ТАВИ процедури – Продолжен животот на 8 пациенти со аортна стеноза

Процедурата ТАВИ (Trans catheter Aortic Valve Implantation) претставува комплексен зафат на вметнување на аортна валвула без операција на отворено срце.
Од почетокот на годинава, во месец јануари, за само 2 дена беа направени вкупно 8 вакви зафати при што беспрекорно вешто беа поставени биолошки залистоци вградени во протеза од метална мрежа (слична на коронарен стент, но значително поголема), кои во потполност да ја извршуваат функцијата на тролистниот аортен залисток.

ТАВИ зафатите беа спорведени од тимот за интервентна кардиологија на чело со д-р Вилма А. Соколов и д-р Шпенд Идризи, кардиохирургот д-р Никола Христов, д-р Тања Анѓушева, тимот од анестезија и РТГ дијагностика и подготовка на аортните валвули од страна на м.с. Соња Русевска.

Ваквите зафати се препорачуваат кај пациенти со аортна стеноза која е всушност стекната болест на срцето. Најчесто пациентите се разболуваат уште во детска возраст, а предизвикувачот е ревматска треска. Болеста потоа се развива повеќе години и напредокот е индивидуален и може да трае и до 15-20 години. Обично во почетокот се идентификува како шум на срце кој персистира за цело време на болеста. Потоа, со примена на ехокардиографска проценка се утврдува степенот на болеста и се дваат препораки за понатамошно следење. Кога аортната стеноза ќе се развие, пациентите чувствуваат симптоми како: замор, гушење, градна болка, вртоглавица, а кај некои и губиток на свест.

При ваква состојба односно тежок степен на болеста и присуство на наведените симптоми се препорачува третман на аортната валвула. ТАВИ зафатот е најдобра опција за пациентите кои се високоризични, возрасни со многу коморбидитети или претходни операции на отворено срце.

Целата процедура трае кратко, но е претходно добро испланирана. Нема ургентни ТАВИ процедури, туку само планирани. По МСКТ на аорта по кардипротокол со мерње и проценка за големината на валвулата и стратегија за самата интервенција. Валвулата е индивидуална и се порачува наменски за секој пациент.
Направени се 19 ТАВИ процедури во 2021 и 8 процедури во 2022.

Што е алкохолен хепатитис и како да се спречи?

Хепатитис е општ термин кој опишува воспаление на ткивото на црниот дроб. Иако воспалението може да настане од повеќе причини, најчест е хепатитисот од вирусна инфекција.
Алкохолниот хепатитис пак претставува тежок синдром при кој воспалението на црниот дроб е предизвикано од консумирање алкохол.

Алкохолот и алкохолни заболувања на црниот дроб

Алкохолното заболување на црниот дроб (АЛД-alcohol liver disease) е општ термин кој се однесува на оштетувањето предизвикано на ткивото на црниот дроб од прекумерно консумирање алкохол. Опфаќа низа болести, вклучувајќи стеатоза (замастен црн дроб), цироза и алкохолен хепатитис (АХ). AХ е тешка форма на алкохолно заболување на црниот дроб и обично доколку консумацијата на алкохол продолжи, напредува во цироза на црниот дроб.

АХ може да се повлече ако се прекине пиењето. Но доколку се појави цироза, оштетувањето на црниот дроб е неповратно.
Алкохолното заболување е најчеста причина за трансплантација на црн дроб во САД. Според Националниот институт за злоупотреба на алкохол и алкохолизам (NIAAA), AХ се утврдува преку:

  • Појава на жолтица во рок од 60 дена од минимум 6-месечен период на тешка консумација на алкохол.
  • Ниво на серумски билирубин, што се однесува на концентрацијата на билирубин во крвотокот, од повеќе од 3 милиграми на децилитар (mg/dL) во споредба со нормалниот резултат од 1,2 mg/dL.
  • Зголемени нивоа на аспартат аминотрансфераза (AST) од типичен опсег од 5-40 единици на литар серум до помеѓу 50-400 единици на литар. AST е ензим кој се наоѓа најмногу во црниот дроб и се ослободува во крвта ако црниот дроб е оштетен.
  • Сооднос AST/ALT (односот помеѓу концентрацијата на AST и аланин аминотрансферазата, друг ензим што укажува на оштетување на црниот дроб) од 1,5 или поголем.
  • Не постоење на вирусна причина за хепатитис.

