За нашиот тим – Бидејќи цело е кога сме заедно!

Вообичаено е кога годината завршува, да се направи ретроспектива и секој да се подготви за следните предизвици како на работен така и на личен план. Затоа во текот на изминатата седмица Одделот за психологија и психотерапија реализираше низа психолошки работилници во кои беше вклучен нашиот тим. Преку специјално дизајниран процес, игровна активност и осмислен дијалог сите вработени можеа да размислат за годината што изминува и новата што доаѓа, да се поврзат меѓусебно и да уживаат во искуствениот процес. Им благодариме на нашите психолози доц. д-р Кристина Егуменовска и Александра Петроски за одлично спроведените работилници кои поттикнаа многу теми за размислување.

Решение за гушавост или струма на тиреоидеа

Патологијата на тироидната жлезда може да се манифестира во форма на промени во градбата или промени во нејзината функција. Во групата на болести на тироидната жлезда се вбројува и струмата попозната како гушавост која најчесто се манифестира како волуменско зголемување на тироидната жлезда од предната страна на вратот. Струмата е безболна, но доколку ги зголеми прекумерно своите димензии, тогаш може да предизвика отежнато голтање, промени во гласот, кашлица и отежнато дишење. Во тој случај единствен избор за третман претставува оперативниот хируршки зафат.
Во Жан Митрев Клиник беше ендокринолошки дијагностицирана и хируршки отстранета струма со огромни димензии кај пациентка која се соочуваше со отежнато дишење и голтање.

Клиника Жан Митрев со едукација за здравствената заштита на спортистите

Тимот доктори од клиника Жан Митрев ги едуцираше спортските работници, претставниците на спортските сојузи, тренерите на клубовите и спортистите за здравствената заштита при постигнување врвни спортски резултати.

На предавањето на тема „Добро здравје за врвни спортски резултати“ во организација на Клиника Жан Митрев се зборуваше за значењето на превентивната заштита, за симптомите на претренираност кај спортистите, за превентивната заштита на локомоторниот апарат кај младите спортисти и што вклучува сеопфатниот превентивен преглед којшто е клучен за здрави спортисти.
Заради важноста од добро и стручно информирање за психофизичката состојба на спортистите во спортувањето и за постигнувањето на добри резултати со присутните беше отворена дебата на тема „Можности, перспективи и лични искуства на спортистите во поглед на предизвиците од спортскиот начин на живот (калориски внес, психофизички способности и останати проблеми)“.

Предавачи беа д-р Виолета Николов-специјалист гинеколог, Игор Николов – доктор на науки по кинезиологија, професор по физичко образование, спорт и здравје, проф. д-р Глигор Џолев – специјалист хирург ортопед и проф.д-р Милка Клинчева – интернист кардиолог.

Гугл доктор


Жените често се плашат или се загрижени кога станува збор за теми поврзани со гинеколошки проблеми. Статистиките покажуваат дека огромен број од нив (73%) совети и решение бараат на интернет. Но, кога станува збор за репродуктивното здравје, односно здравјето воопшто, овој начин наоѓање решение не е препорачлив. Секоја жена треба да знае дека редовните гинеколошки контроли спасуваат живот, а не информациите и препораките најдени на интернет.

Потребен е редовен, детален гинеколошки преглед. Не чекајте нештата да отидат предалеку, односно да се доведете во ситуација да биде предоцна и истите да не можат да се лекуваат. Од гинеколошкиот преглед, преку скринингот за карцином на грлото на матаката, гинеколошкиот ултразвук, како и високо специфичните гинеколошки лабораториски анализи, направени од искусен доктор гинеколог, ќе добиете детален скрининг на вашето генитално, репродуктивно здравје.

Клучна е комплетната гинеколошка заштита,  во сите фази од животот, бидејќи здравјето на репродуктивните органи е значајно, не само за жената туку и за нејзините најблиски.

Нашата цел е една: Вашето здравје!

Закажете преглед во термин кој ви одговара на 02/3091-484

Joint Commission International: Граѓаните на Македонија треба да бидат горди на Клиника Жан Митрев

Joint Commission International ја достави официјалната акредитација до Клиника Жан Митрев потврди дека клиниката е здравствен центар со највисоки стандарди од аспект на квалитет на здравствените услуги и грижа за безбедноста на пациентите. Акредитацијата добиена од ЈCI се смета за Златен Стандард во глобалната здравствена нега, а Клиника Жан Митрев овој сертификат го добива по третпат.

