• 71

Проф. д-р Владимир Рендевски, специјалист неврохирург од Клиничката болница Жан Митрев, одржа воведно предавање на 65. Меѓународен медицински конгрес по невронаука „Mind and Brain“, кој годинава се одржа од 21 до 24 мај во Пула, Хрватска.

Предавањето беше посветено на областа на невроонкологијата, при што проф. Рендевски ги презентираше резултатите од оперативниот третман на тумори на базата на черепот, во пределот на сфеноидалниот гребен. Во рамки на презентацијата беа прикажани предоперативни и постоперативни евалуации на пациентите, како и обработени видеоматеријали од интраоперативна микроскопија, користена при третманот на овие комплексни случаи.

Особено значајно за Клиничката болница Жан Митрев е што на овој престижен конгрес беше презентиран оперативниот тек и постоперативните резултати на пациентка која успешно беше оперирана пред околу три месеци од комплексен тумор на базата на черепот. Оперативниот зафат го изведоа проф. Рендевски и д-р Михаил Таушанов, специјалисти во областа на неврохирургијата.

Мими може да ви помогне во закажувањето на Вашиот термин