Посета на Филип Втори од страна на првата генерација на дипломирани студенти – медицински техничари

Болницата “Филип Втори” беше домаќин на педесет студенти од студентската програма за дипломирани медицински техничари од Универзитетот “Гоце Делчев” од Штип . Студентите се запознаа со условите за работа во болницата, како и со медицинските процедури што се применуваат.

Менаџерот за среден медицински персонал, Тања Пампел, на присутните им одржа презентација за најновите сознанија во кардиопулмоналната реанимација според Европскиот совет за реанимација (European Resuscitation Council).

Откако студентите ја поминаа практичната обука за реанимација, им беа доделени сертификати.

200 –те најголеми и најуспешни во Македонија

Еуро Бизнис центарот во соработка со Централниот регистар на Република Македонија и соподдршка на Министерството за економија оваа година изврши рангирање на македонскитефирми врз основа на финансиските податоци за 2009 година.

Во листата на најголеми и најуспешни фирми во Република Македонија во изминатата година, ПЗУ „Филип Втори“ се наоѓа на 111. место на листата на 200-те најголеми фирми и на 26. место на листата на најуспешни.

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА – МЕДИКОС 2010

ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА – МЕДИКОС 2010

Во рамките на саемот за медицинска опрема Медикос -2010 во Приштина, се одржа прес-конференција за медиумите на која зборуваа доктор Шпенд Идризи, интервентен кардиолог и професор д-р Горѓе Зафировски, ортопедски хирург. На средбата со новинарите беа презентирани десетгодишните резултати од работењето на болницата „Филип Втори“ , како и најновите дијагностички процедури кои се работат.Заради големиот интерес за работата на „Филип Втори“ , др.Идризи се задржа во разговор со новинарите и одговараше на нивните прашања.

Биохемиска лабораторија со меѓународен сертификат за квалитет

Во чекор со светските стандарди, биохемиската лабораторија „Филип Втори“ е под секојдневна комплетна контрола на квалитетот од страна на стандардизирани меѓународни институции.

Како резултат на своето високо ниво на квалитет, сигурност и стандардизација, биохемиската лабораторија доби меѓународен сертификат со златен печат за висок степен на контрола на својот квалитет.

Тоа значи дека комплетно сите анализи во нашата лабораторија се високостандардизирани, сертифицирани и потврдени како сигурни од страна на специјализирана меѓународна институција.

Тоа е награда за нашето десетгодишно успешно постоење и работење по светски стандарди заради што комплетно стоиме зад точноста и сигурноста на нашите издадени резултати.

За најбрза, најквалитетна и најточна анализа на Вашата крв, високоедуцираниот и сертифициран тим на биохемиската лабораторија „Филип Втори“ Ви стои на располагање 24 часа, 7 дена во неделата.