00389 2 3091 484
март 03,2019
Секоја година има регистрирано околу 20 милиони нови сексуално преносливи болести.
Иако свесноста за ризиците од незаштитен секс е на високо ниво, често кога се зборува за тоа најчесто се сведува на мал број сексуално преносливи болести (СПБ) – обично гонореја, кламидија и херпес.
Сепак, постојат уште многу сексуално преносливи болести за кои не се зборува многу, но кои можат да бидат подеднакво штетни.
Истражувањата покажуваат дека до 25 годишна возраст, околу половина од сексуално активните луѓе можат да се заразат со некоја СПБ. Ако сметате дека тоа неможе вам да ви се случи, размислете два пати.
Најчесто овие болести се подмолни и не покажуваат никакви симптоми, затоа најголем број од заразените особи сметаат дека се здрави. Единствен начин за рано дтектирање на СПБ е преку редовен гинеколошки преглед.
Кои се сексуално преносливи болести?
Сексуално преносливи инфекции се болести кои се пренесуваат преку сексуален контакт, од партнерот кој има сексуално пренослива инфекција.
СПБ се добиваат преку секој вид на сексуална активност, а бидејќи се сериозни болести бараат посебен третман од докторите. Сепак, некои од нив, како ХИВ, се неизлечиви и се смртоносни.
Сексуално преносливи инфекции вклучуваат:
Симптоми
Се случува овие инфекции да бидат и без никакви симптоми. Ако симптомите се присутни, тие може да вклучуваат: чешање, непријатна миризба и променет вагинален секрет. Вагиналниот секрет е секогаш присутен. Но, доколку е пообилен и е со променета боја и непријатен мирис, а проследен и со друга симптоматологија како силен јадеж, црвенило и печење, упатува на генитално заболување кое треба да се лекува. Останата симптоматологија која може да се јави доколку имате сексуално пренослива болест се:
При каква било промена на вагиналниот секрет задолжителна е посета на гинеколог. Во нашата клиника ќе ги добиете сите потребни информации и соодветни иследувања за овие заболувања, и секако адекватен третман и здравствен совет.
Тимот на гинеколози проф. д-р Васил Илиев, д-р Ирена Андовска и д-р Гордана Кипровска ви стојат на располагање.
Закажете: