Подготовка на пациентите за инвазивни дијагностички и интервентни процедури

Подготовка на пациентите за инвазивни дијагностички и интервентни процедури

Целокупното информирање на пациентот од страна на лекарот за текот и начинот на изведување на дијагностичките и интервентните процедури како и добрата и стручна поготовка од страна на медицинската сестра е голем предуслов.за добар тек на таа процедура . Во нашата болница овие процедури се изведуваат амбулантски преку артеријата на десната рака и за 4-6 часа пациентот ја напушта болницата. Пациетот уште при закажување на процедурата добива информативна картичка за негова поготовка пред да дојде на прием.

На денот на прием медицинската сестра се запознава со пациентот и неговата фамилија, како и со текот на процедурата и времето за кое пациентот ќе се задржи на интервенција. Медицинската сестра е должна детално да му ја објасни процедурата при што пациентот има можност да ги постави сите прашања кои му се важни пред да потпше согласност за истата. Се поставува венка канила на левата рака за апликација на лекови .Овие процедури се изведуваат во ангиогравска сала со помош на апарат ангиографКаде се врши снимање на крвните садови со контраст во присуство на рентген зраци.Инвазивните процедури се изведуваат во стерилни услови се користат стерилни материјали за еднократна употреба кои се декларирани за истите.

Медицинската сестра за време на целата интервенција се грижи за удобноста стабилноста и конфорот при изведување на истата . По завршената интервенција пациентот се враќа во просторија за дневен престој, каде што се следи уште 4-6 часа, при што му се дава соодветна терапија индицирана од лекарот кој го водел.

Пациентот се советува од страна на медицинската сестра како треба да се грижи за раката преку која е изведена интервенцијата , како и правилен хигенодиететски режим а посебно се потенцира важноста од редовно земање на терапијата во домашни услови.Тој при заминување од болница добива медицински извештај од лекарот , ЦД од снимената интервенција, шема, картичка и совети по завршена коронарна интервенција.Екипата за Ангиографија Ви е достапна 24 часа во секое време од денот или ноќта.

Персоналот од Филип Втори континуирано се едуцира низ Европа

Персоналот од Филип Втори континуирано се едуцира низ Европа

Oд 14.09. – 18.09.2015 год д-р Ѕвонко Атанасов спец. радиолог и Дарко Стојаноски радиолошки технолог од Болницата „Филип Втори“ престојуваа на одделот за Интервентна радиологија при Универзитетската болница во Храдец Кралове , Чешка. Оваа посета беше во организација на Phillips при која нашите претставници имаа обука за Allura Ангиограф, а присуствуваа и на изведување на голем број интервентни радиолошки процедури, ангиографии и различни видови на ендоваскуларен третман. како што се периферни и церебрални стентирања, емболизации, којлирање на церебрални аневризми, перкутани тромбектомии при акутни мозочни инфаркти, перкутана вертебропластика .

Спец.Радиолог д-р.Звонко АтанасовРад.техн. Дарко Стојаноски

Денес се одбележува СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФАРМАЦЕВТИТЕ!

Денес се одбележува СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФАРМАЦЕВТИТЕ!

Фармацевтите се здравствени професионалци кои може да ја имаат значајната улога во обезбедување на ефикасна грижа за пациентите. Тие имаат знаења и вештини кои овозможуваат менаџмент на терапијата со лекови, давање на совети за здравјето и превенција од болести, како и примарна здравствена заштита. Во целиот свет денеска, на 25-ти септември се одбележува СВЕТСКИОТ ДЕН НА ФАРМАЦЕВТИТЕ. Овој ден, сега во својата петта година, е основан од страна на Интернационалната Фармацевтска Федерација – ИФФ (International Pharmaceutical Federation). Тоа е Светска федерација која е претставена од три милиони фармацевти и фармацевтски научници, со цел да го потсети општеството за непроценливата улога на фармацевтите и фармацевтските научници како интегрален дел од здравствениот тим.

