Првата неврохируршка операција на Одделот за неврохирургија во Клиниката Жан Митрев е изведена со врвен неврохируршки микроскоп, еден од најсовремените во регионот. Неврохируршкиот тим предводен од проф. д-р Владимир Рендевски, заедно со д-р Михаил Таушанов и останатите членови на интердисциплинарната медицинска екипа, успешно изведоа операција на ‘рбетниот столб на пациентка со огромни болки во крстот и ограничена подвижност на десната нога.
Со исклучителното ниво на визуелизација на овој современ микроскоп, беше овозможено искусниот тим со најмала инвазивност да направи отстранување на дискус хернијата во лумбалниот дел ‘рбетот и ослободување на притиснатиот корен на нервот, што ги предизвикуваше наведените клинички симптоми и знаци кај пациентката. Во иднина, микроскопот од брендот Zeiss Kinevo 900, со неговите врвни перформанси и дополнителните оптички филтри кои овозможуваат интраоперативно пребојување на туморите, васкуларните промени (аневризми) и други патолошки промени на мозокот и ‘рбетниот мозок, ќе биде користен за нивно безбедно и прецизно оперативно отстранување со најмала можна инвазивност и притоа зачувување на околното здраво ткиво.
Остеопорозата е прогресивна болест на коските која се карактеризира со намалување на коскената маса и густина и со тоа доведува до зголемен ризик од скршеници.
Најдобар метод за мерење на коскената минерална густина е остеодензитометријата со DXA скен. Мерењето се врши на лумбалниот ‘рбет, колкот и подлактицата, а можно е и мерење на коскената густина на целото тело.
Мерењето на коскената минерална густина е неопходно кај:
Сите жени постари од 65 години и мажи постари од 70 годни, независно од факторите на ризик од фрактури
Кај жени со менопауза настаната пред 45 годишна возраст
Кај лица со ревматоиден артритис
Кај лица со други воспалителни заболувања на локомоторниот систем
Кај лица кои долго време користат терапија со кортикостероиди
Кај лица со намалување на висината на телото
Контраиндикации за мерење на коскената минерална густина со остеодензитометрија има:
-Кај бремени жени (поради самиот факт што DXA скен апаратот е рентгенска апсорпциометрија). -Кај пациенти кои неодамна имале снимање со користење на контрастни супстанции или примале радиоактивна терапија, потребно е ова снимање да се одложи додека наведените супстанции се елиминираат од организмот.
Во нашата клиника остеодензитрометријата ја прават едуцирани радиотехнолози, а резултатите ги обработуваат тим на лекари едуцирани за остеодензитометрија, со што ке ја добиете најадекватната препорака за терапија и понатамошно лекување.
Овие аномалии на видот се карактеризираат со матно гледање, без оглед дали се работи за читање или гледање во далечина. Истите се корегираат со помош на оптички помагала очила, леќи или оперативен зафат. Проблемот за појава на овие аномалии може да биде поврзан со очното јаболко, леќата во окото или рожницата.
Кратковидност (миопија), далекувидост (хиперметропија) и старечка далекувидост (пресбиопија)
Луѓето со кратковидност не се во состојба да ги видат одалечените предмети. При оваа состојба аксијалната должина на окото кај миопија е подолга од нормалната. Фокусот на јасен вид паѓа во предниот дел на мрежницата (пред центарот за вид) со што далечните предмети се гледаат замаглено.
Далекувидните луѓе пак имаат проблем со гледањето предмети кои што се блиску или најчесто со читањето. Окото кај далекувидите има покуса аксијална должина и фокусот на јасен вид паѓа позади мрежницата, т.е. позади центарот за вид. Како резултат на тоа предметите што се блиску не се гледаат јасно. Корекција се врши со сферични стакла, контактни леќи или оперативно (со рефрактивна хирургија).
Старечката далекувидост, односно неможноста да се фокусираат блиски предмети или да се чита, се појавува кај луѓето над 40 години, поради губењето на еластичноста на окото односно можнота брзо да се прилагодува и фокусира. Затоа и се потребни очила за читање.
Астигматизам
Астигматизам е рефрактивна аномалија, при што зраците по прекршувањето во оптичкиот дел од окото, не се собираат во една точка од мрежницата и не се формира јасна слика на гледаните предмети. Најчесто причина за овој оптички недостаток на окото е неправилната закривеност на површината на рожницата. Како сликовит пример може да послужи споредбата дека нормалното око има форма на пинг-понг топче, а при кератоконус, формата на окото личи на лажица.
5% од луѓето имаат астигматизам, најчесто е наследен, но може да се добие и во текот на животот од некоја болест или од повреда на предниот дел на окото. Карактеристично за луѓето со оваа рефрактивна аномалија е што предметите од околината ги гледаат нејасно и од близу и од далеку. Работењето од близу – читањето, пишувањето и слично многу брзо доведува до неодредени главоболки, зголемено солзење, слевање на буквите и редовите и брзо заморување. Далечните предмети се нејасни, искривени, коси и деформирани. Овие пречки го прават човекот што страда од астигматизам делумно или целосно неспособен за извршување многу работи и за занимавање со некои професии.
Симптоми
Најчест симптом на астигматизмот е замаглениот вид. Некои од дополнителните симптоми на астигматизмот се: замаглен вид при обид за читање на ситни букви, отежнато читање, дупли слики и појава на непостоечки слики. Останатии можни симптоми на астигматизмот се: главоболки, вртоглавица, раздразливост и замор.
Дијагноза
Астигматизмот лесно се дијагностицира со офталмолошки преглед и рефракциски тестови (авторефрактокератометрија) многу често е потребно да се направи и корнеална топографија да се разликува од кератоконус.
Третман
Корекција на астигматизмот е со цилиндрични стакла. Исто така можат да се користат контактни леќи (торични) или да се изврши оперативна корекција (рефрактивна хирургија). За правилна и навремена дијагностика и понатамошни чекори закажете во нашиот Центар за офталмологија во соработка со Промедика Офталмологија на: 02/3091-484
Кога зборуваме за машкото здравје и современиот начин на живеење, најчесто споменуваниот орган кој страда е простатата.
Простатата е дел од машкиот репродуктивен систем и се наоѓа веднаш под мочниот меур. Низ овој орган поминува делот од уринарниот тракт по напуштањето на мочниот меур. Простатата има различни функции, од кои најважна е да произведува дел од семената течност. Простатата има и ендокрина функција, што значи дека лачи и хормони. Простата е комплексен орган кој бара внимание и доколку почуствувате проблеми не смеете да ги игнорирате, туку треба да појдете на преглед кај уролог. Проблемот може да биде брзо и едноставно решлив, но честопати може да се работи за сериозно заболување како простатитис, бенигна хиперплазија на простатата (БХП) па дури и рак на простата. Секоја од овие болести е крајно опасна за секој маж и бара посебно медицинско внимание, без одлагање!
Кои се ризик факторите за заболување на простатата?
Истражувањата покажуваат дека генетските фактори во семејството, хормоните, исхраната, пушењето и консумирањето алкохол значително може да го зголемат ризикот од развој на заболувања на простатата.
Болести на простата
-Простатитисот е воспаление на простатата и е најчесто поврзан со одредена бактерија. Вообичаените симптоми вклучуваат: болно или тешко мокрење и хронична болка во препоните, карличната област или гениталиите. Доколку не се лекува навреме, простатитисот може да предизвика сериозни проблеми и тоа обично се забележува кај сексуално активни мажи. Третманот го одредува доктор уролог согласно видот и силината на воспалението.