Клинички, најчестиот симптом на АХ е присуството на жолтица, но останатите симптоми вклучуваат: анорексија, треска, гадење, повраќање и замор. Поради губење на апетитот од алкохолно заболување, неухранетоста е исто така честа кај луѓето со алкохолен хепатит.

Причини за алкохолен хепатит

АХ е болест која може да се спречи, која е предизвикана од постојаното консумирање на повеќе алкохол отколку што може да преработи црниот дроб. Црниот дроб е главното место во телото каде се метаболизира алкохолот со помош на три ензимски системи одговорни за оксидација на алкохолот. (Тие го вклучуваат системот на цитозолна алкохол дехидрогеназа (ADH), микрозомалниот систем за оксидација на етанол (MEOS) и системот на пероксизомална каталаза). Производот на сите три системи е реактивен метаболит наречен ацеталдехид, кој го оштетува ткивото на црниот дроб на различни начини.

Еден механизам е преку генерирање на слободни радикали и инхибиција на антиоксидантната одбрана. Слободните радикали се молекули кои содржат кислород и се нормален нуспроизвод на производството на енергија од страна на клетките. Во високи концентрации, тие можат да ги оштетат клеточните мембрани и протеините предизвикувајќи оштетување на ткивото.

Антиоксидансите пак, се молекули кои ги неутрализираат слободните радикали, а оксидативниот стрес се јавува кога постои нерамнотежа помеѓу слободните радикали и антиоксидансите, што доведува до воспаление и оштетување на клетките.
Според тоа, алкохолот индиректно го оштетува црниот дроб додека се метаболизира. Сепак, може директно да ги оштети клетките на црниот дроб со менување на движењето на другите ензими и транспортните протеини.

Колку алкохол предизвикува алкохолен хепатит?

Количината на алкохол неопходна за индуцирање на АХ е непозната и варира во зависност од лицето. Иако најчесто се забележува кај луѓе на возраст меѓу 40-60 години, тој се појавува и кај пациенти во нивните 20-ти, па дури и кај пациенти во нивните 80-ти. Додека проценетиот минимален дневен внес на алкохол неопходен за развој на АХ е помеѓу 20 – 40 грама дневно, обично пациентите даваат податоци за внес од над 80 грама дневно, во текот на пет години.

Кој е во ризик?

Иако постојат силни докази кои укажуваат на генетска подложност за развој на нарушување на злоупотребата на алкохол, улогата на генетиката во прогресијата кон алкохолен хепатит е нејасна. Само мал процент од луѓето со тежок алкохолизам развиваат АХ. Сепак, истражувањата покажаа дека следните фактори влијаат на ризикот од развој на болеста:

Пол

Жените се поподложни на АХ бидејќи поинаку го апсорбираат и метаболизираат алкохолот од мажите. Жените имаат помало количество на вода во телото, а поголемо количество телесни масти, со што постигнуваат повисоки концентрации на алкохол во крвотокот од мажите по консумирање еквивалентно ниво на алкохол. Тие исто така го метаболизираат алкохолот од крвта со побрзо темпо од мажите.

Дебелина

Присуството на прекумерна тежина значително ја зголемува веројатноста за АХ, поради поврзаноста помеѓу алкохолот и телесните масти. На пример, масните киселини од масното ткиво (масните клетки) придонесуваат за воспаление на црниот дроб, а воспалението на цитокините во масното ткиво е тесно поврзано со воспалението во ткивото на црниот дроб.

Етничка припадност

Во Соединетите Американски Држави, согласно направени истражување кое ја спореди сериозноста на АХ и цирозата кај пациенти со светла боја на кожата, наспроти пациентите со темна боја на кожата, покажа дека пациентите со Афроамериканци и Хиспанци со цироза веројатно ќе имаат двојно зголемување на AST во споредба со пациентите со бела боја. Хиспанците со АХ исто така имаат поголема веројатност да развијат карактеристики на цироза отколку Афроамериканците и белите луѓе со АХ.