На Конгресот на ИФФ кој се одржал во Истанбул, Турција, Турската фармацевтска асоцијација предложила 25-ти септември да биде Светски ден, бидејќи на овој ден во 1912 година, е основана ИФФ.

Целта на Светскиот Ден на фармацевтите е организирање на активности за промовирање и залагање за улогата на фармацевтот во подобрување на здравјето на луѓето ширум светот. Интернационалната Фармацевтска Федерација секоја година одбира приоритетна област како тема за Светскиот ден на фармацевтите. Мотото за 2015 година гласи „Фармацевтите, Вашите партнери во здравјето“. Оваа тема е избрана со цел да се укаже на довербата и блиската соработка која фармацевтите ја имаат со пациентите и другите здравствени професионалци. Истата опфаќа самогрижа, но подеднакво се однесува на сите елементи на системот на организација, пациенти, активности, информации и средства, индустрија, истражување и болница. Одбележувањето на Светски ден на фармацевтите е започнато од 2010 година и истиот ќесе искористи од страна на членовите на Интернационалната Фармацевтска Федерација од целиот свет за да се потенцира влијанието и вредноста на фармацијата како професија, како и улогата на фармацевтот во подобрување на здравјето.

Современост, етика, свесност, психотерапија

Прв интернационален и интердисциплинарен конгрес

Во периодот од 17.09.2015 до 20.09.2015 година во Загреб, Хрватска, се одржа Првиот интернационален и интердисциплинарен конгрес на тема “СОВРЕМЕНОСТ, ЕТИКА, СВЕСНОСТ, ПСИХОТЕРАПИЈА”. На овој конгрес учествуваа вкупно 500 учесници и преку 20 предавачи од Европа (Англија, Германија, Словенија, Франција, Хрватска, Македонија, Србија итн.). Психoлог Фросина Ристовска учествуваше на конгресот и беше дел од предавачите на истиот, каде одржа презентација, предавање и работилница на тема “Употреба на гешталт психотерапија со кардиолошки пациенти”. Ова предавање предизвика голем интерес кај колегите од земјите учеснички, токму поради специфичноста на темата и популацијата со која е работено. Беа воодушевени да видат и чујат дека гешталт терапијата се користи и во болнички сетинг, особено дека лекарите од „Филип Втори“ успеваат да го препознаат бенефитот за пациентите од гешталт терапијата, што е реткост. „Филип Втори“ како установа е единствена во однос на она што го нуди и начинот на кој се работи со кардиолошките пациенти на Балканот.

Интересни факти за човечкиот мозок

Интересни факти за човечкиот мозок

Мозокот е еден од најнеистражените делови од нашето тело, а истовремено толку фасцинантен. Научниците секој ден доаѓаат до сè повеќе вчудовидувачки факти за неговата работа. Во продолжание Ви пренесуваме дел од нив.