-Бенигна хиперплазија на простатата (БХП) Ова е болест карактеристична за мажите по 40 година од животот кога простатата почнува постепено да расте. Особено, внатрешниот дел на простатата може да се зголеми, а жлездата на простатата, која вообичаено е со големина на костен, може да достигне големина на јаболко или дури и портокал. Токму оваа состојба се нарекува бенигна хиперплазија на простатата (БХП). Вообичаените симптоми вклучуваат: болки и неможност за мокрење. Првиот чекор во третманот на бенигна хиперплазија е секако посета на уролог со цел прецизна дијагностика по што ќе следи лекување.
-Ракот на простата Ова е болеста која најстрашно звучи кога се зборува за машкото здравје. Всушност ракот на простатата претставува неконтролирано растење на клетките во жлездата на простатата. Вообичаените симпроми се: неможноист за мокрење, крвава урина итн. Опасноста од пробивање на овие клетки низ капсулата што ја опкружува простатата е голема и токму таа состојба може да стане опасна, па дури и по животот на самиот маж! Ракот на простатата, за разлика од бенигното зголемување на жлездата на простатата, не настанува од центарот на простатата, туку од регионот блиску до капсулата, подалеку од центарот. Иако ракот на простата има бавна прогресија, сепак треба будно да се следи и навремено да се реагира.
Клучни се редовните контроли, барем еднаш годишно доколку немате симптоми или веднаш доколку ви се појави било каква болка, проблем со мокрење и слично. Освен уролошкиот преглед, потребно е да се направи и ПСА тест, како и тест за PHI индекс .
Овој тест се прави преку крвна анализа и го мери количеството на простата-специфичен антиген.
Зошто токму овој орган е на удар последниве неколку децении и што би можеле да направиме превентивно?
Брзиот начин на живот, секојдневната преопреретеност со обврски и нередовниот животен стил имаат огромно влијание, бидејќи тие го наружуваат функционирањето на целиот организам, па и самата простата. Затоа препораките се едноставни. Одржувајте нормална телесна тежина преку внесување здрава исхрана и практикување редовна физичка активност. Конкретно, дебелината и прекумерната телесна тежина, се предизвикувачи болестите на простатата. Истражувањата покажаа дека генетските фактори од семејството, хормоните, исхраната, пушењето и консумирањето алкохол може да го зголемат ризикот од развој на заболувања на простатата. Бидејќи најважни се фамилијарните ризици, се препорачува редовно годишно следење за сите мажи по 50 годишна возраст, особено оние со семејна историја на рак на простата, во однос на ризикот од рак на простата.
Во склоп на активностите организирани од Општина Шуто Оризари, а на покана на градоначалникот, медицинскиот тим од Клиниката Жан Митрев изврши консултатитвни прегледи. Во оваа дводневна акција на над 320 граѓани од оваа општина им беше направено мерење на крвниот притисок и глукоза во крвта. Исто така им беа дадени и совети за здрави животни навики и редовни превентивни прегледи.
Нашата клиника е наставнонаучна база за студентите при Универзитетот ,,Гоце Делчев,, – Штип. Како резултат на долгогодишната соработка освен во теоретската, се спроведува и практичната настава – вежби за студентите. Овој пат во склоп на предметот Основи на Клиничката пракса – 2 доц. д-р Тања Анѓушева и доц. д-р Оливер Бушљетиќ одржаа предавања на студентите по медицина од втора година англиска група. Групата од дваесеттина студенти од различни земји имаа прилика при обиколката да ги видат најсовремените начини и пристапи во решавањето на срцеви заболувања. Сепак, освен можноста практично да се доживее современиот начин на функционирање на една институција, клучното е да се едуцираат соодветни кадри кои потоа ќе обезбедат врвна нега за пациентите.
Сувото око е хронична патологија која се карактеризира со недоволна количина на солзи и/или влошување на нивниот квалитет, што предизвикува воспаление на површината на окото. Солзите се неопходни за подмачкување на површината на окото, обезбедување на хранливи материи и заштита од инфекции.
