се уредни во тек на целиот постоперативен период. Микробиолошки не се изолирани патогени бактерии. Постоперативен тек уреден во наредните денови. Четвртиот постоперативен ден направено е контролен МСКТ на торакс со наод – Се прати состојба после замена на аорта асценденс со Албографт протеза заради аневризма на аорта асценденс со Stanford A (De Bakey тип 2) дисекција на аортата. Видлив мал резидуантен флеп на аркусот на аортата.Белите дробови се со помали плеврални изливи билатерално дорзоабазално, со придружни компресивни ателектази на белодробниот паренхим. Медијастинално и хиларно билатерално не се забележуваат патолошки наголемени лимфогландули.
2. Состојба после замена на аорта асценденс со Албографт протеза заради аневризма на аорта асценденс
Деветтиот постоперативен ден пациентот се испишува на домашно лекување во добра општа состојба со препорака за редовно консумирање на соодветната медикаментозна терапија и редовни контроли.