„Граѓаните на Македонија треба да бидат горди што вашата организација е фокусирана на оваа предизвикувачка цел, континуирано да го зголемува квалитетот и безбедноста на пациентите на највисоко ниво“, стои во акредитивното писмо испратено до д-р Митрев.

Работата на Клиниката Жан Митрев беше оценувана од тричлена комисија на Joint Commission International, при што беа евалуирани 1200 мерливи елементи и според извештајот завршната оценка е дека се исполнети сите услови за добивање на сертификатот Златен печат. По евалуацијата и оценувањето на целосната работа, комисијата стандардите на Клиника Жан Митрев ги израмни со стандардите на Mayo Clinic, потенцирајќи дека „Клиника Жан Митрев има капацитет и потенцијал да биде Mayo Клиника не само на Балканот туку и за Европа“.

Joint Commission International е формирана во САД во 1994 година како независна непрофитна организација која акредитира и потврдува медицински установи ширум светот.

Дали некогаш сте слушнале за синдромот на периодични трески?

Што претставува овој синдром познат уште како ПФАПА синдром?

Имунолошкиот систем има задача да ги пронајде и уништи бактериите и вирусите кои би можеле да му наштетат на организмот на детето. Имунолошкиот систем е тој кој нас не одржува да бидеме здрави. Имунолошкиот одговор преку активација на инфламација или воспаление овозможува одбрамбениот одговор да биде активен. Активираните имунолошки клетки се тие кои испраќаат сигнали до мозокот за да настане треска и покачена телесна температура.

Понекогаш, зголемената телесна температура и треската ќе се јават без јасна причина.
Оваа состојба се јавува кај синдромот на периодични трески или пзнат и како ПФАПА синдром, чие име е кратенка од неколку англиски термини: Periodic Fever, Aphthous stomatitis, Pharyngitis, Adenitis.
Кај ПФАПА синдромот постои абнормална активација на имунолошките клетки, што ќе предизвика абнормално воспаление и покачена телесна температура.

Оваа состојба спаѓа во групата на имунолошки нарушувања и е најчеста во оваа група нарушувања.
Се јавува речиси секогаш кај деца, а критична возраст на појавување на истата е меѓу третата и петата година. И бидејќи станува збор за период на растење и честа изложеност на малите деца на инфекции со вируси и бактерии, оваа состојба останува не препознаена и не дијагностицирана. Фактот дека во речиси 90% од случаите, поминува спонтано и со ремисија после шестата година, дополнително го отежнува моментот за навремено откривање на оваа состојба.

Кои се главните симптоми?

  • Појава на фебрилности на секои 4 до 6 недели
  • Периодите на покачена температура може да траат од 4 до 5 дена
  • Воспалено и болно грло
  • Зголемени лимфни јазли во предел на вратот
  • Отечени и воспалени тонзили/крајници
  • Појава на афтозни промени на букалната слузница и/или тонзилите

Кај овие деца се повторувани бројни микробиолошки брисеви кои во поголем дел биле негативни. Во текот на епизодите на покачена температура речиси секогаш маркерите за инфекција се изразито високи, така што децата завршуваат редовно на антибиотска терапија која што во овој случај нема никаков ефект врз подобрувањето на состојбата. Освен тоа, високата телесна температура речиси и да не реагира на антипиретици од типот на Парацетамол или Бруфен.

Поретко, оваа состојба може да биде придружена и со други симптоми, како што се:

  • Главоболка
  • Болки во мускулите
  • Болки во зглобовите
  • Стомачни болки.

Се смета дека болеста е комплексно-генетска, има фамилијарно појавување и се наследува автосомно-доминантно, па така неретко се добива податок за родителите дека и тие имале слични проблеми во детска возраст.

Зошто е важна дијагностиката кај ПФАПА, синдромот на периодична треска?