Причини и фактори на ризик
Сувото око е мултифакторна болест. Тоа значи дека може да постојат повеќе фактори предизвкувачи. Најчеста причина е хормоналното нарушување кое доведува до слаба функција на солзните жлезди и намалено лачење на солзи. Сувото око може да биде секундарна последица на одредени системски заболувања, особено автоимуни болести како што се: ревматоиден артритис и системски лупус еритематозус.
Симптомите на суво око може да вклучуваат: непријатност, пецкање, печење, чувство на сувост и боцкање, па дури и заматен вид и флуктуирачка визуелна острина. Овие симптоми обично се влошуваат кога пациентот го фокусира погледот во континуитет во една точка, без да трепка или пак поминува долго време во средини со мала влажност или многу ветер.
Превенција
Одредени фактори на ризик кои би предизвикале суво око може да се спречат. Такви се: прекумерната употреба на компјутерски и електронски уреди и несоодветно носење на контактни леќи. Во првиот случај, доколку не можете да избегнете користење на компјутерот континуирано со часови, треба често да трепкате додека читате и да треба да одморите 5 минути на секој час за да избегнете развој на суво око наречено уште и синдром на компјутерски вид.
Третман
Сувото око е хронична болест за која нема конкретен лек. Третманот се стреми кон ублажување на симптомите, како и спречување и лекување на лезии на површината на окото предизвикани од сувоста. Третманот се состои од:
Користење на вештачки солзи за подмачкување на окуларната површина. Вештачките солзи се користат, по можност без конзерванси, во капки за очи, гел или маст. Во тешки случаи, употребата на сопствените крвни продукти на пациентот во капки за очи е опција.
Користењето на антиинфламаторни капки за очи го намалуваат воспалението на очната површина предизвикано од сувоста. Употребата на овој тип на лек мора да биде строго контролирана од офталмолог, бидејќи може да се појават несакани ефекти како зголемен интраокуларен притисок.
Користете очила кои целосно/добро ги покриваат очите. Ова ќе помогне да избегнете испарување на постоечките солзи од окуларната површина.
Подобрувањето и стимулацијата на функцијата на солзните жлезди, овозможува зголемување на липидниот слој кој вијае на намалуање на испарувањето на солзите. За да се постигне оваа цел, се користи локализирана топлина на очните капаци, масажа на очните капаци и чистење на рабовите на очните капаци. Исто така, зголемувањето на внесот на Омега-3 во секојдневната исхрана, помага да се подобри составот на солзите.
Подобрете го квалитетот на воздухот во средината какде престојувате со помош на зголемување на влажноста на воздухот
Избегнувајте често фиксирање на погледот на едно место. Трепкајте најмалку 12-15 пати во една минута.
Промотивната цена за специјалистички офталмолошки преглед изнесува 1710 денари и важи заклучно 30.11.2024 Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484
Д-р Горан Балевски – специјалист по урологија, пред вработените во компанијата Wurth Македонија, одржа едукациско предавање на тема „Подигање на свеста за важноста на превентивните прегледи за спречување малигни заболувања кај машката популација“. Секако им беа споделени и совети во поглед на поврзаноста на овие состојби со современиот, модерен, начин на живот. Темата предизвика голем број прашања од присутните, особено за болестите на простатата, проблемите со мочниот меур како и воопшто гениталните органи. Предавањата и посетите на нашите уролози на дел од домашните компании е во знак на одбележување на месецот на машкото здравје попознат како Movember. Ова глобално движење има за цел да ја подигне свеста за важноста на машкото здравје и во последните години врши огромно влијание кај машката популација од општествен аспект.
На предавањето беше потенцирано дека за намалување на ризиците од овие заболувања потребно е да се поттикне нивно рано откривање и превентивно делување.
Препораките се:
Водење здрав живот и секако посета на уролог барем еднаш во годината.