Клиника Жан Митрев – 25 години постоење

Славиме четврт век грижа и посветенот на Вас пациентите кои ни го доверувате своето здрaвје. Поклон до земја за целиот тим за беспоштедниот ангажман во изминатите години.
Продолжуваме понатаму заедно по патот кон успехот, смело да создаваме медицинска извонредност.

За 25 годишнината од Клиника Жан Митрев – 25 илјади нови садници: Потпишан е Меморандум за соработка со ЈП Национални шуми

По повод 25 годишнината од основањето на Клиниката Жан Митрев, денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу основачот на клиниката, д-р Жан Митрев и в.д. директорот на ЈП Национални шуми, проф. д-р Здравко Трајанов.
Во неколку фази, а како симболика на четвртина век постоење, во периодот што следува ќе бидат засадени 25 000 садници, со што уште еднаш, Клиниката Жан Митрев ќе ја потврди својата амбиција и мисија – дека приказната на оваа здравствена установа не е ограничена само на медицината, туку и на општествената одговорност, здравата животна средина, посветеноста кон иднината и зачувувањето на здравјето на граѓаните.

Пошумувањето првично ќе започне во опожарените делови од штипскиот регион. Основачот на Клиниката, д-р Жан Митрев, при потпишувањето на Меморандумот за соработка изјави дека засадувањето 25 000 садници не е само симболичен чин, туку конкретен чекор кон подобрување на квалитетот на воздухот, создавање поздрава средина и оставање наследство на идните генерации.

„Изминативе 25 години, Клиниката Жан Митрев постави високи стандарди во кардиоваскуларната медицина, но нашата мисија отсекогаш била поширока – да создадеме подобри услови за здрав живот. Здравата животна средина е еден од клучните фактори за кардиоваскуларното здравје, бидејќи загадениот воздух, намалената зелена површина и климатските промени имаат директно влијание врз кардиоваскуларните заболувања“, изјави д-р Жан Митрев.
Директорот на ЈП Национални шуми, проф. д-р Здравко Трајанов, рече дека засадувањето 25 000 садници, во соработка со Клиниката Жан Митрев, не е само чекор кон обновување на шумите, туку и директна инвестиција во почист воздух, подобра животна средина и поздрава иднина за сите граѓани.

„Најдобар начин да се вложи во иднината на нашата Република Македонија, покрај останатото, е да пошумуваме. Со тоа, оставаме аманет и за идните генерации – пошумувањето значи повеќе чист воздух и на некој начин претставува и инвестирање во здравството. Големо задоволство ми е што сум овде и се надевам на многу соработки во иднина“, изјави Трајанов.
Во последниве 25 години, во Клиниката Жан Митрев имало 1,1 милиони посети од страна на повеќе од 400 000 пациенти од Македонија, но и од голем број други држави од светот. Досега, во оваа престижна здравствена установа извршени се повеќе од 45 000 оперативни зафати, благодарение на тимот составен од врвни професионалци кои применуваат најсовремените методи во медицината, благодарение на пристапот до најсовремената технологија.

Први март 2000 година е датумот кога започнува нова историјата во македонското здравство и нова ера во кардиоваскуларна хирургија – тогаш е направена првата бајпас-операција во Клиниката Жан Митрев. Две години подоцна е направена и првата операција на отворено срце врз буден пациент. Во 2019 година продолжува и развојот на детската кардиохирургија. Во 2020 година, д-р Жан Митрев, д-р Тања Анѓушева и д-р Никола Христов заедно со уште неколкумина доктори од јавното здравство ја вршат првата трансплантација на срце во земјава за што ја добиваат престижната награда „13 Ноември“. Во 2023 година, Клиниката Жан Митрев третпат го добива Златниот печат од Joint Commission International (JCI) и со оваа ре-сертификација уште еднаш се потврдува дека здравствената институција поседува највисоки стандарди од аспект на квалитетот на здравствените услуги и грижата за безбедноста на пациентите.

Денеска, Клиниката Жан Митрев претставува водечка приватна здравствена установа во регионот, позната по врвната експертиза, примената на современите медицински технологии и индивидуалниот пристап кон пациентите.

