Книга на впечатоци на Специјалната болницата за хирушки болести„Филип Втори“

Книга на впечатоци на Специјалната болницата за хирушки болести„Филип Втори“Минути за одлука..секунди за реакција..години за живеење..

Ништо не се помни така силно, ништо не допира така моќно како искажаните зборови, искрените пораки на благодарност од луѓето кои својот живот го доверуваат на нашаиот тим. Довербата е најголемиот успех, зборовите од душата на пациентите најголема награда.

Недоброј реченици од луѓето на кои им помогаме, грижејќи се за нивното здравје, давајќи му нова можност на животот. Секојдневно одговарајќи најдобро на повикот кој е наша професионална определба.Во книгата на впечатоци на Специјалната болница за хирушки боелсти „Филип Втори“ страниците се исполнети со ракописи од знајни и незнајни луѓе, на различна возраст, напишани на многу јазици. Во овие изминати 15 години илјадници и илјадници човечки судбини зависеле од нас, од нашата подготвеност, стручност, реакција. Мотивирани од животот, бидејќи секој спасен човек значи уште едно среќно семејство, секоја нова добиена битка значи продолжување на борбата.

Ова се некои од пораките на нашите пациентите:„Благодарност до персоналот на „Филип Втори“ д-р Тања Анѓушева и секако најголема благодарност до д-р Жан Митрев. Оперирана 29.10.2014 година. Прашував и барав најуспешен хирург во Русија, Турција, Германијаљ, Србија и други земји. Но секаде одговорот се разликуваше од начинот и постапката на самата сложеност на операцијата. Од сите тие одговори најсигурен начин, пристап и оперативен зафат за операцијата ми даде д-р.Жан Митрев. Одлуката беше донесена. Мојот живот во рацете на Специјалната болница по хирушки болести„Филип Втори“. Тоа беше вистинската одлука. Не се каам,операцијата помина успешно и денеска не чувствувам никакви последици. Народе најдоброто решение, најсигурниот хирург Ви е д-р Жан Митрев. Верувајте во него,бесконечно најдобар, најстручен во Евро-Азија“П.С

„Голема благодарност до д-р Иван Милев и до пероснлот“Е.Н

„Беизмерна благодарност до д-р Никола Христов кој ми ја спаси ногата,ми даде нова нога. Благодарноста ја издазувам и д-р Борјанка и цел медицински персонал. Ви благодарам во името на целото мое семејство. Вие сте први во се. Македонија треба да е среќна што ве има сите Вас“Н.С

„Многу сме задоволни од услугата во Вашата установа а посебно од вниманието кои ни го посвети д-р Шпенд и неговата работна екипа. Пожелувам успех и понатамошна одлична сорабтка на целиот персонал на „Филип Втори.“Д.Т

„Не е убаво она што е убаво, туку она што на срцето му е драго. А тоа е дека сака да живее уште долго. Најголема благодарност“Д.М

„Благодарност и почит за Вашата стручна, совршена услуга, внимание и дисциплина која постои во „Филип Втори“ не само кон мене туку од мјот престој видов дека подеднакво внимание и грижа им давата не сите кои се Ваши пациенти. Вие сте болница со авторитет, пример за тоа како треба да се работи. Вие сте македонска гордост. Предводени од д-р Митрев.“Г.Б

Благодарам од срце Академик Митрев. БЛАГОДАРАМ а целиот персонал на болницата „Филип Втори“. На д-р Зафировска на целиот тим кој ја изврши операцијата. Благодарам за животот кој ми го подаривте.Зборвите не можат да ја доловат и опишат благодарноста, што сакаме да ја изразиме кон овие луѓе, лекари на болницата. Господ да Ви дари долг живот.“Фамилија од Штип

„Светска умна глава,лесни божји раце, тоа е Д-р Митрев. Одличен организатор, големо докторско око, тоа е д-р Енвер.“М.М

„Вие сте пример за сите болници во Македонија и во светот. Благодарам е најмалку што можам да кажам.“Ј.С

„Да бев писател сите прекрасни позитивни епитети би ги посветила на една прекрасна личност.Со сета своја посветеност ми сздаде свесност за најскапоценото нешто,ЗДРАВ ЖИВОТ. Со почит и благодарност до д-р Тања Анѓушева.Бидете благословена.Ваш пациент“

„Благодарни сме за секој ваш збор“…Специјална болница за хирушки болести „Филип Втори“.

