Во текот на животниот век, во детството или подоцна, како резултат на невнимание, пад или удар може да се здобиете со скршеница на коските или позната уште како фрактура и тоа на различни делови од вашето тело: рака, нога, колк, рамо и слично.
Фрактурите на коските се целосни или делумни скршеници на коските, кои се случуваат кога врз коската била применета поголема сила од онаа што може да ја издржи. Најчестите скршеници се предизвикани од спортски повреди, несреќи и падови. Во зависност од нивната тежина, третманот може да биде нехируршки со имобилизација, гипс или хируршки.
Симптоми и видови фрактури
Најчестите симптоми на фрактури на коските се:
• Болка, обично на местото на фрактура • Деформација во погодената област • Неможност или ограничување на движењето • Оток или модринки • Вкочанетост и трнење • Треска
Доколку имате било кој од горенаведените симптоми, веднаш побарајте помош од лекар кој со помош на преглед и дијагностички методи како РТГ или МР ќе го утврди типот на скршеницата и ќе ви препорача понатамошен третман.
Видови на фрактури на коските
Постојат различни класификации на фрактури на коските, кои се делаат според причината на кршењето на коската, според оштетувањето и според линијата. Најчестите фрактури се:
Според причината на кршењето на коската
Индиректни фрактури: ова е најчеста фрактура и се јавува на далечна точка на која влијаела силата / притисокот.
Директни фрактури: се јавуваат кога ударот предизвикува фрактура во истата точка на примањето на ударот.
Патолошки фрактури: настануваат поради слабеење на коската како причина од некоја патологија.
Стрес фрактури:тие се резултат на прекумерен и повторлив напор.
Според оштетувањето
Затворена фрактура: коската и надворешноста на телото не комуницираат и затоа коската не излегува низ кожата.
Отворена фрактура: коската и надворешноста на телото комуницираат, предизвикувајќи перфорација на кожата и меките ткива, а коската излегува. Во овие случаи, постои ризик од инфекција.
Целосна фрактура: кога коската се распаѓа на два дела.
Гринстик фрактура: многу честа кај децата, се јавува кога коската е скршена, но не се дели на два дела. Се работи за нецелосна скршеница.
Едноставна фрактура: коската пука во еден дел.
Распарчена/ здробена фрактура: коската се распаѓа на неколку парчиња.
Според линијата (физичкиот модел на скршеницата)
Попречна фрактура: патеката на фрактурата е нормална на главната оска на коската. Најчесто тоа е предизвикано од директен удар.
Линеарна фрактура: фрактурата е во иста насока како и долгата оска на коската, иако ниту еден дел од коскеното ткиво не е поместен.
Коса фрактура: линијата е наклонета кон главната оска на коската. Може да биде без поместување, така што скршените краеви се споени или со поместување, во случај да има раздвојување меѓу нив.
Спирална фрактура: слична на косата фрактуриа во овој случај линијата на фрактура има спирална патека околу оската на коската.
Дијагностицирањето и санацијата на скршениците можат да се направат во клиничката болница Жан Митрев каде ви стои на располагање одделот за ортопедија составен од врвни доктори. Овде пациентите ќе добијат персонализиран третман почнувајќи од самата дијагноза, санација како и процесот на рехабилитација.
Поврзани Новости
25.11.2024
Остеопороза – совети за превенција, дијагноза и третман
Остеопорозата е прогресивна болест на коските која се карактеризира со намалување на коскената маса и густина и со тоа доведува…