Може ли да се спречи АХ?

Иако избегнувањето на целокупното консумирање алкохол е единствениот начин да се елиминира ризикот од АХ, намалувањето на пиењето до умерена количина може да го намали ризикот. Внимавањето да не се консумира алкохол со други потенцијално токсични лекови за црниот дроб и преземањето чекори за спречување на инфекција од хепатитис Ц, исто така, ќе ја намали веројатноста за развој на АХ.

Преземете чекори за да спречите диабетес тип 2

Ризик фактори и превенција на дијабетес тип 2

Ако имате дијабетес, тоа значи дека нивото на шеќер во крвта е превисоко. Кај дијабетес тип 2, ова се случува затоа што вашето тело не произведува доволно инсулин или истото не го користи соодветно, што е познато како отпорност на инсулин. Ако сте изложени на ризик од дијабетес тип 2, можеби ќе можете да го спречите или забавите неговиот развој.

Кои лица може да бидат изложени на ризик од дијабетес тип 2?

Многу луѓе се изложени на ризик за дијабетес тип 2. Вашите шанси да се развиете дијабетес од овиј тип зависат од комбинација на повеќе фактори на ризик, како што се вашите гени и начин на живот. Факторите на ризик вклучуваат:

  • Преддијабетес: Ова значи дека имате нивоа на шеќер во крвта кои се повисоки од нормалните, но не доволно високи за да се наречете дијабетес.
  • Прекумерна тежина или дебелина
  • Наследен фактор: Имате членови на семејството со дијабетес
  • Висок крвен притисок
  • Ниско ниво на добар холестерол (HDL) или високо ниво на триглицериди
  • Дијабетес за време на бременоста
  • Бебе родено девет килограми или повеќе
  • Неактивен животен стил
  • Срцеви заболувања или сте имале мозочен удар
  • Депресија
  • Синдром на полицистични јајници
  • Пушењето

Како можам да ја спречам или одложам појавата на дијабетес тип 2?

Ако сте изложени на некој од овие ризици кои влијаат на развој на дијабетес, можеби ќе можете да работите на спречување или одложување на истите. Повеќето од активностите кои што треба да ги преземете вклучуваат поздрав начин на живот. Ако ги направите овие промени, едновремено ќе се случат и други здравствени придобивки. Можете да го намалите ризикот од други болести и веројатно ќе се чувствувате подобро и ќе имате повеќе енергија.

Затоа направете ги следните промени:

  • Намалете ги килограмите и одржувајте соодветна телесна тежина. Контролата на тежината е важен дел од превенцијата на појава на дијабетес. Можеби ќе можете да го спречите или одложите дијабетесот со губење на 5-10% од вашата моментална тежина. На пример, ако тежите 100кг вашата цел би била да изгубите помеѓу 4,5 и 9 килограми. Но она што е уште поважно е штом ќе ја изгубите тежината да се задржите на истата.
  • Следете план за здрава исхрана. Важно е да го намалите бројот на калории што ги внесувате секој ден за да можете да губите тежина или да ја задржите постоечката. За да го постигнете ова, вашата исхрана мора да вклучува помали порции и помалку масти и шеќер. Исто така, треба да јадете разновидна храна, вклучувајќи многу цели зрна, овошје и зеленчук. Исто така, добро е да се ограничи црвеното месо и да се избегнуваат месните преработки.
  • Вежбајте редовно. Вежбањето има многу здравствени придобивки, вклучително и можноста со редовно вежбање да изгубите тежина и да го намалите нивото на шеќер во крвта. И двете го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2. Минимумот кој треба да го применувате е: 30 минути физичка активност пет пати во неделата. Ако не сте биле активни, разговарајте со вашиот лекар за да ви помоге да одредите кои видови на вежби се најдобри за вас. Можете да започнете полека додека не ја достигнете целта.
  • Откажете се од пушењето. Пушењето може да придонесе за отпорност на инсулин, што може да доведе до дијабетес тип 2. Ако веќе пушите, обидете се да ги откажете цигарите.

