Реализирани над 60 бесплатни дерматолошки прегледи

По повод одбележувањето на Еуромеланома 2025, а со цел подигнување на свеста на населението за превенција, рано откривање и лекување на меланомот и другите кожни карциноми, нашите дерматолози д-р Анџелка Илиева и д-р Александра Лазаревска изведоа над 60 бесплатни прегледи. На пациентите, покрај прегледите им беа поделени информативни материјали и превентивни совети за заштита од ризик факторите.

Во месецот за подигање на свеста за меланомот прочитајте повеќе за ризик факторите

Меланомот е најсериозниот, најмалигниот карцином на кожата и слузниците. Меланомот потекнува од меланоцитите, клетки кои го создаваат меланинот, пигмент кој ја дава бојата на кожата, косата и очите. Во кожата, меланоцитите се сместени меѓу базалните клетки, на базалната мембрана и ја произведуваат ,,заштита,, односно меланинот.

Кои се фактори на ризик за појава на меланомот?

🔆 прекумерно изложување на сончево зрачење,
👱👱‍♀️ лица со светла кожа,
👵👴 возрасни над 50 години,
👩‍🦰👨‍🦰 лица со повеќе бемки,
Меланом во фамилијата, личен податок за меланом, изгореници од сонце, интензивно сончање во краток временски период, користење на солариум, зрачна терапија, гигантски вроден (конгенитален) невус итн.

Како да го препознаеме меланомот?

Месец мај е месец за подигање на свесноста кај секој човек за важноста на самопрегледите и за детекција на било какви промени на веќе постоечки бемки или новонастанати пигментни промени во смисла на промена на боја, големина, форма, симетријата, промена на границите, промена на текстурата, промена во околината на бемките како и било какви субјективни сензации како јадеж, болка , крварење итн. Доколку со самопрегледот детектирате промени веднаш упатете се кај нашите специјалисти дерматовенеролози, односно пластични и реконструктивни хирурзи на 02/3091-484. Има решение доколку се открие навреме.

,,Меланом тивок непријател под кожата,,

Мај е месец на подигнување на свеста за превенција од меланом. Во текот на овој месец, многу здравствени организации и иницијативи ширум светот спроведуваат кампањи за едукација на јавноста за важноста од заштита од сонце, рана детекција и редовни дерматолошки прегледи. Здружението КИКИ со поддршка од нашата клиника, организираа едукативно предавање посветено на раната детекција на меланомот – најагресивниот тип рак на кожа. Навременото препознавање на симптомите може да спаси живот.

Предавачите д-р Анџелика Илиева специјалист по дерматовенерологија, д-р Александра Лазаревска специјалист по дерматовенерологија, д-р Живорад Коцевски специјалист по пластична, реконструктивна и естетска хирургија и д-р Милан Ристески специјалист по онкологија, на големиот број присутни им објаснија:

  • Како изгледаат првите знаци на меланом
  • Кои се ризичните фактори
  • Совети за самопреглед и кога да се обратите на лекар
  • Современи методи за дијагностика и третман

Утре како дел од активностите, ќе се вршат бесплатни дерматолошки прегледи за кои задолжително треба да закажете термин на 02/3091-484.

Еуромеланома 2025

Кампањата Еуромеланома оваа година се фокусира на едукација на децата и родителите за важноста на правилната заштита од сонцето и солариумите под мотото: Заштитете ја детската кожа од штетните УВ зраци! Само една сончева изгореница во детството го зголемува двојно ризикот од рак на кожа понатаму во животот!
По повод одбележувањето на Еуромеланома 2025, а со цел подигнување на свеста на населението за превенција, рано откривање и лекување на меланомот и другите кожни карциноми, со задоволство Ве информираме дека нашите дерматолози д-р Анџелка Илиева и д-р Александра Лазаревска се приклучуваат со бесплатни прегледи. Истите ќе се одвиваат во нашата клиника на 29.05.2025 во периодот од 11 до 17 часот, согласно претходно закажани термини. За да закажете јавете се на 02/3091-484 или 02/3104-910

Успешна корективна операција на вратна кичма

Млада пациентка со болки поради сериозна дискус хернија во вратната регија (ниво Ц4 и Ц5) беше успешно оперирана од нашиот тим неврохирурзи д-р Михаил Таушанов и д-р Благој Шунтов. Таа веднаш по операцијата се чуствуваше одлично, силните болки исчезнаа и е веќе замината дома.
Повеќе од видеото.

Одбележан денот за подигање на свеста за хипертензија

Многу луѓе страдаат од висок крвен притисок, без да се свесни за тоа. Како дел од активностите за подигање на свеста за опасностите од покачен крвен притисок-хипертензија, нашиот тим лекари и медицински сестри, минатиот викенд беше на терен во Скопје Сити Мол. Тие за два дена направија контролни мерења на над 200 граѓани. Исто така со нив споделија и совети за превенција и здрави животни навики.

Да не заборавиме:

  • 🍎 Хранете се здраво
  • 🏋️ Вежбајте редовно
  • 🛌 Спијте доволно
  • 🛑😟 Минимизирајте го стресот

Клиника Жан Митрев го промовира здравиот начин на живот преку Шутбал – Walking Football

Клиника „Жан Митрев“ ја презема водечката улога во унапредување на здравите навики во Македонија, преку промоција на спорт што станува сѐ попопуларен во светот – Walking Football, кај нас познат како Шутбал. Под покровителство на Фудбалската федерација на Хрватска, екипата на Клиниката зеде активно учество на меѓународен турнир на островот Вис, каде што ја претставуваше Македонија со спортски дух и огромна посветеност. Натпреварувајќи се со тимови од Хрватска, Австрија и Унгарија, нашиот тим остави силен впечаток со својата енергија, фер-плеј и професионалност, што резултираше со нови покани за учество на меѓународни турнири.

Шутбалот е повеќе од игра – тој е нова можност за луѓето од сите возрасти да останат физички активни, да се дружат и да се грижат за своето здравје. Се базира на правилата на традиционалниот фудбал, но со клучна разлика: нема трчање, се игра со одење, а акцентот е ставен на рекреација, тимска игра и социјализација. Ова го прави идеален спорт за повозрасни лица, пациенти во рехабилитација, хронично болни, дијабетичари, хендикепирани, постари над 80 години старост, мешани тимови мажи и жени, како и секој кој сака да води активен и здрав животен стил
Клиника „Жан Митрев“ е основоположник на Walking Football во Македонија и веќе ја најавува својата заложба за организирање домашни и меѓународни турнири.

Целта е да се направи спортот достапен за пошироката јавност и да се поттикне изградбата на заедница која го негува здравиот начин на живот. Спортот бележи експанзија на светско ниво и е препознаен од страна на ФИФА и УЕФА како здравствено-корисна, инклузивна и безбедна алтернатива на традиционалниот спорт.

Клиниката ја презема одговорноста да ја води иницијативата за официјално втемелување на овој спорт во нашата земја, со јасна визија – да се создаде движење што ќе го негува спортот, здравјето и активниот животен стил, без разлика на возраста.

Мамографија за превенција

Сите здравствени чинители, домашните и светски организации кои се борат за навремено откривање, превенција и лекување на болести на дојка, препорачуваат жените да започнат со годишен скрининг мамограф на возраст од 40 години.

Раното откривање на рак на дојка може да спаси животи и да помогне да се избегнат високоинвазивни третмани.

Во нашата клиника достапни се 2Д и 3Д мамографија со чија помош се забележуваат промените во ткивото на дојката доколку ги има. Нашиот искусен тим радиолози ве очекува.

За да закажете 02/3091-484.