Одржани отворени психолошки работилници во Жан Митрев Клиника

Настани

декември 19, 2024

Како дел од националната платформа за унапредување на менталното здравје, нашите психолози доц. д-р Кристина Егуменовска и Александра Петроски изминатата седмица одржaa неколку последователни работилници во соработка со Комора на психолози. На отворените групни работилници насловени како ,,Владеење со стресот,, присуствуваа голем дел од вработените, но и надворешни заинтересирани кои се запознаа со начините на препознавање и справување со стресот како дел од секојдневието.