Разговарајте со вашиот лекар кој ќе ви помогне да утврдите дали има нешто друго што можете да се направи за да го спречите или одложите дијабетесот тип 2. Ако сте изложени на висок ризик, вашиот лекар може да предложи да земете и некои лекови за дијабетес.

Опаѓање на косата како последица на прележан Covid -19

Секој ден природно губиме во просек по 100 влакна. Но, различни здравствени проблеми може да го забрзаат, односно да го поттикнат ова губење на косата. Covid-19 е еден од таквите здравствени проблеми. Меѓу последиците кои ги остава SARS-CoV-2 е и ненадејното губење на косата, особено застапено кај жените.

Во повеќето случаи, опаѓањето на косата поради коронавирус не се јавува веднаш, туку два или три месеци по заразувањето со вирусот. Обично е јасно изразен, бидејќи се карактеризира со  масовно опаѓање на косата. Во овој период можеме да најдеме еден куп коса во тушот, да останат многу влакна во четката/чешелот при чешлање, или пак на местото каде седите – на самата софата.

Исто така може да забележиме дека косата го губи својот волумен, челната линија се крева нагоре, а и вертикалната линија (залистоци) стануваат повидливи.

Во овој случај потребно е телото да се храни, т.е да се внесуваат витамини кои ќе влијаат во зајакнувањето на косата, ноктите како и во подобрувањето на изгледот на кожата.

Зошто коронавирусот предизвикува опаѓање на косата?

Акутен телоген ефлувиум се јавува кога во организмот настанува стрес кој влијае на косата која била во фаза на раст. Како резултат на тоа, таа коса оди директно во телоген фаза, која е последната фаза од нејзиниот живот. Од анализираните податоци на студија спроведена во Њујорк, заклучено е дека тоа е причината за опаѓање на косата кај луѓето кои имале Covid-19.

Всушност во тие случаи, фоликулот престанува да работи, па косата не може да продолжи да расте. Сепак, фоликулот останува закачен за скалпот околу три месеци, по што паѓа. Затоа инфекцијата со коронавирус не предизвикува опаѓање на косата веднаш, туку настанува неколку месеци подоцна.

Има повеќе причини кои се поврзуваат со појавата на акутен телоген ефлувиум. Тие варираат од недостаток на витамини до ниско ниво на железо, па се до самиот стрес од болеста.

Косата е особено чувствителна на промените што ги доживуваме. Таа не само што страда од инфекцијата туку и од варијациите во исхраната, недостатокот на сонце и свеж воздух како резултат на останувањето дома и, секако, вознемиреноста што ја создава оваа ситуација на социјална и економска несигурност. Сето тоа ја погодува косата и влијае во нејзиното опаѓање.

Биотин против опаѓање на косата

Биотин или витамин H, витамин Б7 или витамин Б8 е познат како делотворен витамин за кожата, косата и ноктите. Биотинот може да биде одличен сојузник по стресна ситуација за нашата коса. Биотинот го поттикнува растот на косата, генерира поголема еластичност и помалку кршење, што значи поголема заштита од опаѓање на косата.

Покрај биотинот кој може многу да помогне во оваа ситуација, поволно влијаат и аминокиселини од растително потекло кои делуваат на три нивоа на фоликулот на косата во коренот, влакната и скалпот, придонесувајќи за раст и отпорност на косата. Дополнително, добро е да има комбинација на витамин Б6 кој помага во регулирање на хормоналната активност и витамин Б8 кој заедно со цинкот придонесува за нормално одржување на косата во нормални услови.

Постојат голем број додатоци во исхраната кои влијаат на квалитетот на косата, кожата и ноктите. Наша препорка е докажаниот продукт Orthomol Beauty од германскиот бренд Ортомол кој содржи значајни микронутриенти. Неговата иновативна комбинација на колаген, хијалуронска киселина и фитамин-Q-10 комплекс има двоен ефект. Тој обезбедува соодветни нутриенти за кожата и сврзното ткиво со што се обновува еластичноста, затегнатоста и хидратацијата. Додека пак колагенските пептиди од Orthomol Beauty ги стимулираат фибробластите да продуцираат зголемена количина на колаген. Го има во две варијанти Orthomol Beauty за жени и Orthomol Beauty за мажи.

Скршеници, зошто и кога настануваат?

