Во клиничката болница „Жан Митрев“ е отворен Центарот за комплетен третман на дојка и е најсовремен центар за женско здравје во регионот кој нуди широк спектар на медицински услуги и најсовремена технологија како помош за дијагностицирање и хируршки зафати при рак на дојка.
Со набавка на најновиот мамомат клиничката болница „Жан Митрев“ ја заокружува комплетната опременост на Центарот за грижа за женското здравје. Мамоматот од типот Selenia Dimensions 6000 кој е со ергономичен дизајн обезбедува удобно и безболно снимање и дава јасен приказ на секоја дојка, што го редуцира бројот на непотребни биопсии.
Со супериорната 3-Д технологија, мамоматот овозможува време на скенирање кое трае 3,7 секунди и е со минимална доза на зрачење кај пациентите. Истовремено се обезбедува голем број на проекции од сите агли со што се добива сеопфатен и прецизен приказ на дојката. Со 3-Д мамографијата се зголемува моќта за рана детекција на карциноми за 20-65%.
3-Д мамографијата- томосинтезата го намалува бројот на лажно позитивни наоди, таа е посебно корисна кај жени со густо ткиво на дојката, овозможува рана детекција на карциномот со јасен приказ на лезијата и го редуцира бројот на непотребни биопсии преку системот за наведувана биопсија.
Новиот Центар за женско здравје во клиничката болница „Жан Митрев“ е опремен со најсовремена технологија за дијагностика, мамографија и хируршки зафати на дојка и функционира во синергија со сите останати оддели кои прават хируршки интервенции на различни видови карциноми.
Во пресрет на октомври – месецот за подигнување на свеста за борбата против рак на дојка, овозможуваме 50% отстапка од редовната цена на 3-Д мамографија.
Проблемот со вишок килограми се повеќе го попречува нормалното функционирање и влијае на нашата психолошка состојба. Причините за прекумерна тежина може да бидат најразлични и најчесто потекнуваат од брзото темпо на живот комбинирано со многубројни активности.
Модерниот начин на живот резултира со недостаток на време за подготовка на храна.
Затоа, водени од овие причини и гледајќи ги потребите на досегашните пациенти, одлучивме да направиме спој на лесно слабеење кое вклучува советување од нутриционист, целосно мени со храна подготвена и доставена на посакуваната локација. Персонализираниот пристап овозможува едноставно и брзо постигнување на зададените цели.
За сите кои сакаат здраво и брзо слабеење, но немаат време да подготват храна дома.
Пакет понуда за диетотерапија и готвена храна за 30 дена со вклучена достава.
Број на оброци дневно: 3
Достава: секој ден (вклучено викенд и празници)
Што треба да направите за да почнете со диетотерапијата:
Закажете термин за нутритивно советување со наш нутриционист и ќе добиете персонален план за исхрана создаден специфично за постигнување на вашите цели
Целни диетотерипии:
Редукциона диетотерапија за ефективно слабеење
Веганска исхрана
Детокс 30 дневна програма за прочистување и ослободување од тегоби на кожни болести
Кетогена редукциона исхрана за ефективно слабеење или прочистување на масни наслаги
Исхрана за спортска поткрепа и успешна реализација
Балансирани исхрани за дијабетичари, кардиоваскуларни заболувања.
Детска исхрана
Цена на пакетот за диетотерапија+ 30 дневна исхрана + достава на храна = 22 000 денари
Фармацевтите од нашата клиника се чекор поблиску до вас. Преку интернет консултацијата како метод на комуникација помеѓу пациентот и фармацевтот, овозможуваме квалитетно информирање на пациените, поврзано со нивната редовна терапијата или со евентуалните несакани ефекти кои може да се појават при комбинирање на нови лекови.
Доколку чувствувате промени – несакани ефекти од лекот кој го земате (осип, црвенило, кашлица, дијареа, отоци, мускулна болка, главоболка, крварење, нема подобрување во состојбата и т.н.) слободно закажете консултација со нашите фармацевти.
Исто така, слободно можете да ги контактирате и доколку имате воведено нов лек во вашата терапија. Често пати се случува новиот лек да е во конфликт со постоечката терапија што резултира со намалено или зголемено дејство на терапијата или евентуална појава на несакани ефекти. Сето тоа може да се превенира или спречи со проверка на интеракциите на новиот лек со постоечките.
Тука сме за вас и доколку сакате да воведете додатоци во исхраната, витамини, растителни екстракти кои може да влијаат врз соодветниот ефект на хроничната терапија која ја земате.
Можеме да ви дадеме совет и ако имате потреба од повеќе информации – нејаснотии околу начинот на чување, земање и апликација на лекот во однос на храна и друга терапија.
