Кратковидост или миопија е оштетување на видот кое ги засега како возрасните така и децата, а се манифестира со недоволно квалитетено, односно недоволно прецизно гледање на предметите на далечина.
Генерално, миопијата може да се развие во различни периоди од животот. Некој се раѓа со миопија, други ја стекнуваат подоцна во детството или адолесценцијата, а некои стануваат кратковиди подоцна во животот.
Ова оштетување на очите најчесто започнува кај децата на училишна возраст поради промена на нивните животни навики. Тие се повеќе време поминуваат во училишните простории, во домот или други затворени простории, со намалена дневна светлина. А и времето кое го поминуваат на своите електронски уреди како мобини телефони, таблети и слично се згплемува. На тој начин се зголемува потребата од фокусирање на ситни предмети само блиску, читање и слични задачи при кои очите треба прецизно да ги обработат. Доколку се појави миопија таа веднаш станува забележлива.
Миопијата кај децата може да биде предизвикана од неколку причини по кои и се разликуваат типовите на кратковидост.
Вродената миопија е поврзана со пречки во развој на окото додека бебето се развива во утробата на мајката.
- Наследната миопија се појавува кај детето доколку едниот или двајцата родители се кратковиди.
- Стекнатата миопија често пати е предизвикана од неодговорност на родителите кои им овозможуваат на децата од рана возраст постојано користење на дигитални уреди и други слични практики кои влијаат негативно на видот и состојбата на очите.
Појавата на миопија кај деца помали од 7 години значително го зголемува ризикот за прогрес кон високи диоптриски вредности. Кон ова треба да се додаде и тоа дека се помалку децата се изложени на природна дневна светлина која помага да се спречи развојот на миопијата.
Претераното мижуркање е еден од знаците за миопија, состојба во која предметите во близина можат јасно да се видат, но оние коишто се далеку не. Офталмолозите велат дека миопијата не е болест туку девијација од нормалното. Нејзината зачестеност е се поголема, па Светската здравствена организација проценува дека од неа до 2050 година може да биде засегната дури половина од светската популација. Колку што е миопијата потешка, толку потешки можат да бидат и последиците доколку не се лекува. Една од нив е аблација на мрежницата. Затоа е важно што поскоро да се постави дијагноза. Офталмолозите тоа ќе го утврдат со внимателен преглед на окото и рефракција на светлината, која помага во фокусирање на предметите и ако е потребно ќе одреди соодветна диоптрија со цел да се исправат ретракциските грешки во окото.
Иако миопијата не може целосно да се спречи, нејзината прогресија може да се контролира. Редовните очни прегледи се клучни за следење на промените во видот и соодветно прилагодување на корективните леќи.
Aктивностите на отворено, ограничувањето на времето поминато на екранот и одржувањето на урамнотежена исхрана богата со витамини се неопходни за здравјето на очите. Истите помагаат да се забави прогресијата на миопијата, особено кај децата. Обезбедете урамнотежена исхрана со витамини А, Ц и Е.
Не заборавајте редовно да го проверувате здравјето на вашите очи со цел тие да останат здрави, а видот чист и прецизен.
Закажете го вашиот преглед на 02 3091 484