Д-р Амбаркова Виларова од „Жан Митрев“: Сѐ почнува и сѐ завршува со нашата главна определба дека пациентот е во центарот на нашето внимание

Д-р Елена Амбаркова Виларова е специјалист по трансфузиологија, директор за менаџмент на процеси и акредитација и дел од тимот за дигитализација во Клиничка болница „Жан Митрев”. Во ова интервју таа говори за сите нејзини ангажмани во клиниката, почнувајќи од тоа зошто е потребно да се акредитираат и реакредитираат медицинските установи со цел да се задржи квалитетот во работењето, до важноста од воведување на дигитализација во сите процеси од работењето.

Претходно медицински директор, а од минатата година сте именувани за директорка за менаџмент на процеси и акредитација во Клиниката Жан Митрев. Што значи оваа функција?

Д-р Амбаркова Виларова: Сѐ почнува и сѐ завршува со нашата главна определба „Пациентот е во центарот на нашето внимание” и сите процеси се поставуваат, развиваат и оптимизираат за прво, да се подобри квалитетот на здравствената услуга и второ, да се олесни и забрза работата на медицинските работници, да се скрати „празниот од” во текот на нивното работење и да се оптимизираат човечките и материјалните ресурси во дадените процеси. Ова е континуиран ангажман, затоа во суштина воспоставување на еден процес е условно кажано полесниот дел, а контролата дали тоа се спроведува по пропишаниот протокол е потешкиот и поважен дел, затоа што тоа директно влијае на континуираниот квалитет на медицинските услуги, а со тоа и на задоволството на пациентот.

Што значи акредитацијата за една болница?

Д-р Амбаркова Виларова: Нашата болница е акредитирана и реакредитирана со престижната JCI акредитација, но исто така и со македонската акредитација на здравствени установи. Акредитацијата всушност значи етаблирање на меѓународно прифатени правила и процеси во здравствената дејност и нивно континуирано спроведување од страна на целиот персонал, а сѐ со цел подигнување на квалитетот на медицинските услуги и безбедноста на пациентот, како и безбедноста на персоналот и болницата. Едно е самите да мислиме дека сме најдобри, но само евалуацијата од релевантни институции може всушност да го потврди тоа. Мислам дека сите здравствени установи во Македонија би требало да се акредитираат, македонската акредитација е солидна, а понатаму и континуирано да се реакредитираат. Според мое мислење, овој процес е важен дел од унапредувањето на квалитетот на здравствените услуги во Македонија, но уште поважно, од причина што реакредитациите се на секои 3 години за да се одржува истиот.

Клиниката Жан Митрев е првата целосно дигитализирана болница во регионот. Koja е Вашата улога во тимот за дигитализација во Клиничка болница „Жан Митрев”?

Д-р Амбаркова Виларова: Да, ние сме прва целосно дигитализирана болница во регионов, а јас сум медицинската поддршка во тимот за дигитализација. Ние имаме сопствен медицински болнички информациски систем (HIS) кој самите го креиравме согласно нашите процеси на работа. Покрај медицинскиот софтвер имаме и софтвери за материјално и сметководствено работење, софтвер за правни работи и човечки ресурси, софтвер за ресторантско работење и сите тие се интегрирани со HIS. Mојата улога е да им ги условно кажано “дообјаснам” процесите на IT инженерите за да можат тие да ги трансформираат од аналогни во дигитални, да ги тестирам и да понудам конкретни решенија за оптимизација на истите. Во креирањето на HIS беа вклучени сите медицински профили, а сѐ со цел да се олесни транзицијата и прифаќањето на дигитализацијата од страна на персоналот, што всушност е и најтешкиот дел од процесот.

Како лекар клинички трансфузиолог, кој е Вашиот секојдневен ангажман во болницата?

Д-р Амбаркова Виларова: Примарната дејност на еден трансфузиолог е навремено обезбедување на крв и крвни компоненти за секој пациент. Крвта е ограничен ресурс од хумано потекло што може да спаси живот, но трансфузија на истата може да предизвика и низа на несакани ефекти кои сериозно може да го загрозат здравјето на пациентот. Затоа, рационалната употреба на крв од секогаш била главна определба на болницата. Тука е и секојдневниот ангажман во амбулантата за дијагностицирање и третман на тромботични и хеморагични заболувања, како и дијагностика на венската слабост (проширени вени), кои понатаму ги третираат хирурзите. Тромбемболиските заболувања се потенцијално животозагрозувачки состојби и можат да предизвикаат сериозни компликации кај оперираните и тешко болните пациенти. Затоа, навремената дијагноза и терапија, но и превенцијата на венскиот тромебмболизам е многу важна, особено што денес медицината со модерни дијагностички процедури и лекови го овозможува тоа.

