АЛКАПА (Аномална Лева Коронарна Артерија која излегува од Пулмонална Артерија) СИНДРОМ

АЛКАПА (Аномална Лева Коронарна Артерија која излегува од Пулмонална Артерија) СИНДРОМ

ОПШТИ РАЗГЛЕДУВАЊААЛКАПА синдромот познат и како Bland-White-Garland syndrome е ретка конгенитална абнормалност со застапеност од 0,25%-0,5% од сите вродени аномалии, и најчесто не е асоцирана со придружни вродени срцеви аномалии. Резултира со “coronary steal” феномен, каде што лево-десниот шант резултира со намалена лево-коморна перфузија. Постојат два типа на АЛКАПА Синдром: 1. Инфантен (води кон дилатациона кардиопатија) морталитет 90% во првата година2. Адултен (за сметка на колатералите) кај овие пациенти преживувањето е подолго

КЛИНИЧКИ НАОДИ

1. Инфантен: Плачење или потење во тек на доење, бледа кожа, неисхранетост, нрзо дишење, нимптоми на болка или дистрес на бебето2. Адултен: Болка во гради (АМИ), Пореметувања во ритамот, замор, ортопнеа, омалаксаност (симптоми на срцева слабост)Пациент на 54-годишна возраст со симптоми на замор, омалаксаност, тешко дишење, градна болка (CCS II), со знаци за срцева слабост (NYHA III). Ехокардиографски умерена МР, ЕФ 35% (Симсон). Кај пациентот претходно била направена коронарографија во друга институција со ангиографија на RCA, аортографија, без визуелизација на левото коронарно стебло.Во нашата институција направено МСКТ 64 коронарна ангиографија со приказ на аномален излез на левата коронарна артерија од пулмоналната артерија.

ИМИЏИНГ НАОДИ

ТРЕТМАН1. ХИРУРШКИ: Репозиција на аномалната артерија, понекогаш ако е афектирана и митралната валвула консекутивно и репарација или замена на митралната валвула. Понекогаш кога е оштетено срцето и трансплантација на срце. Еднокоморен-систем на репарација (лигатура на левата коронарна артерија) и дво-коморен систем на репарација: а. Трансфер на коронарното копче, б. Takeuchi procedure, в. Бај-пас со лигатура на левата коронарна артерија.

2. Медикаментозен: Диуретици, АКЕ-инхибитори, Инотропи, Бета блокатори

ПРОГНОЗА Кај неоперирани пациенти морталитетот е до 90% во првата година од животот.Со навремен третман, најголем број на пациентите се во добра општа состојба, и можат да очекуваат нормален живот, со редовни кардиолошки контроли

Дали постои поврзаност помеѓу наследниот фактор и дисекциите?

Дали постои поврзаност помеѓу наследниот фактор и дисекциите?

Пациент Р.С на 27 години примен како итен случај со клиничка слика за акутна аортна дисекција. Тегобите почнале 7 часа пред приемот со болки во градите и грбот, одземеност на нозете, повеќе левата. При прием во тешка, витално загрозувачка состојба, со присутна флакцидна параплегија и отсутни пулсации на обете АФС. Направена е МСКТ на аорта каде е детектирана дисекција Stanford A, De Bakey I. Препорачан е итен оперативен третман. Направена е реконструкција на аортната валвула и купракоронарна замена на асцендентна аорта и хемиаркус со васкуларна протеза. После излегување од сала стабилен, екстубиран со задоволителна артериска оксигенација. Уреден Доплер проток низ обете илијачни артерии, со параплегија на нозете поради која е спроведуван интензивен физикален третман. Пациентот е пуштен дома во добра општа состојба. На контролен невролошки преглед наод за флакцидна парапареза со парестезија на долни екстремитети со верифицирано значително подобрување на клиничката слика. Препорачано е МСКТ на крвни садови на долни екстремитети со наод за оклузија на левата заедничка илијачна артерија, поради дисекантен флеп поради што е индицирана периферна реваскуларизација на долни екстремитети. После соодветна подготовка направено е илијако-илијакално премостување од десно кон лево со васкуларна протеза. Започнати се постепени мобилизациски постапки со помош на патерици кои уредно ги толерира. Понатамошниот постоперативен тек е уреден.

