Состојбата на Вили од Штип по интервенцијата во Жан Митрев се подобрува

септември 09,2022

По приемот во Жан Митрев Клиника, состојбата на младиот штипјанец Вили е подобрена. Тимот доктори-специјалисти од клиника Жан Митрев заедно со сестрите и физиотерапевтите постигнаа значајно подобрување. Лекувањето на Вили продолжува и понатаму.

Целосниот третман, лекувањето и престојот на 14 годишниот штипјанец, го презеде Жан Митрев клиника по апелите за помош и неможноста на семејството да го плати лекувањето на нивниот син.

Вили пред 10 дена беше донесен во многу тешка состојба, во кома со инфекции и декубити откако претходно еден месец бил лечен во друга здравствена установа каде се обидувале да санираат тешки повреди на главата здобиени по страшна сообраќајна несреќа.