Закажете преглед

Закажи преглед

00389 2 3091 484

Дневна доза здравје

Назад до Дневна доза здравје

14.09.2020

Клиничката болница „Жан Митрев” со најсовремен Центар за женско здравје во регионот

Во клиничката болница „Жан Митрев“ е отворен Центарот за комплетен третман на дојка и е најсовремен центар за женско здравје во регионот кој нуди широк спектар на медицински услуги и најсовремена технологија како помош за дијагностицирање и хируршки зафати при рак на дојка.

Со набавка на најновиот мамомат клиничката болница „Жан Митрев“ ја заокружува комплетната опременост на Центарот за грижа за женското здравје. Мамоматот од типот Selenia Dimensions 6000 кој е со ергономичен дизајн обезбедува удобно и безболно снимање и дава јасен приказ на секоја дојка, што го редуцира бројот на непотребни биопсии.

Со супериорната 3-Д технологија, мамоматот овозможува време на скенирање кое трае 3,7 секунди и е со минимална доза на зрачење кај пациентите. Истовремено се обезбедува голем број на проекции од сите агли со што се добива сеопфатен и прецизен приказ на дојката. Со 3-Д мамографијата се зголемува моќта за рана детекција на карциноми за 20-65%.

3-Д мамографијата- томосинтезата го намалува бројот на лажно позитивни наоди, таа е посебно корисна кај жени со густо ткиво на дојката, овозможува рана детекција на карциномот со јасен приказ на лезијата и го редуцира бројот на непотребни биопсии преку системот за наведувана биопсија.

Новиот Центар за женско здравје во клиничката болница „Жан Митрев“ е опремен со најсовремена технологија за дијагностика, мамографија и хируршки зафати на дојка и функционира во синергија со сите останати оддели кои прават хируршки интервенции на различни видови карциноми.

Во пресрет на октомври – месецот за подигнување на свеста за борбата против рак на дојка, овозможуваме 50% отстапка од редовната цена на 3-Д мамографија.

Центар за женско здравје