Совети за одржување орална хигиена кај деца со посебни потреби

Воведувањето здрави навики кај децата со цел одржување на оралната хигиена е предизвик за секој родител. Детската возраст носи несвесност за тоа колку е важно четкањето заби и какви последици може да има по општото здравје во иднина, доколку не се прави редовно и темелно. Со значително поголем предизвик се среќаваат родителите чии деца имаат посебни потреби.

Кој е предизвикот кај оваа категорија деца?

Без разлика дали се работи за деца кои се со физички или психички попречености, станува збор за особено чуствителна категорија деца кај кои родителите заедно со стоматолозите имаат сериозна задача поради фактот дека кај нив потешко е да се зачува оралното здравје. Токму овие деца се соочуваат со значително поголем ризик од кариес на забите.
Фактори кои влијаат на оваа состојба се: користење на лекови кои имаат висока доза на шеќери во нив или лекови кои предизвикуваат сува уста, исхрана со мека храна која потешко се отстранува од забите и неможност за редовно четкање на забите и редовна посета на стоматолог.

Совети за родителите како да го одржуваат оралното здравје во домашни услови

Кај овие деца се препорачува користење на флуоридни пасти и течности. Но, доколку детето нема можност или навика да исплакне и плукне, се советува користење на истите во многу мали количини (паста на четката колку зрно ориз) со што доколку ја голтне истата, нема да има ризик од несакани ефекти. Родителите на овие деца исто така треба да внимаваат на внесот на шеќери и дневната фрекфенција на хранење. По секое јадење, ако не се во можност да ги исчеткаат забите на детето, да му даваат повеќе вода, со што би се оневозможило наталожување на поголемо количество на храна на забите. Непцата кај овие деца заради сите горенаведени причини често можат да се воспалени, па затоа се препорачува користење на гелови кои во својот состав имаат природни антисептични и смирувачки ефекти.

Стоматолошки третман кај овие деца

Се советува децата со специјални потреби да бидат водени од специјализирани медицински установи каде ќе се следи нивното орално здравје и каде тие ќе имаат можност и пристап до стоматолошки зафати со седација или општа анестезија. Доколку самата состојба дозволува комуникација и соработливост со детето, потребно е често да се носи на стоматолог, со што детето ќе стекне сигурност, ќе биде поопуштено, ќе го запознае стоматологот и ќе стекне доверба. Клучно е исто така секоја интервенција да се одвива со максимален фокус и трпение од страна на лекарот бидејќи тоа ќе креира позитивното чувство кај детето.


Најчест метод на работа кој е добро прифатен од страна на децата е Кажи-Прикажи-Направи. За овој метод е потребен подолг термин во кој терапевтот ќе има доволно време да му презентира на пациентот детали за самата процедура. Пожелно е докторот да има модели кои визуализираат како изгледа работата на самите заби. Кога детето согледува дека се работи за едноставна маневрација, и се запознава со природата на работата, се намалува стравот од непознатото и анксиозноста исчезнува.
Но, доколку сепак не може да се воспостави комуникација и воопшто не постои можност да се работи на забите на детето, тогаш се препорачува примена на една од следниве техники на работа: Инхалација на диазотен оксид, седација и општа анестезија.

Во нашата клиниката сите овие техники се достапни, водени од стручно едуцирани медицински лица во оваа област. За да закажете термин, јавете се во нашиот контакт центар 02/3094-484

Без страв и без болка

Во стоматолошкиот центар при клиниката Жан Митрев достапни се најнови технологии и иновативни методи од областа на ендодонција, ортодонција, фиксна и мобилна протетика, орална хирургија и имплантологија и високо стручен тим кој ќе ги предложи најдобрите решенија.
За сите оние кои се плашат или имаат состојба која бара потполна анестезија без разлика дали се деца или возрасни, ние имаме решение.

БЕЗ БОЛКА

Современата стоматолошка технологија и третмани се далеку помалку инвазивни и многу понежни и поудобни. Дополнително, нашите стоматолози ќе направат сè за вашиот третман да биде безболен.

