00389 2 3091 484
февруари 02,2022
Херпес зостер е вирусна кожна инфекција предизвикана од истиот вирус како и варичелата. Toj предизвикува болен осип на кожата кој доведува до меурчиња. Може да се манифестира на било кој дел од телото, но во повеќето случаи се појавува во меѓуребрената област, лево или десно на торзото.
Секој што имал варичела може да развие херпес зостер, бидејќи откако ќе заболи првпат, вирусот останува во телото и е неактивен, но може да се реактивира со текот на времето, предизвикувајќи херпес. Се проценува дека 15% од населението ќе го развијат во одреден момент од својот живот при што тоа обично ги погодува луѓето постари од 60 години.
Причините за херпес зостер не се точно утврдени, но се истакнува дека луѓето кои се во депресивна состојба или пак оние кои доживеале многу силен стрес, при што им е нарушен имунолошкиот систем, имаат поголема веројатност да бидат погодени од него.
Најчестите симптоми на херпес зостер се:
Иако најчесто херпес зостер е самоограничувачка состојба која не го загрозува животот на засегнатото лице и која исчезнува за една или две недели, таа може да биде многу болна, а во некои случаи и да доведе до компликации.
Најчестите компликации предизвикани од херпес зостер се:
Имајќи ги предвид можните компликации, од суштинско значење е да ги идентификувате првите симптоми и да отидете кај специјалист за да започнете со лекување што е можно поскоро.
Во Клиничката болница Жан Митрев имаме Оддел за дерматологија составен од тим од квалификувани професионалци кои можат да одговорат на сите ваши потреби и да ве спроведат низ процесот на дијагноза и третман, овозможувајќи и за секој од вас персонализиран пристап.