00389 2 3091 484
јули 07,2019
На 27 ми Јуни оваа година традиционалниот дистрибутерски состанок на германскиот производител на хируршки конци, парентерални раствори и раствори за третман на рани SERAG WIESSNER се одржа во РС Македонија во соработка со ФИЛА ФАРМ дооел како ексклузивен дистрибутер во земјата повеќе од 15 години.
Овој дистрибутерски состанок се одржа под наслов „Кардиоваскуларна хирургија“, во Клиничка болница „Жан Митрев“. Гости беа дистрибутери од повеќе земји: Србија, Хрватска, Италија, Германија, Ирска, Бахреин. Во првиот дел на овој настан преку опсежни презентации беше презентирано долгогодишната употреба на производите на Serag во секојдневната работа во клиниката. Презентирани беа сите кардиоваскуларни операции каде се употребуваат конците од Сераг како и приказ на случај каде за прв пат се почна со употребата на дезинфициенсите за рани од Сераг – Лаванид.
Континуираната употреба на овие конци е доказ за високиот и непроменет квалитет. Вториот дел од презентацијата се одржа во хотел Мериот, каде претставниците на SERAG WIESSNER преку своја презентација ги претставија своите производи и досегашни достигнувања. Исто така и останатите дистрибутери преку свои примери, разменија свои искуства и сознанија.
ФИЛА ФАРМ, од оваа година дел од програмата на SERAG WIESSNER (Lavanid и Lavanox), раствори за третман на рани почна да ги дистрибуира во нашата аптека ФИЛА и низ аптеките во земјава.