БЕЗ СТРАВ

Наша цел е секој пациент да се чувствува целосно опуштено, релаксирано и удобно. Имајќи предвид дека сè поголем број луѓе страдаат од анксиозност и стравови, многу сериозно пристапуваме кон овој дел од нашата работа.

Закажете консултација 02/3091-484

Грип=Инфлуенца

Инфлуенцата или попозната како грип не е само обична „настинка“. Инфлуенцата лесно може да предизвика сериозни компликации, особено кај малите деца, кај постарите и кај сите со ослабен имунолошки систем.
Затоа треба да се внимава на симптомите и да се земат во предвид сите фактори.
Прочитајте повеќе од текстот на д-р Катерина В. Димовска – педијатар.

Инфлуенцата т.е грипот, особено кај нас, зазема поголеми размери во текот на зимскиот период. Може да оди во комбинација со инфекции чиј пораст е очекуван исто така во овој период.
Главниот вообичаен предизвикувач е вирусот Инфлуенца А. Она што треба да се знае е дека истовремено се јавуваат и придружни инфекции со РСВ-вирусот, Аденовирус, Норовирус или Инфлуенца Б. Комбинираните инфекции дополнително допринесуваат за влошување на клиничката слика кај децата.

Повеќето од нив ќе ја поминат инфекцијата со лесна форма. Но, има и такви кои ќе развијат компликации како што се: пневмонија, инфекција на ушите, а тоа често доведува до хоспитализација. Ретки случаи може да завршат дури и фатално.
Ризикот за заболување од Инфлуенца А е највисок кај децата под 5 години, а особено кај оние помали од 2 години.

Кои се симптомите на Инфлуенца?

  • Ненадејно покачување на телесната температура (кај 95% од децата температурата е енормно висока до 39,9°C)
  • Респираторни симптоми (кашлица, секреција од нос, затнат носо, воспалено грло)
  • Главоболка, болки по телото
  • Замор, млитавост и треска
  • Повраќање и пролив (особено ако е присутен и Норовирус).

По изложеност (експозиција) на вирусот, симптомите се развиваат за 1-4 дена

Како се пренесува Инфлуенцата?

  • Контаминирани површини (може да остане жив на површините и со часови па и денови)
  • Контакт со респираторен секрет (кашлање, кивање)
  • Аерогено пренесување (честички во воздухот).

Како се дијагностицира?

Најчесто се базираме на податоци за и од околината
Прецизна дијагностика/потврда се прави со назофарингеален брис (антигенски тест и ПЦР генетски тест).

Колку долго може да траат симптомите?

Симптомите на настинка може да траат до 2 недели.
Замор, ,,мозочна магла,, кашлица можат да се провлекуваат од 2 до 4 недели.
Доколку симптомите се влошуваат, неопходна е помош и болнички третман.

Како се лекува Инфлуенза?

Вообичаен третман подразбира супортивна терапија: земање многу течности – хидрација, антипиретици, одмор.
Најчесто, не се третира со антибиотик доколку децата се опоравуваат во рамки на 7 дена.
Антивирусна терапија (Тамифлу) се дава во привате 24-48 часа од појава на привате симптоми и може да придонесе за полесна клиничка слика и скратено траење на болеста.

Дали Инфлуенцата може да биде сериозна?

  • ДА, МОЖЕ! Особено кај децата под 2 години, кај деца со астма, деца со невролошки или невроразвојни состојби, кај деца со болести на срцето, кај имунокомпромитирани деца и кај постарите лица (осбено доколу не примиле вакцина за грип)
  • Кај 50% од заболени деца настанала смрт според извесни статистики 2019-2020
  • Секундарен развој на бактериска пневмонија е најчестата компликација
  • Инфекции на уво, абсцес на грло
  • Кај 5% од заболените деца се јавуваат фебрилни конвулзии
  • Ретки комплакции можат да вклучат: менингитис, миозитис, миокардитис.

Кои симптоми кај дете со Инфлуенца се ,,црвено знаменце,,?

  • Било кој симптом кај доенче под 6 месечна старост и секое дете со дополнителна состојба (астма или имуносупресија).
  • Тешко дишење
  • Неможност за хранење и хидрација преку уста
  • Иритабилност, голем замор или летаргија
  • Фебрилнсот која се јавува, исчезнува, па се повторува после повеќе денови
  • Фебрилност која не заминува после 3-5 дена
  • Секој друг симптом или знак кој е сомнителен за родителот.