Пациентка Р.С на 62-годишна возраст, мајка на претходно оперираниот пациент, применa за сложена реконструкција на аортна валвула и замена на асцендентна аорта. Субјективно се жали на болка во гради, гушење. Направена е МСКТ на торакална аорта по кардио протокол со наод за аневризма на синус Валсава и почетен дел на асцендентна аорта. Индициран сложен оперативен третман. После соодветна подготовка, направено е комплексна реконструкција на аортната валвула и супракоронарна замена на асцендентната аорта со васкуларна протеза. Хемодинамиски и ритмички стабилна после излегување од сала, екстубирана, со уредна артериска оксигенација. Спроведена интензивна респираторна терапија и постепени мобилизациски постапки кои пациентката уредно ги толерира. Останатиот постоперативен тек уреден.

Плазмоцитома

Плазмоцитома

Пациент на 60-годишна возраст со болки во грбот. Направен е 64 МСКТ на торакс во месец октомври 2011година при што е видена само една остеолитична промена на Тх 10.

После 4 месеци пациентот е дојден на повторна контрола (после третман за ТБЦ спондилит во друга установа каде се детектира). Направен е 64 МСКТ на цел ‘рбетен столб каде се детектира афекција на сите прешленски тела со остеолиза од молест тип со афекција и на обете илијачни коски.Направена е биопсија водена под КТ за хистопатолошка дијагноза по што се доби резултат – плазмоцитом.

Пациент со нересектабилен карцином на главата на панкреасот решен со палијативен третман

Пациент со нересектабилен карцином на главата на панкреасот решен со палијативен третман (Билио-дигестивна и гастро-ентеро анастомоза)

Пациент на 50-годишна возраст, хоспитализиран во ПЗУ Специјална Болница по хируршки болести „Филип Втори“, за абдоминален оперативен третман. Пациентот последните недели има постпрандијално повраќање и губи на телесна тежина. Направени се потребните испитувања: на езофагогастродуоденоскопија најдена екстралуминална стеноза на Д2. На РТГ на гастродуоденум – истата е потврдена. На МСКТ на абдомен – најден Ту процес на главата на панкреасот со експанзија и скоро комплетна стеноза на долната третина на десцендентниот дел на дуоденумот, без стеноза на екстрахепатичните билијарни патишта и со присутен Курвоазјеов знак на жолчната кеса. Постои енормна консекутивна гастректазија.

На 10.01.2012 година по соодветна подготовка се пристапи кон оперативен зафат. Интраоперативно се најде нересектабилен инфилтративен тумор на главата на панкреасот. Бидејќи холедокот не е проширен, се направи билио-дигестивна анастомоза со жолчното ќесе (холецисто-јејунална анастомоза со ентеро-ентерална анастомоза по Brown) и ретроколична гастро-ентерална анастомоза исто така со ентеро-ентерална анастомоза по Brown. Постоперативниот тек е уреден. Пациентот е отпуштен со предлог за понатамошно конзервативно долекување. Палијативните операции при карцином на главата на панкреасот се изведуваат почесто од радикалните (дуодено-панкреатектомија) бидејќи често пати пациентите се јавуваат за оперативен зафат во поодминат стадиум на болеста.

Одбележана Неделата на борба против срцевосадови заболувања

Одбележана Неделата на борба против срцевосадови заболувања

Скопје (16.03.2012) – Филип Втори и Црвениот Крст на Македонија заеднички ја обележаа неделата за борба против кардиоваскуларните заболувања. Фокус на овогодишните активности беше ставен на стресот како неизбежен дел од нашето живеење и како ризик фактор за развој на бројни заболувања.По тој повод беа организирани едукативни работилници наменети за младите на тема „Стресот и младите“. Покрај едукацијата младите имаа можност да бидат вклучени во работилница на која се изведуваа и физички вежби. Вежбите имаа за цел демонстрирање на еден од најдобрите начини за справување со стресот и превенирање на кардиоваскуларните заболувања – физичката активност. Низ активно учество и дискусија младите имаа можност и самите да допринесат кон разбирањето на стресот и изнаоѓањето механизми за справување со истиот. Во заедничка организација беа одржани уште неколку работилници каде покрај Општинската организација на Црвениот Крст на општина Центар, во организацијата се вклучи и здружението „Здрава иднина“. Едукативни работилници беа организирани и во Делчево, Берово и Виница. Работилниците беа водени од Д-р Јасмина Зафировска, специјалист по интерна медицина со предавање на тема „Стресот и кардиоваскуларните болести“ и психолог Илија Дојчиновски со предавање на тема „Психолошки аспекти на стресот“.Во духот на неделата и оваа година од страна на психолозите од „Филип Втори“ и претставници од Црвениот крст на град Скопје беа посетени неколку семејства на пациенти кои поминале низ оперативни зафати во нашата болница. „Нам ни беше значајно да им ја пренесеме нашата поддршка во унапредувањето на нивното здравје, да видиме како тие пациенти продолжиле со својот живот и да слушнеме што тие самите и нивните семејства преземаат за подобрување на сопственото здравје“, изјави Фросина Ристовска од одделот за психологија и психотерапија на Филип Втори.

