00389 2 3091 484
РАДИОЛОГИЈА
Со оваа метода која користи ултразвучни бранови се анализира структурата на дојката, се детектираат цисти ,воспалителни промени на дојката и е почетна метода за дијагностицирање на карцином на дојката. Методата е безбедна и за трудници затоа што не користи рентген зраци.
Мамографијата е неинвазивна радиолошка метода за преглед на дојката која се користи за откривање на тумори и други промени кој се премали за да се испалпираат.
2Д мамографија – дигитална мамографија е радиолошка метода која за разлика од класичната мамографија е со помала доза на зрачење на пациентката околу 30-40% , а со дигитализација на сликата се овозможува подобра визуелизација на микрокалцификатити и архитектонската дисторзија на дојката, а сето тоа е предност за откривање на карциномот на дојката во најран стадиум.
3Д мамографијата – томосинтезата – го намалува бројот на лажно позитивни наоди. Томосинтезата е посебно корисна кај жени со густо ткиво на дојката. Овозможува рана детекција на карциномот со јасен приказ на лезијата и го редуцира бројот на непотребни биопсии.
Томосинтезата може да се снима како дополнителен имиџинг со конвекционалната мамографија или како самостоја метода. Со томосинтеза се зголемува можноста за детекција на карциномот за 30-40%.
Магнетна резонанца е неинвазивен дијагностички модалитет кој главно се користи кај жени кај кој се сомнева или веќе е откриен карцином на дојка со претходните дијагностички процедури и помога во проценката на големината на туморот, како и да се утврди мултифокалност на туморот и да се провери постоење на тумор во другата дојка.
Биопсијата на дојка под ултразвук помага да се лоцира тумефактот и да се земе примерок од ткивото за патохистолошка анализа. Таа е помалку инвазивна од хирушката биопсија, остава помала или незабележителна лузна и не се користи јонизирачко зрачење.
Остеодензитометрија е софистицирана апаратура со која се мери коскена густина – колку се силни коските – и е единствениот начин да се знае со сигурност дали имате остеопороза.
Исклучително се користи кај жените во постменопаузен период еднаш годишно со цел следенје на здравјето на нивните коски. Со остеодензитометрија покрај одредувањето на здравјето на коските и ризикот од фрактура поради остеопороза, се следи и ефектот од третманот. Скенирањето DXA се фокусира на две главни области – колкот и ‘рбетот. Процедурата е безбедна, неинвазивна и користи ниско ниво на рентген зраци. Целата процедура трае 10-15 минути.
Магнетната резонанца на срце претставува единствена софистицирана метода за карактеризација на миокардот без зрачење, со или без користење на контрастно средство.
Магнетната резонанца на срце се користи при дијагностика на многу срцеви заболувања, исхемиски и неисхемиски, кај пациенти со различни видови на срцева слабост, кај воспаленија на миокардот и перикардот, дијагностика на тромби, тумори во срцето, конгенитални и стекнати срцеви маани.
Се користат протоколи кое се специфични за секој тип на заболување. Затоа, пред магнетната резонанца на срце потребно е да има ехокардиографски преглед и да се знае целта на испитувањето.
Методата магнетна резонанца на срце се применува во клиничката болница Жан Митрев, од 2018 година. Досега се направени околу 2000 испитувања.
Последните неколку години, применуваме и магнетна резонанца на срце со перфузија, која има за цел утврдување на исхемиска болест на срцето, вијабилност на миокардот, укажува на потребата за реваскуларизација, како и проценка на микроваскуларната функција.
Покрај срцето, со оваа метода се визуелизираат и екстракардијални структури во градниот кош и стомакот.
Магнетната резонанца на срце претставува тимска работа на радиолошки техничар, радиолог, кардиолог и секако пациентот. Испитувањето трае 30-45 минути, во зависност од протоколот и соработката со пациентот.
Во клиничката болница Жан Митрев, магнетната резонанца на срце претставува секојдневна метода во работата на кардиологот. Со оваа метода овозможуваме детален, сеопфатен пристап кон секој пациент поединечно.
Спец. по радиодијагностика
lidija.veljanovska@zmc.mk
Спец. по радиодијагностика
magdelena.popovska@zmc.mk