Важноста на дијагностиката е клучна од неколку аспекти:

  • Диференцирање од други имунолошки болести и/или автоимуни состојби
  • Правилно третирање и терапија соодветно на дијагнозата
  • Избегнување на антибиотска терапија кај детето без јасна причина
  • Избегнување на континуирано и/или комбинирано давање на стандардните
  • антипиретици и/или имуностимулатори кои немаат никаков ефект на состојбата

Одделот за педијатрја во клиниката Жан Митрев ви стои на располагање за сите педијатриски проблеми. Закажете ја вашата консултација на 02 3091 484

Ментално здравје на работа: пат кон благосостојба

Работата игра важна улога во животот на луѓето, но исто така е извор на голем број ситуации кои вклучуваат доживувања од типот: стрес, мачнина, преголеми оптоварувања, конфликти со колегите, вознемирување на работното место и проблеми поврзани со менталното здравје.

Светската здравствена организација (СЗО) го дефинира менталното здравје како ментална благосостојба која им овозможува на луѓето да се справат со стресните моменти во животот, да ги развијат сите свои способности, да бидат способни да учат и да работат соодветно и да придонесат за подобрување на нивната заедница. Исто така, менталното здравје мора да биде составен дел од општата добростојба во компанијата која ќе им овозможи на истите да одлучуваат, да воспостават ред и соработка за да ги постигнат целите што си ги поставиле, односно за да постигнат личен и деловен успех. Сепак, често се игнорира значење наменталното здравје и начинот на кој тоа влијае на продуктивноста и профитабилноста на самите компании.

Работната средина може да се смета за еден од главните фактори кои директно влијаат на менталното здравје. Поволната работна средина обезбедува задоволство и придонесува за лична самореализација. Неповолната работна средина, од друга страна, доведува до појава на промени во менталното здравје.

Веќе се покажа дека задоволните и здрави вработени многу подобро ги извршуваат своите задачи и веројатноста тие да останат, да се задржат во компанијата се големи. Спротивно на ова, оние вработени кои се континуитрано под стрес, се справуваат со анксиозност или депресија на работното место, може да се соочат со сериозни проблеми, не само лични, туку тимски и генерално/општо во организацијата. Поради оваа причина, прземањето мерки за превенцијата и третман на менталното здравје на работното место, придонесува за намалување на отсуствата, несреќите на работното место и други поврзани ситуации/состојби.

Менталното здравје е клучно за да се постигне благосостојба и да се најде здрава рамнотежа помеѓу физичките и емоционалните аспекти со кои се соочуваме секојдневно. Тоа задолжително треба да се гради активно, со изразување на емоции и давање простор на другите, за да можат и тие да го изразат она што ги боли, ги прави чусвителни или ги мачи. Клучно е да се размислува за овие аспекти и секако организациите да ја проценат и вреднуваат потребата за да се обезбеди поддршка, да се избегне стигматизирање и да се поттикне креирање и одржување на начини кои ги интегрираат, а не ги исклучуваат учесниците. Акцентот мора да се стави и на зајакнување на културата, вредностите и организациските принципи кои се интегративни и не ги ограничуваат нивните учесници.
Според Центарот за ментално здравје, на работното место, секој петти вработен страда од депресија, а 70% од нив страдаат од намалена продуктивност, влошување на физичкото здравје и, во најлош случај, самоповредување.

Од друга страна, со преземање професионален и рефлексивен пристап, лидерите можат да помогнат во ублажувањето на стресот и да развијат психолошка отпорност неопходна за да бидат попродуктивни. Затоа, неопходно е да се креираат стратегии за вработените да учествуваат и, на тој начин, да управуваат со нивното ментално здравје, да научат за проблемот, да се вклучат и да дејствуваат за доброто на сите. Лидерите мора да бидат пример во развојот на поволно ментално здравје и во одвојувањето време да ја наполнат енергијата и да го инспирираат својот тим да го следи примерот.

Еден од главните начини за промовирање на менталното здравје на работа е да се поттикне здрава и корисна работна средина, каде што ќе чуствуваат безбедни и почитувани, место каде што се вреднувани и им се нудат можности за личен и професионален раст и развој. Покрај тоа, неопходна е емоционална поддршка, нудејќи услуги за психолошка поддршка и насоки (советување и/или терапии), поддршка за наоѓање рамнотежа помеѓу работата и личниот живот, и секако опција за флексибилни работни распореди, платени одмори и други активности кои ја олеснуваат благосостојбата. Исто така, многу е корисно да се понуди обука за теми поврзани со менталното здравје, неговото значење и начини за спречување и лекување.