Во текот на животниот век, во детството или подоцна, како резултат на невнимание, пад или удар може да се здобиете со скршеница на коските или позната уште како фрактура и тоа на различни делови од вашето тело: рака, нога, колк, рамо и слично.

Фрактурите на коските се целосни или делумни скршеници на коските, кои се случуваат кога врз коската била применета поголема сила од онаа што може да ја издржи. Најчестите скршеници се предизвикани од спортски повреди, несреќи и падови. Во зависност од нивната тежина, третманот може да биде нехируршки со имобилизација, гипс или хируршки.

Симптоми и видови фрактури

Најчестите симптоми на фрактури на коските се:

• Болка, обично на местото на фрактура
• Деформација во погодената област
• Неможност или ограничување на движењето
• Оток или модринки
• Вкочанетост и трнење
• Треска

Доколку имате било кој од горенаведените симптоми, веднаш побарајте помош од лекар кој со помош на преглед и дијагностички методи како РТГ или МР ќе го утврди типот на скршеницата и ќе ви препорача понатамошен третман.

Видови на фрактури на коските

Постојат различни класификации на фрактури на коските, кои се делаат според причината на кршењето на коската, според оштетувањето и според линијата. Најчестите фрактури се:

Според причината на кршењето на коската

  • Индиректни фрактури: ова е најчеста фрактура и се јавува на далечна точка на која влијаела силата / притисокот.
  • Директни фрактури: се јавуваат кога ударот предизвикува фрактура во истата точка на примањето на ударот.
  • Патолошки фрактури: настануваат поради слабеење на коската како причина од некоја патологија.
  • Стрес фрактури: тие се резултат на прекумерен и повторлив напор.

Според оштетувањето

  • Затворена фрактура: коската и надворешноста на телото не комуницираат и затоа коската не излегува низ кожата.
  • Отворена фрактура: коската и надворешноста на телото комуницираат, предизвикувајќи перфорација на кожата и меките ткива, а коската излегува. Во овие случаи, постои ризик од инфекција.
  • Целосна фрактура: кога коската се распаѓа на два дела.
  • Гринстик фрактура: многу честа кај децата, се јавува кога коската е скршена, но не се дели на два дела. Се работи за нецелосна скршеница.
  • Едноставна фрактура: коската пука во еден дел.
  • Распарчена/ здробена фрактура: коската се распаѓа на неколку парчиња.

Според линијата (физичкиот модел на скршеницата)

  • Попречна фрактура: патеката на фрактурата е нормална на главната оска на коската. Најчесто тоа е предизвикано од директен удар.
  • Линеарна фрактура: фрактурата е во иста насока како и долгата оска на коската, иако ниту еден дел од коскеното ткиво не е поместен.
  • Коса фрактура: линијата е наклонета кон главната оска на коската. Може да биде без поместување, така што скршените краеви се споени или со поместување, во случај да има раздвојување меѓу нив.
  • Спирална фрактура: слична на косата фрактуриа во овој случај линијата на фрактура има спирална патека околу оската на коската.

Дијагностицирањето и санацијата на скршениците можат да се направат во клиничката болница Жан Митрев каде ви стои на располагање одделот за ортопедија составен од врвни доктори. Овде пациентите ќе добијат персонализиран третман почнувајќи од самата дијагноза, санација како и процесот на рехабилитација.

Сте чуле за карпал тунел синдром?

Што претставува карпал тунел синдром?

Карпал тунел синдром е предизвикан од притисокот врз медијалниот нерв на раката. Карпалниот тунел всушност претставува тесен канал на дланката на раката опкружен со коски и лигаменти. Кога медијалниот (средниот) нерв е компресиран-притиснат, тогаш се појавуваат симптоми кои може да вклучуваат: вкочанетост, пецкање и слабост во раката и рамото.
Самата анатомија на зглобот, одредени здравствени проблеми и повторливите движења кои ги правиме со рацете можат да придонесат за појава на овој синдром.
Правилното третирање на оваа состојба вообичаено е доволно за да го ублажи пецкањето и вкочанетоста,а потоа се обновува и функцијата на зглобот и раката.

