МЕДИЦИНСКИ УСЛУГИ

ВАСКУЛАРНА ХИРУРГИЈА

Аневризма на абдоминална аорта

Аортата е најголемиот крвен сад во телото кој ја носи крвта од срцето до сите органи. Во абдоминалниот дел на телото (стомакот) аортата се нарекува абдоминална аорта. Аневризма (проширување) на абдоминалната аорта настанува кога ѕидот на крвниот сад ослабува. Самото проширување прави ѕидот што повеќе да ослабе и создава можност истиот да пукне. Аневризма на абдоминалната аорта почесто се појавува кај мажите и е резултат на висок крвен притисок.

Дијагностицирање на абдоминална аневризма

Повеќето аневризми на абдоминалната аорта не предизивикуваат симптоми и се откриени случајно. Рутинска контрола од страна на доктор со ехографија, рентген снимка или компјутерска и магнетна слика, направени од друга причина може да го открие присуството на аневризма. Кај некои случаи, пациентите чуствуваат пулсирање во абдоменот како и болка при ширење на аневризмата.

Хируршка корекција (замена) на аневризма на абдоминална аорта

Хируршка замена корекција на аневризма преставува операција при која доаѓа до замена на проширениот дел на абдоминалната аорта со артифицијална протеза. Операцијата најчесто трае 3-4 часа.

Аневризма на абдоминална аорта

Каротидна болест

Каротидните артерии се крвните садови кои носат крв збогатена со кислород до главата, мозокот и лицето. Тие се сместени на двете страни од вратот. Доколку плаки и други масни материи ги блокираат овие артерии, се намалува или целосно блокира протокот на крв и тука настануваат проблемите. Кога доаѓа до блокирање на дотокот на крв во мозокот може да настане ТИА (транзиторна исхемична атака). ТИА трае неколку минути и најчесто не предизвикува перманентни оштетувања. Но, служи најчесто како предупредувачки знак за фатален мозочен удар.

Околу 1/3 од луѓето со транзиторна исхемична атака (ТИА) добиваат мозочен удар во текот на следната година. Хируршкиот третман на каротидната болест може да го спречи настанувањето на транзиторна исхемична атака и да го намали ризикот од мозочен удар.

Дијагностицирање на каротидната болест

Дијагностицирањето на каротидната болест започнува со медицинска историја и физикален преглед

  • Допплер ултразвучна сонографија
  • Комјутерска томографија
  • Магнетна резонанца

Каротидна ендартеректомија

Каротидна ендартеректомија е операција, хируршка техника, со која се отстрануваат плаките (масните наслаги) кои ги стеснуваат каротидни артерии.

  • Идентификација на блокираниот дел од каротидната артерија
  • Артеријата се отвара и се вади плаката
  • Исчистената артерија се затвара со шав.

Операцијата најчесто трае 1-2 часа.

Каротидна болест

Болести на вертебрални артерии

Во Македонија воопшто, детекција и третман на болести на вертебралните артерии се врши само во Клиничката болница Жан Митрев. Болестите на вертебралните артерии даваат симптоматологија која варира од вртоглавици, преку нестабилност, до атаксија, зуење во уши, губиток на свест, диплопија, проблеми со видот.

Поради тоа многу често пациентите кои боледуваат од оваа болест се изгубени по болничките лавиринти на различни медицински специјалности без детектирање на вистинскиот проблем и губење на скапоцено време. Во Клиничката болница Жан Митрев докажувањето на болестите на вертебралните артерии се врши со компијутерска томографија на артериите на глава и врат, каде искусен тим на радиолози го врши анализирањето (читањето на резултатите), а тимот од хирурзи проценката за оперативниот третман. Транспозицијата е најчест тип на операција при болест на вертебралните артерии.

Болести на вертебрални артерии

Периферна артериска болест

Периферната артериска болест се однесува на заболување на крвните садови (артерии) надвор од срцето и мозокот. Најчесто е стеснување на крвните садови што носат крв до нозете, рацете, стомакот или бубрезите.

Симптоми на периферна артериска болест

Во почетната фаза, чести симптоми на слаба циркулација во нозете се грчење, слабост, тежина и болка или нелагодност во нозете и бутовите во текот на активност. Овие најчесто исчезнуваат кога ќе се престане со активноста и се нарекуваат интермитентни клаудикации.

Симптоми на слаба циркулација во бубрезите вклучуваат висок крвен притиоск или притисок кој е тешко или невозможно да се контролира со медикаменти. Тешка блокада на реналните артерии може да резултира со губиток на бубрежната функција или слабост.

Дијагностицирање на периферна артериска болест

Дијагностицирањето на периферната артериска болест започнува со медицинска историја и физикален преглед.

  • Допплер и дуплекс ултразвучна сонографија
  • Магнетна резонанца
  • Комјутерска томографија
  • Регуларна (катетер) ангиографија


Периферна бајпас операција

Периферна бајпас операција е операција на периферните артерии и вени. Користи крвни садови земени од друг дел на телото или артифицијални протези за да го заобиколи или бајпасира блокираниот или стеснетиот дел на артерии. Операцијата трае 2-3 часа. Специфичноста на хируршката процедура зависи од симптомите и целокупната состојба на пациентот, како и голмината на плаките кои се имаат наталожено во артериите. Генерално, за бајапас на нога или рака,  хирургот ќе одбере вена која ќе служи како бајпас графт на артеријата. Некогаш поради состојбата потребно е да се употреби артифицијална протеза како бајпас графт наместо вена.

Периферна артериска болест

Креирање на артерио - венски фистули кај пациенти на дијализа

Креирање на артерио - венски фистули кај пациенти на дијализа

Операција на периферни вени

Операцијата на верикозните вени (vein stripping) е процедура на отстранување на вените најчесто од пределот на нозете, но исто така може да се појават и на другите делови на телото.

Симптоми на варикозни вени поради кои е потребна операција:

  • Константна болка, оток и чувство на тежина во ногата
  • Болка, чешање и рани на кожата на ногата
  • Згрутчување на крвта во вената (тромбофлебитис)
  • Крварење од проширени вени

Операција на периферни вени

Васкуларни шантови

  • Портокавален шант
  • Сплено-ренален шант
  • Мезокавален шант

Васкуларни шантови

TEVAR и EVAR

TEVAR – за решавање на аневризма или дисекција на торакоабдоменатата аорта)

EVAR – за решавање на аневризма или дискеција на абдоменалната аорта)

TEVAR и EVAR

Останати доктори од овој оддел

Жан Митрев

Жан Митрев

Кардиоваскуларен хирург

Види го профилот
Никола Христов

Никола Христов

Специјалист по кардиоваскуларна хирургија

nikola.hristov@zmc.mk

Види го профилот
Игор Костов

Игор Костов

Васкуларен хирург

igor.kostov@zmc.mk

Види го профилот