Јавна благодарност за Д-р Жан Митрев напишана на нашата фејсбук фан страна

Јавна благодарност за Д-р Жан Митрев напишана на нашата фејсбук фан страна

Почитуван Д-р Жан Митрев,

“Дозволете од името на семејството на Вашиот пациент Кире Јанкулоски да Ви изразиме голема благодарност за беспрекорната грижа и добиената здравствена услуга во Специјалната болница „Филип Втори“ – Скопје. Не знаеме дали постојат зборови со кои ќе може да се искаже сe она што се чувствува кога човек сака да се заблагодари за, пред сe, професионалноста и човечноста која ја поседувате Вие и Вашиот тим, целиот персонал кој деноноќно се грижеше за нашиот Кире, но посакуваме барем ова да поттикне многу други да го следат вашиот пример. Покажавте висока стручност и професионалност со целиот медицински персонал, техничко-технолошка опременост, најсовремени дијагностички методи, оперативни зафати и други медицински постапки, висок степен на хигиена и комфор во собите за хоспитализација на пациенти, со што овозможивте врвна здравствена услуга при лекувањето на Кире Јанкулоски. Овозможивте хуман, пријателски и достоинствен однос и кон пациентот и кон неговите најблиски – нешто што нема цена кога се плашиме за животот и здравјето, кога ни е најтешко. Бевте како дел од нашето семејство и затоа сме Ви бескрајно благодарни.Почитуван д-р Жан Митрев, огромно БЛАГОДАРАМ за сe што направивте за време на лекувањето, за грижата, за трпеливоста, за добрината и топлината со кои ни дававте сила за да не се предадеме предвреме. Вашата беспрекорна професионалност, посветеност на работата и енергичниот дух заедно со Вашите вработени претставуваат пример за грижа на пациентите, која овозможи задржување на достоинството и интимата на пациентот, како и достоинството и вредноста на човечкиот живот. Истовремено им изразуваме особена благодарност на д-р Тања Анѓушева, д-р Горан Јовиќ, д-р Енвер Идоски и на целиот персонал на „Филип Втори“. Имате врвен медицински тим, кој го одликува максимална љубезност и човечка димензија. Ви посакуваме секогаш да ви се отворени патиштата до исклучителни врвни достигнувања во здравствените услуги. Посакуваме и во иднина оваа здравствена установа да биде пример за одговорен пристап, висок професионализам, голема одговорност на целиот тим, максимална љубезност и човечка димензија, она што е одлика само за најголемите и најуспешните”

Со бескрајна благодарност и почитсемејството на Кире Јанкулоски

Новина од Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“

Организираме бесплатен превоз за пациентите од Струмица и Битола

Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“почнувајќи од 06.02.2015 година организира транспорт за своите пациенти од Струмица и Битола до болницата во Скопје.Транспортот е наменет за прегледите кои поради специфичноста пациентите не можат да ги направат во поликлиниките во Струмица и Битола . Во координација со лекарскиот тим од Скопје овие прегледи ќе бидат претходно организирани и пациентите во тек на истиот ден ке можат да ги добијат неопходните испитувања и консултации. Превезувањето ќе се одвива 2-3 пати во текот на месецот.Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ располага со сопствено возило од марката „Рено“ регистрирано за транспорт на патници бус со број на седишта 16 + 1.

