00389 2 3091 484
август 08,2022
Метаболниот синдром го сочинуваат група од состојби кои се јавуваат заедно, а токму тие го зголемуваат ризикот од кардиоваскуларни болести, мозочен удар и дијабет тип 2.
Тие состојби вклучуваат: покачен крвен притисок, гликозна интолеранција (предијабетес), дислипидемија (покачено ниво на холестерол и триглицериди во крвта).
Раното откривање и третман на метаболниот синдром има за цел примарна и секундарна превенција на дијабетес мелитус тип 2, како и кардиоваскуларни заболувања (хипертензија, миокарден инфаркт, периферна артериска болест, мозочен удар), а возможно е да влијае и на и депресија и Алцхајмерова болест.
За да се постави дијагнозата метаболен синдром, потребно е да бидат исполнети најмалку три од следниве критериуми:
Во прилог на поставување на дијагноза за метаболен синдром спаѓа и постоење на најмалку три од следните ризик фактори:
Застапеноста на депресивен синдром кај пациентите со метаболно нарушување е околу двапати поголема од таа кај општата популација. Исто така кај пациенти со метаболен синдром многу често се јавуваат и Алцхајмерова болест и sleep apnea.
Доколку метаболниот синдром се открие на време, третманот во принцип ќе биде нефармаколошки односно ќе се базира на промени во стилот на живот.
Токму промените во животниот стил се единствениот облик на третман кој е ефективен и влијае на сите компоненти од метаболниот синдром.
Промените треба да се изведуваат постепено. Може да се почне со 1-2 промени и потоа да следуваат повеќе.
Основата е да се направи намалување на калорискиот внес преку намалена количината на масти, а со зголемување на внесот на количината зеленчук во исхраната. Ова всушност значи примена на различни модели на така наречена “здрава чинија”.
Промените во животниот стил бараат силна ментална поддршка, која може да се постигне преку добар однос меѓу пациентот-докторот-медицинската сестра или преку поддршка од околината.
Треба да се консултира доктор доколку:
Не постои третман што ги опфаќа сите компоненти на метаболниот синдром. Затоа фармаколошкиот начин на третманот треба да се состои во лекување на поединечните компоненти од синдромот.
Тоа значи во координација со надлежен специјалист вклучување на антихипертензивна, антидијабетична и антилипемична терапија.
Одлуката околу дозите и типот на лековите кои ќе бидат вклучени во терапија е најдобро да биде донесена врз база на индувидуален пристап кон секој пациент поединечно.
При Клиничката болница Жан Митрев докторите специјалисти за решавање на овој синдром ви стојат на располагање со совети и препораки.