Консултирајте не доколу имате настинка или грип и потребни ви се совети за справување со симптомите. Ако примате антибиотик, а немате подобрување на состојбата или имате појава на несакани ефекти може да не контактирате.
Вршиме и мониторинг на антибиотик во крвта доколку е потребно. Во консултација со вашиот лекар може да направиме контрола и препорака за понатамошно дозирање, во случај со терапија со Ванкомицин и Гентамицин.
Напоменуваме дека посебно треба да се обрне внимание на пациентите над 65 годишна возраст кои имаат потреба од терапија со повеќе лекови истовремено. Кај нив е од голема важност проверката на целокупната терапија и прилагодување согласно нивните лабораториски параметри и клинички наоди.
Консултацијата со нашите фармацевти освен на линкот zmc.tiktak.mk можете да ја закажете и преку нашата е-страница www.zmc.mk.
Нашиот фармацевтот ќе Ве контактира во најбрз можен рок.
На 8 Септември се одбележува светскиот ден на физиотерапевтите. На овој ден во организација на Македонското Физиотерапевтско Здружение, редовно се спроведуваат бројни активности организирани од страна на физиотерапевтите.
Оваа година светскиот ден на физиотерапевтите се одбележува под мотото “Рехабилитација и Ковид – 19”. Фокусот е рехабилитацијата на пациентите после Ковид-19 и улогата на физиотерапевтите во третманот и менаџирањето на лицата заразени од Ковид-19.
Кампањата е фокусирана на следниве клучни пораки:
Вежбите играат многу важна улога во закрепнувањето на лицата од Ковид – 19
Како експерти за движењето, физиотерапевтите може да ги воведат пациентите во тоа како вежбите може да помогнат во заздравувањето;
Лицата кои имаат сериозни проблеми од Ковид – 19 ќе имаат потреба од рехабилитација и физиотерапија за закрепнување од влијанието на третманот на болеста;
Примената на онлајн консултациите може да им овозможи полесен пристап на пациентите до физиотерапевт за да им помогне во третманот на состојбата од влијанието од Ковид – 19;
Онлајн консултациите може да бидат ефективни како и конвенционалните методи на здравствена заштита за подобрување на физичката функција.
Со оглед на тоа дека целиот свет е под влијание на пандемијата, препораките на World Physiotherapy, а и на СЗО се да не се одржуваат настани со големи групи на луѓе поради ризикот од пренесување на SarsCov2 вирусот па затоа се зададени и одредени препораки за соодветно одбележување на денот.
Светскиот ден на физиотерапевтите се прославува секоја година на овој ден, бидејќи тоа е денот кога е основана Светската Конфедерација за Физикална терапија во 1951 година, која во 2020 година беше преименувана во Светска физиотерапија (World Physiotherapy). На овој ден, физиотерапевтите ја промовираат својата професија со цел да:
ја покажат значајната улога на професијата за здравјето и благосостојбата на глобалното население
се спроведува кампања во име на професијата и нејзините пациенти до владите и креаторите на политики
го подигнат профилот на професијата.
Денот го одбележува единството и солидарноста на заедницата за физиотерапија низ целиот свет која ги етаблира нивната активности за своите пациенти и заедницата.
Светската физиотерапија има за цел да ги поддржи своите организации-членки и индивидуалните физиотерапевти во нивните напори да ја промовираат професијата и да го унапредат глобалното здравје, користејќи го Светскиот ден на физиотерапевтите како фокус.
За прв пат оваа година промотивниот материјал за одбележување на светскиот ден на физиотерапевтите од страна на раководвството на Македонското физиотерапевтско здружение, а во соработка со World Physiotherapy е преведен на македонски јазик за полесна достапност до сите колеги од државата, а и до пациентите и истиот е објавен на нивната официјална веб страна https://world.physio/wptday/toolkit .
Со цел да се спаси уште еден живот, за прв пат во нашата држава беше применета ЕКМО (Екстракорпоралната мембранска оксигенација) кај критично болен со COVID-19 инфекција, со употреба на CytoSorb филтер.
Екстракорпоралната мембранска оксигенација – ECMO претставува модифициран вид на кардиопулмонално премостување кое се користи како привремена подршка за пациенти со нарушена респираторна или срцева функција. Главна компонента на ECMO уредот е мембрански оксигенатор, преку кој крвта по пат на дифузија поминува преку полупропустлива мембрана при што се отстранува јаглерод диоксид.
Пациентот беше примен во Клиничката болница Жан Митрев во исклучително тешка општа состојба со акутен респиратоден дистрес синдром, со ниска периферна сатурација, отежнато дишење и покачена телесна температура до 39Ц. Пациентот бешe итно интубиран и поставен на механичка вентилација. Поради инверзија на гасните анализи со висока вредност на pCO2 и покрај високите респираторни подршки и максималната концентрација на кислород, пациентот е поставен на екстракорпорална мембранса оксигенација – ЕКМО со дополнителна употреба на CytoSorb филтер.