Симптоми

Симптомите на карпал тунел синдром обично започнуваат прилично прогресивно и вклучуваат:

  • Пецкање или вкочанетост. Може да почувствувате пецкање и вкочанетост во прстите или раката. Засегнати прсти се најчесто палецот, показалецот, средниот и домалиот прст. Вообичаено малиот прст не е засегнат. Може да почувствувате сензација слична на електричен удар на овие прсти.
    Чувството може да се движи од рачниот зглоб до раката. Овие симптоми обично се јавуваат додека го држите воланот, телефонот или весникот. Но може и да ве разбудат додека спиете.
    Многу луѓе ги тресат или ги удират рацете за да се обидат да ги ублажат симптомите. Чувството на вкочанетост може да стане постојано.
  • Слабост. Може да почувствувате слабост во рацете и да испуштите предмети. Ова може да се должи на вкочанетост во раката или слабост на мускулите на палецот со кој се прави движењето на штипкање, кој исто така е контролиран од медијалниот (средниот) нерв.

Причини

Карпал тунел синдром е предизвикан од притисок врз медијалниот нерв.
Медијалниот нерв поминува од подлактицата, преку каналот во зглобот (карпален тунел) се до раката. Обезбедува чувство на дланката, на палецот и прстите, освен малиот прст. Исто така, емитува нервни сигнали за движење на мускулите околу палецот.
Сè што го стиска или го иритира медијалниот нерв во просторот на карпалниот тунел може да доведе до синдром на карпал тунел. Фрактурата на зглобот може да го стесни карпалниот тунел и да го иритира нервот. Истото се случува и од отокот и воспалението предизвикано од ревматоиден артритис.
Најчесто, синдромот на карпал тунел се појавува од повеќе и комбинирани ризик фактори кои придонесуваат за развој на оваа состојба.

Фактори на ризик

Неколку фактори се поврзани со синдромот на карпал тунел. Иако тие директно не го предизвикуваат овој синдром, тие можат да го зголемат ризикот од иритација или оштетување на медијалниот нерв, а тие се:

– Анатомски фактори. Фрактура или дислокација на зглобот, или артритис што ги деформира малите коски на зглобот, може да го наруши просторот во карпалниот тунел и да изврши притисок врз медијалниот нерв.
Луѓето кои имаат помали карпални тунели имаат поголема веројатност да имаат синдром на карпален тунел.
– Полот. Синдромот на карпален тунел обично е почест кај жените. Ова може да биде затоа што областа на карпален тунел е релативно помала кај жените отколку кај мажите.

Жените кои имаат синдром на карпален тунел исто така може да имаат помали карпални тунели од оние без оваа состојба.

Состојби кои предизвикуваат оштетување на нервите

Некои хронични болести, како што е дијабетесот, го зголемуваат ризикот од повреда на нервот, вклучително и повреда на медијалниот нерв.

  • Воспалителни состојби. Ревматоидниот артритис и другите состојби кои имаат воспалителна компонента може да влијаат на слузницата околу тетивите во зглобот и да извршат притисок врз медијалниот нерв.
  • Лекови. Се смета дека постои врска помеѓу синдромот на карпален тунел и употребата на анастрозол (Аримидекс), лек кој се користи за лекување на рак на дојка.
  • Дебелината. Дебелината е фактор на ризик за развој на синдром на карпален тунел.
  • Промени во телесните течности. Задржувањето на течности може да го зголеми притисокот во карпалниот тунел и да го иритира медијалниот нерв. Ова е вообичаено за време на бременоста и менопаузата. Синдромот на карпален тунел поврзан со бременоста обично се подобрува сам по бременоста.
  • Други медицински состојби. Одредени состојби како што се менопаузата или состојби како што се нарушувања на тироидната жлезда, бубрежна инсуфициенција и лимфедем може да ги зголемат шансите за развој на синдромот на карпал тунел.
  • Фактори на работното место. Работата со вибрирачки алати или на лента за склопување што бара продолжено или повторувачко флексирање на зглобот може да создаде штетен притисок врз медијалниот нерв или да го влоши постојното оштетување на нервот, особено ако работата се врши во ладна средина.