Сите активности кои беа реализирани имаа за цел промоција и унапредување на здравјето како најбитен приоритет за секој од нас, без оглед на нашата возраст.

Посета на учениците од СОУ "Димитар Влахов", Струмица

Посета на учениците од СОУ “Димитар Влахов”, Струмица

На ден 14.03.2012 год. учениците од здравствената струка образовен профил медицински сестри III год.при СОУ,,Димитар Влахов”Струмица заедно со нивните проф. Емилија Котеска и Елена Штрклева беа во посета на Специјалната болница ,,Филип Втори,,во Скопје.На оваа посета учениците имаа можност да се запознаат со многуте новитети, апарати и техники кои се применуваат во лекувањето во Светски реномираните болнички установиУчениците беа крајно задоволни од гостопримството на сестрите и лекарите а воедно и им се заблагодаруваат за нивното одвоено време.

Интервентен третман на комбинирана вродена срцева маана кај 9 годишено дете

на комбинирана вродена срцева маана кај 9 годишено дете- комплетно излекување без операција на отворено срце- приказ на случајИнтервентен третман

Дете Г.П. на 9 годишна возраст со претходно дијагностицирана комбинирана вродена срцева маана од типот на стеснување на залистокот на белодробната артерија (пулмонална стеноза) од средно тежок степен и вроден отвор-комуникација меѓу двете предкомори (атријален септален дефект), беше успешно третирано на 03.03.2012 година во катетеризациона сала, без операција на отворено срце.

Главниот проблем кај детето беше големината на дефектот –отворот во срцето и можноста тој да не биде затворен поради оваа причина.

После направена десно-срцева катетеризација и се измерија значително зголемени притисоците во десната комора и беше визуелизирано стеснувањето на белодробната артерија (пулмонална стеноза- ангиографска слика). Ехографски разликата на притисоците преку залистокот (ТВГ) изнесуваше 80ммХг- средно тешка валвуларна стеноза.

Сл 1 РВ ангиографија

Потоа беше пристапено кон мерење на големината на предкоморниот отвор со посебен балон катетер, за да може точно да се одреди колкава протеза во срцето ке треба да се имплантира (вгради).

Сл 2 мерење на дефектот со балон катетер

Беше имплантирана 19 мм протеза од типот Amplatz ASD septal ocluder 19 mm уште при првиот обид, AGA, USA,што за неговата телесна маса и површина е релативно голема. Ехографското иследување покажа уредна позиционираност на протезата во срцето и отсуство на мешање на крвта меѓу двете предкомори- отворот беше затворен, без притоа да бидат засегнати околните структури.

Сл 3 имплантација на протезата

Остана полесниот дел од работата. Преку истата нога и вена, беше заменет системот и поставен нов тип на балон катетер кој помина низ стеснатиот залисток. Со притисок од 3 атмосфери беше отворен залистокот. Контролниот ехо и ангиографски преглед покажа намалување на оптоварувањето за 50%, и ТГВ од 40ммХг.

Сл 4 балон дилатација-валвулоплстика

Двата проблема кај детето беа решени во еден акт. Следниот ден, после ехографската контрола беше пуштено дома. На овој начин беше избегната операција на отворено срце кај мало дете. Бројката на интервенто излекувани деца и возрасни со вродени срцеви маани во Филип Втори се зголеми на 246 пациенти, на возраст од еден месец до 65 години.

V-ти меѓународен конгрес за хемодинамски мониторинг

V-ти меѓународен конгрес за хемодинамски мониторинг

Во периодот од 24-25 февруари 2012 година во Загреб се одржа V-тиот меѓународен конгрес за хемодинамски мониторинг во организација на Хрватското здружение за интензивна медицина, а под покровителство на Клиниката за анестезиологија, реаниматологија и интензивна медицина при Клиничката болница Дубрава, во Загреб.На конгресот активно беа присутни повеќе професори од Европа. Како поканет предавач активно учествуваше и академик Акад. Д-р Жан Митрев со предавање на тема Итни случаи во кардиоваскуларната хирургија – Клиничка процена и стратегија на третман. Веќе трета година академик Митрев, како поканет предавач, ги пренесува најновите достигнувања и постигнатите резултати во кардиоваскуларната хирургија на овој меѓународен митинг.