Дополнителни информации може да добиете на телефонските броеви Струмица 034/320-302 Битола 047/266-633

„Недела на борба против Кардиоваскуларните заболувања“

„Недела на борба против Кардиоваскуларните заболувања“Нашата болница ја одбележува со низа хуманитарни активности

Последната недела од месец февруари светот ја одбележува како “Недела на борба против Кардиоваскуларните заболувања“. Истата е прогласена од страна на СЗО, со цел подигање на колективната свест за чумата на 21 век . Во светот околу 18 милиони луѓе годишно ја губат битката со животот како последица на овие заболувања. Специјалната болница по хирушки болести „Филип Втори“ како и секоја така и оваа година активно се вклучува во одбележувањето на неделата. Преку предавања , посети, прегледи на различни популациони групи и возрасти. Укажувајќи на сериозноста од кардиовскуларните заболувања и значењето на отворениот пристап за превенција, лекување и третман на истите. Наш медицински тим во соработка со Црвениот крст на град Скопје денеска ќе замине во посета на неколку пациенти, кои успешно беа оперирани во нашата болница и денес активно го продолжуваат својот живот. Најмалиот од нив има 15 години. Неговто семејство живее во многу тешки услови па помошта која ќе му биде однесена нему и на неговите секако ќе биде добредојдена.Утре во просториите на хуманитарниот центар „Даре Џамбаз“ нашиот психолог Илија Дојчиновски ќе одржи свое предавање во рамки на интерактивната работилница на тема „Здрав дух за здраво тело” со младите од клубот при Црвениот крст на град Скопје.Во текот на оваа недела бесплатно ќе бидат прегледани и 10 дечиња од Центарот за церебрална парализа кај кои постои сомневање за присутност на срцеви проблеми. Прегледите ќе ги направи Д-р Иван Милев во соработка со психолог Фросина Ристовска.Целта на сите овие активности е ширење на свесноста за здравиот начин на живеење како превентивен фактор од срцево-садови заболувања, од кој страда 60% од светската популација. Посетата на семејствата и прегледите на децата се дел од хуманитарната активност што нашата болница постојано ја негува.

Црвеното вино и здравјето

Црвеното вино и здравјето

На алкохолот и здравјето патеките им се во различни насоки. Оддамнина се знае дека алкохолните пијалоци се штетен за човечкото здравје. Сериозноста добива на големина кого се земаат паралелно со лекови. Но црвеното вино е исклучок.

Исто како животот така и виното си има свој пат. Дали ќе биде добро или не зависи од многу причини..Поднебјето под кое расне,начинот на кој зрее грозјето. Но и количината љубов со која се внимава и на последното зрно кое еден ден ќе се претвори во капка .Виното за некого утеха за некого задоволство, а засекогаш останува пијалак на боговите.

Виното содржи многу антиоксиданси,компоненти кои го чуваат срцето,крвните садови,нервниот систем и го штитат организмот од оксидативниот стрес.Грозјето содржи антиоксиданси кои делуваат против слободните радикали и го спечуваат оштетувањето на клетките.Семките од грозјето содржат антиоксиданси кои го штитат срцето и крвните садови Некој од позитивните ефекти на црвеното(црното) вино се следните:

Намалување на срцевите заболувања- Се смета дека флавоноидите во црвеното вино го намалуваат „лошиот холестерол“ во крвотокот и го зголемува „добриот холесторол“. Флавоноидите и резвератролот го спречуваат згрутчувањето на крвта ,причина за настанување на срцевите инфаркти и мозочните удари.

Заштита од канцер Резвератролот во виното ја спречува инциденцата на тумор и растењето на канцерогените клетки. Преку истражувањата посочена е тенката врска на една чаша црвено вино дневно и намалувањето на половина на ризикот од настанување на карцином на простатата.Заштита од неуролошки пореметувања.

Истражувањата укажуваат на фактот дека резвератролот придонесува во спречување на формирањето на амилоидниот плак,кој е причина за оштетување на мозочните клетки и причинител за Алцхајмеровата болест.

Следниот пат кога ќе избирате вино одберете што потемно црно(црвено) вино. Доколку сте биле изложени предолго на сонце, некаково зрачење,стрес земете што потемно вино. На тој начин од виното ќе го извлечете максимумот за вашето здравје. Но за да се постигне вистинскиот ефект на здравјето,количините мора да се ограничени. Се препорачува 1-2 чаши на ден црвено вино за да не се наруши нормалното функционирање на другите органи.