Третирајте го синдромот на карпал тунел што е можно порано, веднаш по почетокот на симптомите. Во раните фази, едноставните работи што можете сами да ги направите може да го намалат проблемот. На пример:

  • Правете почести паузи за да ги одморите рацете.
  • Избегнувајте активности кои ги влошуваат симптомите.
  • Нанесете ладни облоги за да го намалите отокот.

Други опции за третман вклучуваат гипс на зглобот, лекови и операција. Гипсот и другите конзервативни третмани се со поголема веројатност да помогнат ако сте имале само благи или умерени симптоми кои се појавуваат и исчезнуваат во период помалку од 10 месеци. Ако имате вкочанетост во рацете, треба да посетите лекар. Не заборавајте, нашиот врвен тим на ортопеди со долгогодишно искуство во третманот на сите ортопедските заболувања ви стои на располагање.

Фибромијалгија – кои се причините и како се манифестира оваа состојба?

Фибромијалгијата е нарушување кое се карактеризира со хронична мускулно-скелетна болка придружена со сериозен замор и проблеми со спиењето, меморијата и расположението, како и намалена зглобна подвижност. Точната причина за ова е непозната, меѓутоа се верува дека во себе вклучува психолошки, генетски, невробиолошки фактори и фактори од околината. Научниците веруваат дека фибромијалгијата ги засилува чувствата на болка, бидејќи всушност влијае на тоа како мозокот и ‘рбетниот мозок ги обработуваат сигналите за болка.

Симптомите често започнуваат по физичка траума, операција, инфекција или значителен психолошки стрес. Во други случаи, симптомите се развиваат постепено со текот на времето, без да има предизвикувачки настан.
Жените развиваат фибромијалгија почесто од мажите. Многу луѓе со фибромијалгија, исто така, имаат главоболки од напнатост, нарушувања на темпоромандибуларниот зглоб, синдром на нервозно дебело црево, вознемиреност и депресија.

Иако фибромијалгија не се лечи, постојат лекови кои можат да помогнат во контролата на симптомите, но исто така, вежбањето, релаксацијата и мерките за намалување на стресот можат да помогнат.

Симптоми

Главните симптоми на фибромијалгија вклучуваат:

  • Општа болка. Болката поврзана со фибромијалгија често се опишува како блага, досадна, континуирана болка која трае најмалку три месеци. За да се категоризира во општа болка, мора да биде присутна во целото тело и над и под половината.
  • Замор. Луѓето со фибромијалгија често се будат изморени, иако потенцираат дека спијат многу. Спиењето често пати е прекинато со болка, и многу пациенти со фибромијалгија страдаат и од други нарушувања на спиењето, како што се синдром на немирни нозе и апнеја при спиење.
  • Когнитивни тешкотии. Симптомот кој најчесто се нарекува „фибро магла или мозочна магла“ ја попречува способноста за фокусирање, внимание и ментална концентрација.

Фибромијалгијата е често придружена со други состојби, како што се:

  • Синдром на иритирани црева
  • Синдром на хроничен замор
  • Мигрена и други видови главоболки
  • Интерстицијален циститис или болен синдром на мочниот меур
  • Нарушувања на темпоромандибуларниот (виличниот) зглоб
  • Анксиозност
  • Депресија
  • Синдром на постурална тахикардија (поголемиот дел од крвта останува во долниот дел од телото додека станувате)

Причини

Многу истражувачи веруваат дека повторената стимулација на нервите предизвикува промени во мозокот и ‘рбетниот мозок кај луѓето со фибромијалгија. Оваа промена е поврзана со абнормално зголемување на нивото на одредени хемикалии во мозокот што пренесуваат сигнали за болка.

Понатаму, се чини дека рецепторите за болка во мозокот развиваат еден вид меморија на болка и стануваат почувствителни, што значи дека тие можат да реагираат непропорционално на сигналите за болка.

