Во месецот на женското здравје темите кои ги засегаат жените се многубројни, како од физички така и од психолошки аспект. Најголемиот страв доаѓа секако од можна појава на канцер на дојки или јајници. Но, тука се и проблемите поврзани со сексуално преносливите болести, хормоналниот дисбаланс, болестите на срцето или тироидната жлезда, како и менталното здравје. Во тој контекст важно е секоја жена да одвои време за себе со цел превенција и справување со можните заболувања.
Ние во нашиот Центар за женско здравје при клиничката болница Жан Митрев овој месец имаме специјална понуда која опфаќа персонализирани превентивни и дијагностички прегледи. Така, при секоја направена 2Д или 3Д мамографија добивате бесплатно ехо на дојки и мерење на густината на коските. На располагање се и дијабетолошки и ендокринолошки прегледи со анализа на тироидни хормони. А достапни се и најразлични гинеколошки пакет прегледи кои вклучуваат ПАП/ХПВ и други микробиолошки анализи во зависност од потребата.
За да дознаете повеќе и за да закажете термин кој ви одговара јавете се на 02/30 91 484.
Менопаузата е физиолошки процес кој се јавува кај жените околу педесеттата година од животот и е резултат на хормоналниот дефицит на естроген и прогестерон, кои поради намалените нивоа престануваат да ја извршуваат својата функција. Покрај губењето на циклусот, менопаузата вклучува и низа промени кои можат да влијаат на квалитетот на животот кај многу жени.
Како се манифестира менопаузата?
Симптомите на менопаузата се индивидуални. Се појавуваат во фази и имаат различен степен и интензитет кај секоја жена. Пред да започне менопауза постои еден период познат како перименопауза и тој може да трае извесно време пред да се случи самата менопауза.
Најчести симптоми во првите години, дури и во перименопауза може да бидат: • Климактеричен синдром: топли бранови и несоница • Психолошки симптоми: анксиозност, лошо расположение и емоционална нестабилност
Помеѓу две и три години по последниот циклус: • Вулво-вагинална атрофија • Генерализирана сувост
Помеѓу 5 и 10 години по губењето на циклусот: • Остеопороза • Кардиоваскуларни болести
Кои се придобивките од спортувањето за време на менопаузата?
Индивидуализираните физички вежби, односно умереното вежбање, прилагодено на возраста и индивидуалната состојба на секоја жена, се препорачливи и пожелни поради нивните позитивни ефекти за општата здравствена состоба.
Тие придонесуваат кон:
Мускулно-скелетни придобивки. Вежбањето ја зголемува коскената маса (намалувајќи го ризикот од остеопороза). Во комбинација со одржан мускулен тонус, ризикот од паѓање и скршеници се наалува.
Придобивки за саркопенија (губење на мускулна маса). Жените со зачуваана мускулната маса имаат далеку поголема подвижност и рамнотежа.
Придобивки против кардиоваскуларните и метаболичките ризик фактори. Вежбањето влијае позитивно на регулацијата на крвниот притисок, дислипидемијата (холестерол-триглицериди), дијабетесот и отпорноста на инсулин и секако врз контролирање на прекумерна тежина.
Когнитивни ефекти, расположение и квалитетен живот. Вежбањето помага за врамнотежување на хормонте, особено оние на среќата, кои влијаат на подобрување на целокупната добросостојба.
Намалување на болка. Болките како последица на фибромијалгија и остеоартикуларни проблеми можат значително да се ублажат.
Физичката активност која се практикува ќе зависи од физичката состојба на жената, но во секој случај мора да биде умерена. Откако ќе се започне со редовно вежбање, веднаш ќе се забележат позитивни ефекти врз расположението, а заморот и стресот ќе се неутрализираат. Ќе се подобри и квалитетот на сонот. Секако интензивното вежбање треба да се избегнува попладне и навечер.
Покрај спортувањето, други активности кои ги препорачуваме за справување со менопаузата се:
Избалансирана исхрана
Намалете ги токсичните навики (конзумирање алкохол и тутун)
Одржувајте активен живот од социјален и интелектуален аспект, дружете се, разговарајте.
Одете на редовни медицински прегледи
Еднаш годишно направете остеодензитометрија (мерење на густината на коските).
Во клиничката болница Жан Митрев, ви стои на располагање стручниот тим гинеколози, ендокринолози, дијабетолози и ортопеди кои можат да помогнат со совети, дијагностика и персонализиран третман на оваа состојба кај жените.
По повод месецот на женското здравје Клиничката болница Жан Митрев нуди специјални пакети за превенција и дијагностика. А со секоја направена мамографија добивате бесплатно ехо на дојка и остеодензитометрија – мерење на густината на коските.
Гестациски дијабетес претставува дијабетес кој се јавува за време на бременоста, без претходна историја за дијагностициран дијабетес или покачени гликемиски вредности. Најчесто се јавува во третиот триместар од бременоста, а доколку се појави во првите два, тогаш најверојатно станува збор за дијабетес тип 1 или тип 2.
Со текот на времето како напредува бременоста, така се зголемува и телесната тежина. Со самото тоа се создава одреден степен на инсулинска резистенција која ја зголемува потребата од инсулин. Овој недостаток на инсулин и инсулинска резистенција доведуваат до појава на гестациски дијабетес.
Кои се ризик фактори за појава на гестациски дијабетес?
Како ризик фактори за појава се сметаат покачена телесна тежина, полицистичен оваријален синдром, позитивна фамилијарна анамнеза за дијабетес, родилната тежина на плодот од претходната бременост била над 4кг, физичка неактивност или постоечки предијабетес. При постоење на гестациски дијабетес се зголемува ризикот за појава на покачен крвен притисок. Во однос на плодот, се зголемува ризикот за поголем плод, за предвремено породување, за постпартална хипогликемија како и развој да дијабетес тип 2 подоцна во животот.
Како се дијагностицира гестациски дијабетес?
Гестацискиот дијабетес се дијагностицира со орален глукоза толеранс тест кој се изведува меѓу 24-28 гестациска недела, а доколку има податок за претходно постоечки ризик фактори, тогаш може да се направи и во првиот триместар (12-тата гестациска недела). За позитивен тест според Американската асоцијација за дијабетес, се сметаат вредностите на гладно над 5.3ммол/Л, 1ч по оптоварување над 10 ммол/Л и 2ч по оптоварување над 8.5 ммол/Л.
По пораѓајот, најчесто завршува гестацискиот дијабетес и се` се враќа во нормала, но кај 50% од жените со гестациски дијабетес ќе развијат дијабетес тип 2 со текот на времето. Затоа е потребно по 6-12 недели да се направи проверка на гликемискиот статус.
Во Клиниката Жан Митрев стоиме на располагање за навремено да го дијагностицираме гестацискиот дијабетес и правилно да го водиме и третираме, за на крајот заедно да се радуваме на новиот живот кој допрва ќе почне.