Ширејќи ги нашите медицински сознанија и следејќи ги најновите препораки за третман на COVID 19 пациентите започнавме со уште еден тип на прочистување на крвта кој се базира на методот на хемоабсорбција на цитокини и други воспалителни медијатори со CytoSorb филтер (одобрен од FDA за третман на критично болни пациенти со COVID-19 инфекција) со комбинација на екстракорпоралната мембранска оксигенација – ECMO.
Одржувањето на здравјето на репродуктивните органи кај жената е од клучно значење во текот на целиот живот.
Имајќи предвид дека како резултат на промените на кои е подложен гениталниот систем, се менуваат и здравствените потреби на секоја жена, нашиот тим гинеколози е подготвен да го следи и контролира женското здравје од првиот менстурален циклус, до менопаузата, и по неа.
Ние знаеме дека совршената грижа вклучува и разговор со пациентката за нејзините физички, психички, емоцинални и социјални потреби, во опуштена и комфорна средина, како и примена на најнови дијагностички процедури, и напредно следење на здравствената состојбата преку посебни индивидуални програми и консултации.
На располагање се комплетна амбулaнтна и болнички услуги кои опфаќаат гинеколошки прегледи, следење на бременост, субспецијалистички урогинеколошки прегледи, амбулантни интервенции, оперативни гинеколошки процедури, микроинвазивна гинеколошка и уро-гинеколошка хирургија.
Ние нудиме професионализам, врвна грижа и индивидуален тераписки план за секоја жена. Бидејќи нам најважно ни е Вашето здравје!
Гинеколошка грижа– вклучува широк спектар на услуги за следење на потребите на жената од редовни годишни прегледи до комплексни состојби. Амбулантна и болничка услуга за бенигни и малигни болести на генитален тракт. Специјализирани сме за минимална инвазивна гинеколошка хирургија, со што престојот во болница како и периодот на закрепнување е сведен на минимум. Користиме современи методи, медицина заснована на докази за дијагностика и третман на карцином на репродуктивните органи.
Грижа за уринарниот тракт и состојби на карличното дно. Не треба да се срамите доколку се соочувате со несакано испуштање на урина, спуштање на гениталните органи или проблеми во менопаузата.
Нашиот тим на уро-гинеколози ви стои на располагање. Тие имаат долгогодишно искуство во дијагностицирање и третман на пореметувањата во функцијата на уринарниот тракт кај жената како уринарна инконтинеција, пролапс на гениталните органи или фекална инконтиненција.
Акушерска грижа
Бременоста е еден од најважните моменти во животот на жената т.е семејство. За нас, секоја бременост е посебна, и пристапот при следење на бременоста се темели на највисоките стандарди во акушерството. Ние се грижиме за одржување на здрава бременост преку рутински прегледи и пренатална грижа, скрининг за хромозомски и структурни аномалии како и дијагностицирање и следење на можни потенцијални компликации. Пациентките со високо ризична бременост се исто така опфатени во нашата грижа, а се со цел – одржување на вашето и здравјето на вашето дете.
Дали доста често ги гледате оние ленти во различни бои кои ги носат спортистите на себе? Што доколку кажеме дека баш овие ленти помагаат за време на бременоста во олеснување на тешкотиите , поддршка на абдоминалната мускулатура и за ослободување на менструални тегоби?
Кинезиотејпингот претставува еластична, самолеплива лента која што е развиена уште во 1979 година. Карактеристично е тоа што нема латекс, хипоалергена е и може да се носи и повеќе денови. Безбедна е за целата популација од бебиња па се до возрасни пациенти.
Лентата е изработена од 100% памучно влакно, медицинско акрилно лепило. Водоотпорна е и не го ограничува обемот на движење. Еластичноста на лентата има особина да влијае во релаксација и стимулација на мускулатурата. Самата лента го олеснува природниот процес на заздравување на телото, дава поддршка и стабилност на мускулите и зглобовите, ја подобрување крвната и лимфната циркулација, ја намалува болката, го намалува отокот и го контролира воспалението.
Што се однесува до бременоста, кинезио лентата е безбедна и ефикасна опција за третман. Мускуло – скелетните болки се вообичаени за време на бременоста, особено пределот на грбот и карлицата, како и болката во лигаментите (особено во долниот дел на абдоменот или препоните).
Во овие состојби кинезио лентата претставува алтернативна метода за користење на лекови. Со соодветна апликациа претставува идеална опција за ослободување на болките за време на бременоста.