Во сите овие случаи родителот треба да се консултира со педијатар за да се продолжи со терапија која ќе биде најсоодветна за неговото дете. Доколку е потребен болнички третман и третман со Тамифлу, потребно е да се знае дека тоа е антивирален лек кој не се дава кај деца под 6 години, дека има свои несакани ефекти и може да се даде исклучиво под надзор на педијатар и во болнички услови. За сите други прашања и совети исто така потеебна е консултација со педијатар.
За да закажете термин кој ви одговара јавете се на 02/3091-484

Психолог или психијатар? Каде да се обратам?

Психолог, психијатар или психотерапевт…? Каде треба да се обратам? Кај кој од овие профили треба да го барам решението за мојот проблем? Што доколку погрешам при изборот?
Овие дилеми се многу чести кога станува збор за третирање на состојбите со психата и проблемите околу неа… Поимите се слични но во пракса доста различни.
Токму поради тоа, тие треба да се објаснат и да се укаже на разликата помеѓу нив со цел правилен и успешен третман на пациентите. Сите овие профили се занимаваат со менталното здравје, но сепак се работи за различни професии, пристапи и методи на работа.
Психологот е стручно лице кое завршило универзитетски студии по психологија.
Истиот станува лиценциран психолог по една година стажирање и полагање државен испит во Комора на психолози.

Психотерапевт е стручно лице, најчесто психолог, со постдипломска едукација (специјализација) од најмалку 4 години, во кој период минува низ лична работа на себе и искуствена групна работа. Се остручува за низа психолошки интервенции и техники од различни психотерапевтски правци, кои потоа ги применува при индивидуална или групна работа со пациенти.

Психодијагностичар е психолог кој има дополнителна едукација и сертификат за психолошко тестирање на пациенти (односно за задавање, анализа и интерпретација на тестови на личност, тестови на органицитет, неврокогнитивно тестирање, проективни техники итн.). По извршената психодијагностика, психологот изготвува психолошки наод и мислење кој е клучен во диференцијалната дијагноза дадена од психијатар.
Во нашата клиника во Кабинет за психијатрија работи доктор специјализиран по психијатрија, а на Одделот за психологија и психотерапија работат здравствени психолози кои се психодијагностичари, Европско сертифициран семееен советник и Европско лиценциран психотерапевт.

Психијатар е доктор кој има завршено студии по општа медицина и специјалистички студии од психијатрија на Медицински факултет. Во својата работа вклучува утврдување на психичката состојба, која може да е резултат на одредено телесно заболување, комбинација на телесно со психичко заболување или чисто психичко заболување.

Психијатриската консултација или психијатрискиот преглед вклучува дијагностицирање на состојбата, психоедукација, психотераписки и / или психофармаколошки пристап во третман на:

  • состојби на психички раст и развој,
  • состојби на стрес и трауми,
  • анксиозно депресивни растројства,
  • депресија,
  • психосоматски растројства,
  • афективни растројства,
  • психотични растројства,
  • болести на зависност,
  • психички растројства во старечка доба,
  • когнитивни нарушувања по повреди, операции или трауми на мозок, други болести на мозок,
  • психички растројства кај лица со ментална ретардација.

Утврдување на состојбата се остварува преку разговор со пациентот (понекогаш и од член на фамилија), набљудување, како и со реализирање на одредени дијагностички процедури, како на пр. Психолошко тестирање, Магнетна резонанца или Компјутерска томографија на мозок, Електроенцефалографија.

По утврдување на состојбата се креира индивидуален план за третман, кој може да вклучи лекување со медикаменти, психотерапија ( со разговор ) или двете терапии паралелно или вклучување на доктор од друга специјалност, во зависност од утврдената здравствена состојба.
Во нашата клиника работи и доктор специјалист психијатар.

За да закажете јавете се во нашиот контакт центар на 02/3091-484

Полна куќа радости 💗

Особена чест и задоволство ни е што нашиот искусен тим гинеколози акушери, педијатри, анестезиолози и неонатолошки сестри денеска се погрижија за дури 6 👶 👶 👶 👶 👶 👶 бебиња. Радоста навистина се раѓа во нашиот Центар за мајка и бебе. Им посакуваме на сите безгрижно детство 💕