Постојат многу можни фактори кои доведуваат до овие промени, вклучувајќи:

  • Генетика. Бидејќи фибромијалгија обично е наследна, може да има одредени генетски мутации кои најверојатно ќе ве направат поранливи за развој на ова нарушување.
  • Полот. Фибромијалгија се дијагностицира почесто кај жени отколку кај мажи.
  • Инфекции. Се смета дека одредени болести предизвикуваат или ја влошуваат фибромијалгија.
  • Физички или емоционални стресови/ настани. Фибромијалгија може да биде предизвикана од физички стрес / настан, како што е сообраќајна несреќа. Продолжениот психолошки стрес, исто така, може да ја активира оваа болест.
  • Други нарушувања. Ако имате остеоартритис, ревматоиден артритис или лупус, најверојатно ќе имате фибромијалгија.

Компликации

Болката, заморот и слабиот квалитет на спиењето поврзани со фибромијалгија може да влијаат на вашата способност да функционирате дома или на работа. Фрустрацијата од справување со болест која честопати е погрешно разбрана, исто така, може да предизвика депресија и анксиозност поврзана со здравјето.

Дали постои поврзаност на студот со болката во коските?

Сите сме го слушнале изразот „ми влезе студ во коските“. Тој всушност го отсликува популарното верување кај народот дека студот е една од причините за болки во коските и ревматски заболувања.

Во оваа статија ќе објасниме подетално за што се работи.

Кога е ладно, имаме впечаток дека во коските чувствуваме непријатност, па дури и болки поради промената на температурата. Студот и влажноста ги прават мускулите постегнати и вкочанети, што предизвикува повеќе контракции и болка. Оваа болка всушност произлегува од зглобовите. Зглобовите, а не самите коски се тие што го генерираат ова чуство. Истото може да биде во форма на непријатност, болка или воспаление што произлегува од кој било дел од зглобот – вклучително ‘рскавица, коска, лигаменти, тетиви или мускули. Меѓутоа, најчесто, болката во зглобовите се однесува на артритис или артралгија, што е воспаление или болка од самиот зглоб. Болката во зглобовите може да биде блага, предизвикувајќи болка само по одредени активности, или може да биде силна, па дури и ограниченото движење, особено подносливоста, да биде исклучително болно.
Коските може да болат еденствено кога ќе се скршат или при голем удар.

Дали тоа значи дека временските услови и температурата влијаат на болките во зглобовите?


Да, но тие не предизвикуваат ревматски заболувања.
Реално климата не влијае на преваленцата или на причините кои предизвикуваат ревматски заболувања, но вистина е дека студот влијае на перцепцијата или чувството на болка кај оние кои страдаат од проблеми со зглобовите.

Што се случува во нашето тело кога е изложено на студено:

  • Нашето тело регистрира студ
  • Срцето го намалува срцевиот ритам
  • Циркулацијата на крвта се забавува
  • Се зголемува мускулната тензија
  • Мускулите се собираат и тогаш перцепираме болка.

Затоа, иако за време на клима со ниски температури се јавува чувство на болка, нема причина да се вознемируваме.

Најважно е:

  • Без оглед на годишното време, доколку имате веќе дијагностицирано ревматско заболување, да продолжите со земање на вашата терапија препишана од лекарот.
  • Да се облекувате соодветно (топло).
  • Да избегнувате ненадејни температурни промени.
  • Доколку е потребно или возможно, да ја прилагодите температурата во вашиот дом (да биде потопло).
  • Да ја стоплите погодената област, како би ја спречиле непријатноста во зглобовите, во случај болката да е секојдневна и постојана.
  • Да останете активни е еден од најдобрите начини за спречување или забавување на појава на болка во зглобовите или појава на симптомите на ревматски заболувања.Болестите поврзани со локомоторниот систем се многу чести и се проценува дека голем број од населението страда од некое од овие заболувања.

Патологијата на остеоартритис може да зафати еден или повеќе зглобови, а најчест е остеоартритисот на рацете, колкот, коленото и ‘рбетот.

Затоа доколку чувстувате нелагодност или болки во:

  • Колкови
  • Колено
  • Рбет
  • Рамо
  • Рака и лакт
  • Стапало и глужд

Обратете се кај нашите ортопеди кои со своето долгогодишно искуство во третманот на ортопедските заболувања и примена на најнова технологија во ова област ќе ви помогнат да добиете персонализирана грижа за време на процесот на дијагноза, третман и рехабилитација при било која патологија на локомоторниот ситем.