Со аплицирање на кинезио лентите во пределот на лумбалниот рбет или долниот дел од абдоменот се помага да се распредели тежината и воедно за се намали заморот и болката која што се јавува.
Постојат неколку видови на апликација на кинезио ленти кои што може да делуваат во поддршка на абдоменот, абдоминалната и грбната мускулатура.
Абдоминален “појас” , вертикални ленти за поддршка, бебешки “појас”, апликација за целосна поддршка на абдоменот, комбинирана апликација за лумбален `рбет и абдоминална мускулатура, апликација за поддршка на дијафрагмата и слично.
Со алицирање на некоја од овие техники (зависно од потребата) се постигнуваат различни ефекти: поддигнување на абдоменот и ослободување на притисокот во карлицата, ослободување од болките во долниот дел на абдоменот и грбот, поддршка и поддигнување на долниот дел од абдоменот, спуштање на горниот дел од абдоменот и ослободување на дијафрагмата за олеснување на дишењето.
Овие апликации може да се комбинираат и со соодветни апликација за грбна мускулатура, особено лумбалниот дел од `рбетот.
Добро е да се напомене дека постојат и соодветни техники кои што се применуваат при третман на “лузни” од царски рез. Помагаат во олеснување на абдоминалната мускулатура во таа регија, а воедно и во ослободување на фасцијата.
Кинезиотејпинг техниката исто така може да се применува и при состојби кај менструални тегоби за ослободување на болката и напнатоста во абдоминалната мускулатура. Со соодветните техники особено како што е EDF – кинезиотејпинг апликацијата може да се помогне во значајно ослободување од болките во мускулатурата при тие состојби.
Бидете слободни, за време на бременоста, после породувањето па дури и во деновите за време на периодот во месецот консултирајте се и побарајте помош од Вашиот физиотерапевт.
Применети најновите трендови во третирање и лекување на пациенти позитивни на COVID-19
Во услови на најтешка пандемија која му се случила на човештвото по Втората Светска Војна – COVID 19, основна цел на нашата клиника е да придонесе за зачувување на здравјето обезбедувајќи најдобра медицинска нега за секој пациент и тоа преку интегрирана медицинска пракса, едукации и истражувања.
COVID-19 пациентите се сериозен предизвик за третирање и лекување, бидејќи во моментов не постои целна терапија за излекување и третманот е главно супортивен. Кај пациентите кои развиваат тешка форма на респираторна слабост се развива синдром на воспаление кој е толку силен и проследен со ослободување на т.н. воспалителни медијатори кои доведуваат до повеќеорганска слабост и смрт.
Следејќи ги светските трендови во третман на најтешко болните пациенти на единиците за интензивна нега и лекување ние во клиничката болница „Жан Митрев“ повеќе години наназад успешно ја користиме методата на хемофилтрација на крвта со посебен високо абсорбтивен филтер (Oxiris). Нашите успешни приказни поврзани со вено-венската хемодијафилтрација со Oxiris филтер беа презентирани на повеќе светски медицински конференции од највисок ранг како и преку публикации во реномирани медицински списанија. Доказ за следење на највисоките медицински стандарди беше и официјалното признавање на Oxiris филтрацијата од страна на FDA во април 2020 година како дел од третманот на COVID-19 пациентите.
Ширејќи ги нашите медицински сознанија и следејќи ги најновите препораки за третман на COVID 19 пациентите започнавме со уште еден тип на прочистување на крвта кој се базира на методот на хемоабсорбција на цитокини и други воспалителни медијатори со CytoSorb филтер (одобрен од FDA за третман на критично болни пациенти со COVID-19 инфекција). Нашите првични искуства со користење на двете форми на прочистување на крвта се одлични и претставуваат поттик и надеж за излекување на најтешките пациенти кои се борат не само со корона инфекција туку и други форми на воспалителни заболувања како од бактериска така и од вирусна природа. Филтрацијата е спора, безбедна и вообичаено трае помеѓу 12 и 48 часа. Во тој временски период пациентите се следат со најсофистициран електронски лабораториски систем за нивото на воспалителните маркери (IL 6, CRP, PCT итн) и соодветно на резултатите се продолжува или прекинува терапијата.
Единствениот ограничувачки фактор во нашата земја е што овие форми на третман и лекување не се признаени од Фондот за Здравствено Осигурување на Република Северна Македонија и користењето на истите како и продолжувањето на терапијата кога има подобрување е ограничено или оневозможено од финансиски причини.
Базирајќи се на одличните искуства, публикувани и признаени во светот, клиничката болница „Жан Митрев“ ќе продолжи да се залага за највисоки стандарди во негата и третман на најтешко болните пациенти следејќи го мотото на Емануел Кант дека луѓето имаат достоинство, но не и цена! Човечкиот живот е бесценет!