Менталното здравје е витален аспект на благосостојбата на работното место. Затоа, работодавачите треба да преземат чекори за да ги идентификуваат факторите на ризик и да создадат системи за поддршка и програми за здравје и превенција за своите вработени. Неопходно е да се запамети дека менталното здравје на работа ја зголемува мотивацијата, концентрацијата и креативноста, што доведува до подобри перформанси. Исто така, помага во балансирање на личната и работната сфера, подобрување на квалитетот на животот на вработените, бидејќи доброто ментално здравје создава погодна и пријатна работна средина, што пак го зголемува задоволството но и среќата на работа.
Тимот на психолози и психијатри во клиниката Жан Митрев ви стои на располагање за консултација и третман на сите ваши проблеми со менталното здравје. Закажете го вашиот термин на 02 3091 484

Клиника Жан Митрев споредена со Mayo Clinic, по третпат го доби Златниот печат од Joint Commission International

По третпат Златен печат од Joint Commission International за Клиника Жан Митрев. Со оваа ре-сертификација потврдено е уште еднаш дека здравствената институција поседува највисоки стандарди од аспект на квалитетот на здравствените услуги и грижата за безбедноста на пациентите.

„Од анализата утврдивме дека Клиника Жан Митрев има капацитет и потенцијал да биде Mayo Clinic не само на Балканот туку и за Европа. Има голем капацитет во операционите сали и експертиза на докторскиот персонал, функционален систем за електронска евиденција на здравствените податоци, голема посветеност и професионалност на лекарите и вработените и најважно од сѐ оваа болница има одлично раководство“, истакна д-р Мајкл Нјин, член на комисијата за акредитација од Joint Commission International.

Оваа потврда ја постави уште еднаш Клиника Жан Митрев на еднакво рамниште со останатите акредитирани институции во светски ранг. Работата на Клиниката Жан Митрев ја оценуваше тричлената комисија од Чикаго каде што е седиштето на Joint Commission International.

„Евалуацијата за акредитација вклучува 1200 мерливи елементи и според извештајот завршната оценка е дека се исполнети сите услови. Во добивањето на реакредитацијата посебно внимание се посветува на подобрување на работата на болницата од претходната реакредитација, а овде е евидентно големо унапредување на сите процеси. Целосната работа, функционирањето, квалитетот и безбедноста на пациентите и персоналот е на исклучително високо ниво и соодветно за добивање на Златен печат на Joint Commission International“, истакна г-ѓа Брит Де Кордие, член на комисија за акредитација од Joint Commission International.

Заклучок на извештајот врз основа на кој се доби ре-акредитацијата е дека Клиника Жан Митрев ја претставува својата земја и меѓународната медицинска пракса на многу високо ниво.

„Да се биде дел од JCI акредитираните болници е престиж во светски рамки. Но, оваа акредитација за нас значи многу повеќе бидејќи ја добиваме во една парадоксална ситуација каде сме обвинети за нашиот успех и за нашиот квалитет. Целиот тим на Клиника Жан Митрев понесе огромен товар за време на пандемијата, најтешките пациенти со Ковид компликации ги видовме тука, на нашата интензивна нега. Постигнавме огромни резултати со големо залагање и спасивме голем број пациенти. Нашата работа не застанува тука, ние продолжуваме понатаму максимално посветено да се грижиме за доброто на нашите пациенти“ истакна д-р Жан Митрев.
Клиниката за прв пат доби JCI акредитација во 2017 година, за по три години во 2020 година во екот на Ковид пандемијата да биде една од неколкуте болници во светски рамки која не ја одложи акредитацијата, туку и беше реакредитирана. Оваа акредитација е трета по ред која помина без забелешки.

JCI е формирана во Америка во 1994 година како независна непрофитна организација која акредитира и потврдува медицински установи ширум светот. Акредитацијата добиена од ЈCI се смета за Златен Стандард во глобалната здравствена нега во поглед на квалитет на услугите и безбедност на пациентите.