Мозокот често се споредува со компјутер, но неговите можности се далеку поголеми од обичен сметач – сепак и тој е дело на неколку човечки мозоци. Во секоја клетка на мозокот се одвиваат бројни хемиски реакции, а тоа доведува до совршено работење, многу подобро од обична машина. Еве некои интересни факти поради кои Вашиот мозок ќе испрати сигнали да останете со отворена уста.1. Тежината на човечкиот мозок во просек е 1,3 килограми, а големиот мозок сочинува 85 % од нив.2. Иако мозокот е познат како „сива материја“, всушност поверодостојно би било да се вика „бела материја“, бидејќи мозокот има 60 % бела маса, а 40 проценти припаѓаат на сивата.3. Разликата помеѓу човечкиот и мајмунскиот мозок е во невроните во деловите на мозокот задолжени за однесување и когнитивни ментални процеси кои се во многу поголем број кај човекот, отколку кај мајмунот.4. Во мозокот не се наоѓаат рецептори за болка.5. Човекот има најголем мозок од сите суштества, не во апсолутна големина, туку процентуално во однос на сопствената тежина.6. Во мозокот има преку 100.000 километри крвни садови.7. Во просек, луѓето имаат 70.000 мисли секој ден.8. Читањето приказни за добра ноќ на Вашите деца не е добро само за да заспијат побрзо, туку на овој начин истовремено го поттикнувате и развојот на нивниот мозок.9. Децата кои ќе научат два јазици до нивната петта година, ја менуваат структурата на мозокот и во возрасниот период имаат погуста сива маса.10. Мозокот е главниот „паразит“ на белите дробови и срцето. Имено, тој троши 20 отсто од вдишениот кислород и исто толку проценти од циркулацијата.11. Ако останете без кислород од четири до шест минути, клетките почнуваат да умираат, а после 10 минути, мозокот ќе има трајни оштетувања. После само 8 секунди без кислород, губите свест.12. Тврдењето дека луѓето користат само 10 отсто од мозокот, не е точно, бидејќи за секој негов дел е познато каква функција извршува.13. Сте се запрашале ли некогаш зошто кога ќе помислите дека нешто не е во ред со Вас, веднаш почнувате и да го чувствувате тоа во одреден дел на вашето тело? Имено, врската меѓу психата и телото е многу силна, а од 50 до 70 % од посетите на лекар се последица на психички фактори.14. Староста не е знак на „губење на мозокот“, бидејќи невроните постојано се создаваат, дури и во тој период од животот, но сè зависи од менталната активност.15. Генијалноста на Ајнштајн не се должи на тоа дека имал поголем мозок, туку на делот одговорен за математика и просторна перцепција кој бил за 35% поголем од просекот.16. Сите луѓе сонуваат, разликата е во тоа што одредени луѓе во одредени вечери ги памтат соништата, други не. Во просек, сите сонуваме од четири до седум соништа, во просек од еден до два часа.17. Најдобар начин за да запомните нешто е да направете асоцијација, бидејќи на тој начин мозокот подобро функционира.

ИШИЈАС – симптоми, причини, дијагноза и терапија

ИШИЈАС – симптоми, причини, дијагноза и терапија

Ишијасот се карактеризира со болка во долниот дел на грбот, која преку колкот се спушта во задниот дел на ногата, а во одредени случаи ги зафаќа стапалото и прстите. Најчесто се јавува само на едната страна. Интензитетот на болката варира. Најголем дел од луѓето закрепнуваат без специфична терапија.

Што претставува ишијас?Ишијасот, познат уште и како лумбоишијалгија, претставува невралгија која примарно се карактеризира со болка во пределот на телото коај е инервиран од n. ischiadicus.N. ischiadicus е најголемиот нерв во човечкото тело, кој започнува од долниот предел на грбот и испраќа нервни гранки сè до потколеницата и стапалото.

Симптоми на ишијасГлавен симптом е остра, жаречка болка проследена со чувство на трнење, слабост, вкочанетост и здрвување. Во најголем дел од случаите се јавува еднострано, односно од половината се спушта по должината на едната нога.Одредени положби на телото може да влијаат врз интензитетот на болката, па така болката најчесто се зголемува при исправена положба, одење, клекнување или свиткување во половината, додека во лежечка положба, болката делумно се намалува или целосно исчезнува.

Причини за појава на ишијас
Постојат повеќе причини , најчесто станува збор за:

Хернија на интервертебрален дискус во лумбален дел. Внатрешниот централен дел на дискусот може да хернира и да врши притисок врз нервот поради што се јавува болка.

Дегенеративно заболување на интервертебралниот дискус во лумбален дел. Дегенерацијата на дискусите е нормален процес при стареењето, но кај одредени луѓе овој процес во лумбалниот дел, може да направи иритација на n. ischiadicus и да се јави болка.

Инфекции, повреда или тумор.

Бременост. Промените низ кои поминува телото при бременост како зголемување на телесната тежина, притисок од плодот и хормонални промени, може да доведат до појава на ишијас.

Спондилолистеза. Поради мала стрес фрактура настанува дислокација на прешленското тело кон напред, со што се врши компресија на нервот

Исто така, ишијасот може да се јави секундарно, како резултат на некое примарно заболување како дијабетес.ДијагнозаЗа дијагноза на ишијас, потребно е примарно да се земе добра анамнеза и да се направи детален физикален и невролошки преглед.

Со цел да се одреди причината за појавата на ишијас, во некои случаи потребни се и дополнителни испитувања како правење на електромиограм, рендген, компјутерска томографија и магнетна резонанца.

ТерапијаПостојат неколку опции за третман во зависност од причината која довела до појава на симптомите, како и нивниот интензитет.

Лекови. Најчесто се користат аналгетици за ублажување на болката, мускулни релаксанти и др. Во потешки случаеви се применува кортико терапија.
Физикална терапија, вежби и масажи
Хируршки третман. Во одредени случаи, единствена опција за лекување е хируршка интервенција, која за среќа не е потребна кај најголем дел од пациентите.

Кој е виновен за вртоглавицата?

Кој е виновен за вртоглавицата?

Станува збор за пореметување на ориентацијата во просторот( „вртелешка“ во главата) што се манифестира со силна илузија на движење во неа. Субјективните состојби се различни, а освен привидот на движење често е присутно и функционалното окуломоторично пореметување (nistagmus), паѓање- пропаѓање во стоење, во одење и мачнина.

Вестибуларниот систем е комплексен, ни овозможува во секој момент да имаме ориентација во просторот, а не сме свесни за неговата работа се додека не ни се „заврти“ во главата. Лицата кои имаат вртоглавица најчесто го опишуваат пореметувањето на рамнотежата на два начина: како чувство на вртење околу главата и во главата или како губење на ориентацијата во просторот. Кои се можни причини и видови на вртоглавици ?• Положбена (најчеста, поради вртење на главата и промена на положбата)- трае само минута или пократко, а може да биде проследена со ритмичко треперење на очите , се појавува на неколку дена или по неколку месеци; • Промени на вратниот `рбет- се јавуваат со стареење и трошење на ткивото во вратниот дел, треба да се подобри општата физичка состојба и да се зајакнат вратните мускули;• Пореметување на циркулацијата во мозокот- пречки во крвотокот во едната или обете вратни, како и во основната артерија; • Стресна вртоглавица- кај психичко пореметување проследено со чувство на тегобност и страв, т.н. стресна или психогена вртоглавица која може да доведе до состојба на неразумен страв.• Пореметување во увото- ненадеен напад на вртоглавица кој трае од неколку минути до неколку часа; • Воспаление на нерв- нападот на жестока вртоглавица трае неколку дена, а полека попушта по неколку недели; • Тумор на ушниот нерв- постојана вртоглавица, оштетување на слухот и пореметување на функцијата на други нерви на мозокот; се отстранува со хируршки зафат.

Како да откриме од кое ниво потекнуваат вртоглавиците ?
Денес располагаме со софистицирана и неинвазивна техника на евоцирани потенцијали, која се користи во неврологијата.

Слушни евоцирани потенцијали или потенцијали на мозочното стебло (БАЕП) се користат за испитување вртоглавици и можеме со голема сигурност да констатираме од кое ниво се предизвикани истите.БАЕП преставуваат неврофизиолошки тест за испитување на функцијата на периферниот и централен дел на акустичниот пат и неговите придружни структури во мозочното стебло. Односно го тестираат патот на спроведување од увото до мозочните центри. Се добиваат со звучна дразба на ушите. Се регистрира одговор од 7 брана на звучната дразба. Со анализа на овие бранови можеме да констатираме со голема веројатност од кое ниво произлегуваат вртоглавиците, односно дали се од причини кои произлегуваат од увото или се од мозочните структури. Со помош на БАЕП можеме да откриеме повеќе од горенаведени причини за вртоглавици. Имено, БАЕП се користи во одредување на висината на оштетувањето на акустичниот пат при оштетување на неговата кондуктивна спроводливост, при тумори на мозочното стебло, васкуларни оштетувања или мозочни удари на мозочното стебло и каротидна болест. Потоа при демиелинизаторни заболувања, како и при дијагностицирање на разни вертигинозните синдроми и откривање од кое ниво настануваат, мозочни трауми